Дали кога доите осеќате пецкање на другата града? Јас кога ја дојам малата осеќам како да ме пецка 2-3 секунди другата града и престанува.
И јас добив прв пат,сега месецов. Многу малце ми течеше,како претходно што ми било на 4ти,5ти ден. И се цедеше 4-5дена. А што е најважно не ме болеше стомак
Овие лактил таблетиве само мене не ми делуваат, преку ден одвај бебе да извлече млеко и да голтне нешто овие 2 дена , многу ми е чудно како се намали толку овие 2 дена, има некој масажи за да се спушти млекото или да ставам топли пелени на градите?
Ја следам колку голта, обично по 1 минута голта сега два три пати од една града ќе голтне, затоа што од почеток само влече не се слуша голтање, па ќе и надојде тогаш се слуша, е сега овие денови тоа трае ептен кратко
Бебето е поголемо и посилно, пократко време му треба да се најаде. Подоите се пократки, ама поефективни. Се слуша голтање само на почеток, после не толку. Млеко може да снемаш само ако бебето ич не цица, или ако имаш некој стварно огромен стрес што може да влијае на прекин на лактацијата. Ако бебето цица редовно, полни пелени и е весело, тогаш не е гладно. Не знам зошто си толку негативна, Лактил не може да не помага. Од таа негативност само се нервираш, нервозата ја пренесуваш на малото и не цица ко што треба. Досега мислам дека веќе требаше да си фатите ред со доењето.
Да и мене ме болеа брадавиците па добив по 2 ипол месеци. Добиеното мнооогу обилно, ама без никаква болка.
Речиси секогаш различно,ај да речам некој просек 10мин. Дење нормално,влече 4-5мин па има фати-пушти,молење уште 5мин. Ноќе активно влече за тие 10мин. До крај на втор месец подолго траеа подоите,сега дали има повеќе сила да влече,или побрзо тече млеко не знам,ама се најадува,супер напредува. Баш прееска почна да цица и се тргна , од градава шприцаше млеко како од фонтана, ваљда тоа е тоа брзо течење, и друг пат имам видено така,па затоа побрзо се најадува.
Да споделам искуство со мојата ситуација. Едно кратко резиме: - Доев до 2.5 месеци - Мастит - ми дадоа бромергон, 15 дена не доев и ми снема млеко од Бромергонот - Направив ехо - градите ок, на своја глава престанав со Бромергон и почнав да пијам Лактил и Лактамикс - Од 3 месеци до 6 месеци се измолзував дење а доев ноќе - стигнав до 360 мл дневно да измолзам. - Млекото почна само од себе да се намалува - малиот почна со кашички -Сега има многу малку но и тоа го цица ноќе Ако сте пиеле Бромергон - не значи дека е крај - се додека има желба за цицање ќе се врати млекото. Задоволна сум што успеав уште 3 месеци да го продолжам ова неверојатно искуство и се надевам дека ќе потрае. Со лесно на сите. Ве гушкам
Го паметам твојот случај Браво мајка на упорноста. Јас 2 мастита поминав и 5 и пол месеци сме на доење сега почнавме дохрана. Знам која упорност труд и трпение треба за да одржиш доење. А молзењето е друга приказна. Сеуште од пусти страв од мастит се молзам 2 пати навечер. Ти 3месеци постојано, Браво. Но се за нашите бебуши.
И кога не пиев и кога пиев кафе исто беше. Никаква промена. Или спие или не спие. Си пиев после, и ден денес по 3 турски, и тоа огромен филџан.
Јас на почетокот ретко пиев не заради бебе туку уште од бременоста ми се лошеше. Потоа почнав по едно наутро и тоа јако во голем филџан, а сега по 2, наутро и попладне. Воопшто не и делува на сонот на бебе. Спанка е и си спие цела ноќ и 4 пати по 1-1, 5 преку ден. И за јадење додека дојам ништо не И смета. Имаше денови кога јадев само ориз компир и имаше грчеви, а и денови кога јадев грав или млеко и спиеше како топ. Барем кај мене е така