1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Мојата стара кума ми кажуваше за еден бапски лек (јас никогаш не го применив) со тоа што жлебините ги мачкала (на внуците) со бело вино. Со прст натопен во бело било ги премачкувала и тоа ги смирувало, незнам....
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Сакав да го пробам и тоа... ама мојов уста не ми отвора некогаш. Само сака кога го чешкам со четката за заби, па максимално го користам тоа. Ај белки за брзо време ќе излезат.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мојата имаше до 6 месеци и првите 2 заба ги изваде без никаков проблем, не ни сетивме. Дали беше до килибарното или чиста коинциденција - не би знаела, ама мое лично верување е дека ДА, и` помогна. После тоа стана посвесна, па почна да ја тегне и јаде огрлицата, на 2 пати ја скина и на крај и` ја извадов. Од тогаш почнаа невидени маки со забите, со месеци не сме спиени, еве сега ги чекаме 4ките да и` излезат и само кенкање по цели ноќи има :( Иначе можеш на било која возраст да му го ставиш.

    Потврдувам за белото вино, и мене фармацевтка ми има кажано за тоа, па пробај ако не си пробала до сега веќе. Јас и` ставав, ама некако многу ми го шмукаше прстот, тууууууу дете од мало да пиело :D па продолжив со Дентиноксот, пошто стварно и` помага и се смирува едно 3-4 саати, па сите тогаш отспиваме :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Оф топик забегавме, ама уште ова. За герданчето знам дека може кога било, ама мојов не трпи страно тело :wasntme: исто ко ќерка ти ќе реагира, може да го скине, затоа и се мислам дали да го земам воопшто. А мака со сите заби досега имавме (а има 6). Ај ќе пробам и со виното, само да не ми стане пијаница детето :P
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ако не трпи - не ставај...големи се веќе, знаат што сакаат, а што не, и појаки се, па да не ти направи некаква беља. Ништо, истрпивте толку, ќе потрпите уште малку и тоа е тоа, пробај со виното - или ќе му отрпне местото или ќе се испијани па нема ништо да го боли - како и да е, ефектот ќе го постигнете :D
    (се извинувам за ОТ, тргнавме со доењето, завршивме со забите, ама бебешкиве теми се многу меѓусебно испреплетени, што да правиме :lol: )
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Мамички сакам да прашам
    Какви се вашите искуства со доење :)
    На колку Часа ги доите своите бебенца?
    Моето бебе уште нема некој ритам фатено за цицање , мало е уште
    цица различно некој пат на саат , на 2 саати

    Навечер ако е добро нацицана знае да спие до 4 саата
    Од болница ни рекоа да ја дојам на 3 Часа и тоа 15 мин од едната града и 15 од другата
    Арно ама се водам по мој инстикт и нема да ја оставам да плаче знаејки декае гладна и да гледам на саат дали поминале 3 Часа ;)
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Леле Маченце, никако гледање на саат :shake: Кога ќе присака - тогаш, таа си знае најубаво кога е гладна и КОЛКУ е гладна, така да и тоа „15 минути од една, 15 минути од друга града“ НЕМА ЛОГИКА. Ќерка ми ја израснав со вкупно 7мин цицање, и тоа секој пат само од едната града, па ене ја огромна женска :)

    Не ти го кажувам ова за да се водиш по мене, туку да ти кажам дека нема правила за овие работи. Детето твое си е уникатно, и како такво да си го гледаш :l:

    И друго имам прочитано - децата кои не се контролирани кога и колку јадат, т.е. децата кои сами си кажуваат кога сакаат и кога им е доста, понатаму во животот имаат многу поздрав пристап кон храната и никогаш не се прејадуваат. Следи му го инстиктот, иако е мало - знае кога му е доста :)

    Со среќа и уживајте :hug:
     
    На Li0ness, NoellePage, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    И јас сум за слободно доење, кога сака и колку сака, така и ми рекоа од болница.
    Pоарно поианку препорачувале, мајка ми ме доела на 3 саати и сега истото ми го вели за малиот.
    Некогаш си цицка на 2 некога на 3 некогаш на половина час, навечер не го будам, сам си станува.
    Деновиве си имам една друга мака, кога цица преку ден многу е нервозен и се трга и мава во градата, како сака не сака да цица, а знам дека сака, на вечер кога е во полубудна состојба нема проблем.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    И јас мислам дека бебето треба да цица кога ќе огладни, а не да се гледа на саат, така и повеќе млеко ќе и дојди на мајката. А за времетраењето мене пак од болница ми препорача педијатарот спротивно, не по 15 мин. од двете гради, туку убаво да се нацица од едната, па ако е уште гладно од другата, оти најквалитетното млеко кое го заситувало бебето било на крајот од цицањето.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе те советувам обратно од Моира.Треба или пожелно е уште од самиот почеток да направиш некој ред во цицањето како за времето меѓу подоите,така и за времетраењето на истите.На тој начин ќе се овозможи добро варење и искористување на млекото. Кога викам на времето меѓу подоите добро би било тоа да биде на 3 часа (доколку бебето не плаче и не покажува знаци дека е гладно),но не помалку од 2 часа.Околу времетраењето на подоите тие треба да бидат околу 15тина минути ,во спротивно бебето може да си игра со градата и понатаму тоа да стане и проблем.Што се однесува до тоа дали цицањето да биде од едната или од двете гради јас сум за тоа дека еден подој треба да биде само од една града затоа што на почеток на подојот прво има млеко кое е поводено (за да ја згасне жедтта) и како се празни градата така и млекото станува се погусто и помрсно за на крај односно последниот дел е бледожолтеникав и масен кој всушност го заситува бебето.Е сега доколку се понуди другата града се нарушува овој природен систем на хранење. Од искуство знам дека гладно бебе не седи мирно и не спие,туку плаче,а штом твоето спие и до 4 часа тогаш е добро најадено ;)
    De Melo да не голта многу воздух па му пречи или да не го мачи стомачето (грчеви)? Кога прави така исправи го бебето и тапкај го да подригне ,па потоа продолжи (мене ова ми помага кога ќеркичката прави вака)
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Гледам да воспоставам некој ред со цицањето :)
    Исто правам ја дојам од едната града се додека не се засити па другиот подој од другата :)

    ДеМело и моето исто кога е нервозно не цица а гладна е знам , и гледам да ја смирам па и давам да цица.. Ако не престано плаЧе и не сака да цица , се измолзувам и и давам од шише и така пие од што е уморна :(
    Исто така многу брзо цица и голта воздух и не Често има и грЧеви :|
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Во возраст сте кога се појавува скок во развој, така да сигурна сум дека е тоа - на истиот начин го помина и ќерка ми - со вриштење, одбивање да цица (а гладна), а градата и` ја подметнував само кога беше полубудна :lol: Може да се манифестира и на обратен начин - цело време да бара да цица, и никако, ама НИКАКО не треба да гледате на саат и да ја одбивате ако „не е време за тоа“, затоа што на тој начин бебето си „произведува“ повеќе млеко за следниот период (ова трае неколку дена, затоа ТРПЕНИЕ спасение :) )

    Со АИТ се согласувам до некаде во делот на продолжување на периодот меѓу подоите заради подобро варење на храната, и мислам дека многу пати плачот на бебето не значи глад, ама ние мајките прво на тоа помислуваме и ОП цицката во уста за да се смири :D
    Ама тоа е, се` се учи со тек на време, искуството понатаму си го прави своето, па ако ви е некаква утеха - покасно е полесно :lol:

    ЕДИТ: Кога си го прочитав постот, некако контрадикторно ми дојдоа првиот со вториот дел :D ама тоа затоа што во првиот дел не нагласив дека тој совет за неодбивање се однесува САМО за периодот на скок во развој кој се јавува во 3/6/9 месец. Во другите периоди важи вториот дел од постот :)
     
    На Annath и DeMelo им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ај да си прашам нешто бидејќи се` сум заборавила, а искрено ми се спие па не можам да ја читам целава тема.
    Ме интересира на колку време треба да се дои бебето и колку време треба да трае подојот?
    Малиов сега за сега е спанко, ако не го разбудам нема ни да се разбуди да цица.....вчера ноќта само 2 пати цицаше, околу 3ч. и 6ч. наутро, потоа во 10ч и еве го сега спие пак.... секој подој траеше околу 15-20 мин..
    Патронажнава сестра ми рече да го будам на 2 часа отприлика да цица (освен ноќе, да го оставам сам да си се буди), што да правам?
    Инаку имам доволно млеко.
    Секој совет и искуство би ми помогнал.
     
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Моето на почетокот цицаше и спиеше
    мајками која е патронажна сестра исто ме советуваше да не гледам на час кога ке си побара тогаш
    ја доев кога ке се разбудеше и после на скоро секој час ја доев , зависно ако беше будна , ама чим спие значи е сито бебенцето . За навечер на секои 2 часа ја доев , ако спиеше не ја будев да не и го расипам сончето .. ете така :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Да го будиш да цица? Неее!!! Колку си спие нека си спие. Кога ќе побара јадење, дај му, ама да не биде на секој час/два.
    Подојот зависи од бебето, од тоа колку цица,а и колку млеко има за цицање :D
    Мој совет е откако ќе фатите ред за спиење, воопшто да не му нудиш ноќни подои. Ноќта е за спиење, а не за јадење. ;)
     
    На Annath, lolyta777 и AIT им се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас на мојата и давав да цица на 3 саати со некои исклучоци кога многу плачела но во принцип не порано од 2 ипол часа,но бев сигурна дека не беше гладна. Во принцип јас се водев од тоа кога ќе се искака ,а тоа беше на 3 саати и тогаш и давав.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    Лолита, обиди се да не го будиш, мислам дека ако е гладен, ќе се разбуди сам, или барем ќе забележиш по напредувањето и бојата на столицата - ако е гладен треба да е зеленкаста.
    Јас немам будено дете да цица, ама им имам во спиење давано да цицаат додека спијат. Бап градата, и оно си тера. Подојот на почеток е подолг, 15-20 минути е супер, а понатаму знае да трае и пократко, зошто детето има повеќе сила, и за пократко време успева да извлече повеќе млеко.
     
    На Annath, AIT и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мајки дали на сите ви се слчува во периодот кога доите (сте доеле) да ви пага голем дел од косата, но навистина голем?Логично ми е ради губитокот на витамините кои одат во млекото за бебето, но мојата коса претерано многу пага, да напоменам дека и пијам Фероглобин сируп, но изгледа нема некој голем ефект.
     
  19. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мене и со првото ,а еве сега и со второво ми паѓа косата и на секое чешлање имам по една полна рака влакна и мислам дека е нормално додека да се средат хормоните.Мене покрај паѓањето и целата коса ми е омлитавена и безмалку како сено ми е :D
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    имам слишната дека косата пага после пораѓаот од самата анестезија што ја ставаат било на царски или анестезија за да ја зашијат раната е сеа незнам колку е ова тоцно аи мене после пораѓајот пола коса ми испопаѓа хахахахх