Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Што знам, за мене разликата е во тоа што пивото со алкохол ме поти, а ова не. Вкусот ми е ист и небитен, не сум ни јас нешто љубител, го пијам поради доењето и алкохолот во пивото ми е сосема непотребен.
     
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Тогаш би требало да тргнеш шишиња. Пробај да даваш молзено преку лактациски сет што е за дохранување директ на града. Можеш сама да си направиш (сѐ што ти треба е цевче од катетер) а можеш и на медела да земеш. Не знам што запнале во МК сите со тоа калмата, и зошто кога веќе истата фирма медела нуди таков сет, не се користи. Ем е дохранување на града, бебето не се одбива, ем стимулира млеко кај мајката истовремено.

    Давање на града строго кога не е прегладнето бебето, но да не е ни сито. Зголемување контакт кожа на кожа максимално. Бебе голо, ти гола. Гушкање, галење. Нека биде околу градата твоја.

    Ако фати на града, гледај да е добар фатот. Да не те боли. Да се оствари асиметрично фаќање на градата.
    Со лактацискиот сет можеш да го намамиш бебето со тоа што ќе му дозираш млеко на почетокот повеќе.

    Пред да го имаш сетот, стави го на града, и капнувај капки млеко на градата во правец на брадавицата каде што ќе го позиционираш бебето да цица.

    Ќе го едитирам за брзо постов за да прикачам линкови кои ќе ти се од корист.

    Линкови:

    http://bimek.com.mk/supplement_nursing.html

    https://ibconline.ca/the-asymmetric-latch/

    https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/

    https://ibconline.ca/information-sheets/lactation-aid/

    Ако и ова не бива, не е лошо да се советуваш со лактациски консултант со кој ќе можеш да се видиш и да ве види точно што е проблемот и како може да се надмине.
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Мајки, не е работата во тоа колку лесно или тешко тече од шише. Работата е во тоа што од шишето ќе тече на зекое тргање, а од града има и паузи за лет даун.
    Ете после, откако бебето ќе добие шише, се нервира на тргање напразно, а вие мислите дека немате млеко.
     
    На Bubish26, Annath, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Тоа пробувам да го објаснам на секое кога ќе прочитам шише со облик на брадавица, или цуцла со вакуум механизам. Вакуумот кај калмата на медела едноставно значи дека ако го превртам шишето не тече, и дека бебето треба да потегне за да му потече млеко.
    Но скоро секое бебе знае да направи вакуум со устата, и тоа многу полесно со шише отколку со цицка.

    Ако во шишето ставам 200 мл млеко, бебето може да испие 200 мл млеко во еден здив (теоретски). Со вакуум и од шише со калма. Со цицка тоа не е така.

    Да не зборуваме дека има разлика во фатот на града и тој со шише, и дека тој со шише може да го измести тој на града и да го влоши. Влошен фат на града после доведува до проблеми со доење, пред сѐ рагади и болки, па сѐ до намалување на количината на млеко кај мајката.

    Ако веќе ептен мора да се даде шише, гледам некои IBCLC го препорачуваат методот на paced bottle feeding. Ова е повеќе во Америка актуелно, затоа што нели имаат прекратко породилно отсуство, па мораат да ги остават бебињата на 3 месеци старост. Статистики кажуваат дека наводно помага методов за да се задржи доењето, но дали е тоа така само кај бебиња кои и без тоа би биле ок и со шише и со цицка, или стварно помага за да се "заштити" на некој начин доењето... Не знам. Во секој случај ако се дава шише (ако ептен мора) тогаш вреди да се проба.

    Према Dr. Newman пак, шишињата како и силиконски брадавици треба комплетно да се избегнат кај доенечки парови.

    Ама не. Маркетинг момент е најјака ствар. А лактациски сет е толку едноставна работа. Ама по линкот од БиМек добив впечаток дека го презентираат повеќе како помагало за доење кај мајки кои немаат млеко, или кои сакаат да дојат посвоени деца, додека тука е единствен препорачан метод на дохрана кај мајки кои сакаат да дојат. И мајки кои дојат со сетот се мајки кои ексклузивно дојат!
     
    На Bubish26, Мариаа., Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Може да е така теоретски, може некаде и во пракса. Не знам, не познавам лично други мајки во моментов.
    Кај мене конкретно пие и од шише, дојам само со силиконски и цица по цел ден.
    Според твоето искуство и знаење веројатно е подобро да ги послуша твоите совети, јас можеби едноставно сум имала повеќе среќа или сум била поупорна. Не знам.
     
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Мајката ќе послуша тоа што ѝ одговара. Но тоа не значи дека ако сум решила да пишувам и да споделам знаење, дека нема да го направам тоа. На крај, пишувам и за многу мајки кои некогаш и би стиснале search на темава па би го нашле мојот пост и би им помогнал.

    И не можам да не искоментирам негативно кога ќе видам дека некој поддржува доење со шише. Затоа што е многу лесно и едноставно: не е поддршка. Не помага. Особено никако кај бебиња кои веќе бојкотираат цицање.
    Давање на совет да се даде шише макар било калма кај бебе кое бојкотира града е погрешен.

    Затоа што бојкотот на града е заради течењето на млеко од градата. Не е затоа што на бебето не му се допаѓа градата на мајката. Ниту дека е премала или преголема. Едноставно се работи за методот на течење од градата.
    Подобро ТИ глуми со шишето града како на милиони видеа на Јутјуб за paced bottle feeding () отколку шишето демек да ти глуми града.

    Не знам како упорно не можеме да се разбереме за тоа што го пишувам за течење од шише. Ама па и не мора да се разбереме. Нели.

    За твојот случај - се согласувам дека има многу бебиња кои и цицаат и пијат од обично шише. И никогаш не се одбиле од градата, иако пиеле и од шише што не е калма.
    Има мајки кои дојат строго со силиконски брадавици како тебе. И немале проблем со количина.

    НО, има бебиња кои се бунат на града после 2-3 пати дадено шише. Има мајки кај кои количината на млеко се намалила како резултат на користење на силиконски брадавици (заради недостаток на директен контакт за стимулација на градата).

    И која варијанта е подобра? Да не се даде шише или да се ризикува па да се оправа после работата? Да се препорача на мајката да дои со силиконски и покрај ризик особено кај мајки со стартна хиполактација?

    Something to think about.
     
    На Kitten, Мариаа., Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Бебето не може преку ноќ да научи да цица, мора да се почне од некаде. Ако нејќе денеска да ја фати градата, сигурно нема да го остави гладно и ќе му даде со шише. Тоа ми беше поентата. А за силиконските мислам дека членката имаше крвави брадавици и не можеше да дои баш затоа и пишав да почне со силиконски колку-толку да и бидат заштитени, па здравје ќе се одвикнува. И јас пробувам да ги тргнам, ги вадам од време на време ама џабе кога не ми се извлечени убаво. Можда некогаш ќе успеам.
     
    На Vanj4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.861
    Допаѓања:
    18.721
    Пол:
    Женски
    Членката се обидува да каже дека шишето само може да направи штета и бебето целосно да ја одбива цицката.
    Кога не сака цицка, се оди со шприц, шише е последна опција за бебе кое е мрзливо и не сака да влече.
     
    На Bubish26, S.J.Parker и Kaetana им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Доев и со крвави брадавици. Бебето буквално бљуцкаше крв.
    Многу пати имам пишано - доењето дури и со лом брадавици не е болно. Болни се првите неколку секунди додека бебето ја извлече брадавицата. После тоа доењето е многу удобно дури и кога има крварење од брадавицата.
    Ако цело време боли, значи дека бебето нема добар фат. И првично нешто што се прави за тоа е да се коригира фатот. Силиконските брадавици не го подобруваат фатот.

    И убаво пишала @MilaSs12 - не знам што не е јасно. На толку пишување и пуштање линкови, не знам како може да не се разбереме како што треба. Толку ли ни е шишето влезено во секојдневие, да ако не е шишето, бебето ќе умре за јадење? :)

    При толку методи на давање на млеко на бебиња (шприц, лактациски сет, па дури и обична чашка за која сите професионалци во оваа дејност кажуваат дека бебињата се комплетно способни да пијат од чашката уште од самото раѓање) само ние уште живееме во филм дека ако немаме шише бебето ќе остане гладно... и шишињата во облик на цицка или добро извиканата калма се обавезно на листата "што ви треба за новороденче".
    Искрено, дали има барем една од вас да се породи без да има купено шише...

    Да не зборуваме за нашите приватни болници кои по дифолт се полни со флаери за вакви и такви витамини, вакви и такви производи (од цуцли, шишиња, па и брендови пелени и што не).
    Сѐ ми е јасно. Поминав низ сето тоа што го пишувате. :mm:

    П.С. бебето може преку ноќ да научи да цица. На бебето инстинкт му е да цица. Ретко се раѓаат бебиња кои не знаат да цицаат.
     
    На Bubish26, Kitten, thinkerbell и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Jas nemam cucli i sisinja doma... i site mi se cudat i luda me pravat...
    Ne davam sise i tocka.....
     
    На eta, Bubish26, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    @Kaetana пред се да ри се заблагодарам што посвети толку внимание на објаснување јас и понатаму пробувам и ќе пробувам колку и да не сака да цица..сабајлево фати цицаше 6-7 минути и после почна да плачи..изгледа му снема млекце ја исцица градата...пробав да го преместам на другата не сакаше да фати и почна да пишти не да плачи туку буквално пишти не фари иако пробав и да му стискам млекце и да ја тегнам само брадавицата џабе и пак завршивме со шише и заспа...нема да се откажам јас и ќе пробам со твоите совети па и ќе го фрлам шишето и ќе бидам поупорна кпга знам дека нема од каде дека мора сам да цица можеби и незнам ќе се трудам повеќе...И како што кажа @Jana06 јас почнав со шише оти крвави ми беа брадавиците и ми беше страв да му давам да цица крв буквално...и немаше кој да ми кажи дека тоа не е лошо..сега ми се средија немам рани повеќе а и не ме боли додека цица што значи и правилно е наместен..
     
    На Jana06 и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас 80% од вината ја пронаоѓам кај болниците. Во сите дохрануваат со шише.
    Прво, не треба да дохрануваат, треба да помогнат бебето да дати убаво да цица, а не тие на секое основање трчаат по силиконската.
    Им завршува смената и со ливчето кој колку испил од бебињата, да остават се средено демек.
    Второ, ако веќе мора дохрана ( ама не од причини на болни брадавици, заспано бебе, заспана мајка), тогаш истата да се дава на алтернативни начини како шприц или лактациски сет.
    Трето и најважно, да и се објасни на мајката дека бебето постојано ќе бара да цица, дека е важно да се одговори на секое негово барање, дека дома ја чека екстремно тежок период, дека многу пати ќе попушти со нервите. Да се прецизираат знаците дека бебето не е гладно, едноставно е-мочка и кака.
    За калмата, ја купив за првото откако претходно се навлече на шише. Жалам за парите-пак беше шише.
    За брадавиците, бебето ги извлекува најдобро, најбрзо и прилагодени на неговото усте.
    Одбивање заради добивање шише може и да не дојде, но ќе дојде протест на града, кој ако не сте дале шише нема да ви ја разниша самодовербата.
    Бебињата знаат да цицаат, тоа им е инстинкт, вроден, а потоа пореметен со давањето на шише, цуцла или силиконски брадавици.
     
    На dunika, Cherry333, Larahappy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.694
    Допаѓања:
    76.974
    Пол:
    Женски
    Истото мислење го делам. Во Чаир не даваат од шише, од шприц само и со синко немав никаква мака за цицање. А малата 5 дена во болница и даваа од шише, од кои 3 дена само од шише пиеше, со цице тек 3,4ти ден се запозна и не сакаше ич да цица, фаќаше, пушташе и вриштеше... И 6ти ден од тон млеко и огромни гради мене ми спласнаа скроз... :( Што не направив да го повратам назад млекото... 5м се мачевме со цица, дохрана и се откажав... И си викам криво е шишето највеќе..
     
    На Мариаа., dunika, Larahappy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @babyboy1 шишето секако дека не можеш во секунда да го фрлиш, да дадеш града, па нека пушти колку сака.. можеш да го фрлиш само ако дохранувањето го правиш преку лактациски сет што е одличен метод затоа што се прави директ на градата. Бебето сепак добива млеко со поголема брзина но, се учи да е на града и дека градата е место за јадење. И со тек на време се регулира дотокот. Ти самата можеш да го регулираш дотокот и да видиш како ќе реагира во кое време.
    Не верувам дека немаш млеко, само тоа е работата - не тече од града како од пише константно. Почнува по малце, па се случува лет даун. Па после пак е успорено, па пак лет даун. Бебето не сака да чека до следен лет даун и станва нервозно. Затоа - доење кога не е гладно. Пример ако го храниш на 3 саати.. на саат и пол од шишето понуди града во облик на игра, гушкање. За почеток мораш така. Гладот само ќе го направи нервозен. Ова ако нудиш само града. А ако нудиш со сет тој си го користиш место шише.

    Заборавив да пишам - компресии обавезно на секое доење!

    Еве ти инфо за do it yourself сет. Ништо не ти треба посебно. Само едно цевче од аптека. Цевчето е за назогастрична туба 5 fr. Тоа 5 french е 5/3 = 1.66 мм во дијаметар.

    https://breastfeeding.support/homemade-supplemental-nursing-system/


    @BirMelek токму тоа ми е муабетот! Сите поддржуваат доење - педијатри, болници, фамилија, ама никој не нуди соодветна поддршка во облик на подучување и професионална помош кога треба. Болниците се тие кои мораат да го сменат пристапот кон доењето. Затоа што тоа што се прави не е поддршка! Дали знаат дека ставањето на града веднаш по породување е многу важно за доењето? Првиот ден во кој цел свет пропагира кенгур грижа ние во болниците често го поминуваме без да го видиме бебето дури и ако нема никаков проблем со него. Доење се иницира тек после ден или два?? Зошто?? Мајката и онака немала млеко?? НЕ. Има колострум кој се створа во 16 недела од бременоста!! Сите имаме колострум. Кој е повеќе од доволен за бебињата во првите два дена! Носат бебиња на саат. Не се дои на саат! Даваат шишиња. Пропагираат дека бебиња предвремено родени не знаеле да цицаат. Многу треба да се менува во нашиот систем. Многу.

    @mariz комплетно те разбирам. Не си ни прва ни последна, и има милион примери како тебе што ги читам во стручна литература. Истото го поминав со ќерката во истата болница. Ама не знаев како треба. Впрочем, како сите што не знаеме како треба кога прв пат се соочуваме со доењето. Мислев дека е нормално да се даде шише. Мислев дека е нормално да не ми се носи бебето за доење, или да ми се носи на рандом интервали. Мислев дека е нормално да е во собата за бебиња а не со мене, до толку што дури еднаш го вратив јас самата таму мислејќи дека предолго останало кај мене во соба и ќе ми викаат што е со мене. (Будала). Не ни помислував колку е тоа неприродно што го прават кај нас во болниците, мислејќи дека сум во болница каде што сум меѓу професионалци кои мора да знаат подобро од мене. Што знам јас, мајка која само што се породила, а тие породуваат по минимум 5 мајки на ден. И јас трчав по калма по пат од болница накај дома. По медицински цуцли. По адаптирано тој и тој бренд.

    НО, јас ја имав среќата моето прво дете да не фати шише дома. Велам среќа, затоа што јас не знаев подобро. Ѝ пикав цицка за да отвори уста и да влече па ја пикав калмата. Имав мака и почнав да читам. Не ни знаев дека бебе кое цица и пие шише може да одбива да цица. Не ни знаев каков е механизмот на доење воопшто.

    Бидејќи веќе 5 години сум зафатена со темава, и лично имам искусено на своја кожа многу нелагодности и препреки, тука сум со моите реферати за сите вас. Без судење. Без правдање. Единствено во облик на поддршка која верувам на секоја од вас ѝ треба. Затоа што мене како мајка очајно ми требаше. И првиот пат, а (и покрај читање и веќе познавање на темата) и вториов пат.
     
    На Anna-Karenin, Мариаа., Ann.loves.you и 10 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.861
    Допаѓања:
    18.721
    Пол:
    Женски
    На сестрите во нашите болници им фали едукација. Јас од тебе @Kaetana слушнав дека постои лактациски сет. Сите се колнат во калма и силиконски а не знаат дека тоа не е правилно.
    За цуцлите знаев дека не се замена за цицка ама не знаев за силиконските брадавици. Синко цицаше како професионалец на прво ставање на града, па силиконските само му помогнаа да ми ги извлече пупките. Ги фрлив за ден два, ама тоа е мое искуство.
    Синко фати цуцла, ама не повеќе од еден оброк. Сакаше близина, топлина и да си гушка цицка. Од калма не успеа да фати, а страствен цицач е. Среќа со пумпата оди во пакет.
    Јас шише купив од мерак, да ви кажам искрено. Си имав зацртано да дојам, па адаптирано не купив, иако многу купуваат за ако им притреба.
    Знам мајки кои се откажале од доење заради испукани брадавици.
    Единствена позитивна работа кај државните болници, ако може да се каже дека е за поздрав, е што ги оставаат бебињата со мајката веднаш штом ти извадат катетар. Жално е што тоа го прават заради недостиг на кадар, па ти го оставаат а ти треба да се снајдеш како знаеш и умееш, ама барем е позитивно. Ако во болница не ти проработи инстинктот да го смириш тоа мало човече и да извикаш сестра ако ти е потребна, дома ке бидеш во уште поголем хаос.
     
    На BY<3, Dikinzi и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 и јас додека бев во МК имав слушнато за сетот но ми беше претставен како систем за релактација демек кај мајки што немаат млеко, или мајки кои не можат да произведат доволно. Па може во темава и така сум го промовирала пред повеќе години.. а ако видиш и сега на сајтот на претставниците на медела така е претставен. Откако се преселив тука и се приклучив на Ла Лече многу работи ги погледнав со поинакви очи. Трчање со силиконски во болницата кое кај нас е толку нормално. Те болат брадавици, ти викаат ок е. Нормално било. Како не.


    За сестрите, верувам дека прва реакција би била - за тие пари уште па и доењето да го мислиме за мајките.. штета. Затоа што да работиш во родилиште за мене е света работа. И треба да ти е чест што си дел од најубавите моменти на една фамилија. И твоето сочувство и емпатија према мајките кои се бескрајно кршливи и хаотични, како и добробитот на мајката и бебето треба да се круцијални. Ама кај нас се гледа само да е бебето најадено, да качило килажа, мајката да е добра здравствено - физички (никој не гледа психички) и после ајт дома.. па дома мислете му ја.
    Ова е проблем уште од приемот за породување кога сестрите користат "бодрење" од типот "не викај само ти се слушаш".. "па што мислиш, лесно е да се роди".. и ред други мотивациони говори кои на жалост можеме да ги прочитаме на форумот како реални искуства на жени.

    Забегавме малку со муабетот, ама па сепак е во тема доење, и затоа трудам да се објаснам од каде мојот благ револт према тој систем на толку неточни информации кои за многу жени се на жалост погубни во поглед на доењето.

    Некоја кај која доењето се случило без проблем (а има такви) ќе си рече претерувам. Но сите кои поминале низ голгота заради ситници, макар било само несигурност во прашање, знаат точно што значи ова што го пишувам...
     
    На Anna-Karenin, elenaklasik и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.861
    Допаѓања:
    18.721
    Пол:
    Женски
    @Kaetana јас знам дека не претеруваш од причина што мајки околу мене кикснуваат на тема доење, нешто што е толку природно и едноставно. И ако не е едноставно, со правилни совети може да се поедностави.
    Толку многу бебиња се на адаптирано заради неедуцирани сестри, дури е жално. Покрај незаинтересираноста на сестрите, несоодветна едукација е голем проблем. А од она што го видов јас после царски е дека сестрите имаат премногу работа. Не е за оправдување тоа што дебело честеше маж ми за да ме гледаат добро, ама делумно разбирам зошто се гневни. Јас не би работела на такво прекрасно место ако не сум среќна, ама тоа е друга тема.
    Јас можам да кажам дека сама го усовршив доењето. Цела бременост читав за доење затоа што сакав да дојам. Иако сестрите ме гледаа, тие само ме прашуваа дали ми треба нешто, дали имам болки, дали јас сум добро. Во ниту еден момент не ме прашаа како сум психички. Дури им беше чудно како тоа синко цица а јас едвај седам. Не веруваа ни дека не ми треба адаптирано, неколку пати ми носеа затоа што ретко која мајка со царски доела толку брзо по пораѓај.
     
    На Kaetana, elenaklasik, Dikinzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    12.041
    Пол:
    Женски
    Доењето е прекрасна работа!
    Мајката има право да дои и да ѝ се овозможи адекватна обука, а бебето има обврска да цица.
    Успешни приказни постојат. За среќа, бебево си фати града, си цица, се надевам ќе продолжи така, зашто не знам за поинаку, се навикнав да го дојам. Јас од почетокот убаво почнав, без болки, без рани, шише на почеток дадов додека надојде млеко доволно, ама за среќа, не се одби, не му пречеше. Сега веќе трет месец е на доење, би сакала до 6ти екслузивно, со Господ напред.
    Капа симнување за сите мајки борки кои успеале после толку пречки да избојуваат победа за нешто толку нежно, единствено.
    Браво!
    А сакам сега да ве прашам, во тој момент на испуштање на млеко, т.н. let down, колку количина цица бебето? Дали го исцицува поголемиот дел од млекото?
     
    На Bubish26, koritsaki, Anna-Karenin и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.441
    Допаѓања:
    183.483
    Пол:
    Женски
    Ретко некој да рече дека е исто алкохолно и безалкохолно пиво. И мене ми е невкусно и блуткаво иако претпочитав безалкохолно повеќе од шубе. Од 2-3 лименки неделно апсолутно нема никаква штета од алк.
    Јас го следам др Њуман, некоја феминка ми го препорача уште кога бев тазе породена, фала и најмногу. Тој е експерт за доење и лактација, има и своја клиника токму за овие работи.
    И тврди дека маркетинг е се каде се тврди дека одредена храна е штетна по млекото и влијае на бебето и дека доилките непотребно си кратат од своето уживање да не консумираат омилена храна, и баш напротив. Има цел артикл објаснето убаво за благо, зачинета храна, цитрусни овошја, кофеин, па дури и за алкохолот дека умерена количина не стига во млекото. Секако без претерување. :)
    Го препорачувам и јас и ми е далеку многу порелевантен фактор од било кој доктор кај нас.
     
    На Bubish26, 0ли, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    Doenjeto e Blagoslov,koja sto saka neka vika,taka treba da se svati i da se dozivuva sekoe doenje kako melem na dusickata.
    Nikoj nemoze da ja zameni majkata kako i majcinoto mleko.
    Dokazano e milion pati i dzabe se polemizira.
    Toa e najgolemiot podarok sto moze da mu go dade majkata na bebeto.
     
    На trouble, Fallen.Angel, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.