Месец ипол.. Навечер и се молзам еднаш веќе кренав тт зошто не се будеше.. А убаво напредуваше последно коа бевме на педијатар, си полни пелени.. Не знам што да мислам
Следи дали полни пелени. Јас да сум на овој ум сега не би будела. Мојата напредуваше и пак ја будев по препорака. 1 година е нема ноќ сврзано без да се разбуде. Навика и стана.
Пишав во темата со списоци на потребни работи за новороденчиња. Рано е, ама ќе ви се придружам овде кога ќе излезе моето малечко. Сега правам списоци полека полека, во следните 2-3 месеци да изнакупам се. Околу доењето, прво бев против, слушав секакви искуства и имав голем страв, сега мислам дека најважно е да се потрудам и да го дојам бебето. Овде ќе споделам список што ми е направен со работи само за доење и хранење. Па ќе ги замолам поискусните да ме посоветуваат дали сите овие производи ќе ми требаат, дали можеби нешто сум испуштила или пак нешто е вишок. Од тоа што читав и истражував го направив следниов список за потребни работи при доење: -Еден пар вештачки брадавици од силикон -Еден пар вештачки брадавици од каучук -Заштита за брадавици-(видов на страната на Енци Менци, ама не знам која е точната намена, како се користат и дали се неопходни, ако не ве мрзи ве молам објаснете ми) -Пумпа за одмолзување(рачна мислам да земам) -Пумпа за собирање на млеко(пишува дека не е исто со пумпата за одмолзување, оваа била за преостанато млеко во градите, за да се избегне мастит) -Сакам да земам 4 шишенца, две со каучукова, две со силиконска цуцла, за да видиме кои ќе одговараат повеќе, исто сакам 2 да бидат стаклени, а 2 пластични за почеток -Ми споменаа да купам масло за брадавици за масажа помеѓу 2 доења -Влошки за гради или како и да се викаат оние што се ставаат за да не протекува млеко, гледав во ДМ -градници за доење
Реално џабе ќе го изнакупуваш ова се сега. Се може да се докупи. Ќе видиш каква ќе биде ситуацијата. Моето од каучук не фати вештачка брадавица, мм по грешка таква купил, па со силиконски некое време поминавме. Цуцла исто така може никаква да нејќе да фати. Ќе пробаш ќе купиш една за почеток. Пумпа за собирање млеко прв пат слушам дека има. Мене кога ми се правеа грутки се туширав со топла вода и се молзев. Имам електронска на медела и многу работа ми заврши само првите два месеци. Сега воопшто не ја користам.
Баш затоа и пишав бидејќи не знам дали ќе ми треба се, а не сум од Скопје, далеку ми е нема да можам да купам кога ќе ми текне. Сакам да бидам спремна со неопходните работи, а не знам навистина што е вишок што не. Може ли да ми објасниш како се користат вештачките брадавици и заштитата за брадавици, не пишува никаде во описот на производите.
Со нив иде и упатство. Јас користев ланолин и силиконски на медела. Прво мачкав ланолин и после ја ставав силиконската. Пишува дека може и со вода да се натопи за да стои убаво. Само ќе пазиш кога ќе ги купуваш по бројчиња се с, м.. да ти одговараат убаво.
А овие Медела гледам и по други теми ги споменуваат, често користени се, каде ги има? од каде купувате?
Бебе мое е само на цицка, се роди 3650г., излеговме од болница со 3300, немав млеко ми надојде третиот ден кога си дојдовме дома, првата контрола беше кога имаше Бебе 10 дена, за тоа време качи 60г, ми рекоја како за 2 недели ќе ја достигне килажата која била после пораѓај, вчера бевме на доктор затоа што ептем почна да повраќа во млаж, вриштење, подсинување, се уплашив и одма на преглед. Ја мереа 4070г и 55цм се издолжила, јас пресреќна Бебуш напредува додека не ми рекоја дека за две недели е ептен многу, колку ќе качи на месец.. слушнав коментари од сестрите не и давај толку да цица, Господе Боже што треба на 3 недели старо бебе диета да му воведувам? Нека си цица секогаш кога она сака и колку сака и понатаму ќе се водам на тоа цицање на захтев. Манекенка мамина
Што можеш повеќе на гради, шише ептен веќе ако немаш млеко или па си излезена, измолзена предходно и не сакаш во јавност да доиш. Кога и кажав на докторката дека и давам и од шише урлаше по мене, јас као да ја нахранам побргу,измолзи се и дај шишето. Еве сега се научи перфектно да цица, кај мене иако повлечени брадавици малаава силиконски не сакаше, само ги лижеше и ништо не влечеше ама секако имај ги да пробаш. За пумпа ти ја препорачувам од Филипс, Нук ми ја дадоја на болница, мислам дека пораѓајот ми беше помалку болен.. како што кажав, на почеток не е лесно, болно е, бебе нестрпливо, можно и халапливо ама само цицка. Не се потресувај толку околу шишенца, се може да се докупи. Имај маст за мачкање, влошки за доење, прслук за доење и пумпа за почеток да го извлечеш побрзо млекото, а и пупките.
Zdravo majki, sakam da prasam dali vnimavate na ishranata dodeka doite? Dali hranata sto ja vnesuvame moze da stvara grcevi kaj bebenceto? Moeto skoro ke pravi mecec dosega nema grcevi
Од ова за почеток ти треба само ланолин, градници за доење и влошки за да не претекуваш (мада знам и случаи каде што немале потреба од влошки, сеуште не ми е јасно како ). Значи не џиткај пари напразно. Шишенце можеш да земеш едно за почеток. Првата моја ќерка не фати буквално никакво шише, остана неупотребено. А за силиконски брадавици... Како си сигурна дека ќе ти требаат? Немаш воопшто брадавици?
Па тоа е проблемот. Јас ништо не знам... Затоа пишувам и прашувам дали да се купува дали не.. Врска немам околу ова.. Не знам дали да купам или не, гледам повеќето купуваат..
Купуваат од неукост. Ќе купиш по потреба само она што ти треба. Обична рачна пумпа може да ти заврши работа но и да ја немаш има алтернативи. За силиконски нека проценат во болница или патронажна сестра, но ако имаш испакнати брадавици шкртни ги од список.
Не станува воопшто навечер? Колкав период поминува без да го доиш? Јас би ти рекла да не го будиш, на месец ипол нормално е да почне да врзува повеќе саати навечер , цица повеќе. Како вика Сајковски, гладно бебе се слуша до многу далеку .
Па сам ако го чекам може и цела ноќ да ја сврзе. Инаку му давам јас сама после 4 саати отприлика, кога како. Тој од почеток спиеше вака, ама докторка ми рече да го будам. А и фатив некое запаление па боље да цица него да се молзам
И на мене ми викаа да го будам малото, ама јас го оставав да спие. Само еднаш се будеше навечер. Преку ден се будеше на 3 саати. Убаво ти рекоа. Ако е гладно само ќе си побара.
Да, јас ептен пазам. Мојава е халаплива многу сака наеднаш да се најјаде и голта воздух, да не пазам на храна мислам дека ќе е многу по лошо. Не јадам грашок,грав,брокули..зачинета храна. Се што јадеме ние и они јадат. Кај мене се деси да забележам дека риба не и одговара, два пати до сега јадев и два пати ми се нафрла девојчево. Докторката ми кажа дека до 3 години се склони на алергии од кравјо млеко,риба,јајца.. затоа почнав на се да пазам.
Не си ја барај бељата да го будиш. Ќе се каеш после Ако е гладен ќе се разбуди и ќе бара. Можеби од почеток не напредувал во килажа па затоа ти рекле да го будиш. Молзи се пред да си легнеш,ама не ги исцедувај до крај,после молзи се наутро или ако ептен ти надоаѓа млеко,еднаш во текот на ноќта. @Fallen.Angel за доење ти препорачувам пумпа за одмолзување (од Алиекспрес порачав електрична за 20 евра) Ланолин - Пурелан од Медела Влошки за гради,имаш во ДМ Прслук памучен(без жица) не мора да е баш за доење Шише имам стаклено од Авент со силиконска цуцла како мајчина дојка. Можеш уште едно поефтино да си купиш за чување на млеко,ако планираш да се одмолзуваш. За силиконски брадавици,во болница ми рекоа да ми купи мм,не ни знаев дека ми биле вовлечени брадавиците. Си игравме со бебе 4-5 дена,стиснав заби издржав болка и ги тргнав. Ги лижеше и влечеше воздух,а и не знаев да ги наместам ми паѓаа.