Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    18.626
    Purelan од Медела
     
    На RAK91 и Joki99 им се допаѓа ова.
  2. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Ај да прашам и јас. Моето бебе е 27 дена до денес. Од неделата почна да се нервира на градата, цица малку и ја пушта, ја тегне, се нервира, толку бргу не може да се нацица за 1 минута, толку цица, ја слушам како голта и одеднаш ја пушта, ја тегне, се нервира.....
    Викам да не не ми ја сака градата оти и давам понекогаш и Ад еднаш дневно само обично навечер, мислејќи дека не и стигнува моето млеко :( иначе по цел ден доење, до сега никогаш вака не ми правела.
    А да не се грчеви у питање сега си мислам, не ни се јавиле до сега, а ги чекам кај и да е да се јават, може ја заболѕва меше па затоа се нервира на градата? Не знам, вчера ептен се изнамачивме и јас и она, по цел ден ја ставав за да не ми се намали млекото оти не сака да цица, ни спиеше цел ден, по 5-10 мин и се буди ама затоа пак цела ноќ се наспавме и двете, ќе промрда малку и јас и бутнам цице и цица цица и си спие.
    Денес е подобро, цица добро. Да видиме до вечер. Ад сакам да исфрлам скроз и цуцла исто, да не се навикне на нив и да ми се одбие :(
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    18.626
    Обично кога имаат грчеви на града се смируваат.
    Пробај префрли ја на другата дојка,може не и тече веќе млеко на таа па затоа се нервира.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Нее бе исто е, ја дигам да ждригне, ја гушкам да се смири па пак ја ставам, прави фаци како да не може да ја фати градата, како да и се гади, врти со главчето лево десно, како да е многу гладна, а нема млеко или не може да фати града, не ми е јасно зошто така прави стварно, прв пат вака ни се случува.
    Денес е друга приказна, си фаќа нормално, цица, цица и заспива на града.
     
  5. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    И кај мене денес за прв пат се случи два пати после цицање да плачи да се вцрвенува дури од плачење, а воопшто не е плачлива. Првиот пат успеав да ја смирам со топла тетра на стомаче мислејќи дека се грчеви и така заспа се смири. Но после нареденото цицање пак плачеше од кога се нацица, пак пробував да ја смирам но залудно, и и направив малце АД го испи и ене ја заспа ко бајче веќе 2 саати спие.
    Сакам и јас АД да исфрлам скроз, но неможам да ја гледам да се мачи.

    Инаку наидов на видеово и сакав да го споделам во темава можеби ќе е од корист на некого...Дали нешто погрешно правам во цицањето стварно незнам, но ја слушам дека голта цело време :|
     
    На elimkd и Kallias2 им се допаѓа ова.
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Исто скроз се што напиша
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.092
    Допаѓања:
    25.856
    Пол:
    Женски
    Можно е да се грчеви, ни мојата не се смируваше на града кога ќе ја фатеа, лудница...пипни го мешето, ако е цврсто подуено грчеви има. Не ја учи со шише ако сакаш да продолжиш да цица, ако е халапливо сака одма да се најаде и секако дека града ќе ти одбива, сепак нема толку сила да влече за наеднаш да се најаде како со шише, млеко ќе имаш само ако ја ставаш на града нон стоп како што и сама кажа. Ако ја нема совладано техниката добро за цицање фрлај одма цуцлата.Јади повеќе ориз, јогурт и чај за доилки. Само упорност и тоа е тоа. Јас психички мислев декс ќе попуштам првиот месец и пол со тоа цицање 13 саати на гради ми беше, ништо друго не правев освен тоа, се осеќав како млекара, мислев и јас дека немам млеко ама ако напредува само со цицање нема потреба да ја дохрануваш со вештачко.
     
    На eta, Kallias2 и elimkd им се допаѓа ова.
  8. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    Фала ти на одговорот. Денес правиме 1 месец и од средата сме САМО на цицање. Мислам дека ќе успееме така па ќе видиме во вторник кога ќе ја носам на педијатар да ја види, измери, кг и должина, да види како напредува итн.
     
  9. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Мамички
    Бебе е 18 дена, имам млеко и цица од третиот ден.
    Бидејќи ми надојдува млеко морам да се одмолзам. Тоа го правев на двете дојки но еве една недела само едната дојка ми се преполнува со млеко и капе и морам да одмолзам, ме боли при цицање ми направи раничка и не ми поминува уште иако ја мачкам со ланолин.
    Другата ми е ммогу мека и помала од другата, бебе цица и на таа гледам кога стиснам има млеко но многу помалку. Ме плаши да не снема млеко.
    Дали јас лошо ја дојам или?
     
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    големината на градата нема врска со количината на млеко, кога ја ставаш малата на града не само пупката во устето туку треба да фати и дел од затемнетиот дел. Пиј течности минимум 1,5л бебе си влече колку што му е потребно, не си ставај стресови лошо влијае и на млекце и на бебе
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.696
    Пол:
    Женски
    На кој начин доиш? Да не форсираш една страна неприметно?
    Значи цица од една страна, префрлаш на друга за околу 10 минути, зависи со која брзина цица, па нареден подој почнува на таа што претходно си завршила со доење.
     
    На dunika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    Ја дојам на двете, не ја менувам додека сама не пушти а обично си се нацицува од една па наредно цицање на другата.
    Само што на левата пупката не ми е убаво извлечена чудна ми е, па кога ќе надојде млеко нема шанси да фати морам да одмолзам, плус ми направи раничка додека да фати и да почне да влече маки мачиме а и боли многу. Забележувам дека на таа многу јако тече млекото.
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.696
    Пол:
    Женски
    Пред доење измолзи се малку од таа страна, колку да се намали млазот и дај и да цица. Така ем пупката ке ја извлечеш, ем нема да се засекнува од млекото. Некои бебиња не умеат да се справат со голем млаз млеко и одбиваат да цицаат.
    После секој подој миј се со нежно средство, можеш со истото со кор ја бањаш, исуши ги убаво и мачкај се со ленолин. Пурелан на медела користам јас и одличен е.
    Не доиш правилно, иако јас некогаш дојам како тебе и сум немала проблем. Докторите нагласуваат секој подој да почнува на страната на која завршил претходниот подој.
     
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Уште не е воспоставена лактација. Ако доиш кога сака колку сака тоа само ќе се распредели во градите согласно потребата на бебето.
    Доиш на барање или со саат? Пробувај повеќе пати подојот да го почнуваш на градата на која мислиш дека има помалку млеко.
    Кај мене и сега левата ми е помала од десната града. Ниту гледав прва ни последна града, син ми цицаше многу често, не издржуваше повеќе од саат, а напредуваше и натпросечно. Тек сега на 4.5 месеци ги проретчи подоите на повеќе од саат време. Колку помалку стои млекото во градата толку е "помасно".
    Веќе новите студии укажуваат дека ако се дои на барање нема опасност од хранење на бебето само со предно млеко.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    95.144
    Пол:
    Женски
    @srce-9 мене во болница левата града ми потече така,т.е млечните жлезди.Среќа се среди дур бев таму,ептен ме болеше.
    Земи една крпа онаква за лице,натопи ја со топла вода и стави ја под пазува,на страната кај градата,а преку неа сува крпа бидејќи брзо се лади,треба да е топло.Исто масирај ја градата пред да дадеш млеко,ке истече ама не се секирај,ако ептен е полна одмолзи се,но избегнувај пумпа особено електрична бидејќи таа уште толку ке стимулира лачење.
    Ке се среди брзо не се секирај,бебе ке си фати и ке воспоставиш лактација правилно.Битно е дека имаш млеко.Биди трпелива и упорна:)
     
  16. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    @BirMelek @dunika
    Ја дојам кога ќе побара. Тоа е отприлика на 3 часа некаде, некогаш 2 или пак 4 зависи колку спие.
    Десната ми е нон стоп мека и немам мака но левата почнува да трне и станува тврда затоа одмолзувам, со рачна пумпа го правам тоа па тогаш и давам да цица.
    Ноќеска ми течело млекото пижамата мокра целата.
    Да избегнувам да одмолзѕвам ако не, бидејќи колку повеќе одмолзувам повеќе се лачи млеко?
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.384
    Допаѓања:
    18.626
    Јас мислам дека е нормално едната града повеќе млеко да создава, и кај мене од десната повеќе имаше. Првите 3 месеци ако го ставам ноќта два пати по ред на една,од другата поплава на кревет имав. Потоа се регулираше.
    Ако си се доите како што треба не може да снема млеко,не се грижи.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    95.144
    Пол:
    Женски
    @srce-9 ми тече и мене цело време,нон стоп менувам маички,како почнува да цица од едната,од другата автоматски ми капе(facepalm)
    Без газа или влошки за гради не почнувам да дојам.
    Рачна пумпа не е страшно мислам,електричната е појака и стимулира екстра лачење.
     
    На Thallia, srce-9, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.696
    Пол:
    Женски
    Мојот син е 9+, има три оброци и мене пак ми тече млеко од градите. Којзнае колку пакувања на штитници потрошив. Купувам од дм, марката мама, најисплатливи се.
    До кај 6 месеци градите ми беа преполни, редовно се молзев, после тоа лактацијата ми се среди.
    Мој совет е да се измолзувате, ако го чувате млекото има големи шанси да ви се направат грутки. Се зезнав така неколку пати, од страв да не предизвикам хиперлактација.
     
    На BY<3 и srce-9 им се допаѓа ова.
  20. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    6.733
    Zdravo potreben mi e nekoj sovet ako nekoj imal slicno iskustvo.Znaci se soocuvam ao problem od vcera navamo na levata grada od ednata strana pri dopir custvuvam bolka, otkako zabelezav probav da sr stisnam so race i mleko samo po nekoja kapka tece.Pocnav da go forsiram bebo da cica poveke na taa ( kogs cica mi doaga ubavo kako da ja masira znaci).Ama mislam deka ne se najaduva bas ....inaku nemam temperatura ne mi e crvena gradata ...