За грчеви ќе видиме, се уште нема ништо. Ама со оглед на тоа што имам вовлечени брадавици, ова ни е најдобрата опција
Немој ти која ни даваш најубави совети, да паднеш заради 100-200 грама. Секое дете е различно. И јас како тебе паѓав во депресија кога палчица моја не растеше во Мешко. Цел интернет го прочитав, а сега ми е мака што не уживав повеќе. Се роди 2520 дома дојдовме со 2400. 45 см. Прав палчо. Само кожа и коски беше. Првата недела напредна 25 гр јас во депресија паднав. Толку требало дневно. Но педијатарот ми рече Супер сте важно е во + Од тогаш Еве ја зеде за напред по 300 гр неделно оди. Важно полните пелени., весело е друго не се секирај. Ти потпишувам дека ќе дојде ден кога ќе криеш јадење од ова бебе
може зависи и од брадавиците. Јас со првото користев ама видов дека на тој начин понервозно влече и пие и исто воздух голта. Сега ко се породив имаше една мислам на авент (не знам точно како се викаше фирмата) имаше земено. Многу поразлична од таа тогаш што ја земав. да те прашам прво ти е или второ? Јас имав мака со доењето со првото дете,млеко многу цицање нула сега млеко помалку ама цица влече упорно леле мајко. После си викам де бе како со првото ме убедуваат дека имам мали брадавици и ко луда користев помагала а со второво истите брадавици ги имам па сестрите ми рекоа ти на какви мали брадавици кој те лаже,и еве ова си цица ни силиконски ни пумпи за измолзување.
@Presrekna и @Annath ви благодарам од сѐ срце за пишаното. Знам дека сте во право и дека ќе помине што и да е. Но хормоните си го прават своето. И притисокот од очекувањата и она што е познато како стандард. Теоретски знам дека треба да сум "попаметна" и еве се трудам да не се преоптеретувам оваа недела. Колку и да сакам - решив, не го мерам дома. Ќе се гушкаме и ќе си цица со насмеана мајка, весела, ... Што ако го мерам. Не дека ќе сменам нешто. Во четврток ќе видиме што ќе биде. Иако во вторник доаѓа патронажната, сакам да ѝ кажам дека не сакам да го мери. Не знам колку ќе успеам во тоа.
Прво ми е, млеко имам и јас сосема доволно би рекла, ама бебка е уште со жолтица, па малку е мрзлива. Ја будам за цицање по совет од педијатарот. Инаку се консултирав и со општ матичен, и со гинеколозите што ми водеа бременост. Сите се согласија дека мора силиконски, зашто мене ми се скроз навнатре. Е сега кога цица успева да ги извлече, може понатаму ќе можеме и без нив
Терај си ти со силиконски, и јас бев иста и после малата сама ги извлече, ќе видиш по некое време, мене не ми се верваше Битно си е најадена, друго ич не се замарај
Мајки, има ли некоја од вас близнаци? Знае ли некој како оди доењето на две бебиња? Задоволени ли се потребите на двете бебиња, мислам количински? Уште од сега ме фаќа паника
Хелп!! ! Имам кажано дека ноќе бебе врзува по 5-6часа спиење. Измеѓу се молзам бидејќи ми доаѓа многу млеко и го давам другиот ден попладне кога ми се намалува млекото. Ноќеска станав со болка во едната града која се ширеше кон раката и плеките. Дојката ми беше камен. Од 22:00 бебе стана во 4:00 јас во 2:00 малку се измолзив а во 4:00 таа ја исцица цела но болката и отокот бочно кај раката не помина. Од утрово ставам топли облози и и давам да цица и се молзам. Малку попушти но болката уште ја осеќам. Исто н брадавицата имам мало бело топче ( блистер) го дупнав со стерилна Игла но не попушти. Се туширам со потопла вода а сега кренав и тем 37.5 Ве молам за совет
Дои ја слободно и напии се парацетамол за температурата. Јас имам блистер ама го оставам така сама да си го дупни.
Термофор или пластично шише со жешка вода колку шо можиш да издржиш, исто топол туш и масирај, и мене истото пред една недела ми се случи, многу боли и непријатно е, давај и нека цица од таа града, издржи мајка
Ти пишаа совети членките над мене, јас да додадам да ја стискаш грутката додека цица бебето. Јас еднаш имав мала грутка која ме болеше, ја масирав под жешка вода ама не помина. Стискав силно додека цицаше бебе, одма ја снема.
Во разговор со патронажната околу доење,спомна дека мајка има доволно млеко за доење близнаци до 2ипол,3 месеци,после се воведува и дохрана.
Мајка се молзеше рачно или пумпа.? И дали имаше црвенило? Јас немам сега од топлите облоги ми се јави. Градата ми спласна уште мала болка осеќам странично. Не знам дали е од тоа или од молзењето со рака
Не е точно. Ич не е точно. Што се случува после 2 или 3 месеци?? Ако мајката успева да ги дои до 2 месеци и напредокот е добар, баш тоа значи дека веќе се воспоставила лактација и после бебињата ќе си средат колку млеко ќе им треба. Полека и континуирано. Проблемот е обично на самиот почеток. Да се стимулира доволно млеко за да на месец дена останат само на доење (доколку се комбинира дохрана и доење). @volsebna имаше близначки кои ги доеше, ама не знам дали е активна на форумот. Еве ја тагнувам ако случајно чита.. @green.eyes можеш да ѝ ги побараш мислењата на темава и да читнеш што има пишувано. Близначките ѝ се мислам нешто помали од ќерката моја. Значи барај мислења некаде после март 2015... ако сакаш можам да побарам јас литература и сл. на темава. Ако се смирува, ок е. Нежни масажи, никако силно да стискаш. Рачно, јас не би со пумпа. Само внимателно и со рачното молзење и стискање на грутката, да не дојде до механичка повреда на жлездите. После и од тоа може многу да боли.
Тој ден двапати со електричната пумпа и силни масажи со рака, до солзи ме болеше. А и јас немав црвенило само ми беше жешка на допир, и странично накај пазувите болно. Малку збунувачки е и со молзењето, нели ќе се исцеди градата ама пак стимулираш да надојди ... И лист од зелка велат да ставиш ама не знам точно како, јас не пробав, се зачудив ми помина преку ноќ буквално
@Mia Fuentes , @Kaetana @Spidy Ви благодарам. Некако и бебе денес е нервозно не цица не спие. А и немам доволно млеко во другата града @Mia Fuentes како знаеше дека помина? Јас сеуште болка имам но може од молзењето?
Немав болка и конечно ми олесна градата, ми се истуши шо би рекле, иначе ми беше камен, цела грутки и видно поголема од другата. Ќр помини ајде
Ова мое дете, реши да ме одмори денес, па убаво си спие меѓу подои. Ама еден подој трае од 15 до максимум 20 мин. Како е кај вас со бепче од 1 недела? Има ли сила воопшто да се нацица доволно за тоа време?