Женски ај дајте чаре некое. Малата ми е 14 месеци и цица мн фала на Бога е сеа проблемот е што мн почна да ме гриза има мн заби и од катните дури и дали сеа вади уште абе лом ме прави. Сакам да ја дојам уште само мн ме боле шо да мачкам или шо да правам да не ме боле толку многу.
Голема е и разбира. Јасно и гласно ќе и кажеш (кога ќе те гризне) ,,Не,, и ќе се тргнеш и ќе дообјасниш дека те боли. Мачкај се со Ланолин.
Дали е подобро филтер чај или рефус? Го пијам на Хип, патронажната ми го препорача Лакта микс ама мм никаде не може да го најде,го нема по аптекиве,им пишав на Алкалоид од каде може да се купи. 20 филтер кесички се 74ден, која цена е рефусот и колку чај може да се добие од едно пакување? Што е поисплатливо?
А по маркети виде? Баш ме чуди да го нема. Инаку мислам исто е, а за исплатливоста не знам. Рефус беше околу 140 денари.
Во чајот на хип нема грчко семе - fenugreek. Во лактамикс го има. Грчкото семе е најголем поттикнувач за излачување на млеко. Затоа лактамикс е подобар. Ама можеш да си земеш само грчко семе и да го додаваш заедно со чајот на хип... Ако не можеш да најдеш лактамикс. А дали рефус или ќесички.. сѐ едно. Со ќерката имаше тогаш само рефус.. сега пиев од ќесички.
Се надевам дека денов на доење ќе го поминеме,имам проблем и што знам некако чудно ми е морам да ве прашам за мислење. Имаме полни 2 месеци од денес влегуваме во 3ти. На доење сме ама се случувало некогаш да додадам АД млеко ама НЕКОГАШ. Навечер многу ми се полнеа градите секогаш. Млеко капеше течеше дури и цврсти ми беа градите. Сега сабајлево едната града... Да не речам "исушена" другата имаше повеќе и ја исцица. можно ли е млеко да снемувам? навистина сум загрижена. А вчера беше многу голем дел од денот на града исто како на почетокот кога се роди. Се мислам што ли ми се случува? Можам да дадам АД ако има потреба ама да се префрлиме на такво млеко не би сакала воопшто.
Јас не би давала плус ако дете после подој е весело, ако е гладно ке приметиш ке плаче. А за градите и кај мене спласнаа тој период тоа би требало да е ради воспоставување на лактација според потребите на бебето. Опушти се нормално е
Абе и имам кажано и дури со повисок тон она се смее може се чешка на ново забче обично тогаш најмногу гребат
Лакта миксот го нема веќе месец и нешто.Јас нема кај не го барав. Хип рефус се 20и нешто кесички уствари,и јас тој го пијам.
приметив по малку почна да се полни градата. Може да,поголеми потреби на бебе па поголема треба да е и потрошувачката Инаку весело е не е раздразливо воопшто само малку почесто цица
Лакта миксот е дефицитарен цел месец. Го нема во магацин. Јас се јавив бев во билната на Алкалоид ми ги дадоа рефус сите состојки и имам едно чудо чај, сама го направив миксот. Околу 400 ден ме фати само ким си докупив. Оди во билната ќе ти направат. Хип и хумана ми се блага водичка мене.
Исто, мм ми купил Хип и затоа што не можевме да го најдеме тој на Алкалоид, му направиле микс во билна, само ким докупивме. Хип-од ми е вкусен дури, како сокче, а овој миксов од билна премногу интензивен. Јас не го правам со 4 супени лажици како што пишува, не се пие така премногу ми е јак, го правам со две полни лажици на литар вода и океј е.
Што ставаш за миксот? И каде купуваш. И мене кесите ми се водичка. Плус и анасон чист ми препорачаа да пијам. Го земам од зегин 69 ден го толчам и варам чај. Леле како јас да пишував. Исто и јас. Ноќе имав најмногу млеко а синоќа после подојот во 20 часот градите папушки. Ја истуркавме ноќта некако без АД. Утрово ја ставив на града се бунтуваше како да нема млеко па и дадов АД . И се измолзив за стимулирање И кога видов дека има 50мл ми падна мака што И дадов шише. После тоа пак со плачење едвај се нацица па спиеше 2-3 часа и Еве ја моментално цица ама пак немирно. Кога се скоковите? Утре правиме точно 8 недели. Инаку чајот лактамикс на алкалоид го нема освен на залихи во ДМ последно го зедов
да одам сега 100 км до дм за чајот?? Не е фер. Земав јас на хумана сега. Баш поради случката што ја опишав,од страв да не ми снема млеко. Да знам следен пат ко ќе начекам да си земам повеќе пакувања. Оној на хип бил леле мајко 300+ денари башка што требаше да земам и бејбитол капки уште 400 па и памперсите при крај..... А не!! После за леб не ќе ми останат земав АД капки по нормална цена за 110 ден а од чајот последниот на хумана им го зедов. 180 ден. Ние утре правиме 9 недели. Прашав во темата за скокови оти 8мата недела ја почнавме со оф леле. И ми кажаа според некоја апликација дека кај 8ма и 9та недела имало громче. Ама мене не ми е јасно какво громче ќе не мавне,што да очекувам.
Еве @Presrekna овде низ темиве ќе прашуваме што значи секој скок затоа бебко гуга онолку.... Чиниш на кафе сме и си правиме муабет овие 3-4 дена да не речам од раце и од цицка не е симнато
Здраво ми треба совет од некоја што дои со силиконски брадавици. Дали ми е битно да се од истиот произведувач како што се шишенцето и цуцлата за да не одбива? Да го пратам мм да купи додека не сум стигнала дома и како им се движат цените на НУК силиконскоте брадавици?
Јсс дојам со силиконски на Томи, цуцлата ми е на Нук а шишето Чико и не сум имала проблем до сега. На Томи се околу 360 денари за Нук не знам.