Секако дека 2 % алкохол не се ништо. Ама мене една чаша не ми менува ништо, затоа одлучив ич да не пијам.[/QUOTE] не пијам ни јас ама сега на топлово можи пиво
не пијам ни јас ама сега на топлово можи пиво [/QUOTE] Може 1 чаша пиво, дури мене ми препорача пбавезно да пијам, за млекце и за против грчеви ама ја никогаш не сум пиела пиво.
Се двоумам, дали да пијам јас чај од анасон од бекутан, не сакам на бебче да му давам, па преку мене да внеси. Мислите ќе има ефект? Инаку често пијам брусница, се надевам дека не му прави грчеви...
Мајки дали снемувам млеко вчера и денес најмногу што можам да измолзам се 90-100 мл на 2-2.5 часа а претходно сум молзела и по 120-130 еднаш дури и 200 измолзив ама после 6-7 часа...како пд 120 наеднаш сум на 90...иначе беба не цица молзам еве 4 недели утре сме..пијам чај за доилки лакта микс.. Едит:овие два дена сум напната од утре со бебе одиме кај мајка ми реновираме дома (бевме и пред две недели ама си дојдовме дома оти паузираа мајсторите) и се нервирам оти со месеци нема да сме сите заедно..мм ќе иди само за спиење таму..имаме грчеви и навечер сме со плачки незнам дали ќе се снајдам свеки ме заменуваше во нишкање и држење на беба дури плачи тие два саати сега незнам мајка ми дали ќе можи да го смири или ќе треба сама по два саати да го нишкам..извинете на долгиот пост
Оти не го учиш да цица? Сите бевме на почеток со болки.. ќе помине за неколку дена доколку вежбате, бебе ќе почне со вежбање да учи како треба да цица, многу е полесно верувај, на вечер наместо молзење или топлење, легни го до тебе нека се нацица и ќе спиете и двајцата без да си кршиш сон. Иначе нема да снемаш млеко, јас на почеток дур ми фаќаше шише знаев одма да наполнам млеко, некогаш едвај.. јади ориз,пиј јогурт повеќе, не се нервирај и бебе на града.
Абе тој убаво си цицаше ама почнавме шише по малку и ајде сега не сака да цица сака само од шише полесно му е а го ставам на града пишти како да го коли некој или па фаќа две три минути и почнува со плачки...
Вчера земав такво, денеска ќе го пробам. Марина конкретно ми рече со низок процент на алкохол кога и се пожалив дека имам проблем со спиењето ама баталив зашто ни тоа не помогна.
Земи му шише со цуцла слична на дојката, не од оние што лесно му тече млекцето и пак ставај на града и полека ќе се врати на цицање. И можеш силиконски брадавици да купиш ако уште ти се болни и разранети. Погледни ја емисијата кога ќе имаш време мене баш ми се допадна.
Ако веќе бебето се противи на доењето, прво прашање е дали сакаш да го вратиш на цицка или ок ти е да остане на шише? Ако сакаш и ти значи да доиш, треба итно да реагираш во врска со ситуацијата. И повторно ќе речам, огромна е веројатноста цуцли што се демек како цицка да не ти помогнат воопшто, туку едноставно да ти одмогнат и побрзо да се одбие од града. Не помогнале ниту кај бебиња кои почнале да протестираат, а уште помалце кај бебиња кои веќе одбиваат града. Функционираат кај бебиња кои немаат проблем за комбинирана дохрана (цицка и шише) кои би можеле и од обично шише да пијат па пак да не се одбијат.
http://www.tensteps.org/benefits-of-breastfeeding-for-the-mother.shtml Заспијте бебе, сварите кааавее и читајте текст. Долгичок е, ама и многу се благодетите од мајчиното млеко и доењето.
Епа тоа е тоа што од почеток го пишавме, ако сакаш доење, мораш да исфрлиш шише и цуцла. @Jana06 ти прати линк од др Марина, ако можиш оди кај неа, докторкава е стварно предобра, ние се водиме кај неа. Ќе ти се посвети максимално и е голема поддршка за доење.
имаме таква цуцла и си ја сакаме ама града никако не сака...ќе продолжам јас и понатаму да пробувам кога успеав ад да исфрлам ќе успеам и да го натерам да цица пак.. @Kaetana не гледам зошто не би сакала да цица за мене полесно за него поубаво...и мене вака ми е малтрерирање и плус мора да имам некој со мене да го нишка па јас да молзам
И мене ми рече со низок процент на алкохол, но јас од почеток си земам без. Има едно со 0,5 алкохол, мислам германско дека е, но ни тоа не го пијам, Туборгов со 0 алкохол е супер. Ако веќе има без и алкохолот не е тоа што е битно за млекото, зошто би пиела со алкохол, нема потреба.
Леле пиво без алкохол е како ајвар без пиперки. Јас лично на пиво не сум била љубител којзнае каков, знам другарка што пие доста пиво и докторката и дозволи да пие дур дои, дури викаше убаво било за бебето.