Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Бело, како со прталчиња излепено, ама цело буквално, образи, јазик, усте. Еве сум имала слика зачувано. IMG_20191101_185409.jpg
     
  2. Bupalu

    Bupalu Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Женски
    И ние имавме.. Се реши со пола литар зовриена вода со едно лажиче сода, јас земав од зегин некоја поприродна била грчка, и со газа дел сечев за мене дел за бебето, брцам во вода цедам виткаш околу прст газата и поминуваш устето на бебето колку можеш, ќе приметиш после ќе останува бело на газата, со другата газа градата врз лавабо самп пребришував, не мора на секој подој
     
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Кога измолзуваш, по подој ли?
     
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Не, бебе нема ништо, али јас имам како некој осип на една града малку. Не на брдавицата. На храдата. @BabyT*
     
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Имам и јас таква и на двете ама мислев дека е од што ме јади, сега ме замисли.. Повеќе се како кругчиња рапави.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    18.598
    Некогаш пред некогаш по.
    Бебе цица само од една града, па кога измолзувам пред од таа што треба да цица вадам 5-10мл колку да омекне,а другата ја цедам до крај.
    Кога измолзувам после подој од градата што цицало останува по некоја капка,а другата пак ја цедам до крај.
    Не знам што е попаметно, педијатарот советува после секој подој да му додавам со шише,од претходно да имам спремно измолзено млеко. И врти заврти цел ден со пумпата во раце.
    Еве сега направив и едно смути со овесни снегулки, да помогне и тоа..не знам веќе
     
  7. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Морам да ти одговорам бидејќи до скоро бев истата. Опседната со млекото само броев часови, молзев дење ноќе, се пипав на градите. . . Психички паднав дури и АД дадов и покрај напредокот од повеќе од 30-35 гр дневно. Ако немав молзено млеко мислев пропаст е. Одлагање доење да се наполнат градите итн.
    Сеуште ќе бев таква ако @Lianna Anna и @Kaetana не ме освестеа. Како со шамар да ме разбудија. Да ги видам ќе ги гушкам И честам.
    Молзев максимум 60 мл од града пред подој. И цело време мислев дека немам млеко.Избегнував подој пред 2 часа да не немам млеко. Секое неспиење на бебе го препишував на глад. Мислев дека само ноќе имам млеко кога ги осеќав полни градите.
    Дури и АД дадов неколку пати а немаше потреба.
    Пред неколку дена освестена реков СТОП само ќе дојам. И тоа по потреба. Ако треба цел ден со цицка надвор ќе седам. Се опуштив. Ја фрлил пумпата, го истурив молзеното млеко, го тргнав часовникот од дневна и доев кога бебе сакаше. И ни еднаш не останав без млеко. Дури поактивно бебе си голта секое доење. И да видиш чудо повеќе си спие, дури и по 3-4 саати пред пладне И попладне ( а порано мислев дека АД И држи затоа спие) .
    Значи до мозокот е. Се изначитав статии за доење И сватив дека тој стрес, таа преголема желба за доење И страв да не немам млеко ми го блокирале окситоцинот кој е одговорен за слегување на млекото.
    Наместо да уживам во доењето јас се мачев и правев математики. Но благодарение на членките што ги спомнав сега уживам.
    Вчера на пример бебе имаше грчеви попладнето, воопшто не заспа и цицаше сто пати, што рече @Kaetana се изнаиграв пинг-понг со неа од една на друга града. Денес пак последно во 16:45 цицаше и едвај ја пробудув во 19:30 за бањање. Ја средив и Еве ја заспа пред пола час цицајки.
    Најмајчински совет: опушти се. Уживај и млекото само ќе дојде. Јас од таа згрченост не мислев туку навистина немав млеко. Не слегуваше. А И мастит фатив, А ако не лачеа жлездите млеко невозможно беше да добијам мастит.
    А за чајот Пиј си и повеќе од 400 мл. И апчињата ги земам И анасон Варен како чај пијам.
    @Мариаа. Мене за брадавиците ми рекоа не често миење бидејќи се уништувала флората И може да дојде до навлегување на бактерии внатре и да настане инфекција.
     
    На Bupalu, Girl-Rabbit, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja не ти спомнав дека 20гр дневно е нормален раст за бебе од 3 недели. Мојата 2 недела напредна само 25 гр, и беше ок.
    После по 300 гр одеше неделно.
    Два и пол месеци сме и уште 400гр дуплираме родилна. Така да @ocicka2014 мислам нормално е.

    А лактацијата може и покасно да се воспостави. Кај мене после 6 недели.
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    13.624
    Пол:
    Женски
    Пак јас со мојот "проблем".
    Гледам тука пишувате дека имате ред на цицање, јас немам знае и на 15 мин после цицање пај да бара не гледам на саат ама да чека по два часа нема шанси бебево мое.
    Можно е ради тоа дa e понапредно и да му го проширам многу желудникот?
    Да напоменам после цицање секогаш многу бљуцка некогаш и во млазови вода/млеко течно, некогаш полузаурдено, а некогаш урда ама тоа е помалку количински.
    Само навечер не бљуцка кога заспува цицајќи и тогаш и најмногу врзува се случило и 7часа.
     
  10. Nina1985

    Nina1985 Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    222
    Jas pak da se pozalam od mojata cuca.Sega vo nedela ke pravime 40dena za ovoj period celo vreme si cica i spie vrzuva noke i po 5/6h.Pred edna nedal bevme na kontrola super imase naprednato i dr rece samo taka da prodolzime .Peleni polnime ...E sega ovaa nedela preku den si cica normalno ama stom ke padne nok pocnuva nasata maka.Se vrti so cela sila so cice vo usta ,se "kara"place vristi znaci pose 5min od cicanje ,i davam cucla lazlivka i taka zaspivame a spie pak isto po 5h znaci valjda ne e gladna.Koga ke se razbudi si cica bez placki.Ima li nekoj vakva maka do sto ke da e ?Neznam dali se grcevi zosto samo na cice place vaka ne.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    каков ред. И јас претходно прашував никој не сподели мислење. 2ипол месеци сме и по 30 пати може да цица во денот. Ноќта само ја поминуваме да цица на 3-4-5 сати преку ден нема шанса
     
    На Girl-Rabbit, Presrekna и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Кикин изгуглај кандида и види слики или најубаво види со кожен. Ако не е на брадавицата, тоа е решение. Ќе те упатат за секакви креми кои најбрзо ќе делуваат ако е кандида. Ако е во брадавицата ќе е и во устето на бебето, и не само на устето како на сликата, туку и цел јазик на бебето може да е со бели наслаги (соор). А потоа ако преку брадавицата е и во млечните канали, многу е болно, пече, и брадавиците стануваат бели, се појавуваа вазоспазми ама тоа среќа не е кај тебе случајот како што сфатив.

    Ама нема ти да земеш и максималните дози од двата чаја да ги кренеш на екс :)

    Софија да прашам нешто. Ако добро сфатив - цица од една града на подој а друга молзиш и уствари измолзеното е однапред спремно за следниот подој. И домилзуваш таа што била на ред за цицање. Ако е така, зошто не нудиш две гради на подој, и двете да ги цица?

    Сѐ е супер со тоа домолзување и осигурување дека бебето го добива "цело" млеко - и има што под претпоставка е мрзливо или нема сила да го исцица. Но начинот на давање со шише, иако изгледа безболен и незаканувачки за доењето, на бебе помало од 6 недели и те како може да му влијае. И да прифаќа града и шише, големи се шансите да навива сѐ повеќе за шише отколку за града.

    Намалувањето на молзено млеко не е меродавно за твојата количина на млеко. Со првото бебе доев, ексклузивно, па имаше ситуации во кои ни 20 мл пред подој не можев да извадам. А нервозата и преоптеретеноста, како и уморот и стравот се огромни фактори при молзење, па и при доење.
    Ако ми веруваш скроз ја разбирам твојата фрустрација кога пишуваш дека си цел ден со пумпата. Затоа му се смачи, решив да ја фрлам, затоа што бебето мое убаво и силно цица, голта, па како тоа што може да исцица, ни пумпа ни свети пумпа може.

    Мој совет - нуди ги двете гради, нуди често - пример не оставај да поминат 3 часа без подој. Интензивирање на подои, наместо со пумпа, со бебе гушкање. Контакт кожа на кожа прави чуда и кај тебе за хормоните, и кај бебе за фатот и желбата за доење. Помини го времето со бебето. А не со пумпата. Ова е совет ако е востановено дека бебето добро цица и дека немате проблеми со фатот. А мислам дека немате. Ако ви е следно мерење за неколку дена, пробај - нема што да изгубиш. Само можеш да добиеш.
    Истите совети ги добивав тука од патронажната за молзењето. Ама кај мене имаше паѓање во тежина. Па стоење во место. Па качување 50 грама неделно. Па јас манично го мерев по цели денови и плачев, се нервирав, правев драми... Сето тоа не е во прилог. Откако решив да се релаксирам, качи 100 грама неделно. Е не е воопшто многу, ама за него беше супер напредок од претходно. И еве уште се натегаме, пробуваме милион позиции на доење, па ждригање (со првото не се замарав дали ќе ждригне или не), па исправено спиење за да не поврати... И ако нешто низ сето ова ме води, е тоа што гледам дека полни пелени и генерално е здраво и нормално бебе. Следи го и бебето. Пробај да му се посветиш него. Гушкање, близина и само релаксирано. Не можеш ако си измолзила града со 95 мл да немаш млеко. Само интензивирај подои и мислам дека сѐ ќе си биде супер кај вас.

    Ако бебето бара да цица, значи тоа диктира темпо. Нема ризик самото да си направи да си го прошири желудникот. Ширење на желудник може да се случи кај деца хранети со АД или општо кај хранење со шише - особено треба да се внимава кога после подој се нуди шише а бебето е лакомо и не одбива, а од шише тече премногу брзо па нема време да застане и да го оттргне шишето. Плус така се нема евиденција колку исцицало претходно. Демек ќе одбиело да испие. Можеби. Ама некои бебиња не викаат не, и плус со шише немаат ни време да кажат не. Кај доење, со устата си диктира. И на сред најјак млаз знае да застане и да "земе здив" додека кај шишето не оди така. Продолжи да доиш на барање на бебето и уживајте заедно во овој период.

    Истото со @Presrekna го дискутиравме пред некој ден. Сега и го најдов на Ла Лече - го викаат the witching hour. Нормално однесување кај секое бебе.
    Јас цуцла не давам од страв да не пропуштам стимулација кога стварно сакал да цица.. па затоа во тие моменти си играм со него пинг понг на градите. На крај ќе се предаде и ќе заспие.

    Screenshot_20191102-074040_Facebook.jpg

    ---

    Ви се изнапишав. Кој ме прочита алал да му е.. :))

    За крај - во прилог една статија во врска со доење од една или две гради, растојание меѓу подои и сл. Одлични информации кои верувам ќе ви се од корист.

    https://themilkmeg.com/4-myths-that-can-derail-your-breastfeeding-journey/
     
    На *Dariceto*, rainbowmama, green.eyes и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Сега јас да си ја пишам маката.
    Во четвртокот кај педијатар - на контрола. 90 грама напредок за една недела. Ја врати родилната (конечно). Значи овие две недели има значително подобрување во споредба со претходно, ама уште е "турни ме да ќинисам".

    Повторно е со бљуцкањето темата, па добивме упат за ехо на абдомен. Се согласивме дека не мислиме дека е рефлукс, ама нека се види на ехо дали е сѐ ок со него иако ехото е превентивно и педијатарот нема сомнеж дека е нешто сериозно. Тој ништо не ми спомна, ама јас самата читајќи за рефлукс и симптоми и причини, дојдов до повеќе информации и податоци за оваа состојба. На ехо не се гледа, за да се утврди дека е навистина рефлукс во облик на болест, треба да се направи преглед со сонда во желудникот и да се измерат желудочните киселини. Тоа е релативно инвазивна процедура па се избегнува кај бебиња. Ехото би служело за да се исклучат некакви проблеми како pyloric stenosis - состојба кај која доаѓа до задебелување на прстенот меѓу желудникот и тенкото црево и млекото не може да помине па се враќа нагоре. Не е страшна, се средува сама од себе, (најчесто, ако не оперативно)… ама би сакала да исклучам било какви состојби па затоа ехо на абдомен.

    Педијатарот ми предложи нешто што е всушност задебелувач т.е. згуснувач на храна. Се давало кај деца со рефлукс. Ми рече да проверам, да видам на интернет и на форуми мислења, ама сите мои релевантни извори некако не се баш за нивната примена. Особено кај новороденчиња. За поголеми бебиња и деца над 12 месеци има логика. За бебиња е малце комплицирано. Особено бебиња на доење. Значи треба да се молзам и да го додавам тој гелот во млекото. Ама проблемот е што повторно се дава шише. И после истражувања, проблемот е и што мајчиното млеко има некој ензим што го разредува згуснувачот, и при тоа се прави дисбаланс на состојките на мајчиното млеко особено на јаглехидратите.

    И пак добив нели рецепт за пумпа.. а таман ја вратив првата и реков не користам веќе. Ама овој пат рековме со маж ми - дај да видиме што е ова.. и после консултации со мојата ла лече лидерка, и читање на совети и истражувања, решивме да почекаме малце. Сепак има доста несакани појави за кои не навлегувам тука.

    Сите статии советуваат за рефлукс дека е најпаметно доењето и мајчиното млеко. Ако некој некогаш го интересира оваа тема, нека ми пише за искуства. Најискрено се надевам никој.

    Па секако во четвртокот цел ден пак бев безвезна. Па во глава мозокот на стотка пуштен. Па зошто ми се случува ова, дека не е фер. Па почнав да банализирам дека некоја карма ли ме пука. Се мислев пак да го носам на остеопат иако грам верба во тоа немав и мислам дека е само за да ми земе пари. Ама некако ме фати шубе, си реков сите пари не ми се важни ако може да ми помогне, макар била врач метода. Така малце се уморив од секакви сценарија. Хормони, неспиење и грижи прават чудесии од филмови. После некако успеав да се смирам и се опуштив.

    Следната недела доаѓаме за МК, па ќе видам што ќе испадне. Затоа што тука прв слободен термин на клиника за ехо е во средина на декември.. скроз се изнервирав. Ама нејсе. Од таа клиника не ни очекував нешто подобро. Таму работат дибеци а не луѓе. И не е прв пат кога човек има мака терминот да го добие после 2 месеци кога воопшто не му ни треба. Ама ај. Педијатарот рече ќе провери дали може да ни најде поразумен термин.

    После се зафатив со кривите на раст према СЗО и некои германски има. Ја рекреирав кривата кај педијатарот. Ама апликацијата има опција да се внесе и коригирана старост на бебето према терминот на кој требало да се роди. Ако ја ставам така, ок е со тежината, ја следи кривата на 10 перцентила. Ама ај. Ќе видиме. И сѐ повеќе сум убедена дека породувањето има удел во сето ова.

    Најважно - бебе изгледа ок. И на доење пинг понг што ви го пишувам млеко има. Освен кога сум пренервозна. Па се релаксирам одма за да се деси let down.
    А се случува и несакано (пример после однос почнувам да течам насекаде - окситоцин).
    Затоа викам, релаксирано. Тоа е најважно. А напнатоста ја осеќаат и бебињата и уште толку стануваат повознемирени.

    Се надевам сега во четврток ќе има поголем напредок (едноставно дека ќе се случи, бидејќи не правам ништо поразлично). Продолжувам со интензивно доење па и будење ако треба. Секако. Се успивам понекогаш. Ама тоа е тоа. Останувам смирена од фактот дека бебето е супер. Па сѐ друго нек оди во...
     
    На green.eyes, NEA, Girl-Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    не се разбирам многу ама сметам дека бљуцкањето кај бебе е нормално и никогаш ни со првото ни со второво не сум пошла на лекар да прашам за таа работа. Од прочитано - цитираново се запрепастив. Епа затоа не гуглам. И уште поголема паника ќе ме фати и така си навлеков болест на себе. Слушај само она матичен што ти вели и мислења од луѓе кои го искусиле и поминале низ истото. Ни гугл ни бакрачи. Има ли некој поголем проблем од бљуцкањето за да одиш на ехо?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Да. Не качува на килажа.
    Значи не гуглам рандом, гуглам проверени извори. И знам дека секое бљуцкање макар било проектилно повраќање е ок, сѐ додека тежината е ок. Ама моето бебе не е во тие што кажуваат ок тежина...
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.372
    Допаѓања:
    18.598
    Да добро си ме разбрала на еден подој од една града цица. Таков совет добив од патронажната и така терав до вчера. Вчера вечерта цицаше од едната града,ја пушти,му ја понудив пак ја фати, следен пат кога ја пушти му ја понудив и другата града и ја прифати. На вторава цицаше пократко од првата,но некако не сум сигурна дали доволно исцицал затоа што рекоа дека е мрзливо бебе па најмеродавно ми е шишето.
    Завчера вечерта ги почнав капсулите Лактил. Вчера цел ден во просек по 40мл. измолзував. Вечерта не се напив капсула,ноќеска одмолзав 80мл,ќе имаше и повеќе прекинав. Не знам што да правам,дали може да направат спротивен ефект?

    Нема проблем со фаќање града,освен ноќе нервозно се врти лево десно.
    За 10 дена сме на контрола на педијатар за мерење.
     
  17. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај бљуцкањето, беба ди напредува таман а често бљуцка ама ми е малку повеќе лакома па често се случува да поврати (течно) за време на самиот подој, значи ме прави лом и мене и себе, чаршафи и се околу душичето. Некако се си велам нормално е пошто е здраво бебе, и ми нема текнато да прашам стручно лице. Значи како да спречам повраќање уште додека е на града? Нова положба ли? Или едноставно пребрзо голта...
     
  18. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    И мојата е иста, обавезно додека цица знае да бљуцне, па дури и после цицање и подригнување, пак. Прашав на лекар, ми рекоа од што цица многу брзо, и многу млеко количински и надоаѓа, затоа. Не било ништо страшно.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja
    Бебе од неколку недели во просек влече од 30 до 60 мл. плус минус на подој. И за измолзување, ова или нешто измеѓу е одлична и очекувана бројка во првите неколку недели. Што значи, ја имаш потребната количина. А да не коментирам воопшто за количина од 80, 95. С У П Е Р. Затоа што дури после 5 - та недела - горе доле, бебињата влечат околу 80 до 120 мл. Плус минус секако и зависно од бебе до бебе. Килажа, капацитет на влечење, недела на раѓање итн.

    Ако одмолзуваш после подој, минимум, па макар и неколку капки, апсолутно не значи дека немаш млеко. Оти бебето веќе ја исцицало потребната количина.

    За поголема количина, препорака е измолзување по подој, до "последна" капка. И нешто кратко по неа, минута, две на "празно". Со тоа му се дава сигнал на организмот дека на бебето му е потребна поголема количина млеко и за кратко време, почнува продукција за истото. Или измолзување меѓу подои. Рецимо 1 саат пред истиот, по ист принцип, минута, две на "празно". Ако бебето побара да цица после измолзување, не се сомневај дека си извадила се (невозможно е) и немаш млеко, туку слободно стави го на гради.

    Друга, многу важна ствар, ниту една пумпа не може да извади толку колку што може да извлече бебето. Како што расте бебето, така ќе се зголемува и количината на млекото. Тоа самото ќе си ја регулира.

    Продукцијата на млеко, ќе се намали ако се воведе ад, а се намалува и после 6 месеци кога бебето е на дохрана. Но сепак ќе биде доволна за неговите потреби, оти ќе биде регулирана од самото бебе.

    Немој секое плачење да го поврзуваш со глад. Никогаш не се сомневај во млекото. Дои на барање. Не испуштај подои. Не слушај околни коментари. Па дури и да даваш измолзено со шише, тој период обавезно измолзувај. Регулирање лактација може да трае и до 3, 4 месеци.

    Кога доиш, чекај да ја испушти само дојката. Кога е рефлексот успорен или кога е бебето успано компресирај ја градата или подигни го да подждригне. Погушкајте се малку, па врати го на града или понудија другата. Ова кај моето функционира совршено. (Ма да, ми требаше време да научам)

    Просек од 20 грама е одлично и не е за ад. Јас у принцип секогаш велам да се слушаат насоки од доктор, ама ова ми е некако нејасно. Бебето може и да стагнира некој ден, па да качи наеднаш. Нормална ствар, оти мало меше, да качува постојано, ќе експлодира. Исто е и кај возрасни. Ниту качуваме, ниту слабееме дневно. Треба време.

    На доилка не се кажува немаш млеко. И ова нема да го разберам никогаш, особено ако доаѓа од стручно лице како педијатар или консултант за лактација. На доилка и треба поддршка.

    Стрес на минумум, следи ги барањата на бебето и уживај. А како што кажуваш, бебето ти е задоволно. Јас не гледам на саат, не измолзувам, (некогаш пред подој, оти моево така малку љутко е кога е рефлексот пребрз и тоа рачно и над умивалник жими се, не ни знам колку вадам) не мислам на "нема млеко", не го поврзувам секој плач со храна. Трето дете ми е и планирам до 6 месеци ексклузивно доење, исто како со првите две.

    Не сум јас стручна на темава, па поупатени слободно можат да ме исправат во напишаното. Ама, извини, ќе се осмелам и да кажам дека тапа ти е патронажната. Сакав и тогаш кога прочитав пред некое време што ти кажала за мајка доилка на близнаци. (Апсолутна невистина) Сакам да кажам, слободно нуди ја и другата дојка.

    @Kaetana секоја чест на упорноста, сигурна сум дека ќе се исплати. Имаш конкуренција, оти скроз ти парирам во должината на мислењата. :rofl:
     
    На green.eyes, NEA, Girl-Rabbit и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    14.461
    Пол:
    Женски
    @ocicka2014 @marchi-cool
    Ке споделам мое искуство на темава, иако методот по кој се водам може и не е толку популарен. Сум пишувала и претходно по темиве, се извинувам ако се повторувам.
    Бебе е родено 3 недели пред термин. Книгата по која се водам вели дека на 2 недели се воведува распоред на цицање. Затоа што беше порано родена, чекав до 5 недели за да почнам. Првиот распоред има 3 часа помеѓу подои. Бебе цицаше скоро на секој саат до тогаш и стануваше на 2 часа ноќе. Бидејќи нема шанси од саат да премине на 3 наеднаш, почнав со 10 минути. Кога почнува да кенка, ја пресоблекував, ја нишкав, ја ставав на меше, неколку работи по минута две и на крај доев. Значи место на 1 саат, ја доев на саат и 10-15 минути. Со тек на време (околу 2 недели) стигнавме до 3 часа. Идејата е дека ако има повеќе време меѓу подои, повеќе ќе цица и затоа подолго ќе го држи до следен подој. Значи мора да биде и малку гладно. Исто и со ноќни подои, кога се буди барем 10тина минути одолговлекувај, да не биде одма цицка.
    Понатаму има други методи, малку поригорозни, ама еве иако вашите бебиња се поголеми, почнете вака. Јас лично мислам дека не е во ред мешето да им работи 24/7, не им се раширува зошто често цицаат, ама се навикнуваат малце да цицнат, не се најадуваат убаво и фактички постојано се гладни. Мојава на 4 месеца цицаше на 4 часа, без станување навечер. Значи 4 подоја. Дури и кога чат пат стануваше навечер, не и давав да цица. Ако внесе доволно преку ден, нема потреба да јаде навечер. Ама ако мези цел ден, нормално дека и ноќе ќе биде гладно.
    Книгата понатаму се води според принципот cry it out, ама ако сакате може да ви ја пратам. Нема на кого не ја имам препорачано затоа што функционира. Кога има бебето распоред, за сите е полесно. Знам кога јаде, знам кога спие, знам кога навечер ќе легне. И знам дека има мака ако смени нешто, знам кога може да се шетаме и ќе биде весела. Распоредот на тоа колку често бебето цица е само основата на се друго. Се надевам моето искуство ќе ви биде од помош. :*
     
    На *Dariceto*, green.eyes, NEA и 9 други им се допаѓа ова.