Не се секирај ќе фати пред секое јадење нуди цице,ќе се навикне. Моето беше мрзливо па на почеток само ме лижеше и малку ќе цицнеше,па се одмолзував и после доење му давав со шише. Ме караа да не давам со шише ќе се навикнели на шише немало да сака цице,ама не се случи тоа. Користиме шише на авент со цуцла како брадавица. Друга опција е со шприц ама пола одеше во уста пола во врат. Ти имаш млеко. 70мл се супер за почеток (пред една недела се породи мислам). И од искуство да ти кажам полесно е стави го на цице најади го,легни го. Кога додавав со шише морав да се молзам на 2 саати, па стави во фрижидер,па загревај го,па миј шишиња стерилизирај. Замисли во ноќта 3-4 пати тоа,отиде сонот. Со доењето маката е на почеток,првите 3 недели са речам,после си се фаќа редот со лесно
Она несака да фати цице воопшто, незнам како да објаснам. Ќе лизне и готово. Не се труди да влече ни со силиконските. Ќе ја легнам и и давам да цица, она плаче, пишти, ќе види дека сум упорна и одма заспива гладна.. Морам да најдам силиконски исти како цуцлата ододна шишето на Авент за да влече. Ги гледав ама различни се... Се надевам дека со тек на време ќе цица и од мене, до тогаш секако ќе се храни и од моето млеко, тоа ми е најважно, АД да го тргнеме скроз..
@Starlič мојата прв пат фати цицка на 13 ти ден од раѓање. Син ми па 5 дена одвоени фати цицка веднаш како да цицал 100 години. Секое дете различно, додека можиш труди се.
Здраво мамички и од мене. Јас си имам мака со млекото. Денес ми е 6 ден откако се породив ама немам доволно млеко за да ја наранам ќеркичката. Морав со ад млеко бидејќи не мочкаше ни какаше по тоа свативме дека јас всушност немам млеко. Пред да и дадам ад и давам да цицне, се измолзувам, со врел туш ги поминувам, правам масажи на градите ама многу малку тече. Сакам да прашам тие што сте породени со царски после колку време ви надојде убаво млекото?
Душо и јас сум со царски, еве денес 11 ден како ми е малото, млеко и кај мене послабо доаѓа. Велат некогаш и многу покасно доаѓало со царски. Се молзам со пумпата и се надевам дека ќе ми надојде повеќе млеко.
Добро утро мами Еве ме и мене тука се породив четвртокот и сега ме инѕересираат ваши мислења за доење, имам млеко и беба си цица но вчера цицаше рецимо по пола саат од подој а еве сабајлево само 10 мон и си пушти си заспа. Знам дека е рано но ме интересира како правите вие, дали ги будите за да ги доите или чекате сами да бараат и по колку време ги доите (не сакам да изигравам цуцла) исто и за исхрана како се храните вие што доите
@*malenavolena*87 честитки, нека е живо и здраво на почеток сите се така, мрзливи за цицање, јас на два часа ја будев , некогаш лесно се будеше , некогаш со ништо не се будеше , па ја расоблекував , ја скокоткав за да фати цице. На почеток ставај го често на гради додека си фатите ред така и ќе поттикнуваш повеќе да се лачи млеко. Навечер кога се будеше и давав да цица, а и дека често какаше ја пресоблекував па така лесно се будеше и цицаше За хранењето избегнувам грав, грашак, боранија , зелка да јадам, друго се си јадам а гледам на неа не и смета тоа што конзумирам
majki dali dodeka doite dobivate redovno menstruacija? jas dojam 16 meseci ali ne mi redovna mi kasi po 20 dena pa nekogas porano 10 dena
Фала ти мила А што е работата со пелените? Колку полни пелени на почетокот се показател дека бебето е сито
Здрави и живи со бебушот. Пелените се најголем репер дали бебе е нахрането, се разбира после вагата. Треба да полни пелени на 2-3 часа кога пресоблекуваш да не е сува пелената. На почеток повеќе какаат по неколку пати на ден и тоа златно жолта Кака. Денски на 2 часа доволно е, а ноќе јас никогаш не разбудив бебе за цицање. Само кога беше какана.Од почеток до сега еве 5 месец станува само 1-2 пати за цицање и одлично напредува. Кога 200 кога 250 неделно. Јас почетокот избегнував само грав боранија леќа и грашок. Друго се јадев и пиев. Имавме грчеви нормално но храната не и влијаеше многу. Поздрав и се најдобро
Честитки, да е живо и здраво! Се препорачува сок од јаболка за повеќе млеко. Од млечни производи можеш се освен млеко, може да му направи грчеви на малото.
Дали секој подој ви трае исто време? Мое бебе од 20 до 40 минути знае да цица, не знам дали е сито кога цица пократко .
Надојде млекцето кај мене посреќна од мене немаше кога видов хаха само мака водиме уште со фаќање на брадавицата, пробав со силиконски Бебе само ги лиже, а вака пошо немам истакнати ептен се мачи. Пумпата знае да ги развлече ама не баш толку.. ајде ќе научиме и двете како треба. Фала Богу раните поминуваат и не е толку многу болно.
Затоа е востановено и правилото кога сака колку сака. Значи некогаш сака помалку. Се додека не гледаш на саат се е во ред. Педијатарот мој ми кажа како оние во ниви што ги носат врзани во марама, цицката гола и тоа кога сака да си цицне, така да се понашам. Не дека ќе го врзам
Совет, пред подој одмолзи се малце,со пумпата ќе ја подизвлечеш брадавката и ќе појде млекото,па ќе му биде полесно на бебе.