@Jana06 калмата воопшто не е исто со доење, па би те замолила да истражиш малку повеќе. Знам ќе речеш дека педијатар ти ја препорачал - истото беше и за моето прво дете, од болница прво возевме во аптека да купиме калма, да купиме медицински цуцли и што не. НО, со години веќе истражувам на тема доење, и нема ниту едно место освен рекламата за калмата каде што кажува дека фатот на града и калмата е ист. Воопшто не е. Единствено кај калмата е што има механизам да не тече, туку бебето мора да направи вакуум за да може да истече млекото, што е во секој случај подобро од други брендови и цуцли од кои малтене млекото само тече. НО, фатот на секое шише е фат на шише. Кога бебето цица, брадавицата се деформира и се приспособува на просторот во усната шуплина на бебето, и со помош на вакуум оди сѐ до крајот на горното непце, што значи млекото од градата воопшто не допира во усната шуплина, туку оди директно во грлото на бебето. Цуцлата е ограничена, не може да се истегнува како што се прави тоа со градата, и цицањето со цуцла од калмата бара само вакуум, а млекото оди на средина на усната шуплина, и се задржува во усната празнина. (Ова е и еден од доказите дека доењето не ги расипува млечните заби кај тодлери кои цицаат за разлика од пиење со шише). Комплетно фатот е различен. Кај шишето, бебето треба да има само вакуум. Кај цицањето треба да има вакуум и плус голема подвижност на јазикот за да може да ја стимулира градата и да извади од неа млеко. Башка, самиот момент кога ќе почне да тече млекото од калмата, не застанува како кај градата. Значи и шемата на доење е комплетно различна. Со шише бебето пие 60 мл наеднаш, додека од градата тоа е процес кој може да трае подолго. Затоа е измисленo и block feeding кај мајки кои се враќаат рано на работа, како во америка на пример, а сакаат да ги дојат децата подолго. Можам уште да објаснувам околу ова, но тука би застанала, во интерес да не испадне дека пишувам научен труд. https://www.newscientist.com/article/dn18890-bumpology-ultrasound-reveals-breastfeeding-mechanics/ Околу другите муабти што ги зачнавте. Значи, ве молам. Не се работи за која од нас е НАЈмајка а која е НЕмајка. Сите си ги гледаме децата со љубов и внимание, и многу се неблагодарни споредби кој како прави и што прави. Знаете дека има мајки кои НИКОГАШ нема да можат ексклузивно да го дојат бебето, нели? Знаете дека има мајки кои НЕ САКААТ да дојат, и дека и тоа е во ред. Без осуди, ве молам. Никој никогаш не рече дека мајката треба да ја игра улогата на жртва за своето бебе, без да спие, без да јаде, без да се истушира. НО, имајте на ум и дека бебиња кои се на шише и на АД знаат да се плачливи и да бараат да се шетани во раце, да се лепенка за мајките, и дека и тие мајки не успеваат да се истушираат раат, без разлика дали дојат или не. Работата е дека не е секогаш доењето во прашање. Пре би сакала да си дадеме поддршка дека низ што и да поминуваме, (секако доколку е во рамките на „нормално“), ќе помине, дека не сме сами, и дека истото го живее и друга мајка во моментов. Некоја мајка ќе сака да не се истушира за да дои нон стоп. Некоја мајка нема да може да дои на 3 саати и ќе сака да оди на кафе. Секој со своите приоритети. И без осуди за тоа. Ако сте нашле систем што функционира, супер. Терајте го. Кога викате давам шише и дојам, не викам дека е тоа погрешно. Има бебиња кои сосем одлично пијат од шише и од града, и немаат никаков проблем. Мене лично ми смета кога на мајка која што сака да дои го промовирате тоа како дефинитивна успешна варијанта. Има бебиња кои после 3 дена шише веќе ја одбиваат градата (како моето второ). Има бебиња што не знаат да пијат од шише и нема никогаш да научат (како моето прво). Кога ви пишувам тука, тргнувам од претпоставката дека сакате да доите ексклузивно без да давате формула. Затоа и ви пишувам такви совети. Бидејќи е ова тема доење. Не е тема за комбинирано доење, или сл. Па тргам од тоа дека кој пишал тука за совет, сака да успее во ексклузивно доење. Од таму алармирам што може (но не мора да значи) да биде проблем и да го загрози доењето и да ве одврати од целта која сакате да ја постигнете. Не знам зошто во оваа реченица гледам таков презир према луѓе кои сакаат да помогнат. Лично како „поддржувач на мајки кои сакаат да дојат“, совет од 10 педијатри не ми значи ништо ако знам дека е грешен или дека е потенцијален загрозувач на успешно доење. Не се работи за тоа дали треба да се даде формула. Кај мајки кои уште не воспоставиле лактација секако дека треба да се даде формула. Бебето нема да гладува, побогу. НО, ако имам бебе кое треба да се дохранува со формула, а сакам да го дојам, педијатарот треба да го има тоа во предвид, и да работи со мене да ја постигнам мојата цел, а тоа е да стигнам до успешно доење. А не неговата цел, да стигне до успешен напредок. И треба да седне и да направи план со мене како да стигнеме до тоа. Да ме праша која е мојата цел. Да ми каже кој е начинот да стигнам до мојата цел. А не да промовира цуцли или шишиња како цицки. Мојата патронажна ме натера да купам шише затоа што дохранување со шприц било „полека“, и „кој ќе се замарал толку долго да го дохранува бебето“. Кога видов дека многу успешно пие од шише, и после ми прави проблем на града, одма го тргнав шишето. Е мајка која не знае, и која не е сигурна во себе, ќе си рече дека нема млеко, и затоа бебето се трга од градата и се фрустрира. И ќе даде шише. И така во круг, додека еден ден стварно нема да има млеко од недоволно стимулирање на градата. Не знам што фали на добар совет од типот давај формула со лактациски сет. Па мајки кои имаат вроден дефицит на млечни жлезди и кои НИКОГАШ нема да успеат да го дојат бебето без поддршка, дојат со такви сетови и донирано мајчино млеко или формула, и 90% од тие мајки се рачунаат себе за мајки кои „ексклузивно ги дојат своите деца“. И тоа воопшто не е далеку од вистината. Затоа што доењето не е само млекото. Доењето е чинот. Еве линкови кои ќе ви помогнат да видите дали вашето новороденче доволно пие од градите, за сите вие кои не сте сигурни во себе дали бебето цица доволно или не. https://themilkmeg.com/guide-to-breastfed-babys-poop/ https://themilkmeg.com/how-to-monitor-your-babys-growth-wellbeing-and-breastfeeding-in-isolation/ И не е точно дека треба да се 10 полни пелени, туку 5-6 во 24 часа! Сѐ што сакам е да споделам што сум научила, што сум прочитала. А кој не сака да ме чита, слободно игнор. Ама ако знам дека барем на една од вас сум ѝ помогнала да го постигне тоа што го сака, сето ова пишување ми се исплатело. Останете поздравени.
Секако дека се исплати се што си напишала. Ако не си ми помогнала мене, ќе помогнеш на стотици други што ќе дојдат во темата. Цела бременост сум на форумот продолжив и сега и затоа првенствено ги пробав вашите совети пред тие на педијатрите и имавме катастрофални 2 дена. Затоа и пишав како се организиравме сега и како функционираме добро зашто може и јас ќе помогнам на некоја следна што ќе се изгуби како мене. Сепак, како што кажа темата е доење и нема повеќе простор да се дискутира дохрана. Се надевам успешно ќе стигнеме до моментот кога само ќе цица и ќе биде најадено и сите наспиени. Фала за линковите, ќе ги ѕирнам.
Бебево мое комбинирано го хранам, на ад и на доење е бидејќи до вчера на едната града уште имав само колострум, а на другата се гледаше малку млеко ако ја стиснам. Од денес гледам и двете имаат млеко, но врска немам колку имам. Ги масирам градите со топла вода кога се туширам, пијам чај за доење од Хип, чувствувам некоја болка внатре, но некако како меки ми се градиве. На првата контрола му беше падната килажата и претпоставувам дека затоа ми го продолжија адаптираното до следната контрола. Пијам многу вода и сок од јаболко, не сум под стрес, редовни оброци имам, спијам во тие три часа додека спие тој после ад. Во болница оценката за цицање му беше 5, одлично си повлекува и фаќа града, но брзо ми се успива и некогаш не можам да го разбудам додека е на града за да продолжи да влече посилно. Го дојам кога ќе стане од спиење и сè до времето кога треба да пие ад. Се надевам дека нема да прекине да цица додека почне да качува килажа, сакам да си го дојам и да тргнам ад. Имате некој совет плус за како да ми надојде повеќе млеко?
Mojava ne polni ni 5 peleni,redovno cica,raspolozena e,napreduva,prosek 600/700gr.mesecno. Kade e problemot?
Оли мила, правиш се што треба, сега нагло ќе надојде млекото, и ќе се наполнат градите. За некои 2 недели ќе се регулира лактацијата и пак ќе бидат меки градите, ама меќи гради не значат дека немаш млеко, него се средила лактацијата. Долго и успешно доење имај си мила Таман е, нема проблем. Ако мислиш на какање, кај мене кака на 2-3 дена од раѓање.
I mockani peleni ne polni 5,a nekogas kakA sekoj den nekigas na nekolku dena. Posle rota vakcina kaka skoro sekoj den. Nokeska cicase 4pati a nemase polna pelena.
Да има полна пелена скроз не мора, да е и малце мочкана е океј, ама ако не е ич, ќе се јавите кај педијатар. И кај мене некогаш на сабајле кога ќе стане не е многу полна пелената. Ама има мочкано.
Пррполна не може да има толку многу пати во денот, кај мене многу пати мочка додека ја пресоблекувам кога и менам пелена и си викам сигурно во тие 2-3 часа мочка 3-4 пати, а може и повеќе пати, јас кога ја пресоблакам , ја бришам со водичка и ја оставам голка така да се луфтира малку и скоро секогаш ми се помочува во тие 5 мин. И затоа знам дека си мочка многу и кака богами 4 пати сигурно на ден. Еве деновиве се мереме дома на домашната вага и за 20 дена отприлика откако бевме на педијатар покажува дека качила 800-900 грама, зависи како кога се мериме, зар е можно? За 10 дена ќе ја носам на педијатар пак да ја мерат и си викам 1 кило ќе качи сигурно овој месец, а може и повеќе. Само на доење сме, а она се си е гладна и уште си викам немам доволно млеко штом она се е сака да цица ама по мерењево гледам баш и не е така дека не и стигнува моето млеко и по мочките и по каките се гледа де.....
Citam "polni peleni"i si go svativ deka mora da se polni Moja a prviot mesec cicase na2-3 casa.Posle pocna na saat i pol,retko na2. Ne kacuva mnogu ama i nie po doma sme vitki
ние втор ден денес сме само на доење исфрлив ад по совет на многу од вас овде и ви благодарам...додуша повеќе пати и некогаш на 1 саат е на цице сега ама сватив дека така треба..е сега полниме пелени 5-6 можи и повеќе ама не кака..еве од вчера не е какан само мочка во ред е така? Иначе сме 11 дена денес
Јас да си споделам мое најпрекрасно искуство со доењето.Уште кога бев трудна читав многу за доењето и имав зацртано дека детето ќе биде само на града за да заштедам некој денар(бев невработена).Така кога се породив ме учеа да го местам бебето.Имав среќа што имав бебе -цицач.Првите денови немав млеко и пошто по 24 часа немаше ниту пелена мокра ниту црното како почнав да дигам паника.Па ја зеде педијатор да види како и е со бубрезите.Се во ред ама и после скоро 40 часа немаше мокра пелена.Редовно ја ставав на болните брадавици.Побарав и силиконски ама од нив повеќе ме болеше отколку што помагаа ги фрлив и продолжив да доам без нив.Во болницата не и дадоа никако ад само ме тераа да доам.Вториот ден детето беше преморено и несакаше да цица ќе поплакаше и ќе си заспиеше.Јас плакав цело време за се.Дојде една сестра да ми ја намести на града и гледа дека детето не сака града.Па ја дигна во вис и ја скара во стилот : Слушај ти мала дамо ако сакаш да јадеш треба да си заработиш , а ќе заработиш ако цицаш.Пак ја намести .Цицаше и брзо заспиваше.После некое време не сакаше да се смири и плачеше нервозно по цицењето па една сестра се смилува и ми предложи 20мл ад.Прифатив.Бебето исцица само 10 мл и заспа со насмевка на која се гледаше едно големо благодарамПосле некој саат ја добив саканата мокра пелена .Наредните патиште цело време ја ставава прво на града штом ќе заплакаше и после 30мин за стимулирање ќе отидев и ќе земев 10мл ад.Така функциониравме 4 дена додека не добив млеко.После го исфрлив ад .Не сакаше да фати цуцла и само на цице 6 месеци.Не сумјав дека немав млеко оти моето блуцкаше до некој 8месеци, а и ја слушав кога голташе.Секогаш ја доев околу 20-30мин само од едната града па скоро на секои 2 часа, па наредниот подој од другата.Имав маркер за елечето да не ги смешам страните.Доев лежејќи и не ја дигав да здригне ако заспиеше.Навечер стануваше сигурно по 3 пати ама јас спиев со едното око со другото пазев да не ја смачкамПриметив навечер кога ќе заспиеше од 21-00ч спиеше најдолго.Се научив и јас да си легнувам порано. Јадев редовно .Гледав да имам месо минимум 5 пати во неделата.Се туширав секој ден.Моето дете спиеше денски 2 пати по 2-3часа па така одмарав и правев ручек и др работи.Уживав во секој подој и се радував кога ја гледав како расте , како моето тело помага за таа да расте.Напорни денови имаше и верувајте и ден денес сметам дека е најтешко едно бебе да имаш и да го пораснеш.Како е поголемо се е полесно .Како што кажаа и другите мајки.Поминува и уживајте, детето никогаш нема да биде помало од денес.Доев една година оти толку сметав дека е доволно , а и во градинка почнуваше па воспитувачките ме советуваа дека е подобро да ја одвикнам.Болестите од градинката ми беа помачни отколку доењето.Колку пати се покајав што ја одбив мислејќи дека ако цицаше ќе беше поздрава.Ама кој знае дали би било така.Сум за доење, ама и не осудувам ако некоја мајка дава ад.Или мајка што сака да дава ад оти сака да се социјализира и таа е мајка.Пак за детето сме најголемата утеха ,најголемата сигурност, најубави и најсакани
Јас уште не сум стасана за во темава, ама ме советуваат други мајки постојано во врска со доењето бидејќи е навистина важно. Завчера ми кажаа да си купам чај за доилки да си имам предвреме дома и едно да си земам за во болница. Купив на Хумана и на Хип. Ме интересира кој е повкусен? Имало и некои други Лактамикс мислам и уште неколку ми набројаа, ама демек овие два биле највкусни. Јас не пијам воопшто чаеви, не можам бидејќи повраќам од билки веднаш, овие два биле на растварање, не требало да се прецедува, па ќе се натерам некако и има да пијам што и да треба само да си воспоставам лактација.
Напротив. Темата е доење кое најчесто и мора да е на почетокот придружено со дохрана. И тоа е сосем ок. Само обично муабетите се како да се намали дохрана, дали треба да се дава дохрана (иако во кажал педијатар). На пример - мене за првото ме испиша од болница педијатар со препорака доење по барање + 30 мл формула на секои 3 часа. Без при тоа некој да нѐ провери дали цица, дали имам млеко, како напредува, пелени дали полни. И кога дојдов дома - бебето немаше начин да пие формула. Купив. Не дека не. Не знаеше да пие од шише, плукаше кога давав со лажиче. А дохрана на 3 часа за бебе старо 6 дена е прилично голем процент од дневната потреба на млеко. Ај што препораката е неоснована, туку и би прашала - зошто никој не ми кажа да давам мое молзено, кое би придонело уште толку за стимулација и надоаѓање на млеко.. Се надевам ме разбирате што сакам да кажам. Далеку дека во темава сме "поддржувачи на доење" кои само куцкаме по тастатурата "немој мајка не давај АД грев е, имаш млеко" без стварно да знаеме каква е ситуацијата на мајката. Лично споделувам факти кои искрено, би сакала некој и мене да ми ги споделеше концизно собрани. Со ова сакам да потенцирам дека сите што дохранувате со формула И ТЕ КАКО СТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ да пишувате тука! А за бебе што ќе биде најадено и сите ќе се наспани би ти посакала да ти се оствари. Оти моево и најадено не спие и е во некој скок кога цела вечер се буди на саат време и вришти. Зомби е блага варијанта на она што го гледам во огледало од себе... Го нема. П.С. се гледа дека маж анимира денес деца, нели
На Хипп, другите се гола вода, лично се уверив. Не гледај блажина, тоа не ти треба, ти треба за лактација . И чај за лактација не се пие од почетокот, се пие од кога ќе се регулира лактацијата. И онака на почетокот е хипер лактација уште тоа ти фали. Со чај се почнува после 3 недела. Е со последново ме изнасмеа