И си го гледаш и мирисаш цело време Јас до ден денеска им ги гушкам носињата .Најубаво чувство на свет кога можеш да го стиснеш до тебе и да му пружиш топлина и сигурност додека тоа мирно си спие.
А уште посебен момент,κога ќе го погалиш нежно по лиценцето додеκа спие а тоа невино се смешκа. Тоа е љубов.
Мене синче ми цица на секое 2 саати и најпрвин ќе го пресоблечам, па ќе му дадам да цица, бидејќи инаку плаче, не сака воопшто гол да биде. После секој подој кака, менувам по 10 пелени на ден.
Аааа значи сите исто правиме- спиеме со нив, ги галиме со носињата. Гушкајте се додека можете, ќе пораснат ќе ни бегаат
Мамички не сте свесни колку лакомо бебе имам,цица од едната града,па од другата,преспива15-30 мин,станува и пак бара ако не му дадам ќе ја крене цела зграда.Му давам после е прејаден му е тешко и пивраќа на секое.Денес го однесов на педијатар да го види и да го мерат да видам како напредува,немаме уште еден месец на 26 ќе правиме,родени сме 3100 падна на 3000 па од болница излеговме после петиот ден дека со царски 3330,а денес имаше 4300.Мислам дека е добро...
^ ^ И јас сум истата, не сакам кога ми велат дека сум го научила само до мене да е и да спие со мене. Незнам зашто толку им смета тоа кога и јас и бебуш, па и мм уживаме така. Моето лавче сака секогаш да е во центарот на вниманието и се да се врти околу него, па ужива кога му се збори или да му пеам. А јас и тато сме тука да му ги исполниме сите желби. Бебуш се смее а ние се топиме.Брзо растат децата, ќе ги бараме овие моменти.
Ќутете Мами јас мислев само ние спиеме заедно,не сме биле сами значи јас постојано баρам изговоρ, да не го оставам во κρеветче κога ќе го оставам тој спие маκа нема,јас го гледам чеκам да се ρазбуди да Го земам со мене да нанκа,да се галиме толκу издρжува сρце јуначκо
Две вечери по ред бебето не станува за нокно доење.Знам дека повекето педијатри го сметаат нокното хранење за непотребно но јас стварно не би сакала да се одвикне уште од сега.Ми е страв да не намали со тежината.Досега од 12 навечер до 8 сабајле цицаше по 3 пати.
Нема шанси да намали, се' што му треба ќе си надокнади преку ден, ич не бери гајле. Среќна мајка си штом си ја преспивате ноќта, опушти се и одмори се
Ааа @joy1 сваќе и мој мали еве два дена истото го пρави. Пρибидејќи спиеме во незатоплена пρостоρија,последното цицање е во 23ч. Потоа спие до 3 но јас аκо не го земам да му дадам ќе спие до сабајле. После тоа уште еднаш до 8ч κога и се будиме.
Друшки почнавме да цицаме,имам млеко,само незнам дали и стига доволно @wtff колку пати му даваше дохрана во денот и по колку милилитри? Да ве прашам кога треба градите да ги одмолзувам пред доење или после доење? И до кој степен на температура се смета за нормално,јас синоќа качив 37.9 се напив паацетамол и се спушти
@azelea ако ти се тврди градите пред подој обавезно малку одмолзи за да омекне брадавицата и да може бебуш да цица, инаку најубаво можеш да отнеш каналче додека се тушираш, со топла вода и блага масажа и ќе ти се отнат затнатите каналчиња. Јас бев со температура 40,2, мислам дека ќе умрев таа ноќ. Неколку пати во текот на денот се одмолзував пред подој, па беба цицаше, па ако не цицала доволно после подој пак за да го отнам каналот. Само трпение и се ќе се среди.
@azalea значи имаш многу млеко, затоа само пред подој одмолзи сосем малку за полесно да цица бебето. Повеќе не одмолзувај зошто повеќе ќе ти надоаѓа млеко. Според мене не ви треба дохрама со ад, ама ти си знаеш. Листови од зелка ако ти се тврди градите иако се жешки. Не штетат колку и да ставаш.
После подој, нека бидат од фрижидер и малку истолчи ги за да омекнат за полесно да можеш да ги наместиш на градите, штом се стоплат, менувај ги одма. Внимавај да не ставаш на брадавиците, тој дел нека ти остане непокриен. Исто така можеш да ставаш и облоги со ациди борици, натопи газичка и исто како и зелката, ставај на градите, но внимавај да не ја покриваш брадавицата. Ако ставаш ациди борици пред подој обавезно да ги измиеш градите темелно.
@azalea гледав на упатството според неделите колку треба да пие. Но тој никогаш не испиваше цела доза. И јас мислам дека не ви треба дохрана штом си имала температура значи имаш млеко.
Имаш ли потреба да ставаш листови од зелка? Тоа се става кога надојдува многу млеко а бебето не го исцицува. Зелката држи ладно на градите и го забавува надоаѓањето на млекото. Значи топол туш за да се ослободат каналите, а ладни облоги со листови од зелка за да се намали надоаѓањето на мелкото. Само не разбрав, прашуваш за дохрана а имаш вишок мелко . Ако имаш мелко не ти треба дохрана со АД.
Зелка се става за да се отворат каналите а не за да се забави надоаѓањето на млеко. Барем мене така ми викаа сите доктори со кои што се консултирав.