Не мора да имаш температура ако има некаде грутка. Како што објасни, болка на допир и олеснувачкото чувство кога цица, мене ми укажува на грутка. Најдобар лек е само бебето да исцицува од таа страна. На секој подој ставај го бебето на таа града додека не осетиш дека немаш веќе болка, а другата одмолзувај ја. Би требало за еден ден тоа да се среди.
Плус, додека се тушираш масирај и насочи гонтушот со топла вода на тоа место. Масирај додека не почувствуваш олеснување. Ке боли ама ако не ја разбиеш само ке се зголемува.
Како што кажаа членките, бебето постојано на града и мнооогу масажа. На мене два три пати ми се имаше направено грутка, два пати добро се сеќавам само цицање не помогна и толку се масирав што два дена после тоа ме болеше од масажата ама барем знаев дека нема да ми се направат компликации од грутка. Ако викаш малото не исцицува пробај и со одмолзување..
Како да зголемам лактација? Течност, вода, чаеви, почесто на града. Друго незнам. Малово е 4 месеци. Ми рекоја веќе не оди доволно нагоре со килажа, да почнам со дохрана. Ова на педијатар. А патронажната сестра ме советува да пробам почесто на града, да почекам со дохрана. Незнам што е правилно. Ама очигледно е малку само моето млеко.
Колку напредува што ти рекле дека не е доволно? Веќе 4 месеци ако само си доела и си доела на барање не знам дали има потреба од зголемување на лактација. Како се пелените на беба? Мојот е 5 месеци и често градите ми изгледаат празни, ама кога ќе трга дури и се засркнува. Напредува одлично.
4930 е моментално. 2 700 е родена. Напредуваше супер на досегашните контроли. Доена е на барање. Пелени полни, весела е, си спие, ноќе 2 пати станува. Да не речеа на контрола немаше ни да помислам дека и е малку.
Јас забележувам дека од овесни снегулки градите ми се полнат значително повеќе. Плус јогурт имаш добитна комбинација. Јас почнав после 5 месеци, можев да чекам и до 6 затоа што супер напредуваше, ама покажуваше интерес за храна и решив дека е време. Ти и да почнеш со дохрана не е грешка и не треба да се секираш. Мене педијатар ми рече може од 4, крупен е, нека јаде. Мене инстинктот ми рече да почекам уште 1 месец
Ве молам за совет, не пуштија во понеделникот од болница, таму само еднаш ми покажаа како да дојам, и ништо. Ја ставам на града цело време сака да цица ама незнае да фати и јас незнам положба да најдам убава, ама ми фати жолтица од нејзе е ептен поспана не смее да биде гладна, и морав да и дадам дохрана, млеко дури денес и тоа на стискање со рака почнува да надоаѓа, како да ја научам да цица убаво, душиче се труди сака ама незнае. Несакам ад да и давам ама неможам да ја оставам гладна пак.
Единствено 8 месеци го доев на перница. Не успеав да го наместам поинаку. И само во поза за близначко доење. Тоа е главчето го држиш со рака припиено наа града а телото му оди позади твојот грб еве слика. Пред да ја ставиш на града штипни ја за газето. Размрдај ја успана е од жолтицата. Може брадавиците ти се мали земи и силиконски,цицаше кај мене од силиконски 1 месец. А во болница декстроза ми капнуваа на брадавица за да ја фати,а ти прво стисни млеко намачкај ја брадавицата и со главата држи ја. Ке ја фати. И нека цица ако дреми само со прстот нежно гали ја на образ,па после доење ке дадеш ад ако мислиш дека не цицала доволно
Пред да ја ставиш на града устето нека и биде широко отворено да зафати не само пупката туку и кругот околу пупката, не се откажувај од доење Јас во оваа позиција го дојам Главчето кај моето лакто а со дланката го држам газето
Дали некоја има проблем со затворени брадавици? Мене скроз ми се повлечени, градата ми е мазна, само со масажа и на ладно ми излегуваат, но не многу и не за долго време. Помош, дајте идеа или трик како би доела
Ке ја будиш на 2 часа за цицање. Инаку може да ве пратат на сончање. Гледај клипови на youtube, најлесно така ке разбереш. Најбитно е да најдеш удобна положба и со устето да ја фати речиси целата ареола. Да не имаш вовлечени брадавици? Породена си или прашуваш за да се спремиш? Јас имав вовлечени ама првите неколку дена доев со силиконска брадавица и синко ги извлече. И пумпа помага. Мачно е ама не се откажувај.
Не сум породена, во 8ми влегувам неделава, прашувам за да се спремам и ми е страв да не нема да можам да го дојам.
Уфф оваа позиција ми ја изеде половината и вратот и 4 години не можам да видам раат И сега пак јово на ново
Досега напредокот е добар. Во просек до 3 месеци напредуваат по околу 20-30 грама дневно, а после 3 месеци напредокот опаѓа. Дали се полни пелените? Дали е бебето смирено и го слушаш дека голта додека цица? Ако е доено кога сака и колку сака, лактацијата не би требало да е проблем. Има многу интересни статии кои кажуваат дека давање немлечна дохрана кога бебето не е спремно може да резултира со контра ефект - бидејќи бебето кое е спремно оброкот го добива екстра на цицањето, а бебето кое не е спремно заменува оброк. А кога ќе замениш млеко кое е масно со јаболко или круша кои имаат помалку калории од млекото, се случува обратен ефект. Ако мислиш за лактација да зголемиш, почесто доење - и навечер и преку ден, давај и кога не бара, пиј чаеви (тој на веледа земи го)… ама почесто доење и празнење на градите е лекот. Иако мислам дека немаш никаков проблем со лактацијата ниту со напредокот на бебето. Ако сакаш пиши ми порака со тежината да ти направам крива на перцентили. Со ќерка ми беше баш така. Првите 3 месеци качуваше по 600-700 грама, од четвртиот продолжи по околу 450-500.
На weleda чајот добар ли е за зголемување на лактација? Јас го порачав и утре ваљда ќе ми стигне, само тој го има тука, а не сум го користела и не знам дали ќе има,ефект. По колку кесички дневно да,се пие? Си го користела?
Обавезно купи силиконски брадавици и ке немаш гајле. Внимавај само добар да ти е бројот, и со тек на време ке ги извлече. Знам жени кои доеле и по 2 3 месеци со силиконски и продолжиле без.
Здраво мамички, ви се придружувам во темата. Сеуште сме во болница породена сум пред 2 дена со царски. Млеко немам, а изгледа ни колострум. Те цитирам @Happyinlove зашто мене во оваа позиција ме учат, кај мене ја фаќа градата ама не сака да повлече убаво. Ќе повлече неколку секунди, сфаќа дека нема млеко и се трга се нервира. Многу ме форсираат за доење веќе ме фаќа нервоза ама како да го убедам да влече на празно? Пробавме и со силиконска исто е, ми рекоа сите мрзливо си е бебето и јас стварно не знам што да правам. Упорна сум, нонстоп на града го ставам дури жал ми е, многу се нервира цел црвен станува во лицето. И како побрзо да ми дојде млеко? Пијам вода и сокови.
Ајде и јас да ви се приклучам тука...нас денес ќе не пуштат од болница млеко немам сеуште а малиов фаќа града и можам да го наместам само ако седам со лежење неможам а овде така форсираат да доиш...Сега само од една почна да цица од другава само вчера успеав да го наместам трга на празно само воздух му се полни мешето па си прднува после...Се распишав а сакав да прашам како побрзо иди млекото има финта или И додека немам млеко да му давам АД дома?? Какво да земам кое е најпогодно за новороденчиња?