Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе биде добро - ќе пишам искуства.
     
    На Presrekna и Kaetana им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    повремено имам менструални болки ( иако сеуште нема абер за добивање ) и во тој случај морам магнезиум. При главоболки исто. И ако се осеќам изморено обавезно пред спиење.
     
    На Scorpion91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Значи ти прими системски антибиотици и уште примаш преку инфузија?
    Ќе ти пишам во порака контакт од жената. Се надевам дека сѐ ќе биде супер. Стварно несекојдневна приказна. Жал ми е и се надевам за брзо ќе помине.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се намалат подоите. Полни пелени се најголем показател дека бебето си напредува. 2-2, 5 часа се најдобар период меѓу две доења во текот на денот. Ноќе може и повеќе.
    Само во случај ако има жолтица бебето или не напредува тогаш се советува да се буди

    Леле каков советник сум станала а за себе фуфки барам од вас помош
    Мене ми рекоа до 4-5 месеци може грчеви да има. Веќе 3 месец тераме и одвреме-навреме има посебно ноќе околу 4-6 часот. Витка ноџиња, кемчи, 'ржи. Продолжи со пробиотик ќе поминат.

    @NEA колку ти е старо бебето? На АД сте? Како го прифати?
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    2.5 месеци е - Бебелан. Немало проблем со прифаќањето.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Може да траат до кај 6 месеци грчевите, иначе за Биогаја читав и негативни искуства на форумов, јас лично кај моето ги прекинав оти му правеа проблем, а моето немаше грчеви. Смени ги, давај друг пробиотик, имаш Waya, Probalans baby, Proven за бебиња...

    Плус неспиењето може да се должи на т.н sleep regression која се јавува баш околу 4тиот месец.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.409
    Допаѓања:
    183.046
    Пол:
    Женски
    Ја и моите перипетии со пумпата (facepalm)Колку само живци искинав со пумпата страшно.. за конечно да сфатам дека недостасувало едно мало ама многу важно делче за да се испумпува млеко. Некако.. и ја и маж сме го промашиле тој факт. :@ :headbang:

    Туку тоа е што е.
    Доење во јавност не ми е воопшто проблем, ама имам ново фустанче што сакам да го прошетам надвор кое не е практично за доење, а не би сакала да чекам до наредна есен за да го облечам. :D
    Дење веројатно нема да можам да се одмолзувам на дневна база, бебе цица на саат, ама ноќе спие и тогаш имам мака со преполнување. :sweat:
    Замолувам некоја да ми објасни како оди процесот за собирање на млеко и замрзнување? И колку време пред излагање се одмолзувате вие што не практикувате доење во јавност? Колку време млекото може да стои на дневна температура? И се друго што ќе ви текне околу тоа. :)
     
    На Presrekna и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.930
    Допаѓања:
    108.217
    Пол:
    Женски
    @Yowannty јас си земав неколку стерилни чашки за урина од аптека - тука ми пишаа дека може и така да се складира млекото (искрено ќесичките за млеко ми се скапи некако :wasntme: )
    Ако планираш да го дадеш млекото истиот ден можеш и директно да го ставиш во шишенцето па да го чуваш во фрижидер. На собна температура може до 5 часа да стои млекото :)
    Искрено јас не знам дали би го замрзнувала , ми е шубе некако при загревањето да не направам некоја грешка па да се расипе. Електрична пумпа имаш купено така? :)
    Нареднава недела треба да одам на гинеколог па ќе оставам млеко на мм да и даде, имам ептен страв да не се одбие од мене :sweat: ама имам обврски некогаш и може да заглавам над 2 часа :(
     
    На Girl-Rabbit, Yowannty и Presrekna им се допаѓа ова.
  9. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    received_501097117126575.jpeg ј
    Јас по оваа табела се раководам. Обично ноќе се молзам бидејќи тогаш спие подолго. Дење не и стасува не да и крадам. И јас мрзнам во стерилни чаши.
    Но @koritsaki замрзнатото млеко и она од фрижидер не се грее. Само во топла вода се затоплува се замрзнатото се остава да се одмрзне после се затоплува.

    Да прашам тие што имале затнат канал или Мастит дали забележале намалување на млекото од двете гради. Болната веќе од првиот ден на затнување помалку лачи млеко, но од вчера и другата скоро да не лачи. Ќе побудалам бидејќи и давам АД но од него тешко заспива и или го повраќа или јачијачи додека се свари.
     
    На Yowannty, Lianna Anna и koritsaki им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    @Yowannty @koritsaki

    На собна температура:

    27 до 32 C - 3 до 4 саати.

    25 C - 4 до 6 саати.

    19 до 22 C - 10 саати.

    До 15 С - 24 саати.

    Во фрижидер, ама позади, никако на полиците од вратата:

    Свежо измолзено, 0 - 4 С - 3 до 8 дена. Препорака е 72 саати.
    Одмрзнато 0 - 4 С - 24 саати.

    Замрзнувач со фиоки - 2 недели.
    Замрзнувач со посебна врата - под 4 С - 6 месеци.
    Замрзнувач со постојана температура, под 18 С до 12 месеци. Препорака е 6 месеци.

    Замрзнато млеко, се препорачува да се одмрзнува во фрижидер и да се избегнува одмрзнување на собна температура. Ако е итно, млекото се става под млаз ладна вода, а на која постепено се менува температурата, односно се загрева накај топла. Еднаш одмрзнато, не се замрзнува повторно.

    Млекото се загрева, исклучиво во сад со топла вода. Загреано млеко кое не се употребило целосно, може да стои уште 2 часа.
     
    На sofi2107, Spidy, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Да си пишам јас како ни оди.
    Како што решив - така и направив. Не го мерев, иако имав желба да го измерам. Како некој зависник тешко ми беше првите два дена. После некако се опуштив скроз и не ни помислував да ги правам сите егзибиции со кујнската вага (дека е мала, па ставав една кутија да го поткренам и после ставав леген и бебето во легенот... (facepalm) )

    Во понеделникот требаше пумпата да ја вратам во аптека.. искрено, некако едвај чекав да ја вратам, ич не сакав молзење, особено што и со ќерката никогаш не можев да измолзам толку многу колку што тие цицаат. Слушам кај него во 15 минути колку пати му надоаѓа млеко т.е. колку пари се случува "let down" а со пумпата и во 40 минути пумпање еднаш или два пати едвај. Не е исто пумпа и бебе. Кај некои жени сериозно пумпата не може да извлече многу.

    Откако ја вратив, уште едно олеснување - стресот да се пумпам демек за количина во секој слободен момент. Не. Ќе давам само да си цица кога сака и колку сака.

    Во вторникот дојде патронажната и, иако ѝ реков дека не сакам да го мери, сепак ми рече дека мора. Таа го измери 3250. Задоволна ама пак со резерва ми инсистираше да одиме на остеопат. Ај си велам и на тоа чудо да одиме.

    Во понеделникот бевме на ортопед сабајлето - сѐ е во ред со него, иако на породувањето беше влечен за ногата. Сме имале среќа тече докторот.. и ни закажа превентивно контрола за два месеци. После бевме на кардиолог за шумот, сѐ е супер со срцето, нема шум. Нема ништо.

    Вчера бевме на остеопат. До таму стигнав со приказната. Искуство немам никакво, прв пат одиме. Го допираше, го гледаше, добив коментари дека состојбата му е таква затоа што не бил спремен да се роди (до некаде може и се согласувам со тоа... Не бев спремна ни јас да бидам искрена). На крај го дијагностицира со комплетна блокираност која треба да се одблокира, како резултат на стрес од породувањето. И тоа не од тоа дека беше влечен, туку од тоа што не поминал низ родилен канал (царски се породив) и тоа му фалело. Не бил свесен дека е веќе роден.

    Делумно значи се согласувам со моментот дека можеби можеме да сметаме дека е предвремено породување, дека однесувањето на бебето не е исто - ама моменти дека пати што не е роден природно, и предлози за симулирање поминување низ родилен канал мене лично ми се too much.
    Бидејќи сакаме да одиме во мк да му извадиме документи, женава коса ми крена кога крена паника дека тој во неговата состојба не смее никако да патува.. (?) Дека тоа што не е искакан 6 дена е проблем (се толерирало до 3)... Нејсе. Денес бевме на педијатар на контрола па си велам него ќе го прашам.

    На педијатар го измерија 3310.. што е супер од претходната недела 3180.
    130 грама во една недела за него е одлично земајќи го предвид дека претходната качи 20... Педијатар супер задоволен. Јас насмеана. Ама сепак сум со резерва... Си закажав кај нив мерење следната недела пак. Чисто контрола. Сакам да знам дека тргнала работата. Педијатарот рече уште недела до две да го видиме. Ако си тера, после нема веќе мерење - секако, до следниот преглед на 3-4 месеци. Го прашав за пумпање, рече нема потреба.
    Си имам јас на медела електрична пумпа.. па за не дај боже ако ми притреба не сум без ич. Иако со ќерката никогаш не ми притреба.
    Го прашав општо што мисли за термин кај остеопат. Ми рече само - не. Нема потреба.

    ---
    И ајде сега. Ништо не направив поинаку од претходната недела кога крена 20 грама. Ништо и претходно не правев поинаку. Да, наместо 2 чаја лакта микс, зголемив на 4 чаја дневно на веледа (ми се потрошија лакта микс). И купив грчко семе таблети па пијам 9 дневно (и цела смрдам на грчко семе).
    И не го вагав и не се оптеретував и не плачев кога ќе видев дека стои.
    Уште бљуцка многу, ама помалку од претходната недела.

    Дали е до детето, или и психолошката состојба на мајката игра голема улога? Дали суплементите за поттикнување на лактација исто играат улога или се плацебо? Некако ми стои дека самодовербата на мајката и нејзината релаксираност играат улога. Ама ајде ќе видиме. Уште не се осеќам дека сме се избориле. Барем уште недела - две да си тера со напредокот и да се опуштам комплетно...
    Ај па до следниот термин и родилна ќе врати! ...:?:(facepalm)

    ---

    Ова беше на долго и широко.

    Туку за какање и доени деца. Знам дека е нормално да не какаат и по 10 дена и повеќе. И педијатарот рече денес дека е ок. Ама жени... Прднува што прднува, ама многу мириса.. ваљда е ок и тоа.
    Не сум навикната искрено на вакво темпо на (не)какање, оти ќерката какаше по 3-4 пати дневно..
     
    Последна измена: 24 октомври 2019
    На Lolipop23, snegulkata, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.409
    Допаѓања:
    183.046
    Пол:
    Женски
    @koritsaki ја купив уште пред да се породам и се до сеа мислев дека нешто не ваља. (facepalm) А излезе дека е супер. Јас уште ќе си дојам во секое време и секаде, ама за вонредни ситуации да ми се најде, во вторник сум на гинеколог па ќе одам по раат кога ќе знам дека маж има и млеко дома,а највеќе за навечер ми е оти ми се преполнуваат страшно градите и ми е страв да не си напраам проблем, а и не ми се фрла тоа млеко ако можам да го замрзнам и искористам подоцна.
    А и дојам со силикони па се надевам нема да и напраи голема разлика шишето одвреме навреме.. :?:

    Девојки фала на одговорите, ама уште нешто да прашам, дали чашките ги стерилизирате пак пред да складирате млеко во нив?
    И околу шишињата оти имам еден куп ама не сме користеле до сеа, како ги стерилизирате? Пред секое користење/молзење?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Јас прво ги мијам со сјај, со четка за шишња, и ги стерилизирам на шпорет со вриење.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Мајки за главоболка што може да се пие додека доиме?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Бруфен.
     
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Во врска со остеопатот ме потсети на приказнава која и беше исто кажана на другарка ми за ќерка и. Живее во Германија и таму се породи. Исто и беше кажано и додадено на сето тоа и дека спиела во моментот па кога ја извадиле ја штрекнале и тоа било додатен стрес.
    Ич не се согласувам зашто билиони бебиња се родени царски. Еве и мојот е така роден ( не дека сакав туку природно не смеев ) .
    Не сум во тек со ситуацијата која си ја имала сега со вророво на пораѓај и што мака има извини.
    Во однос на качување на грамажата, сепак треба да се земе месечен напредок на бебе. Не дека и ја не го вагав како луда може и секој ден/секој втор ден. Но, е голем стрес за себе па и за бебе кое осеќа кога мама е под стрес. Па и самото лачење на млеко ја менува структурата ( подетално на сајтови за лактација има за тоа ) . Често доаѓав до приказни на мајки каде бебе стагнирало со качување грама по 2-3недели, но пунело пелени што е најбитно. Показател дека е бебе океј треба да се полнети пелени. Па споделуваат приказни мајки како кај некој стагнираат по 2-3недели во гр. , некој ни 400гр месецот прв не качиле, па вториот ни 300гр не качиле и наеднаш бебе после 3мес надокнадува во напредок и за првите два месеци.
    Знам дека си запознаена со сето ова. Знам дека не сум те помешала со друга членка или грешам? Знам дека со години на темава си поборник на доењето ( како и јас ) и веруваш во тоа дека секоја мајка може да дои ( освен онаа која мора да прима терапија и има загрозено здравје ) . Значи секоја мајка има м.млеко и секоја една има доволно за потребите на своето бебе. Кога ќе се земе фактот дека жени кој посвојуваат бебиња со терапија соодветна почнале да си ги дојат бебињата мислам дека сум јасна што сакам да кажам.
    Ти барем која нема на која не ни помигна за доење и си делумно експерт во тоа поле сметам дека треба да си го слушаш она што интуицијата и разумот ти го кажуваат. Не ми се лути ама реална сум си знаеш. Знам дека е најлесно совет на други да даваш, а за себе е најтешко. Но, еве твојава ситуација замислија да е на некоја друга жена и како ти би ја советувала така постапи за себе.
    Во однос на чаевите чим сметаш дека ти помагаат пиј ги. Но, јас ќе ти предложам уште нешто да земеш ( мора и кај вас да го има ) кое и јас го пиев и многу доилки кој ги знам. Ќе отвориш на фб ќе читнеш за нив и на сам Гугле имаш да читаш зашто и колку се добри за време доење за бебе и за мајка. Моринга
    https://www.google.com/search?q=mor...YI_enMK808MK808&hl=en-US#imgrc=TUr7zX8YRfSNaM
    https://www.golacta.com/pages/moringa-breastfeeding-supplement

    https://www.google.com/search?bih=5...1......0....1.........0i71j0j0i67.xFoWSrMYMeI

    24B474AE-B00F-43EF-816E-CB2AAD98D5A0.png Овие ги зимав јас и ги пиев. Имаш и прашак ама не прашакот, таблеткиве ќе си ги земеш.
    Го знаеш верувам и https://www.facebook.com/DrJackNewman/
    Признат професор и доктор за лактација. Види на некој од негови постови или на неговата веб страна сигурно има одговори на прашањата кој те мачат.

    Во однос на какањето ќе ти кажам на мали мој кога беше бебе што највеќе му помагаше. Водичка по малку давав од прв ден зашто сепак е многу битна и за сам организам па и цревна флора. Го побивам она дека до 6мес вода не се дава ( лично за мене глупост ) зашто сигурно 200мл нема да дадеш. Значи за да ме сфатиш зашто го побивам ќе читнеш статии каде си е образложено зашто вода се дава на новороденчиња. Еве јас лично давав од прв ден дома кога дојде, бебе какаше супер, напредуваше над просек ( дуплираше родилна на 3мес, а на 6 веќе тродуплираше беше над 9кг ) . Сега веќе е манекен па се молиме за јадење :D
    Ако не даваш вода почни по малце давај. За какањето, за стомаче и грчеви ќе земеш зрнца ким. Во ѓезве стај вода и кога ќе зоврие стај 10-15 зрнца ким нека проврие 5мин и поклопи со тацна уште 10мин нека отстои. Процеди и давај на бебе во текот на денот по малце.
    Вежбите за стомаче и какање верувам ги знаеш.
    Јас додатно кога немаше да кака или неможеше ем од кимот му давав и ќе наполнев топла вода ( не да го попарам ама пак потопла ) и го ставав во коритото со топла вода и оставав да полежи и во меѓу време му масирав стомаче и ноџиња му подкревав ( свиткани во колена и припиени на стомаче ) . После пред да му ставам пелена така свиткани ноџиња ( пешкирче ставав горе да не ме подмочка сепак машко ) и му правев вежби и со чиста влажна марамица натопена во кантарион или кокосово му правев благи движења на анусот ( никако внатре пикање било што , сепак може да се повреди ) се надевам ме сфаќаш што сакам да објаснам. Бебе секад одма ќе се искакаше или за некој брз период.
    Ти посакувам успешен и убав доенечки стаж и да е бебе здраво, живо и најсреќно со дада и вас.
    Гушкајте се и бебе кога ќе ја осеќа мама дека е смирена и среќна и бебе има да се збуцка како крофна :inlove: Све ќе биде во ред и све ќе се среди верувај колку и да ти е сега тешко и да ти е мака. Све ќе биде најдобро и за брзо ќе помине све ова што ви се случува. Ви праќам многу бакнежи и прегратки :*
     
    На Lolipop23, Annath, Mia Fuentes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Денес разговарав и со матичниот гинеколог и со тој што ми го даде Бромергонот. Матичниот вика дои го ако сакаш - не сум имала случај како тебе - демек сите едвај чекаат да престанат ти со сила сакаш да го доиш иако има 2.5 месеци - доволно е големо. Другиот гинеколог вика нема веќе доење - завршило тоа. Ставај завој да се направи стаза на градите и стегни ги. Продолжи со терапијата - по 1 апче на 12 саати додека не направиш 10 дена. Матичниот ми вика ако не сакаш да продолжиш - зашто веќе 10 дена не го доиш, пиј си ја терапијата 14 дена и уживај - не ти требаат завои и чуда. И кому да верувам?
     
  18. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    За бромергон и воопшто за дозирање само со ендокринолог треба да се посоветуваш.
    Матичен па и гинеколог воопшто не е компетентен на тоа поле. Сепак нит учеле за тоа нит па имаат познавање од ендокринологијата.
    Го доев до 21мес ( ќе го доев може и повеќе ), но дете одбиваше цврста храна и буквално почна како новороденче да виси на цицка. Жива ненаспана 21мес ноќе не сврзував сон повеќе од 3ч.
    Сепак поради пролактиномијата и микроаденом на хипофиза бев на терапија бромергон со години и до 33-34та недела од бременоста. Го прекинав за време доење. Бромергон и доење не иде. Сепак бромергонот делува на хипофиза ( село ( така е стручен назив ) на сите хормони ) со самото тоа се лачи и во самото мајчино млеко тоа ќе ти каже секој лактациски консултант и ендокринолог.
    Дента кога го одбив почнав со бромергон. Ендокринологот рече по 1дно цело апче на ден точно 5дена па контрола на пролактин. После си продолжив со терапијата бромергон како и претходни години.
    Муабетот ми е дека ако веќе пиеш бромергон сепак не смееш да доиш. Ако сакаш да доиш ќе си го прекинеш ( доколку го пиеш поради здраствена причина или мораш тоа е сосема друго и ќе тераш со терапија ) со договор со ендокринолог. 24ч најмалце ќе одмолзуваш и тоа млеко ќе го фрлаш и после може да си продолжиш нормално да доиш доколку сеуште имаш млеко после бромергонот.
    Инаку доколку пиеш бромергон немаш потреба од завои или стегнување. Први денови под туш топол ако се прават грутки благо ќе масираш и малку одмолзиш ( со рака ќе стиснеш ) ама не често. За некој ден ќе се регулираат гради и ќе немаш нит грутка нит притисок и млеко ќе престане да тече зашто пролактинот ќе падне од самиот бромергон.
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Во мојов случај го дадоа да не се влоши маститот и да не настане абцес. Прво два пати на ден по 1/2, после кажаа 2 пати по 1 цело апче. Ендокринолог не ни спомнаа во целата приказна - а апчињата ги препиша гинеколог, а потоа се советувал и со специјалист од торакална.
    Покрај толку специјалисти мислам дека мозоков ми е збркан - најмногу што не знам ништо од оваа област - а макава ме тера да се образовам на гугл.
     
    Последна измена: 25 октомври 2019
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава да прашам за чајот лакта микс. Какване состојбата, уште ли го нема? Јас најдов добра замена за него - чајот за доилки на хумана. И по вкус е подобар а функцијата е иста
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.