Дали има некој што уште пумпа млеко освен на почеток? Малава ми е точно 7 недели и јас уште користам пумпа секојдневно. Најмногу заради капките кои ги даваме 5-6 пати дневно во 10-15 мл млеко, а и сакам да одржувам лактација, да тргам повремено по нешто млекце на страна за ако треба да излезам и да го оставам мм сам со неа неколку саати. Ама сега почнав да размислувам, дали е ова океј. Ваљда не правам некоја штета на телово, ваљда е во ред паралелно да се дои и да се пумпа цело време? Ја тагнувам @Kaetana како експерт за доење и @koritsaki зашто знам дека користи пумпа Е сега, бебево две ноќи ми цицнува како за мезе само и продолжува да спие, а јас претепана, не станував да се измолзам ноќе и денес градиве одма како попразни, помеки. На пумпа само 60мл наместо како претходно 90-100. Дали може да се коригира количина/лактација од две ноќи иако дење пак дојам и молзам на секои три часа?
До една година. Првите три месеци пиев по два литри па потоа намалив по литро, две чаши на ден. Сега пак ќе си продолжам супер е чајот, да си пиеш ептен влијае на количината на млеко барем кај мене
Пумпа користам од самиот почеток па до сега веќе година дена. Посебно завршува работа кога ќе ја оставам за чување, си се молзам и исто така кога ми цица пред спиење од едната, другата ја празнам и сабајле и го давам. Немаш мака... во врска со количината, треба многу течности(вода пред се и чај за доилки) одмор и опуштеност. Јас кога сум изморена многу малку имам и обратно
Мене во клиниката кај што се пораѓав ми рекоа дека колку повеќе се измолзувам толку повеќе млеко се создава, дека нема штета никаква. Јас се измолзувам еднаш неделно, не излегувам често без беба или гледам за 2-3 часа да се вратам , ептен ако мислам дека ќе заглавам тогаш им оставам млеко дома. Јас мислам дека нема штета. И мене на моменти градите ми се меки и имам чувство дека се празни, но штом беба полни пелени се е во ред тоа си зема колку е потребно
Дали за време на доење се проверува холестерол? Знам дека во бременост дава погрешни резултати. Правев крвна слика после 7 дена од пораѓај,вчера пак и на двете покажа покачен
Нормално е холестеролот да е покачен, и во бременост и после тоа додека телото не се стабилизира, и јас така се чудев и докторот ми рече нормално е
Треба да поминат 3 месеци од прилика па после проверувај. И јас имав покачени триглицериди и холестерол, триглицеридите посебно многу покачени. Докторот рече после 3 месеци контролна кс.
Е се урочив со млекото. Пијам и лакта микс и сок од јаболко млеко јогурт овес, после 15 часот млекото ми е премногу намалено се до вечер... и бебе се нервира и јас се нервирам...не знам што да правам, ако пробувам да измолзам малку колку да стимулирам ама бргу беба се буди...
Нека си цица бебе не гледај колку молзиш оти неможиш да измолзиш колку што може бебето да исцица, ако си полни пелени значи е најадено, нормално е да почнат да спласнуваат градите бидејќи се воспоставува лактација.
Јас 90мл немам измолзено ниту еднаш, па еве доам 10месеци. Ти кажа Лаки нека не те загрижува тоа, кога ќе се воспоставе лактацијата ќе имаш точно колку што му треба на бебето. Полни пелени и напредување во килажа следи само. Има периоди кога бебето ја зголемува побарувачката за млеко и тогаш 2,3дена ќе се понервира додека не се среде.
Од кој лактамикс користиш? Јас од кесиците бидејки рефусниот и во конзерва го нема кај нас. Пијам по 6 кесиците денот и пак дефицит сум со млеко. Ноќе на неколку пати се молзам и давам преку ден. Еве денес и АД дадов. Гладна беше. . Ми е мака да и давам АД ама морав.
И јас исто, до сега сме само на доење но јас цел поручек немам млеко бебе се нервира дури повлече, а супер си имав цела бев со млеко и маички нон сѕоп менував , бебр напредуваше, сега не сум ја мерила 2ипол недели во пон одам на мерење обавезно,млеко пуни гради само наутро, бебе се нервира покасно треба да повлече убаво за да му надојде..
Кај мене се нервира некогаш кога многу му тече млекце, а не сака. Сака да заспие на пример или е сит. Со цуцла се намирува. Така да ако бебето е нервозно ме мора да значи е од што немате млеко може е најадено и сито.
Фала ти. Сношти се напив една чаша млеко па една безалкохолно пиво. Ноќеска и утрово имам повеќе млеко од обично. Дали по 1 чаша безалкохолно пиво штети на бебе Мислам @Yowannty пиеше? Така е во право си. Мали гради и нервозно бебе не значи немање млеко и глад. Но веќе 3 месеци сме и се научивме како што. Имам некои кризни денови обично викенд кога сите сме дома. Синко тинејџер има за учење, проекти, пубертет, излегува до 23:00. Мм дома исто си бара. И тогаш на сите да удоволам страда млекото. Но ќе тераме некако Оваа недела и скокот не има фатено.