Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.900
    Допаѓања:
    108.047
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja имам еден во вид на спреј , Проанги ама мислам дека има алкохол внатре. Да го побарам упатството да видам.. уфф кај ме фати сега грло само бебево да не го разболам :(
     
    Последна измена: 9 ноември 2019
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Па веројатно ради тоа. Ама и јас имам таков. Ете пишала и Спиди, значи го бива. :D

    @Presrekna Се оправив. Фала на советите. Гушки до тебе и куклата.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Јас кога имав проблем во аптека ми кажаа дека е дозволено Пантенол за шмукање, ми помина после 3 апчиња.
     
    На fana и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. BabyShark

    BabyShark Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ги има секаде. Околу 700ден се, една кутивка е за 28 дена. Е сега на блогот на "моја фитнес мама" прочитав (а може и на упатството да има) дека требало само една кутија да се испие ама јас, од страв да не ми се намали пак, веќе втората ја пијам и нема проблем засега.
    Од чаевите пиев на лакта микс, потоа подолго време на хип, а сега пак лакта микс ама тој рефус што е, сам да си дозираш. Чаевите секогаш обични, не од инстант. Исто и не пишав секое утро овесни снегулки со јогурт за појадок, па и скоро преку ден правам слатки од овес, се само да има млекце:sweat:
     
    На Turna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.034
    Пол:
    Женски
    И јас настинав.
    Болно грло,затнат нос ама немам тт. Му смета за доење или ?
    Страв ми е да не го разболам и него.:(
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.375
    Допаѓања:
    182.834
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. :)
    Го стиснав лошо со лактот таблетот и сега не полни, па не можам да ја следам апликацијата со скоковите. (facepalm) Ја имам и книгата, ама ни неа не можам да ја најдам, па нарачав нова. :tmi: Фокусот и концентрацијата по пораѓај ми се многу катастрофа. :( Деновиве и косата почна многу да ми паѓа... ;(

    Веројатно сме во скок оти гледам промени кај бебе, ама дур стигне новата книга веројатно ќе излеземе. :tmi: Па генерацијо, како се манифестира овој скок? Што да очекувам? Уште се држиме и се чини не нема јако мавнато, ама натаму одиме. :D

    Иначе бебла е права дрдорка и веќе си сака многу повеќе внимание. Односно цело време сака да и се збори. :D
    Почна многу да протестира пред цицање. Баш тогаш таванот и е најфасцинантен. Пробав и сама во соба и во темница, џабе. Толку се турка да легне на грб, не знам од кај и толку сила. И вреска додека ја пуштам. Па или на моја рака или на кревет си гледа на горе, си гуга и се смее. (facepalm) И ова е додека фати цицка. Кога ќе фати првата минута е лута, цица ама и се буни зашто цица.. ама веќе не пушта дур не се најаде или заспие, или двете. :)

    Имавме неколку фини денови кога поврзуваше до 7 часа без воопшто да се разбуди, а сега 2 дена се буди еднашка околу 3-4 на утро. Не ми е тоа проблем никаков, туку начинот на кој се буди. Всушност очите и се затворени, не плаче, ама диши ко да се напнува, не кака за да мислам дека има грчеви како што беше претходно кога имаше грчеви.. ама па не знам што друго би можело да е друго па препишувам на грчеви.
    Ја земам, заспива цврсто многу брзо на цицка и така е се додека јас ја чувам, ама во креветче или на кревет до мене се до следното будење утрото многу немирно спие. Нон стоп ја врти главата и со рацете се стиска на лице (не знам колку ќе ме сфатите). Преку ден е мирна.
     
    На happygirl и Kaetana им се допаѓа ова.
  7. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Па првите месеци пиев лакта микс чај онај во кесички што е и хипп, и го прекинав ама еве сега малата ми е 4 ипол месеци уште недела дена 5 ќе полни ама еве гледам некако дека немам доволно млеко си цица нормално, ама кога нема доволно неќе да се мачи се нервира плаче и не цица а кога стискам има излегува млеко а пак од другата дојка ретко цица она има ама помалку млеко ретко се полни или само така мислам некако помала ми е ижтаа дојка и помалку цица од неа и купив ад и си го пие за мерак прво незнаеше убаво да фати од шише па после се навикна ама сакам само од мене да си цица неќам да и давам ад па ќе пробам да ги пијам и капсуливе белки ќе има некој ефект јадам и јас овесни снегулки ама и тие не редовно сигурно и тие прават млеко?
     
    На BabyShark му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BabyShark

    BabyShark Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дали сигурно помага и овесот оти го јадам наутро а тогаш и апче пијам и чај си варам. Сепак нема штета. А исто и мене таа града што не ја сака ми е многу помала, ама уште и пред бременоста ми беше таква.
    Пробај секако со апчињата, ќе ти се зголеми количината само опуштено.
     
    На Turna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Мене од лакта миксот градите ми се камен од сабајле... па дека беше дефицитарен, кај наоѓам и кога имам дома купувам... е сега што сакам да кажам. Од сабајле градите ми се камен многу полни па бебето се најадува од едната , а другата ја измолзувам и приквечер кога немам многу млеко прво цица па го давам измолзеното, така не давам ад а бебето е сито. Инаку од кога пијам лакта микс од едната од сабајле можаж и 100 110 мл да измолзам
     
    На koritsaki, Turna, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.239
    Допаѓања:
    27.865
    Мајки како се организирате за излегување со бебе што цица? Ние сме уште мали и го изнесувам по 1 саат макс со измолзено млеко, ама кај и да е ќе сакам повеќе да се шетаме. Како/каде доите кога сте излезени? Знам дека во Скипје нема многу места кај што можеш на раат да доиш.
     
  11. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Пред да останам трудна секогаш викав дека не би доела надвор (во јавност) и уште ми е премногу срам, не знам дали би можела пред луѓе па обично си излегуваме со поголема количина измолзено млеко ама ми се деси пред две недели кога беше убавото време во градски парк да го испие цело измолзено и да продолжи да урла буквално за млеко. Мислев ќе ја смирам со количката, држење во раце, не бре, гладно дете паника. Немав друг избор, а со мајка ми бевме во задниот дел од паркот кај езерцето кај што нема толку народ и една жена си доеше на клупа свртена контра од шетачите, па седнавме на клупата до неа (на соседната, не на нејзината :) )се покрив сп ќебенцето на бебево преку гради и ја надоив малку за да се смири. Многу ми беше срам ама ајде си реков, женава што исто така дои гарант нема да си помисли ништо :) Џабе силење однапред, кога ќе ти заплаче гладно дете, мислам во состојба си на Рекорд да земеш да доиш :) Инаку знам дека во Сити Мол има Соба за доење пред вецињата па тоа ми е секогаш опција сигурна за шетање малку.
     
    На Magic13 и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.841
    Допаѓања:
    14.442
    Пол:
    Женски
    Ова беше уште една од причините зошто доев по распоред, а не "кога сака, колку сака". Да не ме сфатиш погрешно, сум доела во парк, во ресторан, на гости, немам проблем со тоа. Ама целиот момент дека сум полусвиткана за да бебе има убава позиција да цица, па стоиш така 10 мин, па сум облекла потесен прслук па едвај го тргам на страна... малтретирање е, и си имав начин да го избегнам. Особено кога не е баш топло, па имам јакна, дуксер, маица, еден куп слоеви. Летото беше поедноставно, ама тогаш бебе веќе цицаше на 4 саата, па ретко имаше потреба да дојам додека сме излезени, после со каши се занимавав.
    Јас вака терав: бебе цица дома и одма искачаме. Ако одам негде во движење како во парк, земав шише со измолзено млеко. Ако одам на гости или негде стационарно (на ручек во ресторан), тогаш си доев.
    Како расте бебе, сигурно фаќа некаков ред, па и на 1 саат да е цицањето. Значи ако си излезена 3 саата, ќе се спремиш за три пати да јаде. Ако не ти пречи да доиш, си има прекривки за доење, или една тетра пелена ке префрлиш преку рамо, ако не ти смета на крајот па и нема зашто да се криеш, јаде детето, не е тоа криминално дело. Битно да ти е удобно, зошто ако си под стрес што доиш, помалку млеко тече, бебето само ќе се нервира, подолго ќе трае процесот, и нормално понапорно е за двајцата.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.375
    Допаѓања:
    182.834
    Пол:
    Женски
    Ја дојам секаде. Во кафиќ, на клупа во парк, еднаш почна да плаче во стариот дел на градот па си седнав на едно ѕидче и таму. Бебето ми е најбитно и светот може да се преврти, ама тоа ќе биде сито.
    Доењето е најприродна работа на свет, јас ете.. не можам и не сакам да правам распоред кога да е гладно, а кога сито иако пред излегување секогаш ја дојам.
    Е сега, веќе 2 недели не бара цицка кога сме надвор. Шетаме, и или спие или гледа наоколу, ама да јаде не бара. Веројатно првите 2 месеца е понапорно.


    @Lianna Anna се моли да се јави на рецепција. Левата града денеска многу ме боли. :worried: Од горе. Топче нешто немам.. Се измолзував, бебе форсирам на таа града почесто и пак ме боли. Само ми жеже и боли на допир и додека цица малово. Стаив топол пешкир неколку пати и еве и бебе пак таму. Уште боли. Те молам кажи ми што највеќе ти помогна тебе? Очајна сум. :sweat:
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit и koritsaki им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.900
    Допаѓања:
    108.047
    Пол:
    Женски
    Женски , да ве прашам , ако ви е затнат носот што ставате? Јас ноќна воопшто не спиев поради затнат нос и сега бев во аптека да побарам нешто што ќе нема да прави проблем на бебето - и ми рече нема такво нешто , само физиолошки раствор може ми рекоа..
    Сега сум ок , ама сигурно ќе ми се затне пак кога ќе спијам..

    @KuklickaSk јас вака правам , пред да излезам од дома ја дојам 15 мниути и веднаш излегувам. Надвор сум околу 2-3 часа од прилика па потоа седнувам некаде , дали клупа , дали кафич и ја дојам. Па потоа си одам мирна накај дома. Е сега дека зимно време (уште официјално не дошла зимата) па со јакниве , џемпери натунтан ќе видиме како ќе оди со доењево , ма да гледам да ја дојам надвор да не носам измолзено млеко. :) @Darija* се согласувам за лакта миксот , исцица што исцица беба , а градиве камен тврди ми беа па морав да се измолзам и 100 мл млеко си замрзнав во фрижидер :lol:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    @Yowannty јас така почнав и завршив со мсстит.
    Ама и антибиотици примав.

    Да прашам генерација како поминавте со вакцината? Дали во еден ден примивте и 5 валентна и ротА?
     
  16. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    9.684
    Пол:
    Женски
    Ние само рота, другите ни ги одложија за месец дена.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Како си денес? Извини што толку касно одговарам.

    Топло термофорче држев јас и се туширав со потопла вода. После тоа бебе одма цицаше, а за време на подој ги масирав грутките. Јас имав црвенило, не жежење. Ми беше малку потопло местото, ама не жежеше нешто страшно.

    За листови од зелка имам и јас слушнато, ама лично искуство немам. Пробај.

    За доење во јавност сте збореле. Моето има подој пред да излеземе. Не измолузувам за надвор. И онака не фаќа шише, а еве неколку дена веќе и лажалката ми ја одбива.

    Без проблем дојам надвор од дома. Сеедно каде. (Освен у вц Бог да чува) И не се срамам ич. Нека се срамат тие што чудно зјапаат и што мислат дека треба да се срамам. Не го покривам. Ни јас не јадам покриена. Секако сум дискретна, во смисла не се гледа ништо повеќе од потребното за бебе. А и ова не се знае, се може да се случи, оти некогаш е тешко да се фати добра позиција за доење. Ама тоа е, ништо лошто не правам и ич не се смарам.
     
    На Kaetana, happygirl, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.375
    Допаѓања:
    182.834
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna денеска градата ми е подобра. Ме наболува ама не толку колку вчера. Нон стоп ставав топол пешкир и одма после тоа бебе да цица. Сакав да стаам лист зелка, ама попладнето што ме снаџе.. (facepalm)

    Веќе со денови ме болат стапалата и грбот, а кичмата е посебна приказна. Кога и менувам пелени и ја пресоблекувам ми требаат 5 минути да се исправам. Деновиве променливо времето, па почнаа и зглобовите да ме вртат, а најново и колковите, па слабо спијам дури и бебе кога спие. (facepalm) И пак некако се држев се до вчера кога се почна со градата, продолжи со главоболка и за на крај, попладнето да почнат сите коски да ме болат и да ме тресе и да качувам температура. Земав парацетамол и витамин ц и ми беше малку од малку подобро. Накај полноќ пак исто, тресење, качување температура, пак парацетамол и витамин ц. За маката да е уште поголема, бебе се будеше цело време, не знам од кај имав сила да се справувам со неа и плус на неколку пати да се одмолзувам оти градиве ми се преполнуваа и почнуваа да наболуваат уште толку.

    Не знам дали ова се ми се случи ради градата, или тоа беше само тригер, оти скоро 3 месеци се форсирам се сама. Бебе да е на време намирено, најадено, средено, прошетано, и плус дома.. посебна приказна. Се мора да е во ред и чисто, средено..
    Маж ми е прекрасен. Многу ми помага. Освен што не дои и не знае да смири бебе кога плаче се друго прави. Ама ја сум таква што ништо не е доволно добро, ако јас не го напраам и нон стоп одам и по него прередувам и пречистувам место да одмарам. И конечно.. колабирав. :worried: Преуморна и исцрпена сум..

    Утрово не знам како станав од кревет и како успевам да чувам бебе.. не знам од кај ми сила..
    Еве ја спие до мене, седам на кревет во полузатемнета соба и гледам хаос наоколу што обично никогаш не дозволувам да има. Ќебенца, тетри, шпикозни и пелени насекаде, релаксаторот на сред соба и во него некој партал подвисен, над фиокарот никаков ред... немам сила ни енергија да станам од кревет.. :| И се мислам како ќе го преживеам денов...

    Капа ви симнувам на сите што имате плус уште едно или две деца и останувате прибрани. Алал!
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, paleska3 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Искусни мајки кои доите, еден совет :) Колку време однапред правевте припреми за доењето? Треба ли нешто да се прави уште пред породување, и што би се правело во тој случај? 18+1 сум, близнаци носам, па мислам дека ќе ми треба добра припрема :)

    Втора бременост ми е, првото дете беше на АД малтене од прв ден. Имав само колострум на почетокот, и покрај сите напори кои ги правев тогаш, немаше млеко понатаму. Сѐ некако ми е мисла дека можеби не направив нешто претходно, па затоа така излезе.......Не се обвинувам за тоа, беше и помина, само сакам да знам дали може нешто однапред да се направи во смисла на стимулација на млеко.

    Секој совет е добредојден :f:
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209
    Мајки бебо ми е 4 месеци, уште јас си пијам од чаевите.. до колку месеци ги пиевте ?