Ние кога дојдовме дома почнавме со хип комбиотик бидејќи немав млеко. Интензивно само на АД бевме 2 недели. Пред АД давав прво цице па после АД. После тоа педијатар ми рече да намалам и давав само сабајле и навечер и на крај останавме само навечер до 45 ден на бебе. После само на цице и еве веќе 4 месеци ќе правиме АД немам дадено. За лактација мене ми помогна лактил капсулите и чајот лакта микс на алкалоид, млекото убаво ми надојде после 2 недели. Ама треба упорно да го ставаш на града за да стимулираш повеќе млеко. Само упорна биди мајка
Царски си ке дојде подоцна млеко тек дома кога ке си. Ако почуствуваш нервоза не го ставај на града одма осејќаат. Смирено легни го на перница тоа одма нели со устата сс спрема да фати го фајќа нервоза убаво држи му ја главата и со другата рака фати ја цела твоја града и гледај да ја лапне пупката со ареолата. И држи го нр му ја тргај раката. Ке повлечи. По колку мл дохрана пие? Пишуваат нели на листата дневна. Може и гладно е... Но биди смирена и упорна
Колку што прочитав во картонот, сабајле 25мл. Пред малку пробав пак со силиконска и фати некоја минута влечеше ама ме оставија сестрите и јас се опуштив. Бев поупорна. Со нив сум под притисок. Многу сакам да дојам, се надевам ќе ми дојде млеко. Фала ти
Само биди смирена, стимулирај да почне млекото, ставај го на града макар и што немаш. Мене 3 тиот ден ми дојде млекото. На двњте гради наизменично ставај го и прави нежни масажи на градите. И она бабското напиј се боза Инаку АД кога ќе почнеш да имаш млеко прекини одма. Нема да се навикне на цуцла толку брзо не се секирај. Млеко можеш хип, новалак, бебелан не знам дали го има уште..
Нема ако го ставаш на града. Некогаш кога и го давам шишето за чајче не го сака. Јас мислам нема да одбива града кога ќе има повеќе млеко барем кај нас така беше
Исто мене што ми помогнаа топли облоги на градите, малечи пешкирчиња со пегла ги пеглав и ги ставав на гради, се разбудив цела кругови
Ми рекоa течности многу да пијам и истото ми го кажаа дека со царски може дури дома да ми дојде млекото. Еве пак ми го донесоа бебето и нa другата града влечеше некои 5-6 минути, пресреќна бев Така да, сите сте во право за упорноста. Почнав да качувам температура, па се надевам дека е знак за млеко. Дома имам чај за доилки и таман топли облоги ќе ставам и ќе се оправам. Ви пишав зашо осетив дека почнав да паѓам психички. Одма е поразлично сега
Нас не пуштија дома и му дадов хип органик така мислам е...такво му давале и ма болница ги прашав..испи 30 мл и еве го 4 саати спие не му е многу спиење?? Да го разбудам за да јади или да чекам сам да стани?
Буди го дење,ноќе ако спие остави го нека спие,до прва контрола. Па ќе ви каже педијатар ако не напредува да нудиш и ноќе ад/цице
Уште ова некаде имав прочитано дека само 3% од родилките немаат млеко, си реков мала е веројатноста да спаѓам во нив се изнамачив за млекце ама на крај се исплати Баш сега гледав еден педијатар кажуваше три клучни работи за надојдување на млекце: родилката да е одморена, да пие течности и почесто ставање на малото на града да влече
Сѐ додека не пробаш да доиш не можеш да знаеш дали имаш проблем. Има жени кои имаат вовлечени брадавици па бебето успева да ги извлече одма на првото пробување да цица. А има жени кои немаат вовлечени брадавици па бебето има мака со фатот. Знам дека сакаш да се спремиш максимум пред да се роди бебето, ама причекај со купување силиконски брадавици и што и да е. Пикирај некои, па кога ќе се роди бебето ако видиш дека би ти требале, тогаш можеш да ги земеш. Лично не би ти советувала силиконски брадавици особено не на подолга релација, затоа што стимулацијата на градата преку такви брадавици не е иста како без, и постои голем ризик да се намали количината на млекото. Ако видиш дека имате мака, подобро побарај помош од консултант за доење или некој стручен да ти помогне со фатот на бебето - тоа ти е најдобар блог во успешно доење. Го пиев уште во болница. Околу литро на ден а тоа се 4 ќесички. Добар е.
Мајки малиот ми е скоро 9 месеци , сакам полека да го одвикнувам од денските подои. Сега што сум цело време дома како навика да му стана да бара цице , не само кога е гладен. Имаме воведено 3 оброци , и јаде одприлика едно големо тегле од 190 гр, но после секој оброк додека не цицне не заспива. Извесно време го оставам преку ден со баба да се учат за да се навикне дур тргнам на работа, со неа се успива без проблем , ама штом дојде ред јас да го успијам мора да си цицне прво иако повлеку само малку. Мислење што да му понудам измеѓу оброк и следното цицање, дали јогуртче , к.млекце ?
Земи рачна пумпа колку што можеш молзи да се воспостави убаво..и моево беше мн мрзливо и дека помала се роди после 1 месец на града веќе сакаше и до сега не е одбиена фала богу. Тешко е првиот период не е секогаш до нас мајките ама упорност и трпение само.
Ќе ми стигне пумпата во недела, а планирав. Јас уште немам млеко. Значи може и напразно да се молзам за да дојде побрзо ако те сфатив добро? Зашто веќе се научивме да цицаме само млекото го чекаме.
Кажујте чаре како да дојде млекцето побргу? На стискање само капе капка по капка, а бебе сака да цица многу. И ја сакам да го дојам многу