Не потценувај ја силата на бебето. Ниедна пумпа не може да измолзи колку што може бебе да исцица. Млекото постојано се создава, нема прекин ако има постојана стимулација. Не живејте во заблуда дека немате млеко, имате. И повеќе од доволно ако бебето редовно полни пелени и качува на килажа. Од бозата само ќе си накачиш килажа што тешко се симнува, плус грчеви ќе му прави на бебето. А нема ефект врз млекото. Само течности и одмор, одмор, одмор, одмор...не за џабе е кажано да одмораш или спиеш кога бебето спие. Ако немаш млеко, пелените ќе бидат суви или полупразни.
Мајки ве молам за совет , пијам антибиотик односно оспен. А дојам. Бебе има 6 месеци. Педијатарот ми рече дека смеам а исто и мојата докторка. Дали има некој со слично искуство??
Јас правев 3 крвни слики од породување навака,на сите ми беше покачен,а на последнава беше една единица на горна граница. Не се испаничив зошто претпоставувам дека е со доењето поврзано И колострум е млеко Најважното за бебето Мене ми надојде на 3ти ден млеко, колострум имав 5-6 дена па после почна да станува бело. Пиј чаеви за доилки,вода,сок, јади житарки,ориз (јас сутлијаш си јадев скоро секој ден) ,одмарај се и ќе има млекце.
Bebeto za 1 mesec mi e 550gr naprednato iako cica zatoa i mislam deka ne mu e dovolno navecher vreska na grada vekje koga se sluchuva toa
Тогаш со педијатар консултирај се. Макар што и 550 гр не се за потценување има бебиња што не ставаат многу на тежина. Но сепак не сме стручни за конечни совети. Мајката најдобро си го познава бебето.
Se konsultirav so povekje pedijatri ni rekoa da davam ad mleko i toa 2 obroka no jas ne sakam sakam da si bide na majchino mleko zatoa baram od vas mislenie kako da go zgolemam mlekoto
Моето мало беше со жолтица, се успиваше после една голтка, а бев и со една вовлечена брадавица. Го ставав да цица, па скоро нон стоп, го будев како знам, со исправање, менување пелена, кога не го доев бев цело време со пумпата и со шишенцата, прочитај за power pumping на гугл. Јадев овес скоро секој ден, чајот на хип плус грчко семе, безалкохолно пиво и многу вода. И, знам дека не е секогаш изводливо ама - одмор. На првата контрола ми се имаше поправено 800-900г ама според педијатарката требало минимум кило, ама ме охрабри да продолжам со мајчино и стварно се беше ок. Бебло вториот месец ми се поправи две кила.
Колкаво е бебето? И моето првиот жесец стави 600 гр, ни јас сама, а ни педијатарот не спомна ад, првиот месец е рано, не е воспоставена лактацијата, ако дадеш шише, ќе зафркнеш работа. Ние со истото темпо продолживме и вториот месец качи точно 1335 грама, само доење, ни ад, ни молзено, ни чај, ни вода, само бебето да цица. Она што мораш да следиш е дали мочка редовно ( ама ова ако не додаваш вода/ чај) што верувам не даваш. Инаку и мојов уште вришти навечер на града, тоа не значи дека немаш млеко, туку навечер се изморени, протокот на млеко е послаб, може има и грчеви...Шетај го и смирувај го , па пак на града. Напредокот ви е добар, ако е прв месец, само продолжи со доење, ќе.биде подобро нареден пат, за ад е рано. И многу важно, ноќе буди на два сати, ноќните подои се многу важни за дете кое послабо напреднало. Мене тие ме извадоја.
И јас имав со денови колострум..неможеше да пробие така осеќав и грутки ми се направија. Па за неколку дена дојде и се повеќе имав..а со брдавиците иста сум само моево добро ги совлада! Биди упорна прво со пумпа пробај ги испакнува па стави бебе.
Мајка, прво и основно батали ги сите што зборат околу тебе. Исто и јас поминав, ама не слушав никој. Добив преубав совет од педијатар и тоа беше најдобро нешто. Пиј многу вода, чај на алкалоид, лакта микс. После цицање ако можеш молзи се, после давај и го да се дојаде. Тоа е она најмрсноото што викаст. Не посегнувај по АД. За бебе, цицка е дијазепам. Ние цицаѓжме колку и кога сака. Побогу, дете е. Како ке ја разгалиш. Свекрва ни трубеше, гладна е. Не ти е квалитетно млекото. Не јадеш. Ме заболе долнава. Ништо буквално не јадев, но не ја ни слушав. Толку знаеле на времето. Батали се и оставај дете на цицка. Пробај легната странично да ја доиш. Јатрва ми по паметот на свекрва ми го изгуби млекото. Уште на десет дена, пошто и се правеше паметна многу. Сори лејдис, али се напињам кога читам глупости и солачи на памет.
Мами вие што имате поминато низ габична инфекција на градите, дали се гледа нешто при истата на градата? Деновиве левата брадавица особено ме боли дури и на допир со облека си ја осекам ко да ме пече, а вака на увид нема ништо ниту рагади ниту црвенило ништо нема. Можно ли е да имам габична инфекција а притоа да не се гледа ништо?
Провери ја устата на бебе. Ако има бело, тоа е кандида. Сите ја имаат. Се третира со нистин. Се мачкаат и брадавиците и устето на бебе. А можеби ти се едноставно уште осетливи брадавиците. Ќе се среди. Сите сме поминале исто
Беба нема во устето ништо, знам дека тaка се третира само ми ечудно што веке втор месец тераме сега да се јават проблеми со цицање и со кандиди :/
Мене касно ми се јави. После месец ипол. Само на една града ли е? Да не е блистер? Он боли на пупка, кандида чеша
Овие 2 -3 дена слабо имам млеко. Стресот најнегативно се одрзаувал врз млекото. Се напнав со корона вирусот, преплашена сум, само тоа ми се врти во главата и дење и ноќе Како да си го вратам млекото? Пијам се исто и течности и чај и лактил капсули. Неќам пак да давам АД.
Ова белото е блистер. Не е моја градата од интернет е. Јас често го имав. Со масажи ми пробиваше. И го ставав често на таа града. Ама е болно и пржи посебно кога бебе цица. Може и потемна боја да биде
Најверојатно е блистер. Имаш слика доле, ти пушти @Presrekna, може да е и помало. Како бубуљче изгледа, под кожа. Ќе помине. Некоја членка имашњ, мислам со топол пешкир се триеше пред да цица бебето. Ако прочита, или му текне на некој која е, нека ја тагне. Најдов, со фротирска крпа натопена во жешка вода ја триеш брадавката и даваш на бебеда цица или се одмолзуваш.
Мамички мојата мала има 6 месеци и една недела, порано цицаше нормално, но сега повеќе сака да цица од десната града. Кога ја ставам на левата града таа како да си игра со неа ја тегле брадавицата најверојатно нема многу млеко бидејќи е по мека и помала така чуствувам јас. Дали ќе си направам некој проблем доколку цица само од десната града, и дали тоа е возможно бидејќи сакам да цица повеќе да речеме докај годинка.