Уште едно прашање, дали да го будам за јадење? Тој знае да затера и поише од 3 саати да спие, ако го разбудам после заспивање амин... А си спие не бара храна...
Мој совет ти е да не го будиш. Јас искрено се трудев да го будам, но ќе почнев да го будам на поминати два часа со штипкање со дувкање, но оно не се будеше се додека не се наспие некогаш 4 па и 5 часа знаеше да се успие.Самото ќе почне да прета кога е гладно. А ако си цица убаво кога е будно ќе напредува ич не му се грижи. Плус и грев е да ги будиш кога мирно си спијат првите недели, после кога се појачуваат рефлекси и почнуваат грчеви е тогаш ќе сакаш да спие ама потешко ќе оди.
Па и цица и дохрана му давам зашо знае да подзадреме на града многу мал се роди и нема сила многу да трга од града... Ама сит е, не ми ждригнува, бљуцнува по малку, ваљда нормално е
Каката знае да има боја според тоа ти што си јадела, нешто зелено тогаш ќе има зелени траги, морковче ќе има портокалеви. Прв скок 3-4 недела.
Ауу толку рано е првиот скок? Според апликацијата е 5та недела, а се чудам зашто не сака да спие без мене, цица по цел ден ама сериозно не можам да се истуширам одма почнува да плаче и се враќам од вц.
Девојки моево бебе е 1 недела и сеуште немам доволно млеко за цел оброк и му давам бебелан дохрана. Сака само по 30 мл многу ретко 60 мл да испие и бара на саат ипол два. Што да правам нели дохрана на 3 саати се дава.
На апликацијата ги нема тие на 3-6-9 дена, 3 недели. Бар така ми кажаа мене. @babyboy1 плачлив,повеќе цица,сака само во раце, не спие, ако спие тоа е на кратко или многу немирно.
Советувај се со педијатар. Дохрана се дава на 3 часа. Кога ке побара дохрана, дај му цицка, можеби само сакс близина. Плус со секое ставање на цицка ке стимулира доаѓање на млеко. Прво дај цицка па ако плаче тогаш дохрана.
Јас да си се пожалам, еве пак си кревам температураградиве ми жежат, овој пат не се многу тврди , нема многу грутки ама ќе ми пукнат од жештини....Сега малку се подизмолзив со раце, се напив парацетамол и ставив лист од зелка...Таман се среди, сега пак...
Чај за доилки, сок од јаболко, јогурт, боза, пиво. Овес и компир. Ама пред се многу вода, барем 2 3 литри.
Имам мозалка рачна, само некако подобро ми е јас кога ги стегам а и ги масирам така. До денес ок беше, еве нешто денес којзнај што им текна...Инаку за советите знам, правам се' така...Ајде ќе помини...
Значи ние сега сме во скок...денес посебно спие..од сабајле од 8 на два пати само спие по 3 саати..јади па пак спие ама само кратко некој пола саат па кемка така и само во раце е..свеки пука со коментари од типот...баба само в раце со така ако се навикниш после само кај мајка ти ќе заспиваш в раце...па што ако бебе е нив му треба да се држени..јас си го носев 9 месеци ќе си го носам уште 9..и тука завршуваме со разговорот
Смее пиво да се пие???.јас сега се напив една чаша со 2% алкохол..и шубе ме фати сега да му молзам млекце
Има безалкохолно, на такво мислев. Јас немам пробано, млеко имам на претек и без тоа. Чаша бело вино не пречело, ама јас алкохол ке продолжам да пијам кога ке завршам со доење.
Ништо страшно. Секако дека 2 % алкохол не се ништо. Ама мене една чаша не ми менува ништо, затоа одлучив ич да не пијам.