1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    1 месец има. Мислев да не и од чајот за лактација. Значи што и да ставам џабе, ќе мора да чекам. ;(
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Лактамикс? Да, и од него мирисаш специфично, тој мирисот на грчко семе ми преседна. До кај 2 месеца ќе се регулира, не се нервирај, тоа е :)
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Пиj чаеви за лактациjа, бебе целo време на града, измoлзуваj акo има пумпа..
     
    На каракамел му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MumToBe

    MumToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2019
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Мамички ајде ако може некоја да ми помогне.. 12 недели полни имаме, си цицаше убаво, уште од почеток сме на доење, но овие 2 дена ќе поцица малку од едната града и почнува да ја тегне и да се нервира, ќе ја сменам на другата ќе поцица малку и пак исто. Пробав и со пумпа но не излезе речиси ништо едвај 10мл од двете гради (од едната само неколку капки протекоа) дали дека пред тоа цицаше, но од таа што не извадив млеко не ни сакаше убаво да фати.. пијам вода, чаеви, гледам да одмарам повеќе.. не знам што може да и биде, зошто наеднаш така ми се намали млекото?!?
     
  5. katerin4ence

    katerin4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    144
    Од чајот за лактација е...јас барем мислам бидејќи пркметив разлика брзо по прекинување на чајот
     
  6. katerin4ence

    katerin4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    144
    Да почекаш 40, треба време да си дојде се на свое место. Сепак матката да се собере, цревата и слично...
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    7.494
    Пол:
    Женски
    И јас еве 4ти месец не можам да се смислам. Не сакав да ставам стик заради бебе, ама сега кога се стопли земав еуцерин. Веќе не ми мириса потта, ама стиков не помага со чајот за лактација. Извираат тоа тревите од мене, го пијам тој од билна аптека рефус. Мирисам на зачин, катастрофа. Не знам дали ќе се среди ова за брзо :worried:
     
  8. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Имам бебенце 6 дена е денска.
    Добив млеко третиот ден, бебе цица но почна да ми тече млеко од градите, посебно на левата града која малку ми е поголема капе.
    Одмолзувам со пумпица но некако многу ми стануваат топли како отечени а и бебе неможе убаво да фати, многу боли дури крв ми пушти ранички се прават.
    Дајте некој совет кога и по колку д одмолзувам и дали може некакви облоги да се стават ?
     
    На katerin4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. katerin4ence

    katerin4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    144
    Ланолин мачкај на брадавиците. Болен процес е но ќе помине, не се откажувај. Облоги со топли пешкири ставај, не е страшно ако тече повеќе млеко, само да не заостанува во каналите тогаш ќе имаш поголем проблем. Бебо ќе си почне убаво да цица сигурно само упорна биди
     
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    7.494
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали смеам да си пијам б6 два пати дневно, насабајле и навечер пример, редовно? Многу сум нервозна, сакам да се подсмирам малку.
     
  11. maaitka

    maaitka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    3.999
    Пол:
    Женски
    Можете јас пијам откако се породив ама 1 на ден :)
     
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.004
    Пол:
    Женски
    Јас на моменти сакам и нешто појако да земам... Ауу бебе е захтевно. Едномесечмо бебе сака да го анимираш. Шо знае бебе мало за играње? Мислев само лежат гледаат и чат пат плачат. Ова се џари наоколу, впива...и после едвај да заспие.

    Море и посилно би зела јас, ама ај со б6 се лажам.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    7.494
    Пол:
    Женски
    Тоа да.. И јас мислев малецко бебе такво е млитаво, ама не е така. Еве сега 3 месеци се смее, повеќе разбира.. Мене ме нервираат особи што сакаат мајки да глумат во слободно време, па не знам кога ќе одвалат некоја зелена колку да ми е.ат раат. Затоа да си бидам спремна. Беби си сакаат внимание, секогаш во различен облик :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички мислам дека ке ми помогнете. Породена сум пред 7мес царски но бидејки бебето ми почина почнав одма со бромергон за да ми сопре млекото ги пиев по шема две недели и млекото ми престана. После неколку недели пак ми надојде млеко и пак пиев апчиња ми престана. Но еве сега повторно ги осекам градите полни, тешки, ме болат и грб и од под пазуви а пробав со пумпа да се одмолзам нема млеко а полними се и качувам од тоа темп . А се стегам и ставам облоги и лист од зелка. Дали некој имал ваков проблем и совет ако може. Ви благодарам и извинете на долг пост
     
  15. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Женски, 3 недели откако сум породена. Дојам и сега и испумпувам со лактатор на 2 саати отприлика. По 40-60 излегува.
    Имав запаление на града од застој на млекото, бебето не цица убаво...ама прашањето ми е дали градите ќе се регилираат или секогаш додека има млеко ќе се прават такви полни како камења?
    Обично се случува навечер. Не можам да спијам од што болат, осеќам пецкања внатре...цело време ќе буде вака?
    И после испумпување исто немам некое олеснување.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Леле како за себе да читам. Пази се да не се направи застој, испумпувај додека да осетиш олеснување (не се') и после ставај ладни компреси (гел компреси од замрзнивач) по 15мин или фамозните зелки од фржидер малку исчукани. Мене така ми викаа ама не знаев колку е тоа олеснување и советничката за доење рече по 15 мин мах; на 2 саати. Па по тоа се водам веќе 10 дена.
    Ако се мн топли градите јас не би ставала дополнително топло...уствари ставав и уште толку полошо си направив. Температура 39.5... во време на корона не беше лесно :(
    Конталтирај си и некои советници за доење ако осетиш дека немаш контрола, има на фб група ,,Подршка за доењето" и препорачуваат советници. Мене психички мн ми помогна тоа.
     
  17. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Има таблетки за зголемување на лактацијата Лактил, мене ми помогнаа, ги има во повеќето аптеки, исто продолжи си со чаеви за доилки, а мора да внимаваш и на исхраната, да имаш разновидна исхрана, овошје, зеленчук, и повеќе оброци во текот на денот за да имаш повеќе млеко плус многу течности, цедени сокови, смути, како и сок од јаболко 100%, доста помага. Бебе што почесто ставај го на града за да се стимулира млекото, не се откажувај, биди упорна. Среќно
     
    На MumToBe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Ќе се регулираат, само биди упорна, нека си цица бебе, ставај облоги, масирај ги под туш.
     
    На Enci200 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    И ќе бидат меки/нормални како порано? А, со млеко?
    Да, го ставам бебето, се трудам и мислам дека има напредок
     
  20. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Градите ќе се вратат во нормала, нема да ги чувстуваш така тешки и болни, битно е да го научиш бебето правилно да цица, изгуглај техники на доење на нет, може ќе наидеш на некој корисен совет. Најдобро да си цица цело време не мора да се испумпуваш. Побрзо ќе се научите. Воспоставувањето на доењето не е лесен процес, иако на нас мајките никој не не припрема на тоа кога сме биле бремени и по породувањето. Само упорност и без откажување. Тешко е на почетокот, но тоа е најдоброто за бебето и мајката. Среќно мами♥
     
    На MinnieM му/ѝ се допаѓа ова.