@Presrekna кој пробиотик и го даваш? Исто и мене педијатар ме советуваше да и давам чај. Значи таблетите ефикасни се. Ќе купам и јас, денес слабо имам млеко. Цел ден цица и пак врти со главата и устата како ненајадена. И дадов АД 30 мл и веднаш заспа. Пробав да измолзам, капка млеко нема. Не знам повеќе што да користам за да ја зголемам количината на млеко. Буквално се предозирам од течности.
Ако вадиш 40 мл после подој.. супер си. Јас до 30 вадев. Од вчера прв пат излезе 50. После колку време се молзиш? Ако даваш ад јас би го давала навечер после доење, со цел да не мораш да пумпаш. А секој момент после подој кога можеш - молзи. Ем ќе ги празниш градите, со тоа ќе стимулираш млеко и ќе имаш сѐ повеќе, ќе си правиш залихи и не мораш да даваш АД туку ќе си дохрануваш со мајчино. Ама преку ден кога би дохранувала со мајчино не би оставала 3 саати меѓу подои. Максимум 2.5 а почесто 2. Молзењето нека ти биде кога си релаксирана, без стресови. Тоа што после цицање отвора уста не значи дека е гладно. И мојот отвора и повраќа после. Секогаш понуденото млеко го пие, па после повраќа на големо. Некогаш ќенка за цицка одма после доење ама сака да цицне уште малце за да заспие. @Magic13 од АД или и од мајчино измолзено и дадено со шише, одма заспиваат. А за млеко не е баш најфино ниту да се препиваш течности - парадоксално е, ама има контра ефект, да знаеш.
И давам провен пробиотик од зегин. Прашок во ќеси е. Тоа што не молзиш млеко не значи дека немаш. Биди упорна почесто ставај бебе на гради. И како што рече @Kaetana некогаш многу течности прават контра ефект. Пиј боза, млеко и чај за доилки. И апчињата се покажаа ефикасни ако не е случајно. Еве вечерва 3то апче испив И после 30 мин осеќам пецкање во градите, што до сега ретко го осеќав доаѓањето на млекото. Уште сте мали без нервоза ќе биде. И јас ова го практикувам. Се молзам после подој И чувам залихи. Секогаш оставам по 60 мл тазе млеко во обичен фрижидер, а околу 400 мл имам замрзнато. Обично ноќе молзам бидејќи имам најмногу млеко. И бебе повеќе спие И се полнат градите.
не знам дали прашањето е за тука но загрижена сум и ми треба мислење дур отидам ма гинеколог, после 2.5 години од прекин на доењето на едната града кога ќе ја притиснам излегува млеко но само 2 3 капки а на другата како прозирна течност. ова ми се служи кога престанав да дојам после 3 4 месеци и еве сега пак после 2.5 год, зошто се јавува овој ,,проблем,,?
Висок ти е пролактинот. Провери го и ќе си пиеш терапија ако е, бромергон. Висок пролаактин е и пречка за забременување.
Бебе е скоро 2месеци. Последниве неколку дена почнав да осеќам како пецкање по гради баш чувство како да надоаѓа млеко. И пак почна да ми тече млеко од еднава града додека го дојам на другата,а така беше само на почеток.Неколку недели не ми течеше така,и сега пак. Нормално е?
Најверојатно бебето ојачало, влече повеќе, пие повеќе, и пак стимулирало лактација. Нормално е. Моето е 9 месеца и уште повремено знае да капе од спротивната града кога цица.
Мајки, породена пред 3 дена,денес ми надојде млеко. Градите ми се тврди и топли. Му дадов на бебче повлече некоја капка со силиконска брадавица. Од вчера пијам Кларитромицин за покачени леукоцити. Видов дека не се препорачува во доење. Чекам бебо да го донесат и ќе ја прашам сестрата. Дали сте пиеле антибиотик за време на доење?
Мене веќе цел втор месец ми е така. Кога осеќаш пецкање се полнат градите. Ја после некое време од секој подој осеќам така. Момакот ти смука убаво и млекото ти се одржува добро.
24 часа. Ќерка ми и ладно го пиеше, па не го греев зошто еднаш згреано треба да го фрлиш. Ако не го сака ладно, може да се стопли, ама во топла вода, не дирекно млекото во ѓезве.
Јас мислам во фрижидер стои 3-4 дена Еве и листа. Инаку убаво кажа @Spidy не се топли директно. Јас под млаз топла вода го ставам
Дали пиете кафе вие што доите, и ако да, какво? Особено ме интересира за мајки со бебиња под месец-два. Малово има грчеви уште од првата недела и лимитирав/исфрлив сѐ што е можен причинител на гасови ама читав вчера дека и кофеинот може да прави гасови, а баш ми треба кафе за нормално функционирање
Пробај пиј едно кафе и види како ќе биде. Не мора да значи дека ќе му смета на бебето. Ако има грчеви ќе мора да издржиш. Ако не му смета, мислам дека едно кафе на ден не е страшно. Јас многу кафе не пијам, ама затоа во кока кола се давам. Првиот месец не ми се пиеше, само вода пиев, ама затоа од вториот месец сигурно по 1 литро пиев на ден. Ем кофеин, ем газирано, па моето бебе речиси воопшто немаше грчеви. Краток период по саат-два на ден, ништо посебно. И зелка и краставици јадев, од ништо не се чував заради грчеви. Единствено од гравче видов дека стварно многу смета, и тоа преку 6 месеци беше првиот пат кога јадев. Затоа викам пробај си и ќе видиш.
@EvieBabe кога бев уште во болница , мм ме пршуваше пред акушерките какво кафе сакам да ми донесе , и таа кога слушна ми рече никако кафе , ќе му смета на бебето. А јас си пиев по 2-3 на ден и од кога сум породена немам пиено , еве беба на 17ти сега месец ќе прави. Ми рече безкофеинско може какво и да е , ама тоа па ми е како кафе да немам пиено