Нема правило. Кај нас сум слушнала до 6 месец да дуплира, и имав слушнато до 9 или година да ја триплира. Ова нема врска. Значи бебе родено 2200 на 9 или година треба да има 6600 и бебе родено 4300 ќе е скоро 13 кила? Ќерката се роди 3780 и не дуплираше родилна на 6 месеци. На година имаше 9100. Се пратат кривите на развој на СЗО, иако и тие не се мерило. Прво прави како што правиш и измери го бебето. Ако нема напредок доволно, одмолзувај после секој подој. Ама прво измери и види.
Мајки две прашања, по малку глупави... 1.Дали смеам да ставам капки за уво додека дојам? 2.Бебе (5 месеци) денес цел ден се пика буквално нурка во града додека цица, не знам како да објаснам, со глава небаре ќе ми влезе под кожа... Што може да биде? Фала ви
1. Ви требало да може. Види за кои капки се работи и прочитај од упатството. Ако знаеш, пиши да проверам на сајт за компатибилност на лекови со доење. 2. Мислам дека ништо не е. Дали има други промени кај бебето и колку често го прави тоа. Може е нешто моментално.
Не купив, ме исплаши апотекарката, ќе ставам нешто топло па се надевам ќе помине ) Инаку толку, не прави повеќе така, можи имаше послаб let down, и се нервираше. Тенкју
http://www.e-lactancia.org Еве веб страна за компатибилност на лекови, витамини и тревки/чаеви додека се дои.
Мајки неможев да вртам нагоре да прочитам дали конзумирате млеко додека се дои ? Некаде читам дека може на др сајт да не се конзумира
Пробај, види. Различно е кај сите. Ќе видиш шти му смета. На моето му правеше грчеви и не пиев првите месеци.
Мајки да ве прашам,што е разликата помеѓу овој чај на Хип во филтер ќесички и тој во кутија што е? Освен што на овој пишува Organic,на другиот Herbal? Значи ли тоа дека е различен состав? И освен што се разликуваат по цената,овој што го земав има 20 филтер ќесички и е 122 ден,другиот околу 300 И пак Лактамикс го нема во аптека
Хаххаа мене ме прелажуваат сo тoj другиoт, дoбрo штo пиша да знам. Мислам дека не би требалo да има разлика.
Синко роден 4300, ја дуплира на 3 и пол месеци, а на4 и пол беше 9300 само со доење на година 13.5кг. @macence994 до 3 месеци имаше грчеви моето.
Лакта микс да го снема од земјава сакам, ми збоктиса веќе Мајтап. Овој не сум го пробала, ај пиши искуство за некој ден. А од тој хип во гранули инстант што е, немам пробано погрдо нешто. Го пиев за ќерка ми, ич не помогна. Лично за мене најдобар е хумана. Мада, не знам воопшто дали имаат ефекти чаевите или се залажуваме само...
И мене ми здосади Лактамикс,ама викаат дека е најдобар (а и најефтин ) Овој од Хип го пиев после породување, па Хумана, па Бејбилав, на крај го најдов и Лактамикс. Дали е до чаевите не знам ама бебе многу малце грчеви имаше на почетокот,а јас имав млекце и повеќе од потребно. Баш прашував пред некое време до кога се пие чај, па одлучив да пијам додека не почнеме со цврста храна. Иако од време на време заборавам да се напијам два пати во денот чај,некогаш само насабајле. Друго на темава. Денес бебо направи 3 месеци. Веќе 2 недели некаде, почнува да цица,5мин мирен,после почнува да ја фаќа брадавката да ја тегне, прета со раце,нозе,се витка како во полукруг со телото,мешето горе,па ќе му текне па ќе цица,па ќе си игра како да сум цуцла лажливка. И кога гледам нема ефект се тргам. Некогаш му ја нудам другата ќе повлече неколку пати и пак истото. Приметувам дека не ги празни скроз градиве, за мене не е проблем, ама ме плаши да не не се најадува. До сега добро напредуваше, роден 3780, сега на 3м има 6600. И што да очекувам од скокот во развој за 3ти месец на тема доење
Што да ти кажам лаки, ретко е тоа што си го пишала. Не дека не е возможно, нели. Ете вие жив пример сте. Значи повеќе од 1.5 кг месечно ставал. Браво, браво! Ама видиш, од 4 до 12 месеци се "изедначил". Супер бебе! Кога е само на доење нема гајле оти нема гојазно бебе кое е само на мајчино млеко. Ќерка ми сега има 17 кг а штотуку наполни 5 години. @Sofi.ja скокот во 3 е најкритичен за доење ама не значи дека така изразено ќе се манифестира. Инаку варира од висење на града по цел ден, до комплетно бојкотирање на доењето, па после доење само во темница, во полузаспана состојба... Ама ќе видиш како ќе биде. Моево почна нешто да мрчи додека цица. Испушта некој звук како да зборува "гојо гојо гојо" додека цица. И се трга и плаче. Дали нема трпение меѓу 2 надоаѓања... Ама некогаш стискам - млеко тече. Не знам што му е.
@Sofi.ja јас па чај не пиев ич, грчеви имаше првиот месец само. На цицање сме само ни вода ни чај не сака. Се роди 3980 сега на вакцина имаше 6900.На 14ти прави три месеци.
Ти си ми утеха дека буци мој не е дебел и дека не треба да му менувам подој со чај.. Роден е 4300, сега е 11 недели и е 8 кила.. Само цица. Инаку јас добив менструација... И покрај тоа што дојам, ама навечер бебе спие по 7/8 саата и можеби затоа. Туку од поискусните мами, нема никакво влијание менструацијата на млекото? Читав дека вкусот се менува и ради некој хормон млекото станува посолено, ама ја не гледам промени кај бебе, исто лакомо цица на исти интервали..
Супер е машала нека си цица, моето уште станува на 2 сати, некогаш и на 1, ретко на 3 јас добив после 9 месеци