И ние сме 6 И една недела. Секое бебе си има омилена града. Овој период И мојава се ја интересира се врти наоколу, трга пушта цицка дури и каса ако нема заби. Посебно неомилената града. Пробај во оваа положба за да И дојде на иста страна легната. @RainBow мислам ја сподели И има кои цицаат само од една града ама не знам колку би И било доволно млекото од една. Измолзувај се од таа града што не ја цица за да не го изгубиш млекото на неа.
Ако ја доиш легната на кревет, ти легни на стомак и понуди и ја таа што не ја сака. Во положба на омилената, дај и ја не омилената
Мајки можеби смешно ми е прашањето ама да си прашам дали ви се зголемиле градите преку ноќ? Буквално преку ноќ ми се зголемиле а веќе 10 дена сме само на доење а за некој ден ќе направи 2 месеци бебе.
Мене нокта ми доага највеке млеко и градите ми се како да имам топки, дури и кога цица бебе навечер викам ке се загуши колкави се
По препорака на невролог од денес почнав да пијам Бетахистин. Ги проверив на веб сајтот low risk пишува. Докторката рече да има бар 3-4 саати временски период апче-доење,во упатството пишува дека не смее да се користат за време на доење (тоа и кај антибиотик пишува ама некогаш пиеме). Го надоив бебето и се напив. Само што го испив апчето одма земав да се одмолзам во случај да се разбуди порано од тие 3-4 часа. Едвај 20мл извади а градата тешка (одамна не сум се одмолзувала). Се разбуди мали после 2ипол часа. Му ги дадов тие 20мл заспа. За 5 мин пак се разбуди, ништо не помогна,плаче нервозен,му дадов цице. Имав грижа на совест дека не му давав,а сега имам грижа на совест дека му дадов да цица порано од предвиденото. Не знам дали да кревам паника,апчињата ми ги даде за вртоглавици и за средување на центарот за рамнотежа. Што може да му се случи на бебето?
Пошто прошле 2 ипол саати од кога си испила мислам дека нема простор за паника.... Едино може малце поспано да е бебо Знаеш докторите некогаш чисто ради предострожност место да речат 2 саата викаат 3.... Како е сега беба? Моја беба од сабајле кенкава и сака да си цица почесто и после поврака.... А не разбира дека од мн млекце поврака.... Ко ке рикне ништо сем цицање не ја запира.... Ја шетам и зборам пеам не цуцла плука и стави и цице одеднаш е се во ред.... Па после пак поврака и магичен круг :/
Добар е сега, вообичаено спиење станување. Денес ќе си спремам со време повеќе одмолзено млеко ,па ќе видиме. Мислам дека не е за млеко него за цице работава Твоето колкаво е?
Мамички завчера не ми беше добро, температура, треска, грлото ме боли уште и отидов на доктор ми ставија мислам дексазон, пиев и парацатамол и пантенол за смукање. Вчера многу ми се намали млекото, синоќа во 4 едвај извадив 40мл од двете гради и тоа на два пати ги одмолзував и на крај и дадов на хип 70мл ( прв пат купив вчера во случај да не плаче, како да сум знаела) и денес некако ги осеќам градите многу меки, цицаше ама некако кенкако и пак со пумпица излезе 40мл ама го испи и тоа. Сакам да ве прашам дали некоја имала слична ситуација поради настинка, грип да се намали и пак да се врати млекото?? Пијам и чаеви и вода, јогурт, млеко, овошје. Не знам што да направам друго...
На 16ти 2 месеца лжке прави мојата прцла.... Сега ми се подсмири малце ама изгледа е благо настината, си цивка и прди и само во раце да ми е спие така денес се забавуваме ти од кога почна да вадиш бебе на прошетки.... Јас се инатев со свекрвами пошто она се мала е мала е а надвор 20 степени и неколку дена по ред ја шетав по саат време со количка наоблечена плус со кебе па и колкчката имс зимски покривач.... Ама изгледа свеки била у право.... Пошто ова на малава на преладено ми личи
Мене по описот ми личи дека има грчеви,а и во таа возраст е кога се очекуваат грчеви. Ставај топла пелена или термофорче на меше,прави вежби со ноџиња,давај пробиотик. Бебе од 7 дена го шетав,родено во октомври. А сега на секој зрак сонце сме надвор,најмалку по 2 саати. Нормално убаво облечено,некогаш со ќебе некогаш без. Вади бебе на воздух му треба и на него и на тебе. А свеки нека прави ручек дома
http://e-lactancia.org/breastfeeding/betahistine/product/ Овде вика низок ризик. Дали ги виде алтернативите? Има еден на сајтов со зелено што е. Инаку јас би доела без проблем во секое време. Не се секирај.
Не се секирај не секнува така млекото. Од настинката посебно од тем се намалува. Јас пред 2-3 недели бев болна и ми намали млекото. Среќа твоето што пие АД. Мојата првите 2 месеци пиеше сега не сака да помирисни. Среќа имав мајчино замрзнато и така пребродивме. Ние сме 6 и пол месеци. Колкаво е твоето? Пиј многу повеќе течности чај за доилки и многу одмор. И 40мл млеко не е лошо. Јас 20 не вадев. Плус бебе трга многу повеќе. И АД ако дадеш не е страшно во кризни моменти. Ќе помине.
И пијам и јадам, нерви се наполнив денес дали е најадена, дали плаче од глад или од грчеви, да не ми намали во килажа.. не знам што да мислам веќе. Полни 6 недели е малата. Мене ме загрижува тоа што градите многу ми омекнаа нормално ли е тоа? Претходно ми беа потврди сега ептен меки и се си мислам дека немам млеко иако пијам повеќе течности сега..
Нормално е. Се воспоставува лактацијата и не очекувај дека ќе се тврди како на почеток. Нервозата го намалува млекото. Опушти се и ќе се среди. Сега сте и во скок во развој кога бебе е раздразливо, бара почесто цицка или не цица. И имаш чувство дека немаш млеко. Знам се поминав , ова што го пишувам е од искуство не од што знам.
Ептен ни се генерација маливе и кај моето е така има денови кога сака да си лежи во раце и си цивка и прди ама тоа е заради грчевите што ги има. А за надвор воопшто да не се двоумиш и да не слушаш мислења од турско време. Ние по препорака на педијатарот и на бабицата секој ден сме надвор по 1 час, кога е полошо времето имаме полузатворена тераса одиме на неа со количката и по 15 тина минути вдишува воздух.
Здраво на сите. Пишав и во труднички па викам ај да пишам и тука. Трудна сум 37 недела и само што ги набљудував градите и ја стиснав едната и ми потече прозирна течност како водичка, пробав и на другата и од неа потече. Дали тоа значи дека штом се породам и ја ставам беба на града ќе ми дојде одма млекце? Аахх кажете Да, за да си дојам одма да не мора да и давам Ад... со другите 2 немав ништо вакво, после 3-4 дена од пороѓај дури ми надојде млеко, сега уште пред пораѓај ми се дешава ова и се израдував
Секако ќе ја ставиш одма, така е и пожелно, од раѓање одма на града. Веќе имаш колострум значи. Со веќе претходно искуство, нема да имаш проблеми воопшто.
Знам дека нервозата лошо влијае и на мене и на бебе гледам колку што можам да се смирам. Денес цело време плаче ако ја оставам да лежи сама, сака во раце гушната да спие и сега се гушкаме и си спие додека пишувам.. Инаку читав за скоковите во 6та недела и јас помислив дека е до тоа ама кога си ги гледам градиве си помислив празни се иако како бебе влече така треба да надоаѓа млекото сепак се загрижив. Твоето колкаво е?