Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    После првото неуспешно доење дојде ред за второ. Многу се мислев шо да правам, дали да се трудам ко првиот пат и пак да завршиме на ад или ич да не се мачам.
    Ама срце не ми даваше, реков ќе пробам пак зошто ќе ми е мака.
    И пак исто, не можам да ја издржам болката. Мислам дека ќе полудам. Кога цица мислам секој момент ќе се онесвестам. Кога не цица ме печат брадавиците, ми жежат. Кога ќе се расплаче знам дека е гладно и со страв и цела стресена му давам и ми се плаче и мене. А уште не ми е надојдено млеко ама ме тераат да стимулирам.
    Шо да прам?
    Мачкам крем за брадавици па стојам така гола некое време, се трудам да е правилно наместено, упорна сум, се менувам прво една па друга колку да ми се смири за то време ама џабе, неиздржливо ме боли.
    Ќе викнам сестра, ќе ми го намести, исто. :worried: згора на то морам со лежење зошто не можам да седам, па и така не можам да се наместам никако. :(
    Друг совет?
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.587
    Пол:
    Женски
    @Marmarin Доењето треба да е задоволство и комфорно и за тебе и за бебето. Ако ти претставува терет, не ти е удобно и не се чувствуваш комфорно, немој со сила да форсираш ништо што не сакаш. Ако со формула ти е полесно, и бебе ќе биде задоволно, отколку да се стресуваш цело време оти тоа ќе те чувствува.

    Иначе, и мое бебе брадавициве пуздер ми ги праи, а ми ги напраи лом уште додека бев на клиника. Уште тогаш земав силиконски оти болката беше неиздржлива, а плус беа и раскрвавени. И уште користам силиконски секогаш кога ќе ми ги изиритира. Ама јас сакав и бев одлучна да дојам.
     
    На joy1, Coco31, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    @Yowannty пробав и со силиконски ама уште полошо е зошто мене ми се како сплескани, па треба да ги извлече прво, едноставно не можам силиконската да ја залепам на мојава, нема шо да држи. Ваљда убо објаснав. :)
    Сакам и јас овој пат да успеам, се трудам и знам дека ќе ми е полесно ако го дојам ама не знам како да го издржам овој период, како да си помогнам за да не паѓам во несвест. ;(
    Јас и така имам многу осетливи брадавици, сама не можам да се чепнам. :(
     
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Ја се мачев така,т.е и него го измачив на почеток,и после консултација со ендокринолог ништо од тоа. Не можеш никако да истемпираш. Еутироксот не смета во доење. И нема потреба да се чека 2 часа.
     
    На Martka и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.587
    Пол:
    Женски
    @Marmarin чим имаш желба супер.
    И мене ми беше тешко да го наместам убаво, затоа и ме напраи лом уште од одма, а секогаш кога сестрите ќе ми го наместеа на града, цицаше нормално. Ама не можев да ги викам на секое па после веќе кога ми беа страшно упропастени брадавиците, болеше и кога беше убаво наместено, а и со силиконските. :x

    Чим сакаш да доиш, поработи прво како правилно да го ставаш на града, за да го фати и ореолот, а не само делот околу пупката, па на тој начин и да ја извлече надвор. На почеток секако ќе те боли оти веќе ти се изиритирани, ама така би требало многу да си олесниш за понатака. И кога ќе сакаш да го тргнеш, твоето мало прсте ќе му го протнеш странично во устето додека цица, место само да ја повлечеш градата, верувам ова веќе го знаеш оти не ти е прво, само те потсетувам оти е подобро така. Јас грешев многу оти кога ја доев, а ужасно ме болеше, не можев да издржам и на секое само ја повлекував градата и само си праев полошо... :tmi:

    Само трпение и упорност, на почеток ќе боли, ама чим сакаш да доиш и ќе успееш. :)
     
    На Girl-Rabbit и Marmarin им се допаѓа ова.
  6. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Ќе помине болката по неколку дена, а тие денови стисни заби ако сакаш да доиш, пред да го ставиш на града измолзи некоја капка млеко и намачкај ја градата а потоа стави го бебушот да цица,така мачкај се со млеко почесто и ќе помине. Се надевам дека ќе успеете, со лесно. :hug:
     
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Marmarin истата приказна. Иако знаев како да го наместам, во болница немав многу можност за позиции, ами дека спиеше буквално на мене на цицка, се имаше изместено а јас не сум забележала и двете брадавици ми ги направи крвишта. Значи првите 2 дена кога дојдов дома беше ужасно, до толку ми течеше крв што после цицање бљуцкаше крв. Ама бев упорна - после секое доење и после секое пумпање мачкав ланолин. Гледав да е позицијата добра. Затоа што на добра позиција и добар фат на градата во устата - болката, иако неиздржлива и ужасна, трае само додека ја извлече брадавицата а тоа е пола минута. После тоа, и покрај разранети крш брадавици - не боли. Така ќе знаеш дали добро е наместено бебето. Не треба да има болка веќе. И така, со мачкање и со добра позиција - поминаа буквално за 3-4 дена. Пробај ја позицијата на "фудбалска топка" .. или рагби топка.. како и да е. Во таа позиција ми е најлесно да го наместам убаво а и да го контролирам дали цица и дали голта. Ако не знаеш за која позиција зборувам - пиши, ќе ти пуштам сликичка.

    Ако сакаш да доиш, тоа е. Почетоците не се лесни. Ама ако ти е утеха - сѐ брзо поминува.

    ---

    Апдејт. Јас си терам со доење. Не давам АД. Напредокот сѐ уште не е по норма. Ама го гледам детето - пелени полни (мочка).. денес се искака после подолго време - боја, конзистенција - супер. Не е веќе жолт, сѐ повеќе е буден, присутен... Има денови е само на цицка. Некогаш се молзам и давам со шрпиц или со сетот за релаксација (со цевче залепено на градата). Решив ни јас не го мерам дома. Малку ќе се опуштам од вагата и бројките. Патронажната се чуди затоа што и таа го гледа дека е многу активен, одлично изгледа, потврди позиција на цицање, слуша дека голта... Едноставно и нејзе ѝ е енигма ситуацијата. Виде дека не може многу да ме притиска за АД само за да се добијат бројки по норма, па намали со притискањето. Ѝ реков - мерење барем на недела. Не, не можело.. морала порано... Пред некој ден мерев и пелени. Една мочана пелена тежеше 95 грама. Минус 21 грам сува пелена .. тоа се 74 грама мочка. А ние за 10 грама се натегаме. Ама ѝ реков - и јас не сум будала - во прв момент да видам сува пелена, или бебето да е млитаво, пак да е заспано.. одма земам и шише и давам АД. Сѐ ми е на стенд бај. Ама кога нема потреба... Нема. Се консултирав со 2 IBCLC, плус нон стоп пишувам со мојата лидерка од Ла Лече. Сите се согласни - иако има "спор" напредок.. важно го има. И не било толку несекојдневно. Досега виделе многу случаи каде на бебињата им треба време да почнат со качувањето. Важно е да се следи бебето. Неделава е и прегледот на педијатар. Па ќе видиме.

    Исто така, дојдов и до нови истражувања и теории кои ми се видоа доста интересни. Имено, новата препорака према истражувањето е кај бебиња родени со царски рез како родилна тежина да се земе тежината после 24 часа од раѓање. Затоа што бебињата се вадат директ од матка со плодова вода, и се "подуени" во споредба со бебињата кои се родени спонтано и кај кои водата е истисната при поминување во родилниот канал. Друг фактор се и инфузиите за време на царски, како и за време на индуцирано породување.

    @BirMelek не се секирај. Овој пат кај мене фрустрацијата е заради бебето, и немањето поддршка од патронажната и нејзиното кревање паники уште втор ден со дохрана. Со ќерката пак беше - немав млеко на почетокот заради немање стимулација во болница - знаеш имено како ги добивавме - нахранети, средени.. ама пак, таа беше активно и будно бебе - да не речам друга крајност - вриштеше 24/7 и цицаше нон стоп. Затоа за две - три недели веќе имаше "коригирана" количина на млеко и почна да качува.
    А сега е обратното - заради добар и природен почеток на работите во болница, јас имав млеко доволно. Ама тој беше заспан и не реагираше за цицање. Среќа фатот на града беше супер, ама енергија после тоа и желба за цицање... Послабо.. со оглед на бојата сега што ја има, јас сум убедена дека физиолошката жолтица си го направи своето. Сега е подруго бебе. Првите денови беше кукличка..што и да правев, кома. Сега и вика, и плаче. Иако нема споредба со ќерката...
    Жалосно ми беше на никаков проблем со лактација и на негов добар фат и предиспозиција за влечење.. да морам да се откажам заради негова мрза која веројатно беше резултат на жолтица. И тоа заради норма или нечие нетрпение.
    Видов дека патронажната не е баш информирана за тема доење... за сѐ друго немам муабет. Жената е ок. Па затоа побарав поддршка од стручни лица. Не се секирај, не значи дека и ти пак ќе се замараш. Твое е да пробаш да инсистираш да не го дохрануват пред да ти го донесат. И да ти го носат на 2 часа за доење. Ако случајно имаш можност за бебето да е нон стоп со тебе... Искористи ја. Да, овој пат не се "одморив" во болница како првиот пат... и таму со рана не можев да станувам убаво ама и навечер ме тераа да дојам на макс. растојание од 2,5 часа... И бев жива ненаспана.. ама барем се вратив со млеко. Другото веќе е бебето во игра. Така да.. само оптимистички настапи. Ќе биде сѐ ок!
     
    На Lianna Anna, slavica999, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. bojanama

    bojanama Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Драги мамички, консултација со вас ☺
    Бебе ми е 2,5 месеци, убаво напредува, си цица убаво без пауза од 10 до 25 мин, секој пат различно, јаде на 3ч, кога спие некогаш и по 5ч не цица итн...
    Е сега проблемот е што после секој подој му се гади околу 20-30 мин, стенка, се мачи и повраќа. После тоа е се супер си се смееме.
    Дали имате слично искуство?
    Дали треба да побарам некаква помош или е нормално?
    Ви благодарам. Инаку пијам хумана и многу е добар за создавање млеко
     
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    После активно цицање од 10,15мин почнува да се напрега ,да стенка,се трга од града па пак фаќа и кенка или плаче. Ова значи дека му е доста? Зошто кога ќе го дигнам,ждригнува и не плаче веќе. А страв ми е гладен да не го оставам.:wasntme:
     
  10. Dorsy

    Dorsy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош....
    Бебе 10месеци, цица со заби, со горните запчиња ќе ја фати брадавицата, ќе ги ''закова'' во месото и цело време така цица.
    Веќе 2 недели не можам да ја поднесам болката. Му намалив и подои за да може да зарасне раната ама пак исто. Си лепам ханзапласи на раната додека цица за да можам да издржам ама мислам и дека полошо правам така дека не ја фаќа цела брадавка и ареола. Мачкам медела ланолин, мелем, сега и АД капки ставив и можеби од нив малку подобро е. После подој со млекото ја премачкувам радавката и се суши на воздух.
    Ве молам некој друг искуство и како да се одвикне од вака цицање, до пред две недели се беше супер. Сакам уште да продолжиме со доење.
    Ви благодарам....
     
  11. Dorsy

    Dorsy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ако се трга од града и не плаче после подој наверојатно му е доста. Моето цица 5,6 минути уште од почеток, еве 10 месеци е и уште толку време цица.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Полека, но сигурно успеваме со доењето. Стигнавме до само еднаш во денот да дадам формула. Друго се е мајчино млеко. Ми се зголеми количината на млеко, максимално се трудам да пијам течности, посебно чај за доилки. Денес бевме на првата контрола на 15 дена, ја вративме родилната тежина и има плус 200 гр што ме радува. За првото дете не бев доволно упорна и брзо се откажав од доењето.
    @Marmarin ќе те советувам да не се откажуваш, знам дека е тешко премногу на почетокот, но за брзо ќе се среди. Една недела ми требаше да се стабилизирам, со крвави брадавици бев и јас, каналите на градите дури да пуштат премногу болно ми беше и плус болки од операцијата. Само упорност и желба за доење.
    Сакав да прашам дали давате чајче? И за грчеви кои капки да ги давам. Засега нема, ама превентивно.
     
    На Lolipop23 и lackygirl им се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @Magic13 не се препорачува ниту чај ниту капки за грчеви, понајмалку превентивно. Нека цица само и уживајте.

    @bojanama ако добро напредува веројатно е лакомо па се прецицува и има мака сѐ додека не се ослободи од вишокот во желудникот. Мислам дека не е ништо алармантно.

    @Мариаа. кога ќе видиш дека почнува да се буни, понуди ја другата града. Ако не ја сака - доста му е. Особено ако добро напредува.

    @Dorsy мораш да му дадеш до знаење дека боли кога гризе. Прекини подој. "Искарај" го бебето (не во буквална смисла). Веќе е 10 месеци. Разбира.
     
    На Мариаа. и Magic13 им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.478
    Пол:
    Женски
    @Magic13 и јас прашав педијатар за чајот ама не , ми рече доколку цица само млекцето, ништо друго. :)
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Ако ти немаш поддршка таму замисли мене овде како ми е . На заминување од болница пред 3 години ми напоменаа аптамил, сега смениле на хип друго не смениле. Однос кон доење не смениле.
    Оттаму на советувалиште за здраво дете одма се гледа килажа, па следуваат повторно совети за дохрана. Или па седни нека цица и да мерат подој. Мојата како за инает не цицаше многу тогаш, една капка две и плачеше .
    Мм до мене ги слуша и после стално седеше загрижен мислејќи дека го држиме бебе гладно .
    Овие и слични притисоци ме фрлаа во очај. Бебе па такво си беше, напредуваше максимум 700 грама и првиот месец кога давав и ад и потоа кога цицаше. Ден денес е слабичка.
    А ти зошто се пумпаш читам во мајчински? За зголемување на лактација? Оти молзено знам дека не даваш од шише .
    Ако имате видеа како се дава ад од шприц покажете, ми е.страв да не се задави...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @BirMelek точно знам како ти е таму, затоа што со ќерката и јас бев испуштена со препорака доење демек по барање и плус на 3 часа 30 мл адаптирано.

    Дека односот треба да се смени - треба. Гледам во последно време има сѐ повеќе работилници за доење, има советнички, има за чудо во мк и IBCLC... Ама има уште многу да се работи, особено во болниците. Не можам да опишам колку беше супер целото породување, можноста таткото да е тука и на царски рез, блискоста со бебе од момент на раѓање нон стоп... Е не го земаат за да си поспиеш демек "додека можеш".. џабе. Ко тие денови да ќе ти заменат месеци неспиење со бебе. А сигурноста што би ја добила особено ако имаш бебе што ќе почне да качува уште во болница.. е прајслес. Ама тоа е.

    И ќерката напредуваше по 600-700 грама месечно.. никогаш не крена кило или повеќе. Ама што. Еве ја сега далеку е од слабичка.. сосема просечно дете. Здраво и право.

    Пумпам за во случај да не ми ги празни градите и да нема уште "сила" да доцицува за да не ми се намали лактацијата. Ама пумпам 3-4 пати дневно. Навечер не. Пумпаното го давам или со шприц или со сет за релактација.

    Со шприц е лесно - земаш мал шприц тенок.. мојот е 1 мл.. за да може да влезе подлабоко. Го ставаш малото прсте во устата на бебето свртено нагоре да го допира горното непце каде што би била брадавицата и тоа почнува да го цица. Додаваш од страна шприцот.. и му доаѓа ко доење.

    А сетот за релактација е исто едноставен - шише со капаче од кое излегуваат две цевчиња. И го лепиш цевчето на градата.. да е во должина на брадавицата. И цевчето треба да дојде на средина на устата на бебе. И додека цица му тече од цевчето.. можеш и да го застанеш ако сакаш и сама да регулираш..
     
    Последна измена: 9 октомври 2019
    На BirMelek му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Сите работилници и советнички се во Скопје . Другите градови немаат. Еве во некои од нив се поддржува исклучиво доење, како што кажа @Lolipop23 дека во Кочани во болница немаат ни ад и бебињата автоматски цицаат претежно.
    Јас иако во поголем град, буквално оставена да се учам сама на себе и со голема помош на советнички од Србија и Босна преку фејсбук.
    Тие ми покажаа и сетот за релактација, не го направив, ама сега сум спремна ќе се обезбедувам и со цевчиња .
    Шприцот морам да го совладам пред болница да одам. Ако и ова не фаќа на почеток како сестра му, барем колострумот да го дадам со шприц, а не со шише.
     
    На Lolipop23 и Kaetana им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски




    Овој сет можеш да го користиш и за гради. Особено ако има добар фат бебето. Наместо на прст го лепиш на града. И дозираш со шприцот. Вака можеш и со поголем шприц.
     
    На BirMelek му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Знам дека е индивидуално ама колку млеко би требало да имам за доење или измолзување 13 дена после царски рез? На 2.5-3 саати дојам и плус повремено измолзувам демек за стимулирање ама имам чувство дека не е доволно зашто она упорно отвара уста кога ќе завршам. Сега молзев и искочија вкупно 40мл од двете гради - дали е тоа доволно за овој период и ќе се наголеми или малку е? Од болница не пуштија со препорака доење плус 30мл дохрана ама сакам што о можно помалку ад да даваме...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Се зависи од детето. Моево цица и трга и кога нема млеко. Многу е лакома и упорна.
    Се измолзувам после секој подој од испразнетата града, по20-30 мл. Го собирам млекото и и го давам во кризни моменти кога немам млеко и тоа од шише, до сега немаме проблеми. Инаку користам Тими Томи шише во облик на града кое мора силно да трга не пушта лесно.
    @Magic13 мене педијатарот ми рече заради грчеви и оптовареност на мешето да и давам 2-3 пати чај бекутан исто од шише. Баш пробиотикот во него го давам.
    И синко од првиот ден му давав чај од шише И го доев 11 месеци без проблем.
    Инаку за сите кои немаат доволно млеко. Си зедов лактил апчиња за поголема лактација на млеко и Еве после 2 апчиња видливо повеќе млеко имам.
    1570635343260..jpg
    Околу 780 ден 56 апчиња се. Во Еурофарм ги има.
     
    На Girl-Rabbit и Magic13 им се допаѓа ова.