Толку цицаше и ќерка ми кога беше една недела , дури и помалку можам да ти кажам. Јас тој период ја будев , зошто поради жолтицата ептен се успиваше со саати.Сега месец направивме и цица околу 30 минути , и не е успана како што беше. Тоа знае колку му е потребно да си цица
За жал поради мастит морам да пијам Бромергон. На торакална ми кажаа дека откако ќе се стабилизира, можам повторно да се вратам на доењето иако сум го пиела Бромергонот. Во меѓувреме бебето е на АД. Искуства?
Кои симптоми на мастит ги имаше? Јас моментално сум со запушени канали на едната града, бев со тем 38-39 ми дадоа антибиотици и редовно молзење и ставање на бебето да цица. Инаку имам болна града и малку црвенило. Температурата ми падна, но грутката си стои никако не можам да ја разбијам Искуство
Висока темп, омалаксаност, повраќање во еден наврат и гадење. Завршив во болница и на крај памет не ми беше дека е од тоа бидејќи имав само мала болка бебето кога цицаше на почетокот и потоа прекинуваше. Во болница на прием не ми најдоа ништо и ме задржаа - тек утредента малку црвенило ама немав никаква болка и од таа града не течеше млеко ( се одмолзував со пумпа да не го изгубам). Наредните денови ми кажаа дека морам да појам Бромергон да ми престане млекото зашто било мастит - имаше и грутка. Се инаетев демек ќе го вратам ама после 5 дена со вкупно 20 мл измолзани од таа града почнав да ги пијам. Груткава стои ама поминаа само 2 дена откако почнав па уште има лактација. Доколку подолго ти е црвенилото оди пак на лекар. Иначе топол туш и некој постар што знае нека проба да те одмолзе да не ти се направи абцес (така ми кажаа и мене ама и така не излезе ниш). Детето почесто на болната града во различно позиции - пробај ја и онаа каде што е со нозете нанадвор (накај мишката). Со лесно и се надевам нема моево чудо да те снајде.
Дали и од кога почнавте со цитрусни овошја? Бебе е 3ипол месеци и сакам да почнам да пијам сок од цеден цитрон и портокал, па не знам дали смеам заради млекото.
Пробај, дур не пробаш не можеш да знаеш. Јас на почеток пиев многу сок од јаболко и еден ден немав, и пиев од портокал, бебе имаше многу грчеви тогаш. И на неколку пати после тоа приметив дека од една чаша и прави проблеми со стомакот па не можеше да спие навечер.
Поголема е веројатноста да направиш пеленски осип. Мојата е 9м и една мандарина да изедам и се појавува црвенило. Ама можиш да пробаш со малку и ќе видиш како ќе реагира.
Бебка моја има 9 дена. До сега само цицаме откако сме дома. Ама денес ме раскрвари на едната града, и ќе треба време да се среди тоа. И додека се средува тоа, осеќам дека е полна и тврда на допир. Јас дојам на другата, ама цело време плаче и мислам дека не и е доволно тоа млекце. Да го праќам мм по пумпа, ама што правам со испумпаното млеко? Ако има крв го фрлам? Како го чувам? Додека бевме во болница еднаш се измолзев на пумпа, поради истата причина, и веднаш и го дадоа, ама не видов да имаше крв во него
Со пимпа уште повеќе ќе ја разраниш, барем јас така се зафркнав.Јас и давав да цица на беба, кога не цицаше ја оставав градата не покриена да се суши, мачкав ланолин и од самото млеко. И сега знае да ми а раскрвави од забите ама и давам да цица.
Давај да цица. И да има крв не е страшно. Најважно е од сѐ да коригираш позиција - очигледно бебето не било убаво наместено на градата штом дошло до разранување на брадавицата. Најважно е да е добро наместено. Додека не цица, многу ланолин и града на мегдан. Вчера баш видов тука во ДМ има хидрогел на медела се ставаат на градите како облоги - помагаат за рагади. Ама не знам дали има во МК. Ако доиш на таа града, и ако е бебето добро наместено, дури и да е многу разгранета - нема да боли после неколку секунди (додека ја извлече крвавата брадавица). Така ќе знаеш дали е добро наместено. Ако боли, одма менувај позиција.
Успеавме да се средиме позицијата и одговара, ама мене ми е многу сува кожата, и на секое посилно влечење почнува да крвари. Ама се нацица убаво преска, очигледно малку и било од една града само. Па дополнивме и со другата и сега си спие
Додека бевме на болница истиот проблем го имав, запушени канали и грутки на градите. Таму ми ставаа термофор со жешка вода, а претходно некое време чував една ладна течност, не знам што точно беше, во пакување како термофорот и на крај се молзев со електрична пупма. Тоа мене ми помогна.
Јас тоа го имав 3 ден кога дојдовме од болница. Црвена града болка. Но без тем и треска. Го санирав со молзење и топло-ладни облоги. Затоа купив пумпа. Но овој пат беше пострашно со огромна болка, тем38, 6, треска, црвенило, грутка, тешка и полна града. Тем веќе немам, но антибиотици примам. По 10 пати топло-ладно се туширам благи масажи и мислам дека поминува . Болка немам веќе, но грутката како да ја осеќам. Или од масажа имам хематом направено. Дали има опасност од повторно враќање? @Mia Fuentes мислам од искуство да каже?
За време на доење што се пие од лекарства? Во смисла како на пр Фемибион што пиев во бременост,има потреба од некој таков додаток? Зарем сметаат овошја и сокови од цитрусно потекло? Ова не знаев..вчера баш јадев и мандарина и цеден лимон пиев.. На колку степени загревате измолзено млеко од фрижидер?
Не се загрева измолзеното млеко, само стави го во топла вода шишето. Витамините може да се пијат и за време на доење.
За витамини слободно можеш да ги продолжиш оние од бременоста. Храната дали смета на грчевите е индивидуално за секое бебе. Јас почнав да јадам по препорака на патронажните сестри. Брокула, грав леќа грашок...НЕ, цитрусни овошки НЕ, ова не она не и само на ориз и компир стасав. Но по препорака на стар педијатар дека кај секое бебе е индивидуално, и стварно за синко вакви "моди" не постоеја и јадев се и немаше грчеви, си почнав се да јадам и гледам дека ништо не му смета. Баш грчеви има кога јадам пире и динстано месо а тоа не е спомнато како "забрането" Јадење за доилки. Лимон немам пробано ама портокали и џус редовно пијам. Пробај полека се воведувај. На бебето му треба што поразноврсна храна. Јас по листа на нутриционист одам и одлично ми оди. Буквално се јадам. За млекото @Magic13 ти кажала. Може и под млаз топла вода да го топлиш