@Veki4kaa мила, твоето бебе не е гладно. Само стекни си самодоверба и верувај во тоа. Како себе да се читам. Бебето твое бара цице за утеха, блискост, за мама, за тебе. Се меревте, напреднува? Чим се полни пелените најадено е. Иста бев. После 3 недели од раѓање го тргнав АД млекото(1- 2 на ден, кога мислев е гладна), затоа што не правеше разлика во плачењето. Тогаш сфатив дека никогаш не беше гладна.
Мајка, знаеш колкаво желудниче има тоа бебе? Знаеш оти мајчиното посебно не држи долго? Знаеш дека за 1 саат цицање има потргнато само 30-50мл млеко затоа што нема сила? На града ќе ти е дур не престане да цица, се е то нормално, прифатете го тоа дека време за вас нема, ниедна од нас нема пиено топло кафе, ниедна не е од еднаш најадена, ниедна не е наспана, ниедна не е тип топ средена. Тука сме за поддршка, почнете да уживате во доењето, имате и двете млеко, имате бебиња што напредуваат добро. Прашање е дали воопшто сакате да продолжите со доење или не, ако да дур не ви надојде млеко како што треба, дур не научи тоа бебе кога му е доста, дур не добие сила да извлече толку колки што му треба, дур не поминат грчеви, страв дека е само и беспомошно, болки од запчињата, тоа бебе ќе е залепено за вас. Така да се е нормално низ што поминувате, на почеток на сите ни било напорно, прво дете.. ниеден доктор нема да ви препорача АД доколку имате млеко и беба напредува. @Jana06
24/7 да биде ли на града? Па мајката има ли душа? Треба ли да се наспие? Треба ли да има сила да издржи цел еден ден? Да се избања, да јаде, да дремне, едноставно да најде време за себе? И јас кажувам од лично искуство. Првото дете го доев 6 месеци без да употребам ниту еднаш формула, низ таков стрес поминав, психички попуштив. Сум и ќе бидам за доење и во иднина, но не гледам зошто да се исклучи скроз формулата како замена понекогаш, чисто ради овие работи што ги споменав. Не сте во право што сте толку против истата, ни јас не бев. Но сепак, секој си одговара за себе и си знае на што се е спремен, пред се психички да издржи, ако некој не е спремен не гледам зошто би го разубедувале. Особено за нешто кое лекар го препишал и цел свет го користи.
Никој не рече дека не е тешко. И сите сме биле на работ да полудиме, но откако сме го поминале тоа, тука сме да дадеме поддршка на мајките кои се пред тој предизвик. Во тие 24/7 ќе се најде време за јадење и за капење. За спиење, спиев со него, да е залепен за мене, така спиеше. Не го прифатив советот од сестрата да давам ад само навечер. Чиста глупост. И неспиењето поминува. Конкретно мајката што пиша, пресно породена, уште несоземена, лактација не е воспоставена, не смее да добие поддршка од типот дај ад и наспиј се, туку да слушне искуства од мајки кои истото го поминале. @Veki4kaa кога сте на мерење? Доењето е процес, влог, огромен влог во детето и неговото психофизичко здравје. Се што му фали е поддршка! Поддршка за мајката, се се средува, со секој ден посилни се и мајката и бебето, никој не е посовршен од природата.
Фино си напишала се тоа, и јас верувам дека е исправно. Моја грешка е што не прашав колкаво е бебето, и не прецизирав кога дадов вода. Групи на фб не следам, немам време да читам и на форум и на фб. Можеби и моја грешка е што сметам дека секоја мајка се советува со педијатар и плус истражува за одредена тема. Јас до сега ниту една одлука немам донесено врз основа на само едно мислење или совет. Ама очигледно тоа сум јас. Синко пиеше по неколку голтки вода, чај на хип му давав од време на време, кога сум излезена пиеше молзено млеко од шише. Не се одби во ниту еден момент. Сеуште цица по безброј пати, иако има 3 оброци. Со доење имам прекрасно искуство. Фати да цица уште кога немав млеко, дохрана давав со шприц 3 дена, ми ги извлече брадавиците кои ми беа целосно вовлечени. Се роди над 4 кг и во 41 недела. Сеуште има ноќни подои и не гледам причина да ги укинам. Некогаш 2, некогаш 3 пати цица. Уште кога видов позитивен тест јас бев свесна дека за 9 месеци ке престанат ноќите со 10 часа врзан сон. Еве речиси 10 месеци немам спиено повеќе од 5 часа без прекин. Ама вреди. За тие очи и таа насмевка. Бебињата имаат потреба од близина, топлина, мирис на мајка. Бидете сигурни во своето тело и се ке биде во ред. Јас воопшто не помислив дали ке имам млеко, дали ке дојам. Знаев дека се ке биде во ред. Бидете храбри и силни. Доењето е лесно. Се што треба да направиш е да броиш пелени. Ако на секои 2 до 3 часа има мокра пелена и во првиот месец ако има барем 10 мокри пелени дневно, на прав пат сте. Ако плаче од било која причина, понудете цицка, може ке цица, може ке се мази. Ако е гладно ке влече и млеко ке надоаѓа повеќе и повеќе. За да ве мотивирам ке споделам позитивна приказна. Пријателка 3 недели успеа да одржи лактација со пумпа, 2 месеци доеше со силиконска и сега дои без никаков проблем.
Јас многу добро разбирам што сакате да поентирате и не викам дека не е така. Многу сум свесна за придобивките од доење, но јас не сакам да паѓам психички уште сега. Ад ми е препорачано од двајца педијатри, едната е меѓу најфалените во Мк. Добро, бар ми намалија од 8 пати на 4 пати во деноноќие. Од кога си го фатив редот со доење и ад многу сум поорганизирана, наспиена и дома атмосферата е поубава. Уште цица лакомо и долго, не приметувам да ме одбива или нешто да е различно. Се консултирам јас цело време тука и решив ќе ве послушам и ќе прекинам ад за да бидеме само на доење. Еднаш заспав со него во раце и еднаш ми се сврте многу за малку да паднам со него. Така да, јас си го најдов начинот што функционира за мене, не реков дека ги охрабрувам следните што ќе читаат да даваат ад. И калма цуцлата ја има истата функција како цицањето.
Ама за поборниците за доење, совет од двајца педијатри не значи ништо. Ти грешиш што му даваш ад, исто како што мене ме направија ужасна мајка што давам вода и чај, и дохрана од 5 месеци. Јас ке ти кажам дека покрај фактот да е бебето намирено, исто толку е битно и мајката да е намирена. Мој совет ти е да спиеш кога спие бебе. Куќата нека прооди, ти битно спиј. Вода и сон се најбитни за млекото. Доволно е бебе да има перени алишта, ручек исто нека има, другото остави на маж ти. Мене мајка и свекрва ми чистеа, јас битно спиев кога спиеше синко. После две недели се ке е подруго. Освен ако има грчеви, е тогаш е уште потешко. Ама мајка си и допрва ке е тешко. И убаво во исто време. Калмата синко не ја прифати, тврда му беше.
Ми помага мм многу, премногу. Повеќето обврски ги завршува тој и покрај неговата работа. Пробував така да спијам кога спие бебето ама ми се будеше на 20-30 мин и само позашеметена бев, сила во рацете немав. Вака сега врзува 2-3 саати и одма сум поодморена.
Штом ти одговара, продолжи така. Мајчинството е тешко да се поднесе физички, а и психички, ама не смее да е измачување за жената. Олесни си на начин на кој ти сметаш дека е во ред. Јас тврдам дека мајката знае што е најдобро за бебето.
Очигледно не разбираш пошо правиме муабет за бебе не постаро од 2 недели, кои уште не знае каде се наоѓа, а не па да препознава шише, цицла или града. Тоа има инстинкт за цицање, што и да му ставиш во уста оно ќе трга. Педијатар би ти препорачал ад само доколку твоето млеко не е доболно за бебето да напредува, а не за ти да се наспиеш или истушираш. Во ред е да даваш ад стварно доколку немаш доволно млеко или воопшто немаш таман работа ама да даваш заради твоја слобода.. знам дека ви е тешко, за еден ден цел живот ви се смена скроз, хормоните уште ви лудуваат, па нормално е и да ве нервира се, да се карате со сите, да плачете и да се смеете. Само едно ќе ти кажам, овој период верувај ќе имаш најммогу време за себе, ко ќе почне да разбира ќе сватиш дека ти било лесно. И два саати да го цицаш, тоа бебе 2 саати пак ќе спие и така во круг, а сега јас на 4 месечно бебе мора да му го посветам цело внимание и да изиграваѓ циркузант дома и пак ме зеза со спиење. Јас давав ад првите 3 дена зато што немав млеко, после се молзев и чував во фриздер, писни беба ја одма стопли го и дај и го, излезени писни беба ја одма шишето, после месец дена беба почна да сваќа дека мачно е да трга од мене млекце, дека одма ќе се најаде од шише и врискаше кога и да ја стаев на града. Фрлив шишето и успеав да ја научам пак на града. Значит тек се породивте, немате млеко колку што треба и давате совети за АД за да поспиете.. ќе сватиш колку е полесно беба да спие и цица и ти да спиеш, а не да топлиш млеко ама ајде искуство е се.
Луѓе, па и не е целта да се дои по цена на здравјето на мајката. Не е себична ако сака да дремне малце, не се сите исто психички силни. На крајот на краиштата, и ако на крај завршат на ад, битно си зачувале здрав разум, лесно е да пукнеш во тие моменти.. Мислам нема некоја на која што се и оди како подмачкано, но не можат сите исто да носат. Јас не давав ад, не сакав да давам молзено од шише, затоа што знаев како ќе се осеќам ако ми се одбие од цице, не сакав да ризикувам ни минимално, затоа сега не знае од шише да пие и не можам да мрднам никаде. А за самодоверба, треба да имаат мајките во себе и во своето млеко. Ги знаете знаците дека бебе е најадено, не ги игнорирајте ако ги гледате. И уште нешто, не секогаш бебето плаче за папање, на син ми и се уште број еден причина за плачка му е сакањето во раце кај мама и вртење кругчиња низ дома. Од кога е мал го сфатив тоа, па не сум му давала на секое да цица.
Ако ти е за утеха, синко пиеше од шише и веќе не пие. Молзено, вода, чај, сега ништо. Секако, молзено пиеше ретко, еднаш во недела или две. Во ниту еден момент не се одби од цицка. Дури и после 4 часа почнуваше да се буни и да бара цицка.
Разбирам Кога и кажав на педијатарката како функционирам одма ме прекина и ми рече дека мора да имам периоди од денот за мене. Не може да имам млеко ако не јадам и спијам убаво. Тогаш се освестив што правам. Напишав дека ова функционира за мене, а не совети дека вака треба да прават сите. Малце да качиме на килажа, да направи барем 1-2 месеци верувам дека ќе исклучиме ад од исхрана. Јас да не сакав да дојам немаше со рана на стомак да бидам толку упорна ден и ноќ. За цицање имавме оцена 2. Јас знам како се научивме и колку мака видов. Ете, може грешам ама додека беба е задоволна јас сум пресреќна.
Јас пијам цела зима, да го допијам пакувањето и ке паузирам. На синко не му смета. Велат дека цитрусни овошја им сметаат на бебињата, ама синко имаше грчеви и кога избегнував одредена и кога јадев се.
Абе луѓе кој што сака нека си прави. Ич не сакам осуди. Мене ме осуди пријателка како сум била цело време дома и врзана со бебето и сум немала социјален живот (читај забави и кафетисување со пројатели) цело време било бебето со мене. Она ја одбила уште на еден месец намерно за да може да ја остава на било кој и да можела да има слобода да шета. И замислете јас не и искоментирав ништо, а таа кога отвори уста јас улава сум била. Не ми се веруваше што слушам. Многу толерирам и преќутувам најголема мана ми е тоа во животот.
Да одбијам дете од цицање толку рано? Не, фала. Уште ќе ти кажуваат приказни, а врска си немаат. И после ние не чиниме. Јас го доев помалото. Едвај успеав да го одвикнам. Како лепак да имаше на устата. Неколку пати ме гризна. Од некои особи добивав коментари дека треба да имам социјален живот. Многу сум го учела да цица. Е па нека извинат, ама на мене детето ми е на прво место. Големиот не цицаше. За него ни силиконски брадавици не помагаа.
Јас одам по таа парола дека бебе е еднаа година уште една ќе цица. Мајка сум и решена сум да жртвувам две години од мојов живот за детето да ми биде гледано по книга. На толку чекање и грна пара фрлање за да го добијам јас сега да се шетам без него како некоја неиживеана тинејџерка и да го оставам на баби? Не фала. Побитно ми е бебето од било која пројателка или забава.