Здраво мамички.. јас сум бремена но ме загрижува тоа што јас имам вовлечени брадавици не знам како фа објаснам имам брадсвици ама немам испакнато топче...дали ќе можам јас да го дпјам моето бебе?
иста бев и јас се изнамачив во болница ми казаа дека нема шанси да дојам,убаво што се информираш предвреме,секако дека ќе мозеш да доеш само спреми се со шприц за извлекување на брадавиците,со силиконски брадавки они ми помогнаа најмногу и пумпа за измолзување и ќе немаш проблем,сето ова јас го пробував дома ,мој совет е уште во болница да одиш спремна.
@Kaetana ја немам прочитано подолго време. Како сте со бебушот? Како напредува? Тука те тагнав бидејќи најмногу тука те читав. Инаку ние после дохраната повеќе се врзавме за цицка. До скоро бебе ми фаќање секакви шишиња, пиеше АД и чај по потреба, а сега ништо. Не можам ни заспана да ја прелажам. Само цицка и молзено од шише. И еден оброк јади.
Нормално ли е нон стоп да бара да цица, на секој 15 минути бара денеска, досега цицаша и сега пак бара, после го повраќа млекото.. Иначе 1 месец има..
Прашања што ме мачат Ние сме 38 дена, имаше период 15 мин цица, па после пола саат пск бара, и тоа фобро ке беше да е пола саат се дешаваше и само што ке се симне после одма пак да ја бара. Па мислите одат на немам доволно млеко, беба е болна итн. Па експертите од типот немој така се на цицка ке ја научиш.... А што да и правам на бебе од месец ке му воведам ред да ја оставам да се исплаче.... Не дека пројде па да се прсвам стручњак секој ден ни е различен еднаш е мирна шреку ден и спие со размаци од 2 2ипол саати за да цица, друг ден крајот не и се фака..... Па сменивме неколку препарати за грчеви, а и за повракањето пишував погоре.... Бара често да цица и после ке поврати.... Читав и дека тој период е прв скок во развој.... И на крак заклучив следно бебе цица секогаш кога сака, а кога има грчеви се шетаме низ дома и гушкаме и збориме, и ставаме слонче на меше..... Нека ме куди кој сака јас гледам дека на моја беба така највеке и прија и најмирна е
Мојов цел ден можи на цицка да седи, јас му давам и дохрана, пие како да нема видено АД млеко дали ми е слабо млекото или тој си е таков стварно не знам, а пијам течности и се трудам редовно да јадам ама ништо пак си бара, изгледа такво си е лакомо...
По колку пати на ден му даваш АД? И ние почнавме со дохрана од пред некој ден и исто го пие ко 3 дена да не е јадено
Здраво, Мајки се мислам за пумпа..бебе ми е 7ипол месци, за месец/месец ипол треба да тргнам на работа.. до сега ич немам млеко замрзнато, а имав доста количински, што се правев утоп. Уште после пораѓај се мислев некој период да земам или не и така останав без.. сега сакам да земам и да се измолзувам и да можам да го замрзнам за тогаш кога сум на работа синко да може да пие, зашто сега за сега сме со еден оброк и не ми јаде многу количински. Секако дека почнав сега и со втор по малку, ама слабо некако, плус не мачат и забите знам дека и од тоа не ми јаде...ваше мислење дали би ми вршела работа некој месец или џабе парите? И од кои сте задоволни..
Грлото премногу ме боли. Вака никогаш не нема болено. Пијам прегорен вода со шеќер, многу лимон, лимон со сода, чаеви... Ништо.. Кажете, можам некои лекарства на природна база? Има некој искуство? @hub досега кога не си купила, од сега... Ама ајде ако е за одмолзување, мислам дека електрична повеќе ќе заврши работа. Јас имам рачна таа ми завршуваше работа кога ми надоаѓапе млеко, меѓутоа, никогаш е успеав многу количински да измолзам а имав млеко. Ако ти се даваат пари за електрична, таква. Или да позајмиш од некој.
Пиев чаj oд исландски лишаj за два три дена се среди. Ми дадoа и бебешки прoпoлис вo аптека 3 пати пo 15 капки гoлтав.
Моево цица 15 мин па после заспива на цицка, педијаторов ми вика буди го, го штипкам за обравче и нозе никако не се буди си спие во раце а пак во креветче се буди. Сте имале некое вакво искуство, како да го будам за да се нацица убаво?
Ист случсј бевме на почеток За стопалцето стисни го, или по брадичката чукни со прст, и не го жали бебчо ништо не му е оти ние жалејки ги место да ги штипнеме/стиснеме ги галиме бар со мене беше така А за спиење приметив дека ако се успие убаво кај мене (да не прави гримсси во сон, да не отвора очи, дишењето да и е посталожено) отприлика 15 20 минути и после и вокреветче спие А ако одма ја ставам се буди