Ќе си пишам детално во мајчински, но бидејќи ја засега оваа тема, мислам дека е фер да пишам тука.. Расцепкано ама сепак детално пишував те тука, те во мајчински.. накратко - бебето не напредуваше, имавме нервози околу тоа. Направивме сѐ што можеше да се направи. И после сто прегледи и нервози, и плачки, и фрустрации, и муабети дека не знам си што не е во ред со него, на крај, со помош и поддршка на мојата Лидерка од Ла Лече Лига - најдовме IBCLC која е специјализирана за преглед на подврзан јазик и закажавме кај неа. Дијагноза - posterior tongue tie. Како резултат на тоа, бебето не успеало да ја испразни градата како што треба. Проценка према напредокот - успевало да исцица околу 80% па затоа и не делувало гладно, ама му фалеле тие 20% за да го постигне напредокот. Бидејќи сето ова беше откриено веќе на 5.5 месеци, кога почнав и со немлечна дохрана (како нели уште еден начин како да му се помогне да качи на килажа) наше беше да избереме дали ќе го ослободиме јазикот интервенциски или не. Решивме да го ослободиме и иако оваа процедура не е "quick fix" и бара многу нерви и посветеност, и поминавме низ мал личен хорор после интервенцијата, можам да кажам дека ситуацијата е подобрена. Ќе ви пишам наскоро и какви сѐ мерки беа применети од наша страна како поддршка за бебето, кое во последниот месец има скоро кило кренато, т.е. почна да крева по 200 грама неделно во просек. И сега седам и си мислам, колку ли од вас мајки не успеавте да доите заради ваков проблем кој нема кој да го види, и ви се намалило млекото како резултат на физички проблем кај бебето кое не може да ја стимулира градата како што треба... Нејсе. Колку имаме да се едуцираме жени мои на оваа тема.. не сте свесни! И колку неправди ни се нанесени на секојдневно ниво со препишување шишиња.. и што ни викаат дека е тоа ок.. а е резултат на незнаење на медицински персонал.. т.е. на несакањето да се продлабочи знаењето што го имаат... Ама ајде. Ќе пишам за брзо подетално околу ова. Може и ќе отворам тема со приказна со моето искуство околу оваа проблематика.
@Kaetana благодариме за постот, навистина некогаш треба да бидеме свесни дека со масажа на гради и зелки не се решава се, и биди упорна исто не е решение. Кај нас лично знеме дека има бебчо има на горната уста стегната ресичка, ама не се сигурни дека тоа е проблемот...и ако ја сецнат дали ќе се реши. Важно секој те учи брадавицата цела да била во устата и стисни му млекце ќе биде, само биди упорна.
Исто и ние сме 3 недели и денес за прв пат го соочив истиот проблем...Воспаление како камења да имам во градите... Ептен се испаничив. Се истуширав со пожешка вода два пати со масажи, и ставав ладни облоги после молзење и цицање, ми олесна малце но уште изгледаат големи, а и грутките не е лесно да се пуштат Се надевам нема да се влоши состојбава!
Не знам дали прашањево е за тука ако не е нека го преместат слободно. Бебево е 1 месец+3н. И сме на доење, ама после секој подој бебево место да е мирничко тоа плачит и јас после пак му давам да цица ама после тоа повраќа односно бљуцка..прашањето ми е дали е можно млекото да е слабо и да не го донајадува или едноставно си е такво детето плачливо. Да напоменам супер си е со килажата , се кака, си полни пелени
Не се плаши, се е за луѓе плус ете се преживува Вади млеко, да нема застој, ако не бива со лактатор тогаш рачно. Не би требало одма да се воспали, кај мене 3-4 дена беше така неисцицаното и затоа дојдов до температури и антибиотици. Ти држам среќа! Ако случајно нешто- парацетамол смееш. Јас како бомбони ги пиев 5-6 на ден
Ќе се регулираат, имаш фора до три месеци. НО измолзувај само ако осетиш преполнување а ако бебето е веќе нацицано, но и тоа нека биде малку одмолзување колку да олеснат. Колкава ќе биде "побарувачката" толкаво ќе биде и излачувањето. Затоа не е добро да се претерува со измолзување ако бебето цица убаво. Да не се измолзува до крај.
Zdr na site I jas so mojot sin imav prb so doenje tvrdi mi bea mnogu i Babica koja doagja kaj mene sekoj den neli posle poragaj ove vo svajcarija e taka i ona mi preporaca na strana da go dojam taka nema da imate grutki i bolni cicki kako na slika 2 taka e najudobno i sa vas i sa bebeto . Se nadevam mozev nekako da vi objasnam i pomognam . Pozz i ne se otkazuvajte od doenje toa e najdobroto za vas ke oslabnete pobrzo haha no i za bebeto pozz i uzivajte
Здраво мајки бебе ке прави 5 м.скоро на доење сме од самиот почеток една недела како станува навечер на два часа а спиеше по 3-4часа и сега се прашувам дали не се најадува доволно од млекото или малку и е градите ми се нон стоп меки не ги чувствувам тврди како порано а и скоро една недела како не е какана некој до слично искуство
Да ве прашам Сега кога ќе затопли со количка кога ќе одиме на прошетка низ парк, на кафе како со доењево? Се молзите во шишенце па му давате кога ќе закенка или го доите на јавно место?
И јас дојам на јавно место, знам да се тргнам понастрана на момент, или користам најтенка тетра за призатскривање. Ама имам и неколку маички за доење, скоро ништо не се гледа.
Ако досега било сѐ во ред, и бебето е само на доење и си цица кога сака и колку сака, не верувам дека има проблем. Кај доени деца се случува понекогаш да изостане столица и до 10 дена, и доколку стомакот е мек и испушта гасови, нема простор за паника. Може бебето е понервозно од некои причини, ама општо будењето не е знак за недоволно млеко. А меки гради се одличен знак дека лактацијата е избалансирана.
Дали oва пoдврзан jазик е истo штo и ресичка пoд jазикoт? Мoетo бебе се рoди така имавме прoблем да научи да цица ,а на пoчетoкoт и слабo напредуваше... Ми рекoа oкoлу 6 месеци да се сецне.
Тоа е - кога френулумот на јазикот долу е пречка за нормално движење. А движењето на јазикот е многу важно во процесот на доење. Е сега, има различни ситуации кога е видлив проблемот, а и кога се наоѓа позади под јазикот и не може да се види со око, туку треба да се изврши детален преглед и да се оцени подвижноста на јазикот. Ама имајте на ум дека има бебиња со видлив френулум кои супер цицаат, а и бебиња како моето со невидлив и со ограничувања. И не се ограничувањата само во вадење јазикот надвор, туку можат да бидат и во кревање при голтање. Најчесто во вакви ситуации мајката има болка при доење и брадавицата после доење е деформирана како кармин. Ама не мора да значи. Јас немав болки а имав многу блага деформација потоа. И не секогаш. Ова вака набрзина. Треба да седнам и да ви пишам асално со извадоци од литература и симптоми.
Нема слабо млеко. Не го ставај пак на града ако плаче после подој, крени го, држи го во раце, нека ждригне, пробај да го смириш без да му дадеш да цица. Не плаче од глад, грчеви, скокови во развој (ако не се лажам, веќе е во скок), или едноставно потреба од мајката.
Му давам цуцла лажливка, ама не ја држи долго време. Цел ден е буден по 5мин дали спие и тоа во раце, а го оставам плачи и е кенкаво. Ако е скок тогас колку време би траел? А за грчеви знаж дека има зошто се витка целотп