Само упорност ставај често на града ако сакаш да цица, а ако не не се форсирај ни себе ни мали. Ама нормално е сега со малку цицање да се засити и често пошто е многу мало.
Фала ти многу. Јас немам никакво искуство со доење а тука многу не објаснуваат и некои помагаат, некои сестри не се замараат ич
И јас немав искуство, со едно сум ама упорна бев дека ќе го дојам и нон стоп му нудев цоцка и ете 3г и 5 м се доевме и успешно се одбивме без драми. Баш пред некој ден у аптека аптекарката убедува една мајка за ад млеко да си земе да не се замара со доење кога исто било и тоа и тоа млеко. Па ми се споиа жичките лом ги направив и двете а мајката нели тазе мајка па ми вели ама јас немам млеко. е ќе нема кога слуша аптекарката за Ад а нр му нуди млеко на малото. Биди упорна само ќе ти надојде млеко самото си стимулира доаѓање на млеко колку му е потребно на него.
Со првото бев иста таква, нити ми покажаа нити успеав јас. Сега сум решена да пробам, да се обидувам, посебно пашо ми кажаа дека имам млеко. Малку мине проблем што не сака цело време, почнува да се нервира, да плаче, ќе фати и ќе пушти. Ама морам да пробам. А за убедување за АД најлесно е, ако нема тогаш е ок, ќе се прифати и ќе се тера со ад. Ама, арно си и рекла - посебно па жена што може поминала низ тоа и сега убедува за ад
Покушај биди упорна нека цица колку и кога сака. Не се откажувај одма . И така е ако стварно се нема млеко неможеш да го мачиш ќе дадеш АД. Ама верувам дека ќе успееш.
Моето синче е малку пред време родено, и немаше баш сила да исцица a имаше и жолтица беше поспано и млитаво; додека бевме во болница - тоа што си напишала како себе да се читам. Упорно го ставав на града, макар и по минута две, гушкање и кожа на кожа, а во меѓувреме редовно одмолзување на два три часа. Се плашев многу од шишето, да не ме одбие мене сосем после, ама морав да го хранам убаво заради жолтицата. На почеток измолзував по 30мл и му ги давав со Томи Типи шише, без да престанам со редовно ставање на града. И се научивме и јас и тој полека, еве сега е скоро 3 недели, и веќе пола од оброците во текот на денот му се само цицање, другите или комбинирано или само шише. Одмолзувам по 200мл отприлика и му ги давам по потреба. Од шишето сум многу задоволна, барем на моево бебе не му прави разлика да не сака да цица. Опушти се и биди упорна, верувам ќе успееш убаво да си доиш.
Мами супер штом викаат имаш млеко,а тоа што не му даваат АД е уште еден показател дека твоето млеко му е доволно. Првите десетина дена ќе поминат во учење и за тебе и за него,зборам од искуство. И моево мрдаше лево десно со устата,и јас не знаев дека не треба само брадавката туку и дел од аеролата, ама бевме упорни двајцата и се научивме. Не бев сигурна дали имам и колку имам млеко,дали му е доволно на бебето ,па првите 5-6 дена откако ми надојде млеко се измолзував. Вадев од 30 до 50 мл млеко (колострум), па тука имаш паники од баби леле една капка млеко со ова ли ке се најаде,ама кога дојде патронажна испадна дека му било доволно,на почетокот желудникот му е колку семка од цреша Биди упорна,нуди,имај трпение на почеток и кај нас траеше по 30-40мин,постепено се намалува сега за некој ден 2 месеци за 10-15мин се најадува. Побркај врски побрзо да ти дојде патронажна да ти покаже за доењето мене многу ми помогна.
@rainbowmama @Sofi.ja фала ви на советите. Јас овојпат не се откажувам. Многу ме радува што фаќа и влече(ќерка ми кога ќе ја доближев до града зајдуваше од плачење). Работата е што не можам да го разбудам. Прашав 3 сестри како да го будам, ми покажаа тој се буди, јас пробувам спие мака нема. Едната сестра денес ми рече ќе му даваме ад, ама ти бар 1саат пред да дојдам ставај го на града. Денес е цел ден на ад ама и го ставам да цица. Фала им на неколку сестри, иако една реченица, мене ми помагаат со тоа. Е сега претходно ми беа меки градите и сестрата рече тоа е добро, а еве од пред 1 саат осеќам ко да се стврднуваат. Пумпа за одмолзување немам, ама не знам ни дали даваат. А и го гледам се витка со ноџињата, прди и плаче. Дали се грчеви, ама и тогаш се лути и не сака да фати. Јас секако не се оркажувам, па ќе видиме како ќе биде
@flower30 Исто беше и моето прво дете, кога требаше да се учиме да цица он заспиваше по 2мин цицање. Среќа што многу ми помогнаа сестрите и ми даваа пумпа за да стимулирам лактација. Бебето цицаше и после се одмолзував. Млекцето му го давав со шприц, има финта и тоа, ставаш малото прсте во устата на бебето (миени раце и сечени нокти секако) и на аголот на устата го ставаш шприцот. Секојпат кога ќе повлече бебето неколку пати му пушташ по малку млеко. Мене така ме учеа, демек симулираш цицање од града и бебето не се буни после кога ќе му дадеш да цица од тебе. Така започнав јас да дојам и со многу упорност доев 15 месеци. Сега имам бебче од 1 месец, на почеток немав проблеми ама сега ради грчевите прди и плаче па цица малку па пушти па пак плаче... напорно ама не се откажувам. Само упорност, не е лесно, и дури откога се воспостави лактацијата пак има моменти кога е стварно напорно ама вреди секој труд.
Фала ти. Ја прашав и јас сестрата, ми рече може да се измолзувам. Он и грчеви има. Плаче многу, се витка со ноџињата. Сега во 9ч не му дадоа да јаде, пак рекоа имам млеко, он пред да дојдат беше на града. Ама сега заспа, жал ми е да го будам, едвај заспа. Читав дека ако додека доиш те боли, значи нешто правиш погрешно - мене прееска кога цицаше ме болеше многу. А не успевам никако да му ја ставам цела града(пупката и ареолата) во уста. А млеко имам, дури почна да тече само.
Здраво мајка, честитки и со лес доењето Пробај да се измолзиш малку пред доење или кога ќе ти се полни, тврди, макар и рачно, и потоа дај му на бебуш, ќе ја фатиш ареолата како во V со показалецот и средниот прст, мене така ми успева да ја спласнам да речам, и чекај бебе да отвори уста широко како за плачење па дај и да цица. Поздравче
Може да боли и ако имаш вовлечени брадавки. Многу помага пурелан од Медела кремата,безбедна е и за бебе. @flower30 Едит: за да не спие ми викаа да го штипкам по рачиња,ноџиња како да го масирам, бабите дадоа совет за нежно кубење над увце, педијатарот му ги фаќаше дланите високо горе и му ги отпушташе,па кога ќе му паднеа се будеше...знам дека ти е жал се ова да го правиш,и мене ми беше. Пробај ноќе да не го будиш со цел да си фатите некој ред за спиење
Ај да те утешам малку. Ние една недела бевме во болница, синко фати 4ти ден. Не сакаше да цица а не сакаше ни ад да пие, го плукаше. Цело време спиеше, сите бебиња се будеа ноќе по неколку пати за цицање тој не, си спиеше. Јас го ставав на града тој не сакаше, една сестра со сила му ја буташе градата во уста тој не сакаше да фати и крај. Е 4 ден се разбудивме, го земав и велам ај пак ќе пробам го ставив на града и за чудо фати и си цицаше. После пак не можев да го тргнам од града и сега е 12 месеци и уште цица. Ама тогаш многу се нервирав, немаше кој да ми објасни, немаше никој од моите покрај мене дека не дозволуваат посета, сестрите баш и не се замараат абе ужас. Само не се нервирај, полека ќе се среди. Сега е мало и нема многу сила за цицање, и малку му треба за да се засити со тек на време и тоа ќе се среди.
@flower30 кај и да е ќе стане портокалов од жолтица и уште толку нема да можеш да го будиш. Само упорно. Кои нервози ми беа навечер, тој спие, не може да стане, јас жива ненаспана умирам за спиење, и сѐ што сакам е да си легнам да се наспијам, а наместо тоа се мачев и по пола саат да го разбудам. Моја препорака - да не даваат АД ако имаш млеко, да си почне да крева уште во болница за да си одиш дома смирена и со самодоверба дека е сѐ во ред. Доење на максимум растојание од 2.5 саати. Ќе го будиш или давај му во спиење ако фати града, не мора да е буден за да цица. Прави компресии за полесно да се убеди да цица. Внимавај на положбата - не треба да боли. Ако ти се веќе разранети брадавиците тогаш при добар фат ќе боли неколку секунди додека ја извлече, после не. Не молзи и не давај шишиња, сѐ додека не се утврди потреба од тоа. На тврди гради - одма бебе да цица. Само со упорност и интензивно темпо од 2 до 2.5 ч ќе успееш. Почетокот е тежок после многу е лесно и едноставно. --- Бебо 150 гр за една недела. Јееј. Највеќе досега. Знам дека во споредба со другите не е многу ама за него е досега супер. Последните 4 недели вкупно 500. Задоволна сум. Одиме понатаму, се надевам со вакво (и подобро) темпо.
@Sofi.ja друшке и ти ли будна за ноќен подој? ) Онака ми падна смешно лајк во ниедно време... ) А последно само навечер кога се вампирам стигам да пишувам. Одам да се преместам во спална, се надевам кога ќе го легнам во креветче нема да ги отвори очите филџани. Оти така ќе морам да го земам со нас во кревет а тогаш спијам ко мумија здрвена од страв да не го смачкам. И после тоа, сѐ ме боли и налет спиењето.
Јас џабе се фалев и се мислев дека сум силна кога синоќа ептен паднав и во 3ч сабајле ги замолив да го земаат, а и во 12 ноќта му дадоа ад. Не бев спиена многу време. Кај мене најжално е што имам млеко, почна да тече веќе, он кога сака знае да повлече, ама или многу плаче и се витка од грчеви (ко цела вечер и ноќта) или заспива и јас стварно не можам да го разбудам. Од што плачеше од болки во мешето ме буткаше со раце и нејќеше ни да ја допре градата. Јас затоа мислев да можам да се молзам. А ја прашав сестрата за болка кога цица, она вика нормално е. Еве и синоќа го стави сестрата на града, ама на неа и се слободни двете раце, му бутна града, он заспива она го фаќаше по лице - малиот цицаше. Викам ок, ајде ќе го дојам. Луѓе, за 5 мин заспа - исто го фаќав по лице, се исто и нејќеше да се разбуди ни па да влече спиејќи. А жолтица ми рекоа дека немал. Еве и сега, го донесоа пред 7ч ама во 6ч му дале да јаде и спие сега. Сега ќе им речам во 9ч да не му даваат па да пробам.
@flower30 нека ти е живо и здраво бебчето Сите го имавме тој проблем на почетокот со спиењево , и моево не се будеше што ја тегнев по косичка , ја штипкав по лицето па морав да ја соблечам по пелена па да се разбуди да цица. Во клиниката кај што се породив запнаа да и дадат ад млеко , демек уште не и бил развиен рефлексот за цицање ама не , не ги оставив. Кога ја донесовме дома стана портокалова, и така беше сигурно 2ипол недели потоа постепено се повлече жолтицата. Само често ставање на гради , на два часа , ќе се навикнете без грижи
Откако го донесоа цело време спиеше и една паметна сестра таква грижа на совест ми стави, во смисол не се трудам и ми се стврднуваат градите и ете голем проблем со доењето. Околу 1,5 саат го будев (или јас сум глупава или не знам што) не сакаше да стане. Се јави мм, се расплакав на телефон и викам ќе одам до сестрата да ја барам да ми каже начин како да го разбудам. Ама веќе од се на куп, одам во собата кај бебињата и зборам и плачам и во исто време и им се извинувам оти плачам(хаос). И сестрата ме праша што е, и не ни знаев дека тоа е докторка- педијатар и ми вика докторката влези, објасни ми што е. И кажав и вика оди во соба ќе дојдеме. Аха си викам, ко претходните денови. Но, дојдоа за 10 мин. Го провери, го прегледа и што му направи, стварно не знам колку силно ги фаќат да се разбудат и ете го малото стана, почна да плачеМи ги виде градите рече супер е се, ми рече да се смирам (оти нервозна мајка - нервозно дете). Ми покажа како да го дојам. Прво ми рече ќе стиснеш малку, да осети бебето што му нудиш. После со 4те прста одоздола да ја фатам градата, а со палецот горе и да правам движења одозгора па надолу да стимулирам да дојде млекото. Целата пупка и ареолата треба да се во уста. И само поупорно, ама без стрес. Ќе почне да се навикнува денес - утре. Ќе останеме и денес, за утре не се знае, ќе видиме. Значи, многу ме смири. Малото пак саат и нешто го држев на града, спиејќи поцица ептен малку и после дојде сестрата рече да пробаме да видиме дали ќе пие и прифатив, бидејќи од 6ч сабајле немаше јадено и рече не бил гладен, значи колку толку цицал. Многу ми беше криво прееска од таквиот однос на сестрата која инаку е пред пензија, бидејќи испадна не ми е гајле. А ужасно многу сакам да дојам бидејќи имам млеко и стварно се трудам цело време.
Дојде сестрата ми стсви силиконска брадавица, го разбуди и спиејќи цицаше пола саат. Сега нејќе да се разбуди. Доволно е тоа сега?