Нема филозофија, твоето тело е програмирано да ги задоволи потребите на твоето бебе, а тоа ќе се постигне, ако и само ако доиш на барање и не додаваш апсолутно никакви други течности, значи ни чај, ни вода, ни ад. Ако си решена да доиш треба да го знаеш следното: постојано треба да бидеш со бебето, постојано треба да бидеш со " цицка на изволте " и постојано да се хидрираш доволно. За ова ќе ти требаат филмови на тв, мобилен и фемина и една другарка која го поддржува твоето доење за да и се " изјадиш" кога си пред пукање и да се рестартираш. Мене најмногу ми помогна последното, ама мој советник беше нашата неповторлива @Kaetana која ме смируваше кога имав напад на страв и паника да не е бебе гладно. Еден совет, често менувај пелени и на секој страв да не е бебе гладно проверувај пелена, ако ја измочкало најадена била. И не давај ад, ни молзено во шише -заборави шише. И не давај цуцла лажалка исто така, таа оневозможува доење на барање, бебето ќе си ја цуца неа, нема да бара да цица и може да прегладне, па да цица нервозно и да плаче на града. Искуство за сите: Попладне и навечер сме уморни, бебињата се изморени, грчеви ги мачат, им се спие, па плачат на града, тргаат-пуштаат, па не сакаат пак да фатат и ние мислиме дека нема млеко тој период, но не е така. Ако бебето ви прави така успијте го. Или оставете на некој 15тина минути и одете под туш, јадете чоколадо, пијте многу вода и опуштете се кратко, па земете го пак, ќе бидете и вие и тоа посмирени и ќе се продолжи со доење. Во овој период играјте си и " пинг-понг" со градите додека заспие или само престане. Ќе бидат залепени до вас, не сите имаме среќа бебе да цица и 2-3 саати да спие, ама и тоа ќе помине. Само доење, доење и доење за успешно доење!
@Veki4kaa не се откажувај. Јас две недели бев жива ненаспана, знам како ти е. По цела ноќ беше на града, само шо ја ставам во креветче, таа пак плаче за града. Со тек на време ќе си фане ред. И јас како тебе си мислев леле ќе нема млеко доволно, едно друго ама еве ја сега 5 ипол месеци добро си напредува и некогаш си цица за 15 мин некогаш за 3 саата.
Убаво ти објасниле другиве мајки, еве и од мене поддршка. Првите два месеци бев зомби, немав желба да се средам воопшто, а за што? Бебе нон стоп на града, чешел имав забораено што е. Истата реченица ја повторував нон стоп ,, кога ќе престане да доји,јас ќе се препородам". Од една страна ми беше мачно ама од друга уживав затоа што стегнав заби и решив беба да ја хранам јас, уживав на секое нејзино смирување кога ќе почнеше да цуца, нејзиното задоволно лице ми даваше мотив да успеам. Сега сме 4 месеци, вистина дека уште не можам да се истуширам кога сакам зато што се приврза за мене и немам за себе слободно време освен овие 2 часа навечер и тие ги пак ќе ги искористам за пеглање.. ама кога ја носам во спалната за да ја легнам на кревет одма знае дека е време за јадење, кој осмех ми го дава.. врти главчето со отворена уста радост моја. Денеска се натажив.. што ако снемам млеко му реков на маж ми кроз плач, беба нема да е олку среќна,а шише не ми фаќа.. будалче едно ми рече, колку е таа среќна што баш ти си нејзина мами. Не е лесно дете да чуваш ама еден ден ќе си горда на себе што си успеала, времето посвети му го максимално него, мало е, кревко, плашливо, ти си му најголемата утеха. Наместо да топлиш млекце среде ноќ, ти ќе го гушнеш легната и оно ќе си се најаде и ќе си заспие пак, а ти до 9 сабајле одморена. Само трпение.
Синко сега за сега сака да ја земе цицката со него. Завршува со цицање, станува ама цицката не ја пушта. Зошто да заборави молзено млеко во шише? Зошто не цуцла лажалка? Од мое досегашно искуство, гладно бебе не заспива. Не цуцла лажалка, не нишкање, кога ке викне од глад, улица ечи и додека не се најаде не заспива.
Мoетo бебе беше таквo пo еден саат да цица, цел ден... Пoсле 4-5 месеци наглo смени се исцицува за 10 мин се трга.
Истото и мене ми го кажаа на болница кога се породив, кога ме видоја дека и имам даено цуцла на малава лом по мене правеа. Наводно не е истата техника и тие што немаат совладано добро да цицаат им правела потешкотии, а за шише има халапливи бебиња кои сакаат одма да се најадат и ги мрзи да цуцаат саат време, па доаѓа до тоа да одбиваат цице.. јас послушав и еве нема шанса сега ни цуцла ни шише.. беља од една страна, вриска ајде смири ја освен вади градата на сред улица
Moeto si cica i za mene e toa blagoslov(isto kako i preth dve )ni na kraj pamet deka e toa macno,deka stvara nervoza i umor! Naprotiv deteto se oseka sigurno i ne se ni bidi samo ke go razmrdaa glavceto mama dava da jade i spie cela vecer...masala! Ne smeete da gledate na doenjeto kako na nesto sto ve umoruva... toa e najdobroto za deteto(osven koga ima nekoj problem). Mene potesko bi mi bilo da stanuvam da grejam voda da pravam mleko a da go slusam kako place gladno... Doenjeto e najubaviot del od majcinstvoto,ne bi go zamenila za nisto.
Затоа што шишето го загрозува доењето, ем фатот за шише е поинаку, ем бебето може да се навикне на протокот од шише и во моменти кога треба 5 пати да тргне од града за да голтне, тоа са го бара шишето. Не постои шише блиску до мајчина града, се тоа се измишљотини. Комбинацијата шише-града може да биде фатална за доењето. Тоа што кај некој не се случило така, не ја прави безбедно. Затоа се препорачува ако е веќе потребно дохрана, истото да се прави со лажица, шприц или систем за релактација. За лажалка пишав, успива, можеби на месец, два, гладно бебе пишти, ама бебе старо неколку дена и те како заспива и гладно. Објаснив дека со лажалка цуца повеќе време и е смирено пред да даде знак дека е гладно, па кога ќе ја плукне и заплаче веќе е доцна, веќе е многу гладно, а со тоа и нетрпеливо. Со цуцлата прават и "поплиток" фат. Ако се обратиш на лактациски консултант за проблем, прво прашање ќе биде дали користите шише или цуцла.
... или дури и силиконски брадавици. Ова се надоврзувам на постот на @BirMelek за да имате во предвид. Силиконски брадавици ептен ретко и во исклучителни ситуации. Градата не е директно стимулирана и со тек на време може да влијае на лактацијата. Многу лош момент е што во болниците силиконските се нудат нон стоп како решение на проблем, а самите по себе знаат да се поголем проблем. @BirMelek и ти ми беше (си) огромна поддршка мене - она што почна како поддршка од мене за тебе, на крај испадна да ти се истурам јас тебе со сите проблеми и нервози, ама ако ништо друго, се надевам дека барем прошири искуство .. @MilaSs12 со ризик да навредам жени на форумот би ти одговорила само ова - види на ФБ во било која група како си пишуваат мајки па ќе ти стане јасно колку навистина одговори се базираат на истражување. Баш денес читам прашање "дали дававте чај додека доевте и кој би ми го препорачале? Бебето ми е 5 дена старо". И на тоа имаш одговори од типот "слободно давај и чај и вода". Ок, има бебиња што пиеле и чај, и вода, и супер напредувале, и пиеле од шише, па не одбиле цицка. АМА! Која е таа дрскост да се даде таков коментар кој може да биде сериозно проблематичен за малото бебе. 5 дена! Ни лактација не е воспоставена, ниту се одредил напредокот на бебето, никој не знае колку млеко добива... Уште за чај полн шеќери дошла работата. Што правиме ако мајката е со хиполактација? Во тој случај водата е погубна за доењето (а може да влијае и на здравјето на бебето). И трагично е што 90% од коментарите беа такви и уште поткрепени со изјави дека е сето тоа поддржано од патронажна / педијатар. Затоа треба мнооогу да се внимава што се пишува на форум, на ФБ, и сл. Затоа што нешто што било супер за твоето бебе, не значи дека ќе е супер за моето бебе. --- За сите мајки кои доите - почетокот е тежок. Ретко на која мајка така магично лесно ѝ оди. Доењето е работа луѓе! Работа. И од мајката а и од бебето. Треба време да се запознаете како двојка. Да се научите еден со друг. Ќе биде полесно. Па ќе биде пак потешко. Еве ме со скоро 8 месечно бебе пак сум зомби од неспиење и ви пишувам во 5 саат сабајле воопшто незаспана со бебе моментално на цицка кое се буди на саат време. Ама знам дека е фаза. Ќе помине и ќе биде подобро. Верувајте дека колку се позависни од вас на почетокот, толку понезависни ќе се како што растат. Затоа што со одговорањето на нивните потреби во секое време (макар значело да имаме лепенки на нас) градат самодоверба која понатаму ќе ги направи независни и сигурни во себе.
@Kaetana ти се вратиле хормоните на место ако прашуваш како изгледаш од страна. Повторно си љубовно трпелива Кај мене од прв момент цицаше како професионалец. Можеби оти беше родена 42 недела со речиси четири кила има некакво значење.
Од синоќа од 21:30 и дадов дохрана и си спиеше цела вечер на два пати и дадов цицна и еве денеска сме цел ден на цицка, пелените на два пати и ги сменов и беа полни мочани. И еднаш ми се помоча на подлогата, и еднаш е какана жолто. Ама а ја извадам од цицка вришти корне гладна е луѓе, грев ми е да ја гледам како се мачи. Неможам да не и дадам ад, и се јаде , нз шо да правам очајна сум
Таа сега ти помага да ти надојде уште млеко, ќе биде и залепена и ќе плаче и грчеви ќе има и тебе ќе те бара и ...се. Ама штом само на цицка има полни пелени и кака, немаш потреба од ад. Само волја и самодоверба.
Ако ја прифаќа формулата добро, не гледам зошто не би и давала комбинирано. Не е финтата да си во стрес.
Се согласувам. Можеш да и даваш 2-3-4 пати по 50-60мл барем за да се наспие убаво и ти да одмориш. Не можеш цел ден на града да ја држиш и ти имаш потреби. Кога јадеш, кога се бањаш, кога спиеш? Јас му давам секои 6 саати и земав шише на медела со Калма цуцла, тие се за да не се одвикне од цицање. На ист начин се влече од нив како од града. Раат сум сега, иначе и мене ми беше залепен нонстоп и нервозни бевме и двајцата.
И дадов , морав да и дадам греота е да се мачи, а влече она градата си ја фаќа ќе се степа дури мислиш ќе и ја земе некој дури и откако и дадов ад бараше цице па, Затоа не се плашам .
@Veki4kaa И јас како тебе сум во недоумница дали да давам ад или не од вчера сме само на доење и на секој сат е разбуден и на цице и плус навечер многу плачи по 3-4 саати не се смирува и не заспива само се буди тогаш ни на цице несака нервозен е и единствено што можам да направам е да му дадам ад инаку ќе е гладен оти не сака да цица...му молзам додуша ама и тоа го пие и пак е гладен..и цуцла му дадов сношти па фала богу да поспијам рајат и јас...Крај краева и да не сака да циџа ќе му молзам и ќе пие пак мајчино
Не сме да се убедуваме, ама за сите мајки кои ќе читаат во иднина овде постови и ќе бараат поддршка за доење, горенаведеното не е точно. Од ниедна цуцла не се влече како од града. Со давање ад, ќе си го намалите млекото. За стрес, стресот е неизбежен. Да, доењето е тешко, не знаеш колку јадело, дали му е доволно итн, но и таа состојба не е вечна, за кратко поминува. Дајте му шанса на бебето, кога сака постојано да е на града, значи сака да цица, мало желудниче колку може да собере. Првите денови се клучни. Не можам да ја најдам темата што ја имаше отворено @RainBow пред 2-3 години токму за ваквите недоумици. Каде е ? За крај, да не се сфатиме погрешно, и јас едно дете израснав на комбинирано, грешките си ги согледав после, затоа сакам да споделам.
- Адаптирано млекото не се дава на своја рака како што ќе ви текне. Особено ако сакате да доите; - бебе плаче затоа што е бебе, а не затоа што е по дифолт гладно. Моево на 8 месеци вришти мислиш умира за јадење а пред 5 минути завршил со јадење каша од 250 грама. Не велам дека никој плач не е од глад, и знам дека е тешко да слушате како плаче, но има други методи да се види дали бебето е гладно или не, како и други методи да се утеши. - бебе кое кисне на града е нормална работа. Особено ако е мало. Се нарекува cluster feeding и е очекувано и воопшто не е несекојдневно или чудно однесување; - пиење од шише (па нека е и калма) е пиење од шише и нема никаква врска со цицање од града - фатот и механизмот е скроз поинаков. Сето ова важи ако сакате да доите. Поентата е да ви се даде поддршка. И да не се паничите особено ако е сѐ во ред. Идејата е и да се избегне после чудење зошто се појавиле проблеми со доењето. Едит: околу тоа дека бебето би било на молзено млеко. За ваше добро не влегувајте толку наивно во такви сценарија. Молзењето е толку напорен и исцрпувачки процес, не си ставајте трн во здрава нога.