Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.794
    Допаѓања:
    202.764
    Пол:
    Женски
    Ама не може да бидеш водена од млеко постојано додека доиш. Се регулира млекото на принципот - се создава толку колку што му треба на бебето. Не треба да претекува. Ако бебе е ок, редовно полни пелени, убаво напредува нема зошто да пиеш стимулација за надоаѓање млеко. Течности само, и обична вода врши работа, се додека бебето цица.
    И јас давав на секој пола саат ако побараше, па никогаш не помислив дека не му е доволно. Убаво си напредуваше.
     
    На Girl-Rabbit, Kaetana, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене тука, иако е само 2 дена сепак " не е умна", заради тоа што паднала 100г. (колку што знам секое новороденче кога ќе излезе од болница е по слабо од првото мерење) можно е да не не пуштат утре дома. Млеко уште немам, упорна сум, ќе дојде.. ама малава воопшто не се труди, имам многу мали пупки и не се добро извлечени, фаќа и остава, па се тресе од плачење, денеска добив пумпа, морам по пола саат да пумпам за да надојде млеко.. пече,боли ама повеќе ми е што кај некои гледам си цицаат одма, а јас трчам шишенце да барам.
    Иначе сами се будат кај вас бебињата за млекце или морате вие да ги разбудите? Мојава ни со будење не станува.. ми рекоја као на вечер и не мора ако сама не осети глад :?:
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Таман си бев ентузијаст за дека ќе сум упорна во доење иако немам млеко како што треба, сега свеќи ме изиритира. Од коментари "штом до сега не ти дојде млеко а 4 та недела си нема ич да ти дојде", до "еве детето ти се мачи со гасови зошто ти голта воздух дур ти е на града а ти немаш млеко" па да заврши со "ти нема шанси вака да доиш до 6 месеци знаеш какво млеко ти треба за тоа???" И мали а се расплаче трча она веднаш да не е гладен, само тпа ме прашува еве гладен е да му направам ад.... ;( значи и онака сум ептен емотивна периодов и плус што немам млеко доволно и вака да ме сруши. Јас ништо не прокоментирав, само ја ислушав се напив чај на Хумана и се повлеков во соба.
    А таман сабајле се одмолзав после цела ноќ не цицање и наполнив 135 мл шише. Ама еве цел ден сум сува. Попладнево едвај 40мл измолзав, ама добро и синко ми беше на гради скоро секој час.
    Како и да е дајте ми некој позитивен збор дека ќе ми надојде млеко како што треба иако се мачам еве 4 та недела откако се породов. :hug:
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Мајки здраво :)
    Дали некој има искуство со силиконскиве брадавици на Avent? Прашувам баш за бројчето small size? Беа на попуст и го имаше само ова бројче, незнам дали да ги купам или да разгледам на друго место. Screenshot_20200116-204448_Chrome.jpg
     
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Позитивно ќе размислуваш само ако ти се откаче жеништето од вратот. Дај не се повлекувај, кажи и дека тоа не е нејзина работа, дека ТИ одлучуваш за твое дете и разговарај со сопругот. Најмалку сега ти требаат вакви коментари.
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Mia Fuentes и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    7.442
    Пол:
    Женски
    Колку време се молзеше за 135 мл шише? А од кај знаеш дека немаш доволно млеко? Проба само со доење и не напредуваше? Педијатар ти кажа да дохрануваш? Иначе за свекрвата, мојава е врвот. Ми се запнала хемија е хемија. Да не цицал да сум си го сопрела млекото со инекции. Сум се мачела само со цицките надвор. Вештачкото млеко било совршено за бебето, абе лудило мозга. И исто, а плаче гладен е гладен е. Уффф ова свекрвиштава одвратни. А бебуш супер си напредна до сега, нема да и се оствари желбата она да го храни да му изиграва мајка :@. Избегав офф топик, ама можеби и имаш млеко штом си извадила толку. Како знаеш дека немаш? Батали ја неа, оди си во соба и терај си работа :).
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Mia Fuentes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Штом си измолзела толку многу имаш млеко. Не ја слушај свеки. Повлечи се во соба, малиот на града кога сака и ќе ти надојде млеко. Пушти си музика или серија и биди опуштена.
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.326
    Допаѓања:
    182.188
    Пол:
    Женски
    @Vanessa9li јас бев решена дека ќе дојам и во ниеден момент не се посомневав дека немам млеко. 5 месеци јас уште користам влошки за гради оти ми цури млеко нон стоп се ми се водени алиштата и со нив ако мрднат.
    Бебето може да плаче од многу причини, не секогаш значи дека е гладно. Пробај пиј пиво. Имаш безалкохолно. Мене тоа ми ги преполнуваше градиве.
    Јас мислам дека имаш млеко. И меки гради не значи дека немаш.
    Ако бебе додека е на доење напредува и полни пелени редовно значи имаш млеко.
    Пола и повеќе од пола од девојките овде што се сомневате дека немате млеко и давате ад, најчесто имате.
    Батали ја свекрва ти кажи и да си гледа нејзината работа и да не ти се меша.
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Леле какви глупости(facepalm)
    Мајка имаш млеко штом 135мл си извадила во една сесија. Ако редовно си полни пелени ич ме слушај никој, или барем издржи до следно мерење. Коцкаво меше има бебе од 4 недели, па да јаде толку многу.
    Е од вакви свекрви неможам! Немој да си ја слушнала, не си за стрес сега, само опуштено, бебе на града колку и да бара, некогаш цел ден ќе си висиш така, па што сака нека мисли свеки, сигурно не го сака повеќе од тебе, па таа те советува.
    Ти само чајчето и бебето гушкај си го, еве од сите тука имаш поддршка:hug:
    И пумпање редовно:D
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мајки дали вашите малечки кога ги доите плачат на града.. мојава е 1 ипол месец навечер кога цица за да заспие почне да цица и престане почне да плаче се тегле а гладна е ..не правеше вака порано ☹️☹️
     
    На Andonia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.361
    Допаѓања:
    18.565
    Нормално е да ослабе во првата недела, моево ослабе 160 грама, па стагнираше една недела додека ми надојде млеко па после почна да качува.
    Млеко ми дојде на трет ден (спонтано породена). И јас со вовлечени брадавици, пробав со силиконски бебе како да ги лижеше,па ги баталив. Го ставав нон стоп на града,надојде млеко почна да влече, болеше ама си ги извлече.
    Многу ми помогна и пумпа за одмолзување и за брадавките и за лактација.
    Биди упорна ќе научите и двајцата.
    Точно не треба да се буди додека самото не се разбуди, освен ако понатака не напредува. Сепак околу тежината консултирај се со педијатар.
    Јас имам бебе 3 месеци и во последниов месец почнав да вадам над 120мл млеко. Моето бебе на 3м тежи како за 6м, 7 кила. Ако му било малце немало да напредува.
    Ти имаш дупло од тоа што треба да испие бебе од 4 недели.
    Највеќе со пумпа можеш да извлечеш ноќе,откако ќе поспиеш малце и сабајле штом ќе станеш.
    Но никоја пумпа не може да извлече колку што ќе извлече бебе. Тоа си зема колку што му е потребно.
    Не секогаш плачот значи гладен сум. Може да биде, какан сум, ми пропушти пелената-мокср сум,ми се спие, ме боли мешето, сакам да ждригнам и некогаш едноставно,сакам прегратка :)
    Прочитај и го мислењево на свеки :)
     
    На *Dariceto*, Girl-Rabbit, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата е така одбива да цица и плаче се тегне ,ја однесив на педијатар се совршено со неа ја пробав таму да цица како ништо да не си фати да цица утврдија дека било до мене јас сум била нервозна и она осеќала
     
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Може да минуваат низ скок во развој.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Дајте жени баталете свекрви и гледајте си ги бебињата! Може?
    Кај дозволувате да ви трчкаат со адаптираното во раце ничим изазвани...

    Ако сакаат да помогнат - нека ви зачистат, нека ви зготват, нека го подржат бебето додека сте во вц да се "почастите" со еден туш.. ама да ви висат над цицка.. никако!

    Бебе плаче навечер - мајката ќе си го земе. Значи не можам да замислам да му се пила свекрва во спална па уште и да ми попува зошто плачело.

    @Vanessa9li 135 мл!! Ај прочитај уште еднаш што пиша! Знаеш колку пие бебето дневно? До кај 600 некаде. Отприлика.
    Од каде дека немаш млеко?

    И сите вие што ве читам што сте во групата "имам чувство дека немам денес баш млеко".. или слични вакви изјави!
    Вашето субјективно чувство може и да ве лаже! Не велам дека не треба да се грижите за бебето или да не се секирате за доењето, но само "вашата опсервација" не е доволен доказ дали имате млеко! Гледајте пелени и гледајте напредок! Главни и златни правила за тоа дали имате "доволно" млеко!!!

    И секако - многу гушкајте се со бебето, и давајте да цица кога и да посака. Тргнете силиконски.
    Видете вагата што кажува и ослободете се. Доста веќе сугестии од околината! Не влијаат добро!
     
    На warrior, macence994, Girl-Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  15. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Здраво мајки! Имам девојче, 8 месеци што не јаде домашна храна(кашички и сл.). Доена ми е ексклузивно, и само на цицка, не прифаќа шишиња. Сега дојдовме од америка за прв пат со неа и нема кој не ми кажа колку малечка била, сум требала да ја хранам дополнително. ( Педијатрот во Америка ни има кажано да чекаме до година да видиме дали ке почне или да превземаме други мерки). Додека сме тука таа почна да ја преферира левата града и колку и да пробувам на десна само по 2-3 минути на таа и си ја бара другата. Што би можела да направам за повеќе млеко? Да ги изедначам градите? Имам некој впечаток или само на психа ме тепа од толку негативни коментари дека ми снемува млеко. Малата ми има 8 месеци и сама стои без помош и се пушта да оди околу мебел. Ептен ми е активна, не ми се чинеше дека е толку слаба додека не дојдов назад у МК (facepalm)
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.232
    Допаѓања:
    34.876
    Пол:
    Женски
    @Vanessa9li остави коментари на страна. И не одмолзувај млеко зад а видиш дали имаш млеко. Дајму на бебето да цица. Само ќе си извлече колку му треба. Единствен показател дали имаш или не млеко нека ти биде мерење на бебе и дали полни пелени. Ако се убаво мочани пелените кога ги менуваш и бебето убаво си кака тогаш не е гладно. Исто така ако напредува во тежина на мерење кај педијатар толку. Имаш млеко.
    Плус ти ќе си решиш ако додаваш АД кога и колку ќе даваш. Јас цело време комбинирав ад и доење зашто само на доење не качуваше килажа. Ама давав толку колку што јас во договор со педијатар ќе одлучев да давам. Не со баби. Пробај ден/два да бидете само на доење па види дали бебето е задоволно, дали полни пелени, спие убаво и слично. Инаку бебе плаче од милион причини, не само од глад. На таа возраст може и да плаче од грчеви.

    @lexi батали коментари од страна. Ако педијатарот вели дека е во ред тогаш тоа е тоа. Кај нас бабите се знаат јер они од око проценуваат и така учени се родени. Терај си своја работа и не се замарај со нив. Сигурно си имаш план за воведување цврста храна, ич нека не ти биде гајле за туѓо мислење.
     
    На koritsaki, Girl-Rabbit, Vanessa9li и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.814
    ако имаш измолзено 135мл млеко значи дека имаш и повеќе од доволно...
     
    На Girl-Rabbit и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  18. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Фала ви за коментарите, ми дадовте сила да не се откажувам. Инаку во врска со млекото, без да се залажуваме немам доволно, па затоа го доранувам. Пробав да го држам само на мајчино млеко ама не може гладен е. До вчера се мачевме да фатиме позиција за подобро цицање до сега само ми спиеше на града и брадавицата за цуцла ја користеше. 135 мл измолзав од града која не ја молзев скоро 12 часа зошто ми беше надразнета брадавицата и ужасно ме болеше. Како и да е еве сабајле кога стана само на града и пак си заспа значи цицал. После тоа се одмолзав за стимул 50 мл едвај од двете наполнив. Знам дека пумпата не е показател колку млеко имаш ама јас се радувам и на толку зошто пред некој ден ни толку немав
     
    На Girl-Rabbit и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  19. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    После цицање измолзи 50 мл?
    Тоа е и повеќе од доволно, јас молзев едвај 20мл после
     
    На Girl-Rabbit и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Да прашам нешто. Првото дете не го доев. Имав млеко се молзев не можеше да фаќа брадавица при молзење малку излагаше и така се од ден на ден млекото си ми престана. Само три недели " се лажевме" со мајчино. добив менструација после 4 недели. Се изнаслушав приказни дека да сум доела ќе "сум го одложела циклусот" и така си врзав во крпче дека жени што дојат нема да добиваат циклус долг период. Сега сме на доење со второво и после 2 прегледи на гинеколог ми рекоа додека доиш нема да добиваш циклус. Е ама утрово после 5 месеци од породувањето ми дојде. Ама ме отепа мислата дека штом сум добила ќе сменувам млеко. барам мислење и искуства да ме утешите и убедите дека тоа не е така. Сакам да си дојам и тоа најмалку до година ипол.