Мајки дали мене ми е само така или има и други. Ај на почеток не обрнував внимание но на секое цицање ми се повраќа(веќе 5ти месец тераме ,само на доење е ) незнам зошто така
6 и пол месеци е, но поминав тежок период на доење со криза за млеко ( повеќе мислев дека немам од што немав млеко). А бебе секогаш убаво напредува. Сега давам еден оброк и бидејќи сум поопуштена имам млеко. Вчера после повеќе време се измолзив бидејќи бебе не цицаше многу и измолзив 90 мл после подој. Значи имам млеко. А градите ми се папушки. Помали од на внуката која е 13 год. Само Верувај ви себе и млекото. Види како напредува периодов и се ќе биде во ред.
И ние сме деновиве исто, само во раце или на гради кај мене да спие цицање на саат време преку ден. Се штреца во сон ако сњ тргнам од неа одма осека и се буди, душа мила и мене одма ми оди паметот на немам млеко ама се куражам со пелените дека редовно полни. Сите минале низ ова ке пројдеме и ние
Ова му доаѓа како мини рагада или посебен тип е? Дека вакви неколку пати сум имала, ама дека сум имала рагада и знам како ѕвездите ги избројав кога пукаше, па овие не ги ни рецкам. Ама сега ме замисливте да не треба да им се потресувам.
Не се мисли. Ако не те боли не е страшно. Имав јас безболни на другата града сами си исчезнаа. А болните ми правеа застој на млекото. И не се рагади. Тоа е како затварање на каналот и не излегува млекото. Може да предизвика мастит. Ама штом исчезнале И кај тебе не е ништо
Исто сме и ние и со спиење и со штрепање во сон и со плачење, страшна работа ете досега си плачеше а не знам што и е. Многу често цица а многу кратко и мислам не се дојадува затоа пак бара. Пред малку јадеше и прекина и давам да се дојаде убаво ми ја бутка брадавката со јазичето, не поминаа ни 5 мин во кревечето плаче и си го смука рачето и ај пак одново на града и нон стоп тоа правиме, ептен се изморив денес..
Шмукање на рачетo не значи дека е гладнo. На мoевo целo време му се рацете вo уста. Фаза штo jа има секoе бебе
Може ли контакт, јас дојам и давам АД од почеток, но би сакала понатаму само на доење да останам. Благодарам
Ми се случуваше кога бев гладна. Доењето црпи многу од нас, хранливи материи, енергија. Со редовно јадење и доволен внес на витамини мислам дека ќе ти се среди. Доколку од исхраната не се доволни, има и витамини специјални за доење.
Знам дека сите бебиња си ги ставаат рацете во уста но се познава кога тоа го прави затоа што и се јаде, значи лакомо ги смука и се нервира па кога ќе ја ставам на града се смирува и си јаде
Не смука рачиња оти е гладна. На града секогаш ќе се смирува оти ќе ги чувствува твојата близина, топлина и мирис. Бебињата често кога имаат грчеви или се вознемирени бараат града, иако може и да цица на празно.
Фала за објаснувањето. Исчезнуваат и пак се појавуваат. Во моментев имам едно и баш ќе пратам кога/дали ќе исчезне.
Треба да е од тоа. Можеби и железото ти е ослабено. Јас велев, во моменти кога ни треба најмногу јадење и најголем внес на витамини тогаш се храниме најнехранливо. Се е од тоа што си сам, што нема кој да те замени по цели денови. Сега малку доцна вклучив витамини за доилки за да функционирам подобро.
Јас ќе ти одговорам ако не е проблем околу 800- 900 ден се јас планирам да ги земам. Туку имам и јас прашање малово почна по цели денови на града да е цица и после блуцка и пак сака да цица, по цел ден само тоа и не спие многу дали во цел ден ќе спие по 5-6 часа се друго е на цицка. Не знам што да правам веќе и не ждрига го држам и по пола саат да ждригне абер нема и почнува да се нервира и да прета... сега едвај заспа ама од време на време како да се буди ќе заплаче и пак заспива... Што може да му биде и додека цица испушта некој звуци како да се дави па како да ржи па цвили..
Колкаво е? Мислам дека не му е ништо.... Што би рекле старите менува детето или ние младите да не сте во некој скок во развој.... Пробај со цуцла лажливка за да не сте цел ден на цице.... А то што ржи и прета ми е добро познато и ние сме така