Да ти е живо и здраво Јас добив млеко на 3от ден после породувањето, два дена цицаше 'од празно' по цел ден на цицка висеше бебка. Педијатар ме советуваше дека имам млеко, т. Е. Колострум и дека ако и 2 капки повлече доволно е, ставај го на града и кожа на кожа контакт, одмарај повеќе, чорба од лосос и телешка чорба од коски конзумирај, млеко надоаѓа ко лудо. Многу вода, сок од јаболко бистар, чај за доилки. Сето ова помага, ова од искуство. Со самото ставање на града му се развива инстинктот за цицање со среќа, не слушај баби жаби, нека ти помогнат колку можат. Опуштено и без нервоза
Колку капки од колострумот му е доволно првите 24часа? Го ставам со сила да цица кога е будна,еднаш какавме и повративме.
Гледам и други ти пишале, најдобра стимулација за млеко е самото бебе. Несака бидејќи е многу мало, можеби незнае убво да фати и да се намести, нема кондиција з цицање и сл.причини, со овие јас се соочив. За млеко дома јас лично пиев чај за доилки од хумана, имаше ефект од него испив само една лименка, и бебето што почесто на гради. Среќно мајче и не се откажувај, само упорно и се ке биде. Понтаму ке видиш каков раат и задоволство може да биде доењето.
Маж ми купил на хип чај ,пијам па ќе видиме , боза пијам , вода течности Ама мн го мрзи да цица , 2 3 пати повлекува и престанува и зорле јас ја притискам градава белки има некој ефект
Земи пумпа и молзи се ако не цица многу бебето, така ќе ти надојде повеќе млеко. Само тоа е чарето, брачеда моја 3 недели се молзеше на 2,3 часа и дење и ноќе, ама силно сакаше да и цица бебето, имаше голема волја и успеа, без бебе да цица значи (бебето беше праматурче не беше со неа, не цицаше, немаше сила да цица), сега е 6 и пол месеци бебчето уште си цица И само упорност, ако вистински сакаш да ти цица бебето ќе успееш
Здраво. Живо и здраво да ти е малото. Ако имаш желба за доење, се согласувам со коментарот погоре. Измолзувај измеѓу кога бебето не е на гради. И после подој можеш. Подобра стимулација од често ставање на бебето на гради да влече, за млеко нема. Ако ти се успива за време на подој, одлично делува breast compression техниката. Мене ми е спас кога малото е успано и престанува активно да влече. Иако на почеток мислев дека не помага, ама испадна не сум ја правела правилно. Ако се уште немаш млеко, колострум ќе излегува. Доволно хранлив за потребите на бебето. А потоа ќе добиеш млеко. Не се сомневај дека немаш или не можеш. Ќерка број 1 живееше на колострум 5 дена, кога конечно ми дојде млекото. Ама ја ставав на гради на секои 2 часа, ден и ноќ.
Јас имам рачна од Чико околу 2000 ден е, мене многу ми се најде, уште в болница почнав да ја користам. Јас сум задоволна од неа.
Денес решив да пробам да се измолзам и мм да и го даде млекото. Се измолзив еден саат пред да отидам на работа во 8 часот сабајлето , собрав 70 мл и го ставив во шише на мм да и го даде кога ќе почне да бара.. е сега една грешка направив , баш кога цицаше набрзо почнав да се измолзувам , па по пола саат откако го собрав млекото пак и дадов да цица, што претпоставувам дека не е дојадена како што треба друг пат ќе соберам млеко од вечер па ќе го ставам во фрижидер. Е ме интересира откако ќе го извадам од фрижидер и стоплам под млаз вода , дали може да стои 5 часа пак на собна температура? Или да не со стоплувам воопшто, ама така за колку време би требало да се згрее без да го топлам? Сега му се јавив на мм , ја слушам и осеќам дека набрзо ќе почне да плаче. Му реков кога ќе почне да бара нека даде и готово.
Од вечерта во фрижидер и маж ти нека го извади и стопли баш пред да и го даде само со топла вода. 1 минута под топла вода од бојлерот мене ми било доволно, ама може шишето во тенџере со врела вода да го оставиш неколку минити. Ако мислиш на замрзнато млеко, најдобро е да се стави од замрзнувач во обичен фрижидер преку ноќ, па од таму се вади и топли баш пред да се употреби. Би требало и да може да стои на собна температура, работата е млеко не се топли 2 пати. Ако од фрижидер (4 степена) го стоплиш за пиење (35-40 степена), и го оставиш да се олади до собна (20-25 степена), не се топли пак, се пие на собна температура ако на бебе не му смета што е малку поладно. Мислам дека до 6 часа беше дека може да стои мајчино млеко на собна температура.
@Spidy мислев откако ќе се измолзам и оставам млекото во фрижидер , другиот ден ако го извадам јас и го стоплам малку , пак ќе може 6 часа да стои на собна температура? Страв ми е мм да не зезне работа да не го прегрее под чешма да го свари Сега му се јавив вика го испила цело млеко 70мл пред 40 минути. Барем да ја држи едно саат време додека се вратам дома
Која е поенатата да го згрееш ако стои повеќе часа, ќе се олади до собна температура. Подобро само извади го од фрижидер и остави го во кујна, за тоа време пак ќе дојде до собна температура, па ако случајно бебе не го сака така поладно, маж ти да проба да го згрее. Вака ти џабе го грееш, ќе се олади, и ако бебе не го пие треба да го фрлиш.
Колку време може да стои штотуку измолзено млеко на собна температура? Малово спие, млекото надојде и ќе ми пукнат градите. Измолзев, па ќе се будиме на 3-4 часа со сила
Бебе ако бљуцка во млазови, а напредува шти значи тоа? Читам тука дека бљуцкање во млаз не било добар знак. Зошто? Во дм ги издигале сите лактамикс да не се пофалиш дека таму има одма напад се прави од членки на форумов Земав на бејби лов што да правам....
Мојата бљуцкаше во млазови а напредуваше по 1кг месечно, ми кажаа дека не и било оформено капачето на желудникот и се враќала храната. Накај 4м и се среди само од себе, а знае и да се среди кога се започнува со дохрана.
Od koj caj za nadojduvanje ste najzadovolni, mozda veke i nema da imam, no bar da probam. Namaleno mi e epten
земи сок од јаболко бистар. Јас прв пат во болница од него пиев и ми надојде млеко. И одвреме навреме пијам од него а од чај користев лакта микс но веќе нема па земав од хумана мислам дека е одличен и ќе продолжам со него,плус и по вкус е многу подобар.