Мајки како да си го вратам млекото, 6 месеци е малата, а јас бев со тт 5 дена, примав инекции за загноени крајници а сега треба и антибиотици 3 дена. Млекото го снема, од синоќа скроз, пеленцето сабајле полу суво и беше за 10часа. А и утрово добив циклус прв пат откако сум породена (ако има врска нешто). Не знам колку течности испив од вчера, и се што знам направив а млеко нема
Мајки малата една недела слабо цица со плачење едвај цица се одмолжувам и така со шише си пие .Кога е нервозна или кога има грчеви никако не сака да цица ,сега ја мерев за 1 недела има покачено само 49гр тоа е премалку . Дали има некоја мајка да ме советува што да правам
Колкава е? Дали пробуваш полузаспана, или веднаш штом отвори очи, пред да се освести? Ако е во скокот ова помага. За само една недела не се загрижувај дека помалку качила, не се ваѓа просек од една недела. Каква е ситуацијата со мочкани пелени? И многу важно дали има ноќни подои и колку? Зголеми ги, тогаш цицаат повеќе.
Да прoбаш да jа дoиш кoга е заспана. Каj нас успева. Иначе истo знае да oдбива, се тегне плаче... Истo и правев чаjче oд ким и ќе и дадев една гoлтка oд шише, oдма jа тргав и на града не приметуваше и цицаше.
@Larahappy Мајки и направив чај од анасон на бекутан со неколку голтки ја залажив и почна да цица на секое цицање цревата и реагираа.Инаку сме за 8 дена 2 месеца правиме,убаво си напредуваше ,2600 е родена сега е 4.120 само ова недела со цицање што ми наптрави штрајк иначе ќе си беше супер. Мака мачам се одмолжувам па и така давам кога не бива ,бев на педијатар супер е вели ај и замислете таму фати да цица и си се вративме дома.Некогаш фаќа без проблем некогаш положбата само што ќе ја легнам вриснува.
Малку поголема е од син ми, тој има месец и 12 дена. Исто имаме ситуации кога вришти штом го поставам и никако не сака да фати, а го тргнам бара да цица. Тие мунсе периоди од денот или меше ги боли, или му се спие или му се плаче едноставно. Во тие случаи јас го успивам или го шеткам да се смири.Шише не фаќа, еднаш пробав.На болница пиеше и толку.
Колку и да го местам синко на десната града да фати подлабоко, за 2 сек си се изместува и си фаќа позиција на врвот на брадавицата. Значи толку многу ме боли и кога ќе го оттргнам имам болки после неколку минути . А градата ми е набрекната, има млеко, ама не може да ја исцеди зошто не седи добро наместен. Левата ја фаќа без проблем. Што видеа се изнагледав не бива јас ќе го наместам со цела брадавица во уста он слиз само врвот и цица ли цица. Еве баш сега после 15 тиот пат од кога му ја извадив од уста да го пренаместам се налути и плаче зошто му скисна и нему извади стави цице. И веќе ме научи а ставам прст за да го оттргнам уште повеќе стиска и непушта. Иначе синко е 1 месец и 5 дена
Залажувај давај прво млеко или чајче и полека тргни го шишето и нуди да цица. На секој скок ова го правеше и мојот. Цревата реагираат и од грчевите,но пробувај вака или па лажливка ако ти фати додека ја цуца тргни ја и нуди да цица. Ке се стабилизира за брзо,но да полудиш е ова вакво однесување. И @Kaetana може многу да ти помогне.
прбај да смениш позиција на држење на бебето. Има неколку различни па може позицијата ако ја смениш ќе биде полесно да се намести убаво. Еве само неколку Нас многу ни одговараше на почеток позицијата долу лево (каде што телото негово е на перница на страната на градата каде што цица).
Да пробаш со силиконска брадавица одреден период, може ќе се среди, ќе ти помогне. И кај мене има асиметрија на лева без проблем цица, лесно фаќа, на десна со финти, малку на почеток со сил.брадавица пробував, иначе е 1месец без 1 ден Од испис до денес има качено 800гр
Таман ми надојде колку толку млеко, ептен изгледа настинав па почна да ме пецка дур мокрам Гледам увин не смее, претпоставувам и Палин апчиња не смее при доење... Имам брусница ама не е чиста брусница/боровница па ќе пробам да смирам. Кај сега во 1 по полноќ ме фатија болки
Мене со ќерката кога се породив ме фати страшна инфекција на уринарен тракт. И онака јас сум склона, ама ова беше со високи тт до 40. По направена контрола на мокрача и ехо, бубрезите беа во прашање. Пиев ампицилин, тоа смее. Мноооогу вода пиј, течности секакви, ама водата е најдобра, барем 2л покрај другото.
Абе и јас сум склона на цистит ( иако не ми се има појавено со години) ама со увин и палин апчиња за еден ден ми поминува. Сега малце ќе се изнамачам.
Третиот го има во Мк , јас го пијам моментално , мене ми е супер земи си исто на Лактамикс и тој е одличен. Јас сакам да прашам за Лактамиксот како го пиете , засладен или? Многу ми е горчив на него пишува да не се додава ништо внатре , ама јас викам мед да си додадам
Не треба да горчи. Изгледа предолго ги оставаш тревките во водата. Кога ќе ги попариш, држи ги 5-10 минути и процеди. Танините се акумулираат ако стои подолго време и го згорчува.
Не треба шеќер. 15 мин е доволно да стои така пишува. Пијам по 1-1,5 Л на ден.Јас и подолго го држам не ми горчи. Но пијам и чист анасон и лактил капсули и мислам дека кожата ми мириса на тревки. По право не мислам туку ми крева како на индијците од зачини. Кога ќе ја одбијам чај 100 год нема да се напијам.