Колку е старо? По муабетов сфатив дека јаде цврста храна, веќе е поголемко. Не треба 3 пати да станува навечер, сигурно ти прават ноќните подои проблем за преку ден. 1 давај му навечер.
Не, 4 ипол месеци е се уште не јаде. Туку ми е чудно што од сабајле посебно не е заинтересиран за јадење, остатокот од денот некако се лажеме. Ноќе најубаво си цица.
Ние на секое преслекување имаме жолто какизначи штом почнува да цица, почнува и да прди и некогаш силно се стега. Со обзир на тоа што денес ни е 9ти ден, дали е ок да кака по секое цицање скоро?
Ноќни подои се многу нормална и очекувана работа. И аман веќе со тие препораки за укинување. Читајте искуства на мајки кои деца, велам ДЕЦА од две години ги одбиле од доење затоа што се буделе ноќе, па пак се буделе ноќе. Мајки даваат формула па бебиња се будат ноќе! Будењата се од најразличен карактер - може да се заради глад - како што мислам дека е кај тебе затоа што е во фаза кога го открива светот па најчесто преку ден помалку цицаат и количината ја надополнуваат ноќе. Или се работи за скок во развој. Или се работи за потреба од утеха, допир, чувство на сигурност дека родителите се тука. На бебињата е нормално да им треба помош да презаспијат затоа што спиењето како и сите други работи е техника која полека треба да ја совладаат. А се совладува со тоа што сме тука да им одговориме на нивните барања и потреби, а не да им наметнување режим према нашите потреби и сваќања. --- За вода и чај - не се даваат кај бебиња кои се на ексклузивно доење. И тој чај против грчеви, не би рекла. Кој гарантира ефикасност. А е преполн шеќер.
Не смее е тежок израз. Зошто не смее? 10 20 мл се ништо во едно деноноќие. СЗО препорачува, значи ПРЕПОРАЧУВА ексклузивно доење до 6 месеци. Не е грешка да се почне и на 4 со дохрана. Не е грешка ни ако мајката одлучи да му даде неколку голтки вода. СЗО препорача карантин а ја поздрави Шведска за билдање колективен имунитет. Така да...
20 мл во едно деноноќие? Добро се читаш што пишуваш? Ти објаснав зошто не смее. Затоа што го залажуваш бебето дека е најадено, стомачето му е полно и може да почне да му паѓа тежината. Никој нормален доктор нема да ти препорача на 4 месеци да почнеш со дохрана. И не, СЗО не ПРЕПОРАЧУВА, туку вели НЕ ТРЕБА да му се дава вода на бебиња до 6 месеци. А не, "препорачува" па ти да си го толкуваш ко што ќе ти текне. Греота е на бебе до 6 месеци да му даваш вода ама од пуста неинформираност ќе му наштетиш
По 10,20мл вода почнав да му давам после 4тиот месец. Бебе не само што напредува,туку тежи многу повеќе од тоа што треба Моето цица и јас одлучив да му дадам вода, но нели оние бебиња што се на ад треба плус и вода да пијат?
Не, од каде тоа дека треба плус и вода да пијат? Посочи ми еден релевантен извор што тоа го тврди. Дали е на вештачко или природно, давање вода е штетно. На твоето ако не му било ништо, на многу други му е. Некои и мед редат на цуцлата на 3 месеци, па ништо не им е и ќе ти кажат, зошто чекаш до 1 година, јас на 3 месеци му дадов па ништо не му е. Настрана тоа што му го полниш стомачето па не е гладно, а не е воопшто нутритивна водата, значи тоа настрана, од водата може да му падне нивото на натриум многу ниско и да добие напади.
https://www.who.int/health-topics/breastfeeding#tab=tab_1 https://www.who.int/news-room/q-a-d...-baby-before-the-6-months-even-when-it-is-hot Во едно деноноќие, 10 мл вода се ништо. 100 мл може да го збунат бебето и да предизвикаат лажна ситост, ама две голтки вода НЕ. Која мајка е луда да даде 100 мл вода на бебе од неколку месеци. СЗO recommends што во превод значи препорачува. Деца со слаба крвна слика почнуваат со дохрана од 4 месеци. Или ти подобро знаеш од педијатар кој тоа го препорачал? Јас давав по неколку голтки вода, па еве син ми на 9+ месеци тежи 11 кг.
На муабетот погоре имам само едно нешто да прашам. Ако ништо не менуваат 10 мл во 24 часа (а се согласувам), зошто тогаш воопшто ги давате?
Еве што вели Светска здравствена организација. Пак ќе речам, покрај овие причини кои мене ми се доволни, постои уште една причина зошто не се дава вода пред 6 месеци, а тоа е затоа што може да му го пореметиш електролитниот баланс, да падне нивото на натриум, и да дојде до напади и дури и смрт. Ама што ти е гајле тебе, слушај тетки и стринки они изгледале по 3 деца повеќе знаат од доктори. А за дохрана од 4 месеци велиш со слаба крвна слика, значи мора да има индикација, кај бебиња кои нормално напредуваат никој нормален доктор нема да ти препорача толку рано дохрана затоа што има причина.
Со водата и до стомачни вируси се доаѓа, го измива заштитниот филм што го создава млекото врз цревата на бебето. Не се дава вода. И јас не ја гледам потребата да се дава вода. Точно е и тоа за паѓање на тежината поради лажно чувство на ситост. Ако не се случило кај еден не значи дека нема никаде да се случи. Еве порано советувале да се дава, јас сум родена во лето, мајка ми одма и рекле да ми дава. Доена сум и натпросечно сум напредувала ( ми остана мака со натпросечно растење во тежина хахаххаха). Сега мајка ми ме прашува за вода, не давам, ама јас ти давав - ако, јас не давам. И не давам простор за дискусија понатаму. За ноќно доење, јас не можам да замислам без него. Сигурна сум дека добриот напредок се должи токму на ноќните подои кај мое бебе. Ако се буди давајте, ако спие нека спие ( за поголеми бебиња, за помали од 2 месеци јас би будела сама).
Кај мене успеа само кога јас бев легната и бебе до мене, така на болница ми ја дадоја после пораѓај одма да фати, така и ми беше најлесно, еве и после 4 месеци сме така. Ем раце не ме болат, ем нозе у вис, ем кичма чувам. Пробај.
Колку смешно, кажуваш работи кои јас во ниту еден момент ги немам напишано. Двајца педијатри и еден гинеколог акушер ми потврдија дека неколку голтки вода не можат да направат проблем. За дохрана исто. Двајца педијатри рекоа дека може дохрана од 4, може и од 6. Не е грешка ни така ни така. Ако може кај деца со слаба крвна слика, зошто е проблем да јадат деца кои нормално напредуваат?
Кога и да те читам тебе, како јас да сум пишувала хаха. Кој педијатар е тој кој ти рекол на 4 и пол месеци да укинеш ноќен подој, а сте уште на цице? Мене ме советуваа постепено од кога ќе воведам по три оброци, за заспивање само подој. Криза во доење имаме и ние зато што се ја интересира сега, биди упорна, нека цица во тишина, кај темно,не го гледај, нека не те замара никој, за вниманието да не му се одземе и мене ми рекоја цицаја кога ќе видиш дека е веќе време за спиење.
Нашиве бесни исти се хаха. Само да се живи и здрави.. Инаку мојов ако ептен му се спие нема шанса да цица вришти на цице. Тоа у сред спање ако му подметнам.
За дохрана не зборувам пошо темава не е за дохрана. Убаво ти кажаа горе, ако неколку голтки нема да направат проблем, која е логиката да му ги даваш? Еден извор релевантен ќе посочиш кај што вели дека давање вода толку рано има некаква полза, некаква корист? А не, 1 акушер и 2ца педијатри, пошо тоа не е извор. И мене доктори ми рекле да не даваш вода пред 6 месеци па сега да те прашам ти повеќе знаеш од тие доктори? Милион статии можам да ти дадам и студии што потврдуваат дека тие неколку капки можат да направат проблем, и ако се грижиш за своето бебе нема да му даваш вода. Ни на бебиња на доење ни на бебиња на ад. Никое не смее да пие вода и тоа е факт.
Дај ми ти еден релевантен извор каде се вели дека НЕ СМЕЕ да пие по неколку голтки вода. Каде пишува дека ке му наштетат неколку голтки вода? Јас слушам педијатар на кој му верувам. Ти прави што знаеш, океј?
А која храна ја избегнувате заради грчеви, или си јадите умерено од се'? Инаку, премногу благодарност за сите одговори, навистина темава е доста корисна