Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Има некоја од вас користено перница за доење? Дали е полесно со неа, која поза на доење ви е полесна рано ми е уште ама решена сум да дознаам полека искуства читам гледам и на youtube клипови. Со првото се молзев околу 2 месеци можеби и дали два пати фати да цица после тоа не сакаше па си беше на ад.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.813
    Да. Мене ми е многу од корист перницата, ја имам таа од Стружанка што чини 600 ден. Моето бебе е големо, сега на 2 месеца е 7 кила и со перницата е супер што не мора да го држам цел туку го потпирам на перница, а му го држам само главчето.
    Инаку од блиски пријателки, перницата покасно ја користат како пречник да не падне бебе од кревет.
     
    На lackygirl и VDT2906 им се допаѓа ова.
  3. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Можно ли е со тек на месеците да се намалува количината на млекото?
    Малобо е 7+ а овие два дена ми е како ненајадено. Цица на еден саат. Кашички јок, еднаш сака еднаш несака.
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека се намалува млекото. Повеќе ми се чини дека е гладно бидејќи е повеќе на млеко. На 7 месеци веќе бара дохрана.
     
  5. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Добива она дохрана но колку јаде бебе кое пред еден месец почнало со вкусови. Еден оброк, друго и е цицање.
     
  6. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Советувај се со педијатар да дадиш и втор оброк. Мојата млеко пие само за жед воопшто не ја држи сита веќе долго време.
     
    На Mantub и srekice им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми јадеше два а некогаш и три оброци меѓу цицање. Со еден оброк немаше шанси да е најадена
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски

    Даа јас користам перница за доење и ми е мн полесно . Јас во оваа поза го доам
    Football-hold-1024x682.jpg
     
    На Kaetana и VDT2906 им се допаѓа ова.
  9. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Девојки, да ве прашам:
    имала ли некоја искуство да давала вештачко млеко дохрана како дополнување на доењето поради лошо накачување на килажа, и после одреден период да престанала со дохраната скроз?
    од раѓање веќе еден месец цица моето со дохрана, и се плашам дека засекогаш ќе заглавиме со тоа млеко вештачко.. башка и мојата лактација страда ради таа дохрана :(
     
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Зошто страда твојата лактација?
     
  11. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Па по логика на нештата, бебето ако цица пола потребна количина и пола прима надворешно, моето тело секогаш ќе надокнадува само пола од шо му треба.. плус приметив дека одмолзувањето ми е скроз опаднато количествено.
    Прашањето ми е повеќе, дали има надеж дека ќе можам да дојам ексклузивно soon или веќе тешко.
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    Па затоа те прашав, ако бебето цица пола, одмолзувај се и замрзнувај млеко. Од старт ако се одмолзуваш.
    Не знам дали можете ексклузивно со цицање, можеби може, но ако не може не се осеќај лошо, има одлични формули.
     
  13. monpan

    monpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2017
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Епа не се одмолзував од старт, не бев доволно едуцирана и консултирана на темата за жал :( А деновиве после цицање е уште гладен, а јас едвај вадам 20мл отпосле.. затоа се обратив за искуство :)
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.156
    Пол:
    Женски
    За тоа се криви во болница и патронажните сестри за жал.
    Да не сум оф топик, не сум имала такво искуство, оставам на другите да кажат.
     
  15. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    12.938
    Пол:
    Женски
    После првите 3 недели на бебе не му стигаше млекото и давав 1 АД на ден. Почнав да се измолзував и намалував АД 1 на 2 дена па поретко.
    Веќе сме 4 полни месеци и од третиот месец сме на ексклузивно.
    Сеуште навечер и ноќе се молзам по 2 пати бидејќи бебе станува само 1 за цицање и тоа млеко и го давам преку ден.
    Упорно и само смирено ќе успееш
     
    На Kaetana, koritsaki, rainbowmama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Jас. И на свojа рака си тргав бевме сo дoхрана 2 пати на ден. Купив пумпа и видoв дека имам млекo па некакo тoа и ме oпушти.
    На следниoт преглед дoбрo беше напредната. И мене ради тoа ми страдаше.
     
    На Kaetana и monpan им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.326
    Допаѓања:
    182.184
    Пол:
    Женски
    Пред секое давање формула ставај го на града. И не мора да е баш пред формула. Ставај го на града почесто да поцица. На тој начин ќе стимулираш производство иако може бебе да цица на празно, најдобра стимулација за млеко е бебето и цицањето.
    Ако бебе почне да напредува добро, почни да намалуваш ад оброк на ден со тоа што почесто ќе го ставаш на града. Пиј многу вода, тоа е најбитно. Имаш исто чаеви кои го потпомагаат процесот, во мој случај пиво помогна многу, ако пиеш пиво. Радлер 0% алк. Мене лактацијата 4 пати ми се регулираше, исто толку пати пак ми надојдува многу млеко зошто потребата на бебето во одреден период се зголемила. 4+ сме сега, еве повторно имам преполни и болни гради. Секогаш постои шанса за ексклузивно доење. Треба само желба, упорност и трпение.
     
    На Kaetana и monpan им се допаѓа ова.
  18. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Со првата ќерка го имамв истиот страв дека не ми е доволно млекото, бидејќи не успевав да одмолзам многу млеко. Потоа разбрав дека не сите можат да одмолзуваат колку што произведуваат. Само цицањето правилно стимулира истиснување на млекото. Јас успеав после 3 месеци да се префрлам ексклузивно на доење. Третиот месец давав само навечер по 30мл. И доктор ме искара и рече да прекинам. Од тогаш доев до година и 3 месеци. Ќе продолжев, ама затруднев со второво. :D

    Само упорност, пиење многу течности и верба.
     
    На Kaetana, rainbowmama, Girl-Rabbit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. minneymouse82

    minneymouse82 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка има користено вакво за собирање млеко од едната града додека доиш од другата? Да купам или не?
    20191226_143816.jpg
     
  20. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Јас имам и многу сум задоволна. Полека полека се прави добра залиха за замрзнување. Се наоѓа и за надвор да си ги олесниш малку градите ако бебе не е со тебе.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.