Малата ми има еден месец и 5 дена. Цица со силиконски брадавици, кога самата ќе побара. Не ја будам навечер за цицање. Ама многу често се дави, од што и тече премногу млеко. Пијам чај на хип, по една чаша на ден. Кога отприлика се воспоставува лактација? И дали тогаш можам да престанам со чајот зашто страшна ми е глетката кога ќе помодри од што не може воздух да земе
Измолзување малку пред подој. Јас го имам истиот проблем со моето. Воспоставување лактација може да трае и до 3 месеци. Чајот нема да ти наштети ако продолжиш, а ниту ако престанеш. Моето е 2+ јас скоро и да не пијам чај. Бебето најмногу стимулира млеко.
Измолзеното го собираш? Прочитав негде ама не сум сигурна, може од неколку пати да се собере заедно, само претходно да е на иста температура во фрижидер, така?
@Presrekna и во Еурофарм го има лактамикс во конзерва. Пиво и јас некогаш пијам од безалкохолното. И бозата помага, ама се здебелив од неа. @Darija* пробај со лактил таблети, кај мене најефикасни од се се покажаа. Се што слушнав пробав и пак повеќе од 60мл немам измолзено. Исто и јас поручек многу малку млеко имам, а моето бебе почна и да не сака АД. Одвај пие со плачење, а знам дека е гладна бидејќи почна и зелено да кака.
Јас не. Ама можеш нормално. Ќе го ставиш во фрижидер и наредното измолзување во посебно шишенце, не во истото, исто во фрижидер. Оти мора да се иста температура. После ќе ги споиш и можеш да го замрзнеш. *** Девојки, нема врска колку измолзувате. Бебето влече повеќе од пумпата. Зелена столица не значи гладна столица. Може и од грчеви да биде зелена и разни други причини кои се сметаат за нормални, ако е бебето само на доење. Ако напредуваат во тежина и полнат пелени, се е во ред.
@Presrekna и чаша алкохолно не штети. Најдобро е точено, барем така ми предложи мене педијатарката, ама ми рече ако не сакаш алкохолно земи безалкохолно, а и ја претпочитам безалкохолен радлер. Последно време не пијам, тамам се регулира лактација, ја ќе пијам лименка за ручек и пак ново на ново се преполнуваат. Сабајле измолзев скоро 190 мл од двете гради за 15 минути. Оди на фб Dr. Jack Newman, не знам како да поставам линк од постот, надолу на страницата ќе видиш постер, има зборувано за различни намирници па и за алкохолот: 8. Alcohol, no level of alcohol in the milk is safe for the breastfed baby? Except that almost no alcohol gets into the milk.
Веќе две вечери по ред кога го дојам, толку брзо и лакомо цица што после 1 саат ждрига и се гуши. Мислам дека навечер ми доаѓа многу млеко и од тоа се гуши. Дали некако може да му помогнам да не цица така?
Охоо и мојава е лакома, нр не знам дали има помош тука, освен малку рачно да се измолзиш пред подој, јас трчам во тоалет и над мијалник, за да не му иде пребрзо млекце. Друго прашање имам јас- неколку ноќи веќе малава не ми станува за јадење, дури кон 7,8 наутро. 3+ месеци сме, ми е страв да не е гладна, или да не ми се намали млекото?? Дали да ја будам? Што мислите мајки? Поздравче
@Yowannty Фала ти. Какво будење. Мене педијатар ми рече најдобро е бебето цела ноќ да спие без храна после 3 месец да одмори мозочето и бубрезите. Моево од кога е родена а иако терминско бебе се водеше како прематурче, станува само по еднаш во ноќта. Никогаш ја немам будено. Одлично напредува, а за млекото се молзев 2-3 пати ноќе, сега тоа го правам само еднаш. Нас вчера не удри громче 12+4 недела. Исто како на 8 недели заспа плачејќи едно 45 мин. Цицка не сакаше да види. Откако се успа во 20:00 се нацица и спиеше до 2 часот. Скоковите ги фаќа како по книга. Среќа не траат долго.
Јас искрено сум на раб да се откажам од доењево. Бебе толку многу се дави при цицање овие два дена душа немам. Толку лакомо цица, се гуши, се грчи... А се измолзам, од шише гајле нема. Ама неможам да се молзам постојано.
Абе не му се плаши - и мојава се засркнува секојпат ама врти, тапкај по грпче, сврти го надоле како за бањање, крени го во вис. Жално е при млеко да се откажеш од доење. Знам дека е страшно ама ќе се навикне, ќе престане за некое време ваљда.
Земав апчиња за кожа, нокти и коса бидејќи сеќавам дека снемувам витамини малиов се ицица од мене па ме интересира дали смее во доење да се употребуваат? Не ни претпоставив дека може да има проблем бидејќи по состав гледам се витамини, но дома во упатсвото кога прочитав да се консултирам со лекар ако дојам и ако сум бремена ми се сврте. А 600ден ги земав не е малку.
Добро утро Бебушов од синоќа ќе почне да цица и ќе повлече неколку пати и почнува да плаче , го тргам од града полнува да бара па стави го па така прави Незнам веќе ,имам млеко значи Зошто така прави незнам Помош!!!
Нацицан е затоа се трга со плачки инаку како ќе каже дека му е доста Земи го и нишкаај нешто сруго прави му. Кај мене така прави и кога му се спие, а од млазот не можам да заспие, му смета.
Однеси ги кај педијатарот кога ќе одите на контрола, нека го види составот и нека ти каже. Јас мислам не би требало да има проблем.
Колкав е бебушот. Ова истото го преживуваме кога е во скок. 8 и 12 недела .обично пред спиење после капење вака ми прави. Др ми рече дека е скок во развој. Му требало на бебето повеќе енергија и уморно е па не знае дали да спие или јаде. Јас ја оставам да поплачи, па ја заспивам со цуцла и и ставам цицка кога е заспана да се нацица. Некогаш ја оставам да спие сама станува за јадење. Никое бебе не седи гладно, не се секирај период е ќе помине. Туку поискусни мајки хелп. Бебе ми е 3 месеци утре, колку треба да спие. Мојава е права спанка. Посебно после вакцината еве недела дена. Во 19:00 ја бањам, цица и веднаш потоа заспива и веќе трета вечер не се буди до 5:00-6:00 часот. Спие 9-10 часа без прекин. Потоа утрото од 7-15:00 цицацица и спие континуирано по 1,5-2 часа. Во 15:00-16:00 часот ќе се нацица и спие до 19:00 до капење. Малку време е будна само 2-3 часа максимум. А тогаш е весела, се смее гуга, седи на мешко, фаќа играчки и ја крева главата кога лежи и подава раце да ја кренам. Полни пелени, само насабјле не се толку тешки и мочани како порано бидејки не цицање ноќе. А за недела дена 200 гр е во плус денес ја мерев Само филмови си правам да не е од вакцината, или нешто друго. По колку спијат бебиња од 3 месеци???
Во 4ти месец ќе смени. Sleep regression ве чека, ќе намали драстично со спиење, дај Боже тоа преку ден да биде, ноќе да си спие.