Сакам да прашам тие што доите, дали вода и чајче давате со шише или лажичка, 4 месеци сме и почнавме со овошја, ама незнам за тоа
Да прашам колку високата температура влијае врз млекото? Од вчера вечер сетив дека ќе се разболувам денес бев на матичен ми рече прво крвна слика да видел леукоцитите. Денес на секои 6 сати пијам парацетамол/ефералган шумвлива наизменично ама бебчо само кемка и плаче. Заспа во 18 часот два пати стана со вриштење првиот пат враце ми заспа се смири вториот пат цицајќи ама денес ми бљуцка многу често раструпено млеко. Не ми е за тт за мене туку за млекото за бебето. Колку влијае температура на млекото
Јас мислам не е важно дали со шише или лажичка ама може да почнеш да даваш. Ние за една недела правиме 4м, ќе видиме што ќе каже педијатар за храна. Уште првиот месец му дадов малку вода,сега пред две недели пак ама не ми беше нешто заинтересиран. Мислам 10,20мл за почеток се доволни
Примам инекциона терапија и привремено нема да смеа да дојам ама проблемот е што бебево не пие никакво млеко едвај денес дадов со лажичка АД млеко. Во аптека ми рекоа дека до 6 сати после инекцијата да не дојам после можам
па чекавме денес резултат од крвна слика за мене па после тоа да одреди терапија ама утрово бев со тт 39.7 и рече мора боцкање превисока температура за возрасен е тоа. Ме праша дали бебето пиело антибиотик претходно му кажав да имаше воспалено грло и многу кашлаше и рече дека доколку треба антибиотик може да ми даде само оној кој бебето го имало консумирано.
Дои си слободно, грото антибиотици се компатибилни со доење, ако покаже бебето реакција ќе земеш друг. Ама мислам дека нема потреба да пиеш антибиотик, оти вирус имаш. И бруфен може да пиеш за температурата, не се лачи во млеко. И не, покачената телесна температура не влијае на квалитетот на млекото, туку може на количината, оти поради висока тт се јавува и дехидрација. Повеќе течности само. А како што реков, антибиотик не. Оти реално нема да помогне, вирусот треба да се одлежи 5-7 дена. Знам дека тоа не можеш, ама ќе одмараш максимално, ќе пиеш течности повеќе и бруфен за температурата.
После колку време најкасно може да се користи одмрзнато молзено млеко? Одмрзнато е во фрижидер, ама стоин2-3 дена
Ќе прашам тука, ако не ми е прашањето на место, преместете го. Кога се породив во болница имав малку млеко. Бебе не сакаше да фати цице, купив силиконски влечеше малку. Изгледа од едната града повеќе цицаше, сега таа ми е помала од другата, и спуштени ми се. Се одмолзувам со рачана пумпа, ама веќе дали 20,30мл вадам дневно. Прашањето ми е како да си ја вратам во нормала како другата града? Пробав да се одмолзувам повеќе на таа ама нема млеко, и се откажав.Со тек на време ќе ми дојде како што треба или не? Кажете чаре.
И јас ја направив истата грешка, од десната цицаше повеќе затоа што на левата града пупката тешко излегуваше и се намали млекото во неа. Кога ја сфатив грешката упорно го ставав на неа, но не, еве со месеци не успеав да ја вратам во нормала, десната е двојно поголема од левата. Најверојатно доцна изреагирав. Вие мислам дека уште сте многу мали, така што мислам дека можеш да го решиш проблемот со тоа што упорно ќе ја ставаш на градата која ти е помала.
Здраво мајки Сакам да прашам дали е можно навечер да немам млеко. Цел ден сме на доење ама после 19h цело време е нервозна и никако да се смири па после 22h и давам дохрана и одма се смирува и заспива. И ноќта кога се буди ја ставам на града и убаво си цица. Пијам чај и лактил апчињата и незнам како да ми надојде повеќе млеко, инаку за една недела правиме месец.
Баш тој период од кај 18:00 се вика witching hour, скоро сите бебиња се така нервозни, непогодени и мачни за цицање. Не ми се верува да немаш само во еден дел од денот, едноставно тогаш малото е веќе преморено, многу стимулација од цел ден и кемкаво е, а АД пие изгледа дека полесно и е со цуцле. Продолжи си така
Здраво маjки Бебето ми е 11 дена старо.Млеко имам доста.Колку ви цицаат временски бебенцата? Патронажна сестра кога доjде ми рече дека околу половина час требало.Ние цицаме околу 10-15 понегогаш и 20 минути.Често заспива кога цица па го будам и продолжува.Тоа е нормално така? Постоjано си мислам дека не е доволно нахрането..
Кога сака колку сака, ни минути ни саати гледаш. Батали патронажната. Многу е мало, може и постојано да бара да цица, само ставај го кога и да побара, а никогаш не чекај повеќе од 2 саати. Нормално е во се плашиш да не е гладно, сите го знаеме тој страв. Следи молкани пелени.
И јас имав многу млеко уште одма, дома цицаше така 10,15мин максимално. Кога бевме на контрола имаше многу малку качено и ми кажаа ќе ставаш по пола час така и правев и качуваше по 1кг месечно.Вака само на почеток после цицаше по 5мин ама имаше повеќе сила да влечи. Ако си напредува добро нека цица колку што сака.
Бебето сака да цица нон стоп, понекогаш заспива се заборава на цице па после пак бара, не е нормално по 1 час и фазла да цица, претерано е, му давам и дохрана затоа што изгледа немам доволно млеко или пак тој ненаситен е...
Ако е бебето мало 1-2 месеци нема доволно кондиција и не цица цело време додека е на гради. Затоа бара често. Тоа му е и цуцла лажалк и шише и близина и топлина. За некое време ке се најадува побрзо и нема да бара толку често.
Само моево бебе го држи многу кога цица изгледа.. 3 саати најчесто не бара.. Јас му давам после 2 ипол сама. И кратко цица сега по 10 15 минути. Навечер па ич не се ни буди. Страв ми е да не не напредува, едвај чекам да одиме на контрола