Мајки мали е веќе пет полни месеци. Досега супер си цицаше , но штом почнаа да испаѓаат заби почна да е многу нервозен при цицање. Во последно време почна да ми ја разранува едната града , постојано имам болки при доењето и забележав крв околу муцето негово. Купив крема од фризидерм, освен тоа што друго можам да превземам за да ми заздрави побргу градата?
Јас користам лактил веќе 5 пакување. И многу чаеви за доилки. До сега имав ефект. Не да ми тече млеко или отпојќе но беше доволно да сме на ексклузивно доење. Некако овие дена млеко имам како и досега но бебе има потреба од повеќе особено пред заспивање. Преку ден туркаме некако. Но после капење за заспивање е проблем. Цица многу брзо и буквално за 6-8 мин ги исцицува двете гради. При тоа се засркнува неколку пати. И плаче за уште. Сношти и вечерва и дадов по 60-90 мл АД и заспива до 1-2:00. Мислам @Darija* се жалеше на истото. Како поминувате. Гледам апчиња си набавила. Јас ги пијам од 3 недела.
Јас до сега со чаеви прво хумана па лакта микс па хио и сега од дм имам еден на бејби лов, прв пат со апчиња испив сега едно, инаку и моето навечер останува гладно веќе 4ри месеци и неколку дена е, зедов и ад на бебелан и на бејби лов, ама не ги пие, не ги прифаќа, а правам веќе две недели секоја вечер
Јас да си прашам и друго не е баш темата, ама да се насмееме. 4 месеци дојам значи градите со земја ми дојдоа, не беа многу големи, ама на место, сега ми се ептен паднати, виснати, значи 4 молива можам да наредам еден под друг и да не паднат, за дома не носам градник, па дојам нон стоп да не се малтретирам, ама како што планирам да дојам до последна капка млеко до каде ли ќе стигнат
Дали ве чешаат мишките додека бебе цица? Дали се бричите или депилирате под мишка? Имам слушнато дека не е убаво да се депилира заради млечните канали,се депилирам со депилатор веќе 3 години
Има многу жлезди и лимфни јазли под мишките... Подобро бричење да не си направиш проблем, не само ради доењето. Мене не ме чешале. Откако ќе се воспостави лактација можеш да си носиш градник и за дома, само да не те затега, значи памучен и без корпи. Сепак од тежината на градите ткивото попушта и затоа виснуваат. Јас неможам да се пожалам дека ми се виснати после две доени деца, а можеби имаше врска тоа што си носев градник цело време.
Не знам дали е за овде прашањето, па се одлучив тука да пишам... Бебка ми е 6+ до пред пола месец си бевме на ексклузивно доење, бидејќи почнавме со вкусови.. Со царски се породив, млекото ми дојде кога си дојдовме дома, а повеќе ми надојде после недела дена.. Пиев лактамикс филтри, или мешавината од билна за доилки што е, знаев и на хип плус да го земам..си немав проблем со млекото иако имам мали гради, млеко имав можеби и за уште едно бебе (криво ми е што воопшто немам замрзнато, за сега овој период со дохранава ќе ми беше Петка ама бидна веќе) .. до 6ти месец ги пиев нон стоп чаевите, сега престанав бидејќи гледам дека имам уште млеко и без тоа, ама се мислам дали е намалено ама за ноќе мислам, или па во скок ми е синко..ми се буди и пак бара на 2 саати да цица, некогаш знае да си сврзе сон повеќе часа, но знае и често да се буди.. Циклус минатата недела имав за прв пат, траеше три дена ама крв само на бришење а цело време кафеаво на влошката Инаку имам многу зголемен апетит, треба летоска некој да трча по синко и вие сте вака како мене или се дешава нешто со мене ☺️ Премногу долг пост..sorry girls
Ќе се самоцитирам, на некоја може ќе и се случи исто па да знае. После неколку денови болни брадавици, јас добив по прв пат. Матичната ми кажа од тоа ме болеле.
Здраво. Не знам каде да го поставам прашањево, еве овде сите доите. Колку кафиња на ден пиете? Јас само едно, ама снемувам енергија попладне, а сине пред спиење највеќе сака шоу да прави. Се му се здосадува за 5 мин и мора да се шета нон стоп, инаку плаче. Цел ден е таков, ама пред спиење кулминира. Прашањето е, дали кафево штети, ако ептен сум кома да дрмнам уште по едно?
Jas otkako se porodiv epten retko na 2 do 3 dena dali edno, doktorot mi preporaca maksimalno da go reduciram.
Јас најчесто пијам по 2 турски. Никој до сега не ми забранил,а имам читано пред да доиш да нњ пиеш кафе,ама не се придржувам кон тоа
Јас гледам после доење да пијам ако ми дозволи господинов, а неретко не ми дозволува. Сакав да видам како пијат и другите
Леле и мене ме болеа, сега не толку. Ноќеска сонував дека сум добила, не мора да се оствари. А обилна имаш сега како прв пат?