Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    7.494
    Пол:
    Женски
    Водата е поврзана со цврстата храна како што ми кажа мене педијатар. Па со тоа, може и од 4 да почне да дава некој ако почне со дохрана од тогаш. Инаку, нема потреба од вода претходно
     
    На Mantub и lavinija28 им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Избегнувај само тоа што тебе ти ствара нелагодност, зошто ако тебе ти прави, многу е веројатно дека и на бебе ќе му прави. Јас на пример не јадам грав, зелка и боранија, зошто од нив имам секогаш мака.
    Инаку, можеш се’ да си јадеш, но умерено, бидејќи бебето преку млекото првенствено ги добива нутриентите, не толку “тегобите” од храната, така да се изразам :)
     
    На Kaetana, lavinija28 и dunika им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас сега се хранам ајде да речам здраво, со тоа што го имам исфрлено зеленчукот што мене ми ствара гасови како зелка, брокули и сл. Се друго е готвено. Во принцип нешто како за скриен шеќер во бременост само не толку строго,повеќе сум на протеини и здрави масти.
     
    На lavinija28 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    25.871
    Пол:
    Женски
    Ние ја носиме малава кај педијатар кој е меѓу најдобрите во Ск според педијатри и задоволни пациенти. Ние сме само на доење, ми рече ако и даваш водичка зовриена до 5 месеци, после 5 давај и таква каква ти што пиеш. Во Австрија кај што е родив, зачудувачки ме погледнаа кога им кажав дека чајче не и имам даено (3 недели беше) дека од 1 недела смеело доколку има грчеви.. е сега мојава што не сака шише е прича за себе. Крај краева ние како сме пораднале? Со грав од 7 месеци со запршка, кравјо млеко ( не дека е во ред ама ете пораднати сме живи,здрави и прави), сега ако слушаш уште на година немаат пробано се од храна.
    Изборот е сепак на мајката кога, што и како ќе му дава на бебе да пие или јаде.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А бе вие се си знаете, кога недај боже ќе умре некое бебе може ќе си го ставите прстот на глава и ќе подразмислите колку сте несериозни и неодговорни. Ние како сме пораснале со запршки, со мед на цуцлата, со вода, со перници завиени во кебиња, недај боже некогаш да следите промена, не, не, седете со размислувањата од баба и прабаба, јас имам роднина која и умре ќерката бебе од 4 месеци и таа така размислуваше ко тебе, нас како не израснале што ни фали, па оди прашај ја сега што и фали. Ако не му се случило на твоето не значи дека е безбедно. Ама секој си знае за себе, ти си одговорна за твоето бебе, па прави што сакаш. Пак ќе речам, педијатар ми рече, овој ми рече оној ми рече, за мене не значи ништо, пошо и јас ти кажувам дека од доктор сум слушнала давање вода на бебе помало од 6 месеци не. Читај студии има по интернет достапни за секого, зошто не се дава вода. Како што кажа некој погоре, ако почнеш од 5 месеци со дохрана, тогаш вода и сосем малку, повеќе млеко пошо водата е поврзана со храна. А не вода, чаеви, ако не и еден цитрон исцеди му на два месеци. Изборот не е на мајката, пошо да земеш да прочиташ какви размислувања имаат некои, коса ќе ти се крене. Има јасни правила за некои работи и не смее никој да одстапува од нив и да си има избор како сака.
     
    Последна измена: 12 мај 2020
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    25.871
    Пол:
    Женски
    Пошо толку многу си упатена сигурна си слушнала за СИДС, недај боже на никого, па ни на душман. Ненадејно починување кое уште доктори не можат точно да кажат што предизвикува бебињата да заборават да дишат, има повеќе теории ама ни една не е со согурност точна. Ама дека од вода некое бебе умрело ајде убедиме. За претоплување, ќебиња и тие работи е друга тема кај што сум против туткање на бебе. Не ги мешај бабите, прабабите во овие работи.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Кажав 16 пати наназад, давање вода на бебе може да му поремети електролитен баланс, да му падне нивото на натриум и да добие напад и може да предизвика смрт. Бебе нема способност да "преработува" вода, а нема способност, знаеш зошто, затоа што нема потреба, и во најжешки денови на лето се дава исклучиво млеко, затоа млекото прво е поразредено за да се задоволи жед па потоа ида погусто млеко за да се задоволи глад. И не, не зборам за 1 литар вода. Ама давај му слободно ако не ти е страв.
     
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.844
    Допаѓања:
    18.700
    Пол:
    Женски
    Олабави малку.
    Дај ми линк од релевантен извор каде се вели дека починало бебе од 10 20 мл вода дневно. Вода која е соодветна за бебиња затоа што СЗО спомнува загадена вода.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    И јас сум против давање на вода но моето бебе не кака по 10 дена и педијатар ме посоветува до 50мл дневно може со цел да се разреди млекото иначе на чепчиња ја навикнав.. и има ефект. Порано давале на бебиња мајка ми дури лута што не и давам но секоја мајка прави како мисли и не треба да судиме.
     
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Ај добредојдов во темава :D

    Пред, после јадење или нема врска?
     
    На eta, elenaklasik, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Добро најде, здраво живо бебенцето.:inlove:
    Нема врска и онака нон стоп ќе јади :D
     
    На lavinija28 и 0ли им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Добредојде мајка :inlove:

    За капсулчето, нема врска кога го даваш, битно да го испие. Јас давам секогаш сабајле, пред да цица :)
     
    На 0ли и Cherry333 им се допаѓа ова.
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Аааа честиткиии, јас не знаев не сум видела , да сте живи и здрави и големи да растете :inlove:

    Патем не е битно кога, кога е буден тогаш :*
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Teja26

    Teja26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2018
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    609
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ќерка ми е 19 месеци не ја дојам од 8 месеци несакаше никако да цица а еве ден денес кога ќе ги притиснам брадавиците тече млеко, дали е тоа нормално или треба нешто дс земам.. Инаку немам мака ни болка ни тежина ништооо...
     
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Вo Ремедика каj штo jа нoсев на преглед ми кажаа да гo испие па пoсле 10 мин да цица.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Зачнавте многу теми.
    Ќе пробам да бидам кратка и се надевам информативна.

    Вода не се дава. Тоа е официјална препорака. Пишано е погоре зошто. Се согласувам дека 20 мл дневно не можат многу да влијаат, но, внимавајте. Кај новороденчиња 20 мл е голема количина. Желудникот има место за 20-30 мл во првите денови од животот на бебето. И најважно - ако знаете дека ништо не менуваат, не ја гледам потребата да ги дадете. Ниту ќе "згасат жед"… ниту ќе имаат некаква функција. Ако сакате да ги замолчите домашните што ви се качуваат на глава, ок. Но, јас би одбрала друг начин на замолчување.

    За тоа како нас нѐ гледале, и официјални совети од педијатри, не би коментирала многу. Се давало и вода со капки лимон, цуцла во мед и сл. Е сега смртта од ботулизам била ретка, ама кога виделе дека е ризик - рекле големо НЕ за медот кај бебиња пред година, ако не и две. Исто е за водата.

    Спомнавте СИДС. Единствено нешто што би го спомнала тука е дека честото доење и будење навечер е огромна превентива за СИДС. Да не се разбереме погрешно. Ако бебето преспива и напредува добро, ок е. Ама намерно намалување и укинување на ноќни подои кога бебето се буди и ги бара, што значи од некаква причина му требаат... Едноставно нема логика. Затоа сум против тие совети од педијатри дека ние треба да наметнуваме ритам на бебето што тоа да прави.

    Значи... Моето мислење е многу едноставно - раѓаме бебе. Тоа бебе има потреби. Тоа бебе е толку кревко и ново, беспомошно, што му требаме за да постои во светот. Во многу форми и варијанти. Во форма на јадење, во форма на топлина, на адаптација надвор од матката, во форма на утеха и прегратка за да може психички и физички да напредува. Кога ќе можеме да разговараме, тогаш ќе му објасниме како треба да спие цела ноќ и сл. До тогаш обврска ни е да му одговориме на неговите потреби.

    Затоа не верувам секогаш слепо кога некој ќе ми каже дека "педијатар така ми препорача". Безобразно од моја страна, ама така е. И затоа изјави од типот педијатар рече дека може дохрана од 4 месеци не се во ред. Затоа што секое бебе е различно. Некое бебе е спремно од 5 месеци да се дохранува, некое од 7. (Не верувам дека ниту едно бебе е спремно да се дохранува од 4 месеци). Има мајки што дохрануваат и од 3 месеци. И "ништо не им е на децата".
    Дај Боже никогаш ништо да не им е на децата. И овој муабет е токму за тука. Бидејќи го засега доењето.

    Дохранување на бебе кое што не е спремно да се дохранува делува негативно на напредокот на бебето (настрана од негативниот ефект врз цревата и бактериите во нив како и ризикот од појава на алергиски реакции како резултат на неспремност на дигестивниот систем да обработи храна). Спремно бебе (друга тема се знаците на спремност) ја зема дохраната како екстра на она што го цица. Неспремно бебе менува подој со кашичка.
    Памтете - јаболко никогаш нема да е покалорично од мајчино млеко.

    И памтете - секое бебе е свое и не мора да влегува во статистичкиот куп од бебиња. Гледајте го вашето бебе. Читајте, интересирате се, одлучете на база на ваше истражување. Не на база на тоа што рекла комшиката.

    И жалам што сум повторно директна, но не, не се согласувам дека секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното бебе. Тоа е толку егоцентрично видување за себе. Затоа сме тука, да разговараме и да разменуваме искуства. Добар родител е тој кој сто пати ќе се праша дали е ок сето ова што го правам. А не тој кој толку суетно слепо верува дека е. ;)
     
    На kukla21, Annath, Chanell* и 32 други им се допаѓа ова.
  17. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Навечер колку пати му дававте/давате на бебе да цица? Некогаш преку ден цица почесто како и пред спиење и навечер спие помирно, па се случува два пати само да закемка. Не знам дали почесто да го будам...
     
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ако си напредува убаво, не го буди. Штом си спие, најадено е. Ако мочка и кака редовно, само ќе си се буди кога ќе е гладно.
    Малава моја само еднаш цица ноќе, т.е. сабајле околу 5, и си продолжува да спие. Легнува во 21 најкасно и спие до 8-9 сабајле со едно цицање, а преку ден на 2-3 часа цица.
     
    На mal.ecka, Thallia, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.005
    Пол:
    Женски
    @Kaetana алал за текстот и размислувањето! :f::l:
     
    На K.Mari4ka, Kaetana и Dikinzi им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.005
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2020-05-13-13-26-28-351_com.instagram.android.png
     
    На dunika, Lianna Anna, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.