1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    18.727
    Пол:
    Женски
    Безобразно е од твоја страна да претпоставиш дека некој дава вода затоа што свекрва или мајка врши притисок. Не мора да сме во странство за да песечеме. И јас овде знам како треба.

    Јас секогаш, ама секогаш ке знам што е најдобро за моето дете. Формирам став врз основа на се што ке прочитам, врз основа на совет од педијатар, ама крајниот збор го имам јас.
    Ако не знам јас што му треба на моето дете, како ке знае некоја од форум?
    Споделување мислење и искуство е во ред, совет, ама не можеш да се вртиш како ке дувне ветрот или како што ке ти кажат на форум. Мајка си и обврска ти е да знаеш што му е на бебето.
    Сите бебиња одат на педијатар кој го следи нивниот развој и напредок, јас лично одбрав педијатар на кој целосно му верувам. Исто како што одбрав доктор на кој му верувам, и во ниту еден момент не помислив дали ме породи царски за пари или затоа што тоа е најдобро за мене и бебето.
     
    На Bubish26 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 не сметам дека е безобразно. Направив генерална претпоставка и никого не набедив дека апсолутно заради тоа го прави тоа. Затоа стои тоа "ако". А претпоставката ми е основана на лично искуство и искуства на многу мои пријатели и познаници.
    Многу е поневкусна твојата изјава дека сум пресекла со тоа што сум си заминала. :) Извини ако погрешно го сфатив тоа.
    Погоре прашав - ако не менуваат 20 мл кај бебе и знаеме дека не служат за ништо, зошто ги даваме?
    Друг одговор немам добиено досега. А многу жени сум прашала.

    "Јас би одбрала друг начин на замолчување" алудира на тоа да добиеме сила и самодоверба како нови мајки, затоа што не ретко нашето мислење е потиснато од околината затоа што "сите знаат како треба".

    Јас се надевам дека секогаш ќе знам што е најдобро за моето бебе/дете.
    И не знам зошто толку погрешно ме разбра - тоа сакам и јас да кажам - дека мајки треба да се едуцираат, да читаат, да разменуваат искуства, а да не се основаат само на еден совет од некој доколку тој совет нешто не им штима.

    А за тоа дека си мајка и дека ти е обврска да знаеш што му е на бебето - не се согласувам. Мајка си ама не стануваш мајка кога ќе се роди бебето. Затоа што учиш да си мајка. Учиш со секој ден сѐ повеќе. Затоа би рекла дека ти е обврска да дознаеш што му е на бебето. А ок е да не знаеш. Затоа што изјава дека мајката мора да знае е многу контрапродуктивна, особено ако се сервира на штотуку породена мајка која не знае каде тера.

    И да. Вербата во педијатарот е круцијална. Но, факт е дека има педијатри кои во нашите очи како мајки на некој начин "потфрлиле". Не значи дека само затоа што се педијатри дека мора апсолутно да се слушаат или дека се апсолутно во право. Некогаш баш таа мајчинска интуиција е многу поголема и порелевантна од мислењето на педијатарот кој го гледа нашето дете еднаш месечно по 15 минути.
     
    На Annath, dunika, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    А што јадете за време на доење?
    Незнам како да се хранам,
    И дали навечер ги будите за цицање ако се успани?

    Инаку почна да цица бебе има и млекце шприцка, и она си влече убаво, само со дохраната нз шо да правам и дадов ноќеска и одма ја поврати и сабајлево исто ми беше страв да не е гладна пак поврати
     
  4. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски

    Чим си цица не и давај дохрана, нема ништо подобро од мајчино млеко. И јас исто да не е гладна давав дохрана, ама ја прекинав бидејќи можеше да ми се одбие.
    Јас не ја будам навечер, некогаш станува да цица за 2 саата некогаш за 5 саата станува, секогаш е различно, а за хранење одбегнувај цитрусни овошја, луто, благо, грав, зелка, грашок, а повеќе сокови бистри и вода пиј.
     
    На Bubish26 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ти си баш од оние егоистични мајки што господ од на небо да слезе да им каже дека нешто е погрешно, пак ќе си тераат по свое. Значи, за некои работи не смееш ти да си формираш став, тоа го сфаќаш? Вода давање на бебе од 3 месеци, дохрана прерано, како да спие навечер бебето, и слични работи, не се работи за кои тебе доктор ќе ти рече КАКО САКАШ. Туку како мора. Ако не го правиш тоа го доведуваш здравјето на бебето во прашање, значи здравјето и недај боже животот му го доведуваш во прашање, на скрос друга личност, значи како не сфаќаш не знам дека за овие работи не е избор туку правило. Апсолутно може една мајка да не знае што е најдобро за нејзиното бебе, пошо од хипи прикаски за мајчинска интуиција, мајката се знае, ми се повраќа, најискрено. Мајката има огромна интуиција. Ама факт е дека за многу работи појма немаме и ако не прашаме може да згрешиме. Добра мајка е онаа мајка која се прекорува сто пати, премислува што да направи, а не како тебе 100 проценти самоуверена дека се правиш одлично и никој не смее да ти пререче. Пак ќе ти речам, да се работи за тебе, што сакаш прави, кога се работи за здравјето на друга личност односно твоето бебе треба да се преиспиташ малку колку си одговорна.
     
    На Nade-sunrise и elenaklasik им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    18.727
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се подразбира дека денес, на целата достапност на се и сешто на интернет, мајката ке чита и истражува. Нејзина обврска е да дознае што е можно повеќе работи околу бременоста и општо се откако ке дојде бебето на овој свет. Потоа, селективно ке прифати совети од сите страни и ке прави онака како што смета дека е најдобро за бебето. И покрај сите искуства и совети, последен збор го има мајката, а по автоматизам, таа треба да знае што е најдобро за нејзиното бебе.

    Спомна и притисоци од страна. Јас вода давав за да знае дека постои нешто друго освен моето млеко, ама ништо од бизнисот. Сега не сака воопшто да пие вода. По неколку голтки кои јас му ги давам. Давав вода и измолзено млеко од шише, за да можам да го оставам со мирно срце ако треба да одам некаде. И пак ништо, можам само два часа да излезам. Гладен и жеден ке седи и ке плаче.
    Да прецизирам, не давав вода секој ден, ниту пак секогаш 20 мл, давав повремено. Сега гледам дека заборавив да пишам, давав вода после 3 месеци. Моја грешка, се извинувам.

    Точно е дека интуицијата треба да не води, ама педијатар од медицински аспект може да ми потврди дали нешто е во ред или не.
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    18.727
    Пол:
    Женски
    Ауууу абе зошто си толку наапана? Олабави ме.
    Прво, да се разбереме, Господ не постои.
    Второ, јас ставот го формирам врз основа на совет од педијатар и мислења кои ги читам по цел интернет. Форумот не ми е основна информативна точка.
    Трето, ако не знае мајката, кој ке знае? Педијатар кој го видел бебето три пати? Ти?
    Моја обврска како одговорна мајка е да се советувам, а што е најправилно, одлучувам јас.

    А и ти си таа која рече дека бебе може да умре од 20 мл вода. Побарав соодветен доказ, не добив.
     
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на муабетот за знајноста на мајките за нивните деца.
    Само да ја отворите темата Совети и искуства за бебиња, ќе видите колку само сме полни со прашања, сомнежи, " зошто не ми спие бебето, дали кај вас е така, како треба да направам... Прашања до бескрај, двоумења што измачуваат, и пак не сме начисто. И тоа само за физичкото здравје и изглед, а каде е воспитувањето?
    На кои принципи и вредности да го учам детето? Како да се поставам? Навики, морал, добрина, успех, здравје...

    Можеби, кога станува збор за воспитување и едукација, тогаш до некаде родителот го одбира патот, начинот на воспитување според цртите и капацитетот на детето, нешто што му одговара нему, ама кога е за здравје, сепак има пропишани правила.
     
    На dunika, Lianna Anna, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А бе една одговорна што си. Ова погоре што го пиша за давање вода на 3 месеци за бебето да може само да седи кога си шеташ, да сфати дека постои друг пијалак освен млекото, тоа за одговорно го сметаш? Кажи само кој педијатар ти рекол дека на 3 месеци бебето треба да сфаќа дека постои и друг пијалак освен млекото, чисто да знаеме да го избегнуваме тој педијатар.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    18.727
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ке побарам, дај ми доказ дека бебе умрело од 20 мл вода.

    Не знам дали мозокот не ти резонира добро, не читаш добро, или како. Давав молзено млеко од шише кога сум излезена. Еве јавно признавам дека го оставав син ми со татко му или една од бабите за да одам да шетам. Значи, шопинг, кафани, дружење, па и на забар одам, на депилација, во банка и слично.
    Вода давав од 3, дохрана од 5.
     
    На Bubish26 и Dikinzi им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш вчера бевме на прва контрола кај педијатар и зборевме за исхрана. Малиот убаво цица и плус сме на дохрана ама не качува на тежина (-10гр сме од килажата кога не отпуштија од болница). Многу кака, па докторката претпоставува дека е заради тоа. Ми рече да исфрлам зелена храна како зелени салати, краставица, грашок и сл. Да внесам житарици, многу млечни производи како јогурт, кисело млеко, кашкавал сирење - благи како млеко не. Сокови, вода, овошје, ориз, компир, патлиџан, месо итн. Значи обратно од тоа јас што се хранев (имав пишано дека продолжив со исхраната за скриен шеќер), па ќе видиме следна контрола.

    Го будам на 3-4 саати да цица, не го оставам повеќе барем сега на почеток додека почне да качува на килажа. Дохрана ми давам секогаш точно на 6 саати. Имавме 8 пати дохрана и вчера ни намалија на 4 пати. За повраќањето не знам, може не му одговара. Ние користиме хип хипоалергено.
     
    На eta и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Жени како да фанеме некој ред?
    Нон стоп е на цицка, така сите ми викаат ставај го да цица почесто, и тука такви совети прочитав, и од сабајле од 8 и немав дадено дохрана до сега до 16
    Цел ден е на цице. Нз шо да правам ,
    Каките се жолти. По тоа се водам дека не е гладна
     
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    На почетокот е така, ќе мислиш дека е залепено за тебе, ама со тек на време оно ќе си фане ред. Чим си цица,нема потреба од дохрана :*
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Мачно ми е, ми иде да се откажам, само на дохрана да биде, ама срце не ми дава не сакам да ја ранам со вештачко.
    Вчера исто на цице беше ама и спиеше денеска не е и убаво спиена а и јас со неа. :whew:
     
  15. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Ти верувам, знам како ти е, доењето не е лесно ама е прекрасно :inlove: Најлесно е вештачко да дадеш, стопли вода, смучкај, ни да го мислиш дали е гладно ни ништо. Арно АМА доењето е најдобро за детето ;) Се додека мајката нема никаков проблем ( пу пу пу не дај боже) детето ќе биде залепено за цице :D Подобро помири се дека ќе биде така, затоа што сите доени деца се стално на цице. Заборави го тоа " сега јадеше не е гладно " кај нив не важи :D Ако сакаш да доиш, стегни заби, вооружај се со трпение, опуштање, на почетокот не е лесно, ама за брзо ќе влезете во шема ;) и после ќе си речеш "еј ова било боза " :D Уживајте, гушкајте се, и знаеш..колку повеќе цица, толку повеќе млекце ќе има, гушки :hug: :*
     
    На eta, Bubish26, Kallias2 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi епа мене тоа не ми е јасно, како колку повеќе цица повеќе млеко, неки треба барем 2 3 саати да поминат за да надојде млеко?
    Како ли им успева на тие шо дојат така.
    Млекце има само на стискање шприцка, се си мислам не и е доволно.
     
  17. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.161
    Пол:
    Женски
    Не, не треба да поминат 2 саати, и јас со првото мислев така, ама грешка сум мислела. Опушти се и ќе видиш како и на 15 мин ќе имаш ;):*
     
    На mal.ecka, Bubish26, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Поради доењево, дали јадите мед? Додека бев бремена секое утро јадев по едно лажиче со семе од коприва. Сега не знам што да правам. Исто, ме интересира за витамин ц дали смееме и лимон? (За лимон мислам имам читано дека не се препорачува)...
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.977
    Допаѓања:
    108.408
    Пол:
    Женски
    @Veki4kaa не се грижи , со тек на време ќе си фатите ред. Тешко е особено на мајките со први деца , ама нема ништо полесно од доењето. Штом си имаш млеко така и продолжи , со тек на време ќе се создава уште повеќе млекце , а и бебе влече колку му е доволно. И цело време се на цице, првите месеци зошто и треба твоја близина.
    Да спремаш вештачко додека бебе ти плаче и чека да јаде , па ноќе да стануваш цело време не е воопшто лесно. Вака вади цице и бутни во уста , нема ништо полесно. И немој вештачко да даваш штом се е во ред :*
     
    На eta, mal.ecka, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    18.727
    Пол:
    Женски
    Мене па доењето ми е нешто најлесно. Вадиш цицка и не мислиш. Најздраво, тазе и секогаш подгреано и нема миење шишиња. :D
    Првите месеци е така, нон стоп уштекани се на цицка ама после си фаќаат ред.

    Јас не јадев ништо и синко имаше грчеви. Ни портокал, ни мед, ни грав и грашок, млеко, ма ништо. Кафе исто не. После почнав да јадам и пак беше исто. Со тек на време сами престанаа.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.