Да прашам поискусни. Последните две недели бебе кога ја фаќа градата да цица тоа е ужас, боли пече повеќе него она на почетокот на доење. Не се оштетени, нити црвени или испукани. Само боли десетина секунди. А не е груба, напротив нежна е многу
Може да не е убаво наместена за цицање. Менувај положби. А, можеби тие секунди и вибрации што ги осеќаш е моментот кога се ослободува протокот на млеко. И мене на почеток ме пецкаше, баш кога се пушташе млекото.
Некои 2 недели лактацијата ми беше изрегулирана, бар така си мислев оти немав тврди и болни гради, кога еве 2 дена пак почнаа да ми се стврднуваат и да шприца млеко на сите страни. Дали оти бебе со скоков пак почна да цица неколку пати ноќе, а претходно беше на еднаш или ниеднаш? Ирис е 4 месеци веќе, кога да очекувам лактацијата да се изрегулира и да си остане... изрегулирана? Или ова ќе ми се случува цело време дур дојам? 2 пати веќе кревав температура ради градиве и се надевав дека нема да се деси пак..
Ми треба совет, беба си ја фаворизира десната цицка, од левата потешко и доаѓа и спаднав да измолзувам едвај 30мл дневно од левата. Целосно само на десната сме.. точно 7 недели е. Не знам до кога ќе може вака, страв ми е дека нема да може скоро да и стига само десната.
Ќе пробуваш секако да ја подметниш. Легните како за доење на омилената страна и заврти се ти дај и ја другата. И мојата има уште омилена, 11м е и имам разлика меѓу двете ама вака форсирам да не го изгубам скроз на таа града.
Ако не се убедите за левата измолзувај од неа и давај и го со шише после подој. Јас така правев на почетокот по препорака од педијатар зошто батково беше мрзлив малку цицаше.
Заради скокот е така. Зголемила побарувачка, па се зголемило производство. И после 3 месеци знаат да течат гради и да е како на почетокот, ама трае кратко...
https://panacea.mk/dots-d-r-stavrik...mu3M1MSBG792eLSh5n7vIYdDM2J3qUFB0zgPCB5Bsl808 Рано ми е за доење уште ама со првото се мачев и не успеав да го дојам. Се молзев некое време и млекото само ми прекина, сега со другово сакам да го дојам и баш читав една статија за доењето и се пронајдов. Имам рамни брадавици заради тоа и бебето не можеше убаво да фати, а со силиконски ич. Е сега читам тука за некојси школки кој се ставале на градата за да се истакнат брадавиците знае ли или има ли некоја од вас користено такви, или имала како мојов проблем и како сте го решиле?
Јас имав рамни брадавици, па ако може да се каже и вовлечени. Многу се намачив додека да ги извлече синко брадавиците. Не сакав никакви додатоци додека доев, за полесно да излезат, и за да се навикне бебе на гола брадавица. Ги фаќав брадавиците од под кожа, ги подбутнував со прст и право во уста на бебе. Беше мачно и болно, но се исплатеше. Не те советувам да го правиш ова, ова е само мој случај.
Го имав истиот проблем. Прво успеав со силиконски зошто имав рагади и многу ме болеше,па после тоа со самото цицање ги извлече,па баталив и силиконски. Болеше,ама само упорно и ќе успееш. 4 месеци се доиме без проблем.
Здраво на сите. Додека цица бебка да си ја споделам маката со вас... Има точно два месеци, а од денес апликацијата вика почнува и скокот . Од почетокот ја дојам со силиконски брадавици, бидејќи моите се скроз вовлечени. Цица по нејзина желба, кога сака. Е од понеделникот наваму, без разлика колку време има поминато од еден до друг подој, кога цица од левата града, завршува за 10 минути и почнува врескање. Од градата ни капка млеко повеќе не истекува. А на десната страна кога цица, си се нацицува без проблем... Можно е до толку да се намали млекото само на една страна? Секој ден гледам отприлика исто време да цица од двете страни. Исто од понеделникот, никако не фаќа сама да повлече да потече млеко. Па стискам јас, колку да има некоја капка во силиконската, и кога ќе го цицне тоа, почнува да цица А почна и да ги тегне и гризе силиконските... Мислев рано е за такви работи
Не се плаши има млеко и ако е само на една града, таа града си произведува онолку колку што бара бебето, кај мене беше така, само на десна сакаше, на левата ептен со маки цицаше, после 6 месеци само 1 во денот дали цицаше на левата, се молзев за да имам млеко, се мачев така до 8 месеци, на 8 скроз се одби од таа града, млеко за неколку дена снемав без никаков проблем со грутки и сл, сега е 1 година дете е и уште цица од десната града, друго млеко не пие. Само опуштено и самодоверба Скок е истото го поминав, значи до збор како што опиша и тоа неколку пати во оваа 1 година, само упорност, нуди цело време цицка, ќе помине ќе си почни пак нормално да цица, само не се лажи да даваш АД, имаш млеко. Ако почни да паѓа на килажа тогаш совет со педијатар.
Од таа причина немам ни купено АД, дури ни за секој случај, за да не зезнам работа. Ама пусти страв да не е недојадена, морам да си прашам А во вторник сме на лекар, па ќе видам до каде стигнала. Иако се гледа по неа дека си кажува килажа и без да ја мера
Мајки, денес едната града ептен ме боли, имам мали тврди топчиња, давам на бебе од таму да цица ама ме боли и брадавицата, ме боли и на цицање... Не е црвено, немам температура. Он цица, ама како да не е доцицан од таму... Што да направам?
Фала на советите мами. Давам почесто да фаќа од "непосакуваната" последниве денови, се измолзувам од таа и веќе е подобро. Барем не ми е 2 пати помала од другата цицка. Колку грама придаваат првите 3 месеци? Само на доење сме