@Lianna Anna мене ми личи на затнат млечен канал (не маститис). Читни тука дали ти е така: https://zdravobebe.mk/preporachani-statii/zatnati-kanali-i-mastitis/ @Adams секогаш има надеж ама треба многу голема посветеност. На твое место би побарала помош од лактациски консултант. Ти пратив инфо во ЛП како препорака ако сакаш.
@Lianna Anna јас те сфатив дека имаш бело топче на брадавицата (блистер), според ова што опишуваш и мене ми личи на мастит. Јас сум имала и тоа и тоа, дефинитивно повеќе боле при подојот кога имаш блистер, затоа прво на тоа помислив. Пробај со топли облоги и силна масажа на тоа место па одма после тоа да цица бебе. Мене грутките на тој начин ми поминуваат.
Пробај купи лактил капсули, на природна база се, по една наутро и навечер, пиво безалкохолно секој ден по една лименка, барем дури надојде млеко, и секако чајот за доилки редовно. Мене барем мислам дека овие три нешта ми помогнаа. И мојата беше мала и немаше сила да цица па дури на 3 месеци исфрливме ад. Исто и мене млекото речиси ми секна на почетокот после првичното надоаѓање. Тогаш и давав од двете гради да цица по 10 минути, па ад (околу 50грама кога беше колку твоето) па потоа се измолзував по 15мин града и вадев кога 10 кога 20гр кога ич. Со тек на време со тоа што она стимулираше си надоаѓаше млеко. Само што десната града ич не ми ја сакаше и преку 3 подои успевав да и ја подметнам да цица од неа, и еве уште таа града ми има многу малку во споредба со другата. Што значи се е до стимулација. Само опуштено и без нервирање ќе успееш да го повратиш. Зошто кај мене и покрај се, тогаш кога си ставив во глава дека не е толку трагично што давам ад и се опуштив, се среди конечно.
Женски, фала. И јас се сомневам на запушен канал. Боли, ама форсирам на таа града за доење. Мислам дека како што може сега бебе да ме оправи, не може никој. Малку се напнува кога цица од таму. Можеби е успорен протокот, ама го бодрам, ќе издржиме. Иначе од утрово имам црвенило на другата грутка и уште не е повлечено. Искрено, не знам дали е ситуацијава толку многу лоша за да идам на доктор. Релативно добро се осеќам, освен болката нели, особено за време на подој. Ќе следам денес ситуација и ќе видиме.
Мајки млеко измолзено сабајле во 4 може да ми стои цел ден во фрижидер (да не ми затреба за вечер), па ако не го искористам да го ставам во замрзнувач? 120 мл измолзев жал ми е да го фрлам
Ние имаме 8 дена и од вчера сме само на цицање. Проблем ми е што се научив само во 2 пози да го ранам детето, и тоа од едната града легната, од другата седејки. Понекогаш навечер кога станува за цицање не можам одма да го наместам, па вика се нервира и му давам шишенце измолзено млеко Има некој совет како да си помогнам? Дали знаете некој консултант за доење кој би можел да ми покаже различни пози? Вака цело време сум под стрес дали на следното цицање ќе го наместам правилно. А бебето е големо и лакомо и не е баш стрплив да пробуваме.
Jas sinko a i sega malava ja dojam samo so pomos na pernica (obicna)i ja pridrzuvam gradata i cica bez problem.Jas na primer legnata nemozam ednas kao da probam ama nema sansi...
Пробај пред подој држи нешто топло на местото на грутката и масирај па дај му на бебето да цица. јас така ги решавав грутките.
Здраво мајки Бебушов мој еднава града не ја прифаќа ,се зорле му ја давам а од другата без проблем си цица од нејзе . Гледам повеќе да му ја давам таа што ја нејќе ама ептен почнува да плаче и да се нервира и морам другата да му ја дадам да се смири , шише несака за жива глава за да можам да му ја одмолзувам ... незнам како да ја прифати
Сите бебиња имаат омилена града. Пробај легната на страната на омилената да му ја подметниш другата, јас така успевам. Еве 9+ сме и уште си има омилена.
На последната контрола на педијатар за малата, докторката ми спомна дека е дозволено до две турски кафиња на ден. Секако да ги пијам одма после доење, за да има време до следното. Ама јас не сум некој голем љубител на турсково кафе, а и проблем со стомакот ми прави. Дали можам тие две турски да ги трампам за еден нес? зашто кофеинот и те како ми е потребен
Што стори со градата? Јас после вакви симптоми кренав тем 39 и развив мастит. Болно но бев упорна и одржав цицање. Туширај се со топла и ладна вода наизменично, масирај нежно и ставај листови толчена зелка. Ама пред подој убаво измиј се бидејќи зелката многу мириса. @Septemvri ставај топло на мешето и повеќе на града. Ако е настинка а доиш нема гајле
На здравје нека ти е нескафето! Секако дека смееш. @TeddyGrey фала што нѐ мислиш. Ехото помина супер. Сѐ е во ред со сѐ, така да стеноза е исклучена. Рефлукс не можат со ехо да одредат, ама пак овие два дена значително многу се намали повраќањето. Видоа само дека има доста воздух во цревата - додека цица голта воздух, па ми дадоа саб симплекс капки да му давам. Имаше цицано пред саат, уште се гледаше дека има "јадено" во желудникот. Овие денови и столицата се смени - повеќе личи на онаа стандардна што ја знаев со ќерката (посветло жолта со не толку интензивен мирис туку така, на јогуртче)... И оваа недела секој ден кака а има денови и по 2…3 пати.. докторот вика да не имал некоја инфекција демек на цревата...? Не знам. Утре сме на мерење - стискајте палци.. т.е. не сме утре, туку за 2,5 саати. Па ќе пишам што биднало. Важно се ослободив дека е сѐ ок.
Здраво мајки бебе е 3+ нешто деновиве не сака да цица само што ќе го наместам на града веднаш плаче, се тегне се нервира и не сака да фати цица со силиконски брадавици не знам што да правам се гледа гладно е а не сака да цица
Kako da zgolemam mleko? 10 dena ima bebe, sakam samo na doenje, ama eve ova vreme veke nemam mleko, cica, prazni gradi i uste e gladen. I ednas na den do 30ml mu davam dohrana.