Мислам овде е најсоодветно да прашам кои градници за доење ви се покажале како најпрактични и најудобни? Јас купив еден од сара сешн, на акција, за некои смешни 150 денари, поудобно нешто не сум имала. Убаво се отвара, до доле, не смета при цицање. Купив и еден од 330 денари од кај нив, не ми одговара некако. Па ми треба мислење, кај да пратам маж да купи уште Исто ме интересира, постои ли во државава наша гардероба за доилки? По дома си седам во кошули, пижами со копчиња, а и можам да си се соблечам во секој момент. Ама што правиме кога ќе почнеме да шетаме?
Јас имам поголеми гради, 3 прслука за доење купив со различни цени, ниеден не ми се погоди. 9 месеца сум со поголеми спортски градници, за да не ме стегаат, и супер ми е. Облека за доилки имаш во продавниците за трудници. Нема многу избор, и скапи се реално. Јас поминав со памучни растегливи маици и фустанчиња, особено такви што во вратот се отворени во V форма.
Кај мене е обратно па. Уште додека бев трудна, кога барав градници, во неколку продавници ми рекоа дека тие се со поголеми корпи, и мене ќе ми бидат големи. И за алишта значи да си се снајдам, среќа ме собираат тие од пред бременоста, па ќе комбинирам.
Фала многу. Уште сме во болница и му даваат дохрана зошто му е малку само колострум, ама се надевам од утре дома ќе фати да влече повеќе и ќе надојде.
Имам купено Бејбилове, Хумана и од вечерва Лактамикс чај. Пиев на пример наутро бејбилове (бидејќи има ким) навечер хумана. Дали смеам така да ги мешам чаевите? Бидејќи имам малку млеко, бебе 3 недели а мене врвот ми е 95мл. Педијатарот ми рече да си купам и капсули Лактил. Ги купив и се напив. Дали смее и чај и капсули? Бебе качува по 20 грама,требало по 25 дневно. За 10 дена сме на контрола. Ако до тогаш не качува по 25,што следува,да воведе ад? Дали двете дојки иста количина на млеко произведуваат? После колку време се воспоставува лактација без стимулирање со чаеви,течности,оризи? Мислам кинез станав колку ориз јадам деновиве Ќе ја тагнам @Kaetana како експерт за доење
@Sofi.ja да ти одговорам на сѐ што пиша: Лактамикс е единствениот чај што има грчко семе кое е најјакиот галактогог и најефикасен за зголемување на мајчино млеко. Во другите чаеви нема. Тие се добри за регулација и смирување на грчеви кај бебето. Инаку смееш да мешаш чаеви а и чаеви и таблети. За бебе 3 недели 95 мл е одлична бројка. Рачунај и дека најверојатно бебето може да исцица повеќе отколку што може да се измолзи со пумпа, па и рачно. Секако, ако има добар фат и немате проблеми во доењето. 20 грама дневно е супер. Просек е 20-30 грама, а према мојот педијатар некогаш и 15 грама како минимум се прифатливи. Ќерката моја качуваше по 20 грама просек, и баш си беше ок со напредокот. Ако и после 10 дена качува по 20 јас би била среќна и би си продолжила раат со доењето и понатаму. Никакво АД на 20 грама просек. Греота е да се даваат такви препораки. Башка бебето е 3 недели. Со секој ден ќе добива поголема сила за да исцица повеќе и јас сум убедена дека ќе го надмине просекот од 20 гр.. Не мора да значи дека двете дојки произведуваат иста количина, но ако добиваат подеднаква стимулација би требало да произведуваат слична количина. Лактацијата се стабилизира после 6 недели некаде. Ма да не е правило и кај секоја мајка е различно. Ама ако ти е прашањето кога би можела да се "опуштиш" и да не се замараш со сѐ и сешто, би рекла некаде после 2 месеци со добар напредок. Се надевам дека ти помогнав со одговорите. --- Експерт за доење не сум... Се осеќам каки ни самата себеси да не можам да си помогнам. Ама едно знам - она што го пиша ти со напредокот е сосем супер и очекувано. И нема простор за сомнеж во количината. Зборувам ако бебето е ексклузивно доено.
И Хумана чајот има грчко семе,ама Лактамиксот некако е најфален. Го немаше никаде па деновиве го пуштиле пак во продажба,јас го купив во Зегин Буњаковец,ако и треба на некоја мама. Бебе цица,секогаш различно време од 15 до 50мин и секогаш со различна активност,некогаш му треба потсетување,некогаш ќе направи пауза и ќе си продолжи. Јас се одмолзувам и после секој подој му давам од 50 до 95мл млеко затоа што беше констатирано дека е мрзлив и не цица доволно. Ма да после подој кога се молзам од цицаната дојка едвај 5мл излегува,другото го испил. За експерт се пошегував,ама вистина сметам дека имаш големо познавање околу доење и бебиња,барњм таков впечаток оставаш на форумов. Фала за одговорот
Хумана го немам пробано, супер што има грчко семе. Јас тука го пробав на веледа, само тој има грчко семе (од сите што ги имаме во дм). Времето на цицање е ок како што го опишуваш, не секогаш секој подој е ист. Даваш мајчино молзено? Затоа што и за мајчино 95 мл после подој се некако премногу, да не правам муабет за АД. И да ги пие без проблем, дали после ги бљуцка? За експерт нема потреба да ми пишуваш.. некако сега се осеќам ко да ти префрлив, и извини ако така... само си се пожалив некако во стилот колку сум беспомошна себеси да си помогнам ... Затоа што пак сме ние на некои недоумици и чуда.. и пак се едуцирам на секакви различни теми... Ама ќе пишам после update.
Мајчино молзено давам. Пред подој ја молзам 2-3мин градата од која што треба да цица(да омекне да му е полесно цицањето,така рече патронажната) 5-10мл од неа, па заедно со другата во просек 50-60 тие му ги давам. 95мл измолзев ноќе(кога е најголема лактацијата). Друг проблем ноќе не сака цице да фати. Се врти нервозен лево десно, па решение измолзено со шише. Па тогаш кога не цица му давам повеќе. Давам се од себе, верувам и ти,но некогаш желбата да се дои можеби е поголема од можностите, на крај краева ако не качува килажа бебе ќе дадеме и ад ако треба, само да е се во ред со бебушите.
Работата е што кај тебе сметам дека супер качува ако е 20 просек. Кај мене тек сега почна по 100 грама неделно. И тоа две недели така. Веќе има 6 недели и успеа да ја врати само родилната. И не се работи за давање АД, некогаш кога маките се поголеми како кај нас пример со често бљуцкање... бљуцкаше АД, бљуцкаше мајчино молзено, бљуцка после цицање... Веќе се сомневаме во рефлукс и добивме упат за ехо на абдомен. Иако не се утврдува рефлукс со ехо, барем да се види состојба на желудник и црева и да се исклучи pyloric stenosis. Кај деца со рефлукс уште повеќе е важно да се на мајчино млеко, затоа што е најдобар варијанта од повеќе аспекти (не се задржува долго во желудник, повраќањето на мајчино млеко не го дразни толку хранопроводот и ред други моменти за кои деновиве читам секакви студии). А за желбата да се дои и можностите - ако се има желба и пред сѐ кооперативно бебе, како и млеко, сѐ е можно. Ама најважно од сѐ е соодветни совети а не некој кој ќе ве советува нешто кое ок, ќе вроди резултат, ама е по полесниот пат кој некогаш не е во прилог на мајката и на бебето.
А ако качува премногу има ли потреба да се грижам? Имаме три полни месеци, а качи 3,5кг. Уште 900гр ќе ја дуплира родилната. Деца на 6 месеци ја имаат неговата килажа, а он е 3. Има врска нешто што пред бременост имав скриен шеќер и пиев метформин. Пак да не ми се вратило па да има влијание на млекото или зборам глупости? Само на доење сме.
Мислам дека нема потреба, ние сме 3ипол месеци и родилната е вратена. 3300 се роди а сега е 6800. Матичната ни рече дека супер напредува, а имаше период и кога по 150г качуваше на 10 дена.
Само работете на физичка активност. Лежење на меше, јачање на вратни мускули, понатаму да седи и лази. Како ќе се раздвижи ќе се изедначи со врсниците не се секирај. Само од доење не може да е премногу. Може детето си е јадач, а може и нема да биде кога ќе почнеш со цврста храна. Читај ја членката Freemind, нејзиното бебе е буце, па мака мачеше со дохрана. Нема зошто да се грижиш, само прави вежби за мускулите како што ќе ти каже педијатарот.
а тоа што има ограничување во количината која смее да се испие? На пра хумана е препорачливо 600 мл дневно. Лактамикс 1литар. Е сега укупно 1600 мл не е многу? значи веќе го има во аптеки. Минатиот месец под камен да го бараш немаше да го најдеш. не е лошо да си пиеш,јас еве 2ипол месеци дојам и пијам. Ваљда е воспоставена лактација ама пустата јас ме јаде црв да не снемам млеко. за теорија не знаев дека е така ама во пракса вистина додека пиев немаше бебе никаква мака. јас во моментов го пијам една лажичка на 100 мл оди а по вкус е супер во гранули е го зедов 180 ден кога го немаше лактамиксот. На хип е според мене скап мислам 300+ денари.... За други чаеви не знам ако некој знае нека предложи би пробала. Само ДМ немам во градов нивните отпаѓааат јас со првото имав таков "проблем" на 3ипол месеци 9 кг ми рекоа не е нормално т.е многу за таа возраст и еден "оброк" да заменам место млеко да давам чај. постои само буцкасто бебе меко за гушкање Да прашам колку време молзеното можеше да стои на собна температура?
Јас имав, кај мене беше само со чешање изразено, а кај малата цело усте. Пред некое време читав дека не било добро постојано миење бидејќи се нарушувала природната состојба (незнам како да го објаснам ) Нормално доколку нема знаци на кандида јас не ја миев пред секој подој, но се разбира дека ќе се воде основна хигиена.
Јас пијам чај вкупно по 400мл дневно. Наутро 200,навечер 200. На собна температура до 4 часа. Во фрижидер 48 часа. Едит, денес и покрај капсулите уште толку ми се намали измолзеното млеко,два пати по 40мл и скоро 20 третиов пат..почнувам да се нервирам иако знам дека може да има спротивен ефект...не знам што да кажам, а бебе си цица,не плаче да покаже дека е гладно,полна пелена со мочки, полна пелена со жолта кака...