Девојки бебето ми е 2 недели,но имам многу млеко.Денес земав пумпа и се измолзувам.Незнам дали е паметно да го замрзнувам млекото?Колку време може да стои замрзнато? Во што го замрзнувате,може ли во стерилни чаши?
Има посебни кесички за замрзнување млеко по аптеките. Зошто да не е паметно да замрзнуваш? Јас почнав да замрзнувам од пред да наполни бебе месец мислам, 90-100мл во кесичка за да можам да излезам кога треба и маж ми да има да и даде млекце. Во замрзнувач може да стои до 5-6 месеци ама еднаш одмрзнатото не смее да се замрзнува повторно.
Замрзни си. И јас замрзнувам и ми се наоѓа кога не сум дома. Можеш во стерилни чашки , јас во нив замрзнувам , искрено скапи ми се ќесичките
Мајки ноќеска во сон сум си ја нагмечила највероватно едната града. Ужасно ме боли едната страна од неа , грутка немам. Веднаш штом се разбуди бебуш го ставив од неа да цица за секој случај да не има затнато некој канал. Цицањето не ми беше болно , но страв ми е да не се направи грутки. Може ли да се направи нешто превентивно?
Мамички завчера сум породена, бебе има малку жолтица ама не го чуваа под ламба во болница. Имам убаво колострум, градиве ги чувствувам тешки. Само што бебево ми е премногу поспано, кога и да му дадам да цица, цица многу мрзливо, неколку голтки и престанува, морам да го буцкам да продолжи, не можам ни по 10 минути на града да го додржам, не можам да го разбудам. Мислам и дека не полни убаво пелени, немам осет колку треба да мочка тридневно бебе, ама 2-3 мокри пелени на ден нели се малку? Дури имаше и малку портокалово згрутчено а тоа нели е знак за дехидрација. А покакани 1-2. Еднава града ми се стврднува и се плашам дека ако не ми се празнат ќе си направам проблем и ќе го загубам млекото а многу сакам да дојам. Ве молам за некој совет.
Ќе нудиш цицка почесто и бебе ќе го повлекуваш за косичката над увото, ќе му голицкаш стапала или во вратчето (мојата и ден денеска кога ќе ја голицнам во вратчето најмногу реагира) за да го потсетиш да цица. Тоа што е портокалова пелената е оти не е сменета подолго време, а за градите пред секое цицање ќе испумпуваш по малку млеко, ем за стимулација дур фати бебе убаво, ем да си олесниш на себе и да превенираш грутки. За ден два ќе си фатиш рутина и ти и бебе ќе си полни пелени. Само упорност и желба за доење и ќе си фатите ред многу брзо. Живо и здраво да е малото, големо да расте.
Дали напипувате по некое грутче во градите периодов додека доите? Немам проблем некаков, мастит или да не пушта града млеко, но уште откако почнав да дојам, при туширање на десната чат пат осеќам по некое мало тврдо топче. Може е некој запушен канал зашто малата ми ја фаворизира левата града ама сепак има добар проток кога молзам, не е дека е запушена. Може ли некој канал да си е запушен, а другите да си пуштаат млеко и не доаѓа до поголем проблем - тоа да се уствари топчињата? Немам болка на допир никаква, а и тие што ги напипувам се минијатурни топчиња, не некои грутки, не знам... Дали се овие грутчиња нормални за доилки или да си отидам на ехо на дојки порано од закажаното?
Да, јас ги чувствував на почетокот кога ми беа преполни градите т.е додека да се среди лактацијата. Ќе ги снема со средување на лактацијата
Дали има некој на кој не му е средена лактацијата? Бебе е 4+ мене уште градите ми се тврди. Цица редовно, ја дуплира родилната пред месец ипол, а јас уште сум со тврди гради.
Секој ден од поручек и ова време јас немам млеко, само на доење сме се изнапив лакта микс, леден чај, пиво,вода и пак овоој период бебе се нервира влече се трга се нервира, веројатно малку му тече, кога ќе стиснам има но по 3 4 стискања веќе нема , жал ми е многу што убаво и лесно ми почна доењето не знам како да си го вратам млекото. Мм денеска бараше и лактил таблети не можел да најде никаде
Знам како се чувствуваш. И јас бев иста. Само се обвинував, немав млеко посебно од 16:00 до кај 20:00 часот. Само броев минути и се фаќав за гради дали имам млеко. Дури психички ме фаќаше криза. Почнав преку ноќ да се молзам (бидејќи бебе ми станува само 1 преку ноќта) и го давав во тие часови кога немав млеко. Некогаш и АД и давав со цел да ми надојде млеко барем пред заспивање кај 20:00. Кога така знаев дека имам резерви бев опуштена и после некое време забележав дека тој стрес и страв од немање млеко ми придонесувале да немам млеко. Се опуштив не мислев на тоа, давам да цица кога сака, дури си реков ако немам млеко на АД ќе бидеме како многу други.. .И млекото си дојде. Подолго време сме само на доење. Воошто не се замарај со тоа. Знам дека си викаш што зборува оваа немам млеко, но Верувај дека стресот најмногу влијае. А дека стегањето и молзењето не се репер дека немаш млеко сум јас која оваа недела од едната града молзам само 20-30 мл а од другата воошто, но бебе си напредува по 200 гр и си цица значи имам млеко. И јас лактил капсулите ги зедов во Еурофарм. Тие што давате АД. Да ве прашам на 3 месечно бебе колку мл и на колку време давате АД? 90мл или малку е? Ние на доење сме веќе 2-3 недели без АД. Но ќе реба да сум отсутна од дома повеќе часови. Имам молзено, но за секој случај да знам.
@Presrekna Батково мој има точно 3 месеци. Пие 120мл на 3 часа, 5-6 шишиња дневно. И еве прилика официјално да си кажеме. После 2 ипол месеци и многу труд, го затворивме поглавјето ‘доење’.
Значи ептен врсничиња. Нека е здрав и жив голем да расне. Наздравје нека му биде доењето. А немаше млеко или друго беше причина? И Ти благодарам на одговорот.
По 90 мл пие мојата бебушка еднаш дневно. Во последно време кога ги пие кога не, зависи колку цицала од мене.