Се согласувам дека доењево бара невидена упорност и трпение... Мојот па со цицање се прејадува, па после му е тешко 1 саат со ждригање.. И плус на педијатар ми викаат да скратам на доење, а нели беше кога сака, колку сака...
Кога сум во недоумица со ова, односно кога не сум сигурна дали е дојадена и сакам да знам колку испила, фаќам пумпата, измолзувам 80-90мл и ги давам во шише; ако лока и понатаму, гладна е уште, ако ја лиже цуцлата само, не сака веќе и го ставам млекото во фрижидер. Знам дека многу мајки не сакаат да даваат шише за да не направат беља со доењето, но мојава крофна фала му на Бога прифаќа и цице и цуцла и молзено млеко во шише, па тоа ми е олеснителна околност. Знам дека и ти чат пат даваш шише, ако не ти е проблем, пробај вака, може ќе те смири. Едит: туку, како сте со јадење благо? И последните четири месеци од бременоста ова ми беше проблем, и сега еве еден оброк во денот ми е Милка или огромно парче торта или Нутела Имам грижа на совест дека она го прима шеќерот преку млекото, а толку сум зависна од тој шеќер, цигари откажав, благо не можам Мислите дека штети на бебето?
Мојата ништо не прифаќа освен да цица. Со сила го фаќа шишето, тројца да ја занимаваат треба за да почне да пие. А гладна е, еве денес чекав повеќе од 3 саати за да и дадам, одвај почна да пие. Цуцла пак не иди во предвид. Се гади и од шишето и од цуцлата. Не можам од дома да мрднам. После подој по 10мл можам да измолзам, што значи немам многу млеко. За благо и јас многу јадам. @Kaetana последно стави 200 гр во една недела со додавање на околу 60 мл АД дневно. Какаше зелено жолто, сега и се стабилизира.
@Kaetana не сум те разбрала грешка. Се исчитав што имаш пишено и претходно и се гледа дека си ја научила темата доење. Во тој контекст кажав дека не си посегнала по ад. Многу совети добив и јас за да дадам Ад, не дека е нешто лошо тоа, но за мајка што сака да дои, е чекор назад. Како и да е мило ми е што успеа.
@EvieBabe многу јадам благо. Сега имам и намалено, пред 2-3 недели беше врв... Особено навечер кога станував да дојам без благо не биваше. И со ќерката така ми беше. Откако почнав да добивам малку повеќе сон, намали потребата од инстант енергија. @Magic13 количината што ја даваш можеш и да ја тргнеш без проблем. Бенефит има што не мешаш мајчино и АД а тоа помага за грчеви, ги олеснува. Тоа што не можеш да измолзиш после подој повеќе од 10 мл не значи дека немаш млеко, туку дека имаш онолку колку што му е потребно на бебето, дека бебето успешно ги празни градите, и дека лактацијата се средила. Зелено жолта столица може да е од многу причини. Кај вас со тој напредок не е од глад. Јас би терала со доење и би се опуштила максимално (како што тоа и го правам). @BabyT* и јас те разбрав тебе супер. Репликата не беше конкретно за тебе, ми беше генерална - за оние кои ме читаат на темава и си мислат дека сум некој фанатик до степен да го изгладнувам бебето само за да не дадам АД (оти добив и такви забелешки). Со тебе одлично се разбравме! И сум ти неизмерно благодарна за поддршката!
@EvieBabe не збори , за благо уф уф и така си јадев претходно па сега бетер , секој ден по цела Милка чоколада од ие 100грамските јадам
Исто и јас за благото. Ќе станев ноќе морав да каснам нешто дали колаче,бисквит,чоколада. Еден ден се испразнило шкафчето,па приквечерта криза ме фати бев да купам Ми рекоа дека сум јадела затоа што ми фалело енергија. А сакаме да симнеме вишок кг.... @Kaetana мило ми е што се среди со доењето. Чудно ми беше без твоите постови во темава
Isfrliv skroz AD. Po napisanoto od @Presrekna i @Annath se opustiv nekako bez da mislam zosto gradite popladne mi se meki, i zosto ne mozam da.izmolzam ni 30ml mleko, i eve 5 dena terame samo so cicanje Ne e gladen definitivno zosto kacuva i poveke tezina od sto treba.
Ова со фаќање цицка, цуцла, шише, дури и прст да и дадеш ќе цица, изгледа е олицетворение на палчици наши. Да надоместат за во мешето. Пие молзено и чајче од сите шишиња, цуца лажливка и Пак си сака цице. Сега најмногу цица рачиња. По 10 лигавки и менувам од што се лигави. Јас пред подој едвај 20 мл молзам. Исто и после подој. А бебе денес точно за 2 недели 400 гр напредна. Градите кога меки кога тврди, важно тераме напред Не се сомневај во себе и млекото. Опуштено... Потполно се согласувам со тебе за доењето. Требаат железни нерви огромно трпение. Јас поминав 2 мастите, раздразнети, крвави брадавици, филмови дека немам млеко. Но едноставно имам преголема желба да дојам и не се предадов.
Оваа недела 120 грама. Полека, но сигурно. Ајде, уште малце и четворка напред да видиме... Туку нема ни денес вакцина, уште е ко затнат во носот. Ама не му е носот затнат, туку ко да има секрет налепен позади меѓу нос и грло. И веројатно е густ, па се нервира многу на цицање. Докторот рече и грлцето му е малце црвенко, па можеби и го боли на голтање. Не знам. Плаче, се трга од цицка, а стискам, шприца млеко. Докторот вика малку парацетамол за болката да му дадам ако ептен не сака да цица. Далеку сме од тоа, ама пустото нешто го мачи. А и мислам дека се прецицува, вчера пиштеше додека не ме исповрати лом, и после почна да се смее. Блесавко еден. Ќе да се и грчеви во игра. Тераме напред, полека но, сигурно.
Со оглед дека со првото мислев млекото само иди, на града ја ставив дури другиот ден, па имавме мака со доењето додека фати града итн сакав да прашам кога најбрзо да почнам со доење? Односно кога да го ставам на града, за да ја прифати пред да му тупнат шишето со ад? На боксот штом ми го дадат?
Мислам дека те имам читано на некоја тема дека со првото се породи во Плодност, ако си пак таму, уште на боксот го ставаат на гради, па откако ќе го исчистат бебенцето пак ти го даваат и ти помагаат да фати, и пак истиот ден/ноќ ако сакаш ти го носат за цицање или општо за дружење. Во секој случај ако има можност најдобро е веднаш кожа на кожа, т.н. golden hour, каде се запознаваат, гушкаат мама и бебе. Со лес и успешно доење
Таму се породив пред 3 години и сега исто планирам. Не знаев дека сега го даваат на бокс, ми олесна малку, ќерка ми прво ставање на града беше нареден ден. Пред колку време се породи ти и кај кого?
Најубаво е одма по раѓањето да е со тебе цело време и тоа кожа на кожа. Овдешното породување во таква сертифицирана бејби френдли болница многу ми се допадна и е она што е препорачано и што се смета за потреба на мајката и бебињата и од хормонален аспект и од аспект на поврзување. Не е само цицањето, туку и самиот допир меѓу мајката и бебето го зголемува поврзувањето, делува на хормоните кај мајката и кај бебето, и игра огромна улога во успехот во доењето. Значи одма откако го извадија, го ставија настрана да го забришат само и да пишат Апгар (и да го види педијатар) и за 3 минути беше кај мене на гради. Не цицаше одма, само се гушкавме. Мене ми ја ослободија раката за да можам со двете да го гушнам. Маж ми го држеше затоа што сепак бев на царски и лежев додека траеше операцијата. После 15 минути додека уште траеше шиењето ми го ставија на града да цица. Во шок соба бевме заедно и цело време бевме заедно. Првиот ден скроз голи. Следниот ден тој беше облечен во едно како боди - бенкица што се врзуваше кај вратот и беше отворено кај стомакот за да имаме контакт кожа на кожа. Од првиот ден па понатаму беше нон стоп на гради. На двете. Спиеше до мене во креветче, но најчесто на мене. И преку ден и навечер беше цело време на гради, навечер доаѓаа бабиците на 2 саати и пак го ставав на града. Жива ненаспана, ама тоа е. Реалноста е таа. И сфатив дека така треба да биде. Млекото дојде вториот ден вечерта. На сред цицање. Бебето се изненади и наеднаш почна силно да голта. И тоа се збуни, и јас. Немаше никаква дохрана во целото ова време. Секако, бевме под контрола. Му мереа температура за да проверат дали е дехидриран. Откако дојде млекото уште толку се интензивира доењето. И бебето бараше, а и навечер ме форсираа да давам на 2 часа за да надојде убаво. Иако има(в)ме потешкотии со тежината со него, знам дека не е заради количината на млеко. Ниту заради неговиот фат. Сѐ беше ок уште од почеток. Првиот пат сум во Македонија породена. Бебето на града тек следниот ден. Не беше со мене, си беше во соба за бебиња. Го носев таму затоа што не знаев дека смеам да го имам цело време со мене. Дозволив да се дава АД затоа што не ни знаев дека имам право да одбијам. Дозволив да е во собата и да не ја дојам интензивно, затоа што не знаев дека можам да си ја земам до мене и да форсирам доење. Ми ја носеа на рандом интервали, пример мене ми пукаат гради камен, нејзе ја носат најадена. Немаше никаква координација. Ама не знаев поинаку. И со ќерката имав мака со тежината, но заради сите овие набројани фактори. Таа спие отепана од жолтица 9 саати, јас седам и не ја будам. После дома се мачев со интензивно доење и навечер, па за 3 недели се среди работата. Ако бирам, би одбрала поврзување како со второто породување. Да, можеби добив со првото две три ноќи "одмор" од бебе, ама тоа ме чинеше после еден месец работа и борба за да се средиме со доењето. Овој пат средувањето дојде после 6 недели. Ама синчево е 3 недели помалку носено од ќерката. Па... Некако ми имаат логика работиве. Што знам.
Жени малку чудно прашање во однос на темава , но стварно ми е мака. Што може да се напијам од чаеви или нешто друго против запек и тврда столица а нема да смета на доењето?
Да пиеш јогурт, јади суви сливи,компот од сливи, овошен јогурт...тоа знам јас. А за чај не верувам дека е дозволено
Јади течна храна. Смени го менито. Леќа, супа.. овесен оброк направи си - во било каков облик. Јас секој ден јадам овесни снегулки потопени во бадемово млеко со малку суво грозје, мелени лешници и малку мед.. помага за цревата а овесот е убав и за млекото.