Нема влијание. Вкус не менува туку рефлексот на испуштање може да е задоцнет, а со тоа делот на стимулација е подолг и може бебето да е понетрпеливо додека му надојде млекото. Ама не е правило. И нек ви се живи и здрави бебињата, ич да не му се замарате и никаква замена со чај. Нек си цицкаат и уживаат.
Здраво женички. Јас се жалев дека синко навечер спие, а јас не се одмолзував по 6 7 саати. Денес имам црвенило и болка на едната града и 38.6 температура. Фаќам да се молзам ажурно, нема спиење. Прашањето ми е, колку долго да се измолзувам? Еве бебуш кај и да е треба да стане да цица. Да не ја осушам цела града па да нема што да јаде . Тој си цица преку ден, не знам дали воопшто да се молзам сега. Или па после подој. Утепана сум, само ова ми фалеше сега .
Зарем не осеќаш во спиење мокра маица,да ти тече млеко? Моево на почеток не сакаше да цица ноќе,па кога ќе се разбудеше татко му му даваше од шише измолзено,а јас за тоа време се одмолзував. Ноќе има најголема количина на млеко,ако не ги празниш градите можеш мастит да фатиш. За одмолзување,можеш 5мин ако сакаш за колку да ти олесни,а ако сакаш скроз да ги испразниш 10-15мин се доволни. Јас имам вовлечени брадавици па на почетокот добив совет пред цицање малце со пумпа да се одмолзам колку да ја извлечам. Моево цица од една,па така таа што е на ред за цицање ја молзев 5мин, другата 15. Имам електрична пумпа.
Па не ми тече секогаш. Само ми се камен и болни. По 10 минути сеа се молзам. Од една цица, од таа болната. Другава ја молзам..
И моето не цица навечер по 6-7 часа, но сум немала проблем ни да ми тече ни да ми се болни и вцрвенети. Што значи тоа? Дали може да си направам некаков проблем? Инаку напредуваа добро 5месеци сме и ја дуплираше родилната.
Штом напредува добро не се грижи. И малото мое не цицаше толку време навечер. Млеко не ми течеше. А имав црвени брадавици затоа што малото неколку пати ме гризна.
Па подобро за тебе. Мене некој канал ми се има запушено сега сигурно, ама еве од вчера се молзам и немам качено тт
Топло ставај на градите, или пак седи над тенџере со вода што врие за да се отворат убаво, Оти и покрај тоа што се молзиш пак ти се тврди, не ти се убаво отворени каналите. Кога ќе се отворат и бебе ќе влече полесно. Со среќа и живи и здраво да е бебчето.
После 5 месеци доење мене почнаа пак да ме болат брадавиците. Значи ужасно ме болат баш како на почеток. Почнав да мачкам ланолин. Фобија имав од ова на почеток, толку болка, мачење да се доиме, и сега пак. Вовлечени ми беа, па со силиконски се доевме после баталив и силиконски, супер ни беше,рагади чуда, се поминавме. Не знам зошто вака. Бебе влече силно, некогаш ги тегне баш како мастика да се, буквално Некаде јас грешам или?
Ме боли грло, го сеќавам разрането е, поткашлувам и имам како шлајм на него сеќавам не можам да го искашлам. На ова предходеше затнат нос и настинка. Смеам нешто да пијам бидејќи дојам?
И јас два пати поминав исто. Вториот пат и мастит фатив. Топли облоги, па доење најбрзо бебето ќе ти опушти канали и упорност. Мене до сега капка млеко не ми има капнато од градите и меки ми се, а за некој ден полни 5 месеци и на екслузивно доење сме. Бидејќи ноќе не станува за доење само еднаш, се измолзувам од страв бидејќи ми се стврднуваат градите. @Мариаа. Исто и мене овие дена. Ми беше срам да прашам после 5месеци доење. Мене не ме болат до толку како на почетокот но вцрвенети ми се и осетливо болни. Се си мислев дека е од што бебе овие дена на зимување бара повеќе да цица. Не знам поискусните нека кажат
и јас дојдов да прашам за истово. И за чудо само брадавицата од едната града ме боли. И освен ланолин друго не знам што да употребувам. јас попладнево односно приквечерината осетив дека ќе ме фаќа настинка носот убаво ми се растече грлото почна да ме гребе по малку а и главата ми "отекува" од тапа болка. Во аптека прашав што можам да пијам за настинка со оглед на тоа дека дојам и ми дадоа шумливи таблети eferalgan. Содржат само працетамол и витамини ц. Имало нешто што кај нив го нема а во другите лекови за настинка го има а не сме смееле да го пиеме.
Здраво мајќи. Ние таман се пофаливме дека имаме млеко и се доиме, вчера од сабајле имав, цицаше, си дојдовме дома и како да ми секна, неколку капки ќе капнат, и толку, малово влече, ама нема ништо. Моравме да купиме вештачко за жал. Него едната града ми е поголема од другата и тоа е доста приметно. Дајте ми совет што да правам за да си ја вратам колку толку во нормала. Се туширав, се масирав ама ништо..
Старлич, нормално е да нема доволно млеко првите денови, па и до неколку недели некогаш. Ние 2 недели на почеток додека да пркне бебе дававме дохрана ад по 30мл; прво цицање по 10 мин на секоја града и на крај шишето. Кога почна да зема залет повеќе бебе и да ми надоаѓа повеќе млеко, од 3та недела баталивме ад и еве 3.5 месеци само на доење. Нормално е и градите што не ти се исти - кај мене бебе до кај 2 месеци ја фаворизираше левата и десната постојано ми беше пополна, целата со грутки - се утепував од масирање под туш со малтене врела вода, ја пумпав со пумпа цело време. После 2 месец се среди, дали дека почесто и ја пикав таа града за да ја празни, сега исти ми се и од двете цица исто.
Јас дохрана давам 60мл бидејќи од градиве веќе неможе да извече ни 10 капки. Ја ставам да ми повлече колку толку да ми надојде ама плаче се лути дека нема што да влече. Ќе се масирам под туш колку можам, ќе пробувам пак да ја ставам на гради да влече.. Незнам што ќе направиме, се надевам ќе се средиме. Фала ти.
Пробај да се одмозлуваш може каналите да се затнати. И јас коа си дојдов од болница немав млеко се додека не дојде патронажната и рачно се измолував и така се разработија. А инаку 2 дена бебе се мачеше тегнеше само ама ништо дури и од болница што падна на 300гр дома ми имаше паднато уште 100грама . А еве др недела сме 3месеца и веќе супер си напредува а само на доење сме . Пробај одмолзувај пиј чај за доилки боза течности сок од 100% јаболко ,
Мајки помагајте,советувајте малата е месец ипол до сега си цицаше убаво си напредува,но еве неколку дена одбива да цица ќр си цица редовно до 14ч дента после дури може да фати во 22ч се нервирам како толку време гладно не јадено стави го на градс вриска писка се тргне не сака ,тргни ја се смирува. Ме фати жал синоќа со шприц да и давам и така ми го плука.Давајте совет шо да правам дали навистина не е гладна ...
И мojата истo правеше некаде пред две недели баш пишував тука, неjќеше да цица дури на oбид да jа ставам уште пoвеќе се вoзнемируваше....ќе се измoреше oд плачење па ќе пoчнеше да цица. Сега сме вo друга фаза мнoгу малце цица oд лева града пoише jа сака десна.. Знам дека ептен е нервoзнo тoа ама биди упoрна.