На почеток на секој подој, се случува let down рефлексот, кој од првите неколку секунди, евентуално минута, станува појак. Тогаш е голтањето/цицањето поактивно. Млекото тече во млаз и на бебето не му е многу тешко да го извлекува. Како тече подојот натаму, така рефлексот на испуштање успорува. Бебето треба со сета сила да влече за повторно да стимулира let down. И се ова е нормално и апсолутно не значи дека нема млеко иако некогаш така се чини. Да речеме, неколку завлекувања, едно голтање. (Иако зависи од бебе до бебе) Бебињата знаат да бидат нервозни кога е рефлексот успорен, а знаат да бидат нервозни и кога е пребрз. Плачат, влечат, се тргаат, се враќаат на гради. Но со тек на време, учат дека со силно влечење, млекото повторно полесно доаѓа. Односно рефлексот повторно станува појак. Убрзување на протокот на кој свикнале, се стимулира со компресија на дојката за време на подој. Кога бебе добива млеко со шише, односно се чека да се наполнат градите, му се сигнализира на организмот дека тој период бебето нема да има подој, (рипање подој, под претпоставка дека нема ни одмолзување) тогаш продукцијата на млеко се намалува, а со тек на време и изостанува. Ако е подојот на барање, организмот веднаш го надокнадува "недостатокот". А меѓу подоите, млекото се акумулира во градите. Нема врска дали се градите меки или тврди, мали или големи. Во нив има млеко доволно за бебето. Колкава е побарувачката, толкава ќе биде и понудата. Подоцна, кога соодветно се воспоставува лактација според потребите на бебето, градите се меки. Па дури и let down рефлексот се чувствува поретко или пак воопшто. И тоа апсолутно не значи дека нема млеко. Плачење и нервирање не секогаш е глад. Некогаш сакаат да седат на гради (лажалка) без да тече млеко. А кога ќе завлечат како на цуцла стимулираат. И тогаш можат да станат нервозни. А некогаш, едноставно им е доволно цицање и не сакаат повеќе, а мајката мислејќи дека се гладни, упорно ги враќа на гради. Нормално е и да бараат почесто да цицаат. Ноќниот период, (пред спиење) е понервозен период низ кој минуваат повеќето бебиња. Трае до легнување. Исто еве и кај моето. Во млекото никогаш не сум се посомневала. А конкретно, моето се нервира на екстремно брзо испуштање кое го имам обавезно на почеток на секој подој ако не одмолзувам претходно. Некогаш се нервира и на крај на подој, кога рефлексот на испуштање успорува. Не можам да тврдам ништо во врска со твоето бебе. Ти најдобро ја познаваш твојата ситуација. Но убаво се сеќавам дека кажа оти беба ти напредува соодветно и без ад. Па затоа ми е малку збунувачки. Оти плачење и нервирање, не секогаш е глад. Ако си добила насоки од педијатар, секако дека треба да ги следиш неговите.
Ти благодарам мила на исцрпниот одговор. Денес поминавме со еднаш АД дадено. Ќе бидам упорна да биде и без тоа. Инаку бебе напредува. Сега оваа недела сме на контрола па ќе видиме како сме.
Потполно се сложувам од збор до збор со напишаното Еве скоро 11 месеци е синко, уште цица со негови 13кг, никогаш ама никогаш не помислив дека немам млеко, и покрај муабетите од страна кога бебе плачеше, да не немаш млеко, да не е гладно, фала Богу не подлегнав ниту еднаш во искушение да дадам АД, а го имам едно од "најлошите" бебиња на форумов лошо во смисла, неспиење ноќе, станување на пола сат за да цица, плачење и најадено и гладно......сите скокови ги осетив на најјако и тако даље но бебе си цицаше нон стоп никогаш не гледав колку ќе спие, а повеќе од 2ч никогаш не спиеше ни дење ни ноќе и кога беше само на доење и сега со 3 оброци. Нови мајки само опуштено и нудете цицка почесто, колку ќе има потррба бебе толку ќе се прави млекце
Majki bebka posle sekoe jadenje mi povraka inaku sme doenje u dohrana. Mislam kolku prima tolku vraka. Davam Novalac IT i Novalac 1 edna kutija It pa edna novalac 1. Zedov i Novalac AR protov povrakanje i pak isto... 3ipol m.sme normalno e tolku povrakanje ili da smenam mleko?
Супер!! Покрај цицање пробај и со често одмолзување. Почесто и пократко - тоа темпо доведува до зголемување на количината. Пиши како ќе оди!! @Presrekna вака ве тагнувам и цитирам чисто за да ве прашам - нели гледате сличности кај сите бебиња? Сите бебиња во дел од денот се весели и среќни и нацицани, а во дел од денот се тргаат од града, плачат, нервозни се, и сл. Кај некој тоа е попладне, кај некој тоа е навечер. Конкретно кај нас, тоа е период од кај 18.00 часот до пред да заспие. Нервоза го фаќа некоја. Ама знаете што правам? Не се мислам дали имам доволно или не. Едноставно 4 саати седам со перницата за доење, чајот и водата до мене, по некое благце или гледам да е здрава грицка, и буквално тие 4 саати играм пинг понг со бебето - од лева на десна, па пак на лева, па пак на десна. Буквално некогаш седи 3 минути на лева па се буни. Јас му нудам десна. По неколку нудења го исправам. Ако престане, ок. Ако продолжи да бара цицка пак го враќам. Не дека не сум била нервозна и ми идело да го акнам на татко му и да одам да си наполнам када... Затоа што бебе ми е залепено саати и искрено ме поднапнува.. ама го давам пет минути, се раздвижувам по дома, каснувам нешто или мавам туш 3 минути, па пак Јово на ново. Или пробувам после да сменам позиција на доење - пример легнувам. Ама не се откажувам. Теоријата е дури да плаче дека немам млеко - само со често доење ќе му се даде сигнал на телото мое во тој период да предизвика повеќе. А корекција на количината која ја прави бебето ќе се случува многу често. Како што расте бебето ќе има може моменти во кои ќе се нервира.. ама со следење на неговите барања се праќа сигнал дека треба да се коригира количината со цел истите да бидат задоволени. @Lianna Anna убаво пиша изоставување на подој т.е. на стимулација води кон намалена продукција. А нормално е после давање АД бебето да спие 3-4 часа, затоа што нели АД се вари доста подолго од мајчиното. Муабетот ми е - од сите моменти кога бебето ќенка, го покажува она однесување што сите го доживуваме, само 20% се за корекција на млеко. Најчесто се работи за стандардно однесување на бебе - немир, бара топлина на мајката, неможност да заспие, грчеви, и ред други причини кои не можеме да ги одредиме со сигурност. Но, ако вагата покажува дека е сѐ ок, буквално немате грам потреба од сомневање (дури и кога вагата не покажува, ама ај). Да бев на ваше место, да напредуваше ко што треба, и педијатар да ми каже дека е здраво, немаше многу да ме фаќаат "мајчинските" грижи дека нешто му е. Не за друго, првото мое беше такво - само рикаше и викаше и драмеше уште од бебе, до толку да не знам главата кај ми е, да мочам под стрес, да се препотувам излегувајќи од туш свежо истуширана.. ама таква беше - сакаше нон стоп на цицка а во меѓувреме сирената на максимум. Мене градите досега дали три - четири пати ми се "наполниле". И тоа било кога сум го урнала алармот и не сум станала да му дадам да цица, или како денес сабајле, кога реков дека после 6 недели ќе си дозволам 4 саати да ги отспијам инаку ќе изумрам кај и да е, ќе паднам. Градите ми се нон стоп меки, издишани, како секогаш - како и пред да дојам. Ама не се сомневам дека има млеко, затоа што знам дека такви и треба да бидат. Така да.. не се секирајте. Само напред. Давајте цицка, и знајте дека не секогаш бебето се смирува лесно. Чекајте после кога ќе ги мавнат тантруми па да видите што е викање без причина. ))
зошто па дохрана? И јас давав мислев не е доволно млекото па еве сега не пие АД не сака а исто цица ни повеќе ни поналку,значи доволно му било. Забележав вчера и денес е понервозно дали е некој скок или којзнае што. Раце во уста цело време,да е гладно не е зашто цело време го ставам на града плус и повраќа по малку. Друго да прашам, кога ќе се воведе ред во цицањето. Кај нас не се знае ни време ни ред ни должина на подој... Дива лига! Едино навечер ќе се нацица па после 3-4-5 сати станува цица и заспива. Преку ден на секој пола сат дат два нема ред никаков. 2ипол месеци сме.
Ama jas neam mleko za cel den znaci ne mi tece. I od pedijatar mi rekoa mora pocesto dohrana radi tezinata. Namaleno mi e.. za skoro i ic ke go neam
И мене не ми тече, па ни навечер кога врзува по 4-5-6 часа. И никогаш не сум кренала паника. Птеку ден сме на пола/час на цицка нема ред. Ако напредува добро имаш млеко. И не можеш да знаеш дека ќе ти престане, се е на психичка база ако така мислиш тоа ќе се случи
@Leo-nora со секое давање ад млеко го намалуваш твоето. Инаку да му нудиш града кога сака колку сака, верувам дека ќе имаш млеко. И не, не тече постојано како на почетокот, ќе се регулира понудата со побарувачката, а колку помалку цица, нормално дека ќе ти се намали млекото. За бљуцкањето - ако бљуцка од раѓање, се работи најчесто за рефлукс, поминува кога ќе се почне со цврста храна, околу 6тиот месец. А ако бљуцка сега, со полни три месеци, најверојатно го прејадуваш. Рефлуксот не се појавува отпосле, туку уште од првиот подој. Мое мислење е тоа, што не значи дека е точно, ти си го знаеш детето најдобро.
Моето бебе задњо време тешко цица. Насабајле се нацицува убаво, меѓутоа преку цел ден го ставам ма циццка ќе цицне и почнува да плаче да се буни, пак ќе цицне истоо... млеко стискам има, да не е можеби од грчевите па да ја заболува стомаче?
Породена сум во понеделникот со царски. Бебе е големо и убаво влече ама освен тие капкичките немам уште млеко. Кога да очекувам да дојде. Бебе влече ама се нервира дека нема млеко и после кратко време вришти. Кога да очекувам млеко? Да почнам да стимулирам со пумпа?
Обично надоаѓа млеко за 2-3 дена ама со царски најчесто е повеќе, може и цела недела. Чим имаш колострум, ќе надојде и млеко, треба само малку време. Прво ќе даваш на бебе да цица, колку има толку, после со пумпа да достимулираш. Првиве денови што повеќе цица и пумпаш, толку подобро.
И јас сум царски породена понеделник вечерта во 22ч млеко дојде средата вечерта во 20 ч и четврток веќе 2те гради ми беа полни, имав и пумпа и се молзев уште одма четвртокот за да ми олесни во градите, јаки ми беа како камен, пиј повече течности и најбитно бебе ставај на града почесто. Да не се повторувам со Спиди истиот совет од мене, не давај АД. Ќе ти дојде млеко. Нека е живо и здраво бебчето