Од 20 до 30 грама дневно до 3 месеци, после помалку Моево првиот месец 750 грама, вториот 1300 грама.
Ние првиот месец 750 грама и 6 цм.Малку ми изгледаше во тежина па се плашев да не не ми е доволно хранливо млекото.
@AnnaPe кај секој е различно тука нема правило , моето бебе првиот месец стави 980 гр , вториот 910 сега утре ќе видиме за овој месец. Важно е да добива на тежина
Пурелан од Медела, многуу ми помогна мене. Исто совет од патронажна,капка млеко да ја размачкаш да се исуши на неа.
Мајки здраво, Да не должам многу, уште сме во болница но на Детска Клиника и од преголем стрес, нејадење и што не пиев течности почна да ми се намалува млекото. Се молзам со електрична пумпа на Медела и вадам по 30мл. при секој подој. Е сега, 2 вечери по ред ноќите се успивам или будно е малото и не стадувам да се измолзам едно 4 - 5 саати и кога пробувам на сабајле околу 7ч вадам по 50-60мл. млеко. Некој совет, оти мене ми е чудно така, нели со стимулација треба да има повеќе млеко?!
Се средува лактацијата, т.е ќе имаш онолку колку што му треба на бебе. Јас никогаш немождв да измолзам повеќе од 20мл, еве 11м без проблем доам.
Фала ти. За доење потешко, нејќе да фати града и прашав сестра овде да му давам и да цица, да пробам де, вика ок, ама така ќе се изгуби ред нешто така ми рече. И сега давам вештачко, во меѓувреме се молзам и за 3 саати пие од молзеното и додаток од вештачкото. Во меѓувреме ако е гладен не знсм, ја шмукаше цуцлата цело време. И викам ако дадам да проба да цица после нема да пие. Знам дека се глупи прашањава, ама ем ми е збунувачки сето ова со доењево ем не ни сфаќам од целиот овој стрес.
Имаш пробано да го доиш со силиконска брадавица? Настојувај да доиш, вака секако ќе ти се намали. Ако сакаш да го задржиш на секој 2ч, молзи по 30мин, со секое скокање наредно ќе се намали давачката. Пии многу сок од јаболко, купи си и чај за доилки, помалку стрес, јас користам и Б витамин. Исхраната да ти биде повеќе овошје и зеленчук и многу течности.
Ама ако не нудиш да цица како ќе се научи бебе и како ќе стимулираш лактација? За да не го пореметиш редот давај му да цица пред времето планирано за јадење,колку ќе извлече толку. Ниедна пумпа не може да извлече колку што може бебето. Мачно е со одмолзувањето,ќе ти дојде преку глава,едвај ќе чекаш да се научи да си цица
Знсм дека е така за цицањето, ама искрено, ќе звучам глупа, но многу ми се собра и веќе не можам ни да размислувам како што треба. А и они што ми кажуваат, тоа правам. Бидејќи спомнуваат дека е многу битно мајчиното млеко за имунитетот, а тоа му треба во моментот и правам работи шаблонски. Силиконска брадавица имам, ама така не го осеќам дека влече многу и не го слушам да голта и страв ми е дека не пие ич. Ама наредниот оброк ќе пробам пак да цица па да видиме. За молзење, толку ми е напорно, 24 саати сама со бебе без помош и надвор од дома - ама пробувам што можам. Фала ви на советите
Не се глупави прашањата и нормално е да си збунета. Особено ако немаш искуство со доење. Не е страшно, брзо се воспоставува рутина, но важна е тука пред се желбата за доење. Точно е дека стресот влијае на истото, но за ова е исто од есенцијално значење и доењето. Ако имаш желба за доење, мора да бидеш упорна. Најголема стимулација за соодветна лактација е бебето. Ставај го на гради колку е тоа можно почесто. Со тек на време и упорност, ќе се навикне, оти бебињата имаат рефлекс за цицање. Ниту една пумпа не може да извлече млеко колку што може бебето. Доењето ќе ти помогне и за стресот, оти ќе почне да се излачува окситоцин, а со тоа ќе се олесни и протокот на млеко. Многу течности, чај за доилки. Можеш и безалкохолно пиво. Само не разбирам, каков ред ќе се поремети ако го доиш? Единствено може да се поремети лактацијата, оти колку повеќе ад, толку помалку мајчино. Те немам читано одамна. Зошто сте на клиника?
Како што разбрав на клиника се, па претпоставувам се пореметува нивниот ред во двање адаптирано млеко Баш една сестра во Чаир ова ми го кажуваше кога ѝ реков дека несакам да ја дохрануваат. Они си запишуваат според терминот за дохрана дека поминале кај сите бебиња и ги нахраниле. На детска клиника верувам е построго, а овие сестри што ги дохрануваат бебињата и немаат стручност да помогнат при доење, они само гледаат да си ја завршат нивната работа. И јас не разбрав зошто толку долго сте во болница @flower30? Биди позитивна, ќе помине тешкиов период и ќе си одите домче. Ти остави на докторите да си ја вршат онаа работа која ти неможеш, а ти опушти се и прави ја само онаа работа што само ТИ можеш да ја направиш, да го доиш. Инсистирај кај сестрите пред да даваат дохрана обавезно да го доиш. Само така ќе задржиш млеко. И не разбрав, зашто ако фаќа без силиконски ти рекле да купиш силиконски?
Фала ти многу. Во смисол ако цицне малку, па нема да испие доволно вештачко млеко, па ќе биде гладен... Нешто така, искрено сите различно кажуваат. Сакам да дојам, и на почеток се трудев многу. Но, после сите овие денови, милијарда боцкања на малото, различни искази од докторите, 20 дена во болница - мојот организам попушти. Искрено и преморена сум, премногу нервозна, исплашена. Се надевам ќе успеам да се вратам во нормала и да бидам истрајна во доењето. @Kitten не фаќаше без силиконски, затоа морав така
Ќе помине периодов, немој да се нервираш. Секое бебе е различна приказна ама еве ќе го споделам моето искуство може ќе ти помогнам. И моево не фаќаше кога се роди бидејќи почнале да и даваат ад првиот ден во болница и првите два дена во болница ми беа ужас. Ја ставав на града ама џабе, само вриштеше. Мене ми дојде млеко, гради болат ама бебе никако да фати. И многу сум и благодарна на една од сестрите, многу ми помогна, ми ја намести малата на града и со шишето ми шприцаше ад врз градата, па бебе мислејќи дека е шише кога се развлече Според нејзино објаснување бебето го бира полесниот начин и ако се научи дека има полесен никогаш нема да го прифати потешкиот. А тешко е да се извлече брадавица првпат посебно бидејќи тече малку млеко на почеток. Мојата еве ја 7 месеци уште цица, никако ад немам дадено. Другарка почна со силиконски и никако на голо не фаќа малото сега
Мајки здраво Ме интересира по колку време ви трае еден подој , Кај мене некогаш 7 8 мин , некогаш 15 (а си цица на 2 саата) Веќе сме 2 месеца и си качува нормално килажа
Моето никогаш не било на подој повеќе од 10 минути. Како расте, така намалува минутажа, а качува тежина соодветно. Стигна на 3 минути, максимум 5. Утре полни 4 месеци. Кога ми замина целото ова време еј.
И мене како ми летаат деновите , не ги сетив овие 2 месеца (а не како во 9ти месец трудна мислев цела вечност помина
Мојот на 2 месеца цица 10мин денски, ама последниот подој пред спиење трае вечност.. Дека е поспан цица полека, ама не пушта, па така си цица 45 мин