Апсолутно неточно!! Ниту треба да се сфати така, ниту доењето е најголемиот подарок. Тотален апсурд. Некоја мајка нема да успее да дои иако ќе проба се, некоја воопшто не ужива во тоа, а трета нема ни да сака да дои. И замисли, се тоа е во ред. Најголемиот подарок е да се биде тука за детето кога ќе биде потребна да одговори на неговата потреба. Вниманието, љубовта, грижата, тоа е најбитното.
Dr. Newman е еден од најголемите стручни лица во оваа тема. Особено ме радува што е педијатар по професија. Можеби некои сваќања му се премногу конзервативни (скроз е против шише, силиконски брадавици, дури се сомнева и во скокови како влијание врз доењето)… но кој би можел да го спори кога повеќе од 40 години активно работи само на оваа тематика во својот специјален центар за доење. Неговата дефиниција за доење ми е најубава и затоа ќе ви ја споделам:
Ne za majka sto ima problem,tuku za majka sto ima mleko a bara 300 nacini da tepa psiha zosto deteto e gladno,zosto place,zosto nema mleko...i neznam so se drugi izgovori, zasto e majkaaa! Doanjeto za tie sto imaat problem bara trud i posvetenost, ne deka ke go ostavis gladno sekako sise ke mu dades ako e gladno... Ama da imas mleko ili da gledas deka deteto saka da cica a ti mu davas sise e toa e apsurd! Site majki se do decata, ne gi gledaat komsiite,zborime za doenje i imanje i nemanje na mleko, a ne dali saka nekoj ili ne.
Поискусните на темава како @Kaetana ако може да ме просветлат за тоа како да се дое со комплетно вовлечени брадавици.
Погоре имам напишано. Синко ги извлече со помош на силиконска брадавица. За ден два ги извлече и никогаш после тоа не ги употребив силиконските. Ама имам бебе кое е страствен и професионален цицач. Штом го ставив на цицка он влечеше и успеа. Во болница ми покажаа и рачно како да ги извадам ама ми беше многу болно
Да пробаш да ги извлекуваш пред секој подој. Палецот над брадавица, со другите 4 прсти убаво фати ја градата долу. Со палецот и показалецот прави движење како да се молзиш.
Бебето ми е скоро 1 недела. Го дојам по 10 15 мин. Зависи колку ќе сака. Дур бев во болница ми кажаа дека супер сум со млеко, да пеодолжам, и да го дојам само. Е бевме денес на вакцина и не мереа, имаме паднато 100 гр откако се вративме од болница. Бебето е супер, кака многу, мочка. Е сеа како да му дадам пример да цица повеќе? Еднаш пробав демек повеќе да цица, ама повраќа.. Да го оставам така? Колку што си сака?
Повели инфо и техники: https://www.llli.org/breastfeeding-info/inverted-flat-nipples/ Прашања: дали доиш на барање на бебето? На колку време се подоите? Дали цица од една града на подој или од две? Како сте со ноќни подои? Колку се роди и колку е испуштено од болница? Кога е испуштено од болница и кога е мерено за вакцина? Дали е мерено на иста вага? Дали добива шише или е само на доење? Како си ти со одмор / спиење? Можеш да ми пишеш и во порака.
Породена сум со царски рез на 31.05 , пишував кој хорор беше во болницата и колку бев потресена и вчера си дојдовме. Во болницата бебето ми беше гладно цело време. Му даваа Адаптирано млеко бидејќи мене ми немаше надојдено млеко. Упорно го ставав на града и цело време ми плачеше, па му носеа по едвај 30мл да испие и цело време плачеше. Синоќа ме болеа многу градите и пробував ама не фаќа.. Пред тоа убаво си ја фаќаше брадавицата но немаше ниту капка млеко. Синоќа до 3 не престана со плачење. Му давав да исцица барем малку, никако не фати и му спремав адаптирано. Едвај заспав малку покрај него. Градите уште ми тежат и не можам да се измолзам. Имам рачна пумпа на МАМ но воопшто не прави вакум.. Си ставав жешки облоги, рачно некако се молзев да ми олесни. Не потекуваше којзнае колку, но сепак добро е штом има надојдено млеко. Сега бебето малку спие, кога ќе се разбуди планирам пак на града да го ставам додека не фати, ако пак е безуспешно ќе морам адаптирано да му дадам, жал ми е кога ми е гладен и плаче. Сега прашањето ми е што да правам ако не успее да фати? Дали да пратам некој по силиконски брадавици и каква пумпа да земам? Ќе морам да се измолзам бидејќи ужасно ме болат градите, а сакам и да го научам да цица и да си бидеме на доење. Ве молам за совет...
Смирено, убаво фати ја градата, чекаш бебето да отвара уста и го поставуваш. Значи не ја пикаш цицката во устата на бебето, туку него го приближуваш до цицката. Градите ти тежат од млекото, не можеш да молзиш оти каналите ти се затнати се уште. Смени поза, дои го во фудбалска топка. Ќе побарам линкови ќе ти пратам. И запамти сега се учите и двајцата, ако сакаш да доиш, немој да даваш шише. Бебето знае да цица, ти требаат само некои техники, за кратко ќе ги совладаш.
@Fallen.Angel , честиткиии! Здраво живо весело бепчето! * Баш ми е мило Штом сакаш да доиш и млекото надошло, ќе си се научите, без гајле. На почеток, важно е да се отпуштат каналите, за тоа мораш рачни масажи, топлење со топол туш на градите. Кога ќе го поставиш бебето да цица, мора да го отвори устето убаво, сега му е мало, уште е несвесно дека градата дава ручече . Јас ја фаќав градата и со брадавката го поттикнував да отвара што повеќе, зашто така му доаѓа рефлексот. На некој начин го "лажев" првите минутки, поминувајќи по устето. И кога повеќе ќе отвореше, го зафаќав на града. Така неколкупати па ќе сфати како треба. Уште поважно е правилно да ја опфати не само брадавката, туку и кругот околу - ареолата. Успешно доење ви посакувам!
Сакам да го дојам, барем некое време. Јас многу се плашев и дали ќе имам млеко бидејќи со царски рез побавно доаѓа.. Упорно го ставав на града во болницата и мислам затоа и за толку брзо време ми надојде млеко. Ама сега е проблем што не може да ја фати брадавицата и ако ја фати одма ја пушта. Сакав барем да се измолзам додека да се научиме, ама пумпава не ми врши работа. Сега ја пратив јатрвата до аптека да земе силиконски брадавици, па со нив се надевам некако ќе успееме на почеток да се снајдеме.. Знам дека само почетокот е тежок, потоа ќе си фатиме ред. Се нервирам кога морам сега да му давам адаптирано млеко, ама не можам па и гладен да го оставам. Си велев ај ако не се научи да цица ќе се молзам и ќе му го давам со шише, ама не е тоа поентата...
Исто ми е во смисла не ми е важно, не уживам во пиење пиво и го пијам само поради млекото сега. Немам инаку желба за пиво и затоа ми е сеедно какво е, дај што и да е само да помогне за млеко. Не пијам 2-3 неделно, секој ден пијам, а не ми значи ништо ако има алкохол, не осеќам потреба да уживам пиејќи пиво со алкохол, а и шубе ми е.
Мамички да ви кажам само дека почнав со апчињата лактил и мислам дека млекото ми се подобри пак, еве 4 дена сме повторно само на доење, синоќа и дадов адаптирано за да видам дали има потреба но едвај 30мл испи, не го сакаше. Пресреќна сум
Јас пак да си ја пишам маката.. Во болница постојано ме форсираа да го дојам бебето, но немаше абер од млеко кај мене. Му даваа адаптирано, но душата ми се кинеше кога гледав дека пак гладен е.. Пробував се мачев, ја фаќаше убаво градата, но бидејќи нема млеко веднаш престануваше и плачеше, дури се тресеше. Си заминав порано од болница бидејќи таму беше хорор. Сестрите не ме погледнуваа. со рана ме тераа сама да го местам креветот, да влечам детско креветче низ собата, да им го собирам ѓубрето и да го изнесувам надвор.. Ужас беше, ми ги забораваа инфузиите, трпев болки и не ми даваа лекови против болка. Но ајде тоа нека е.. Најмногу ме нервираше што бебето го оставаа цел ден во иста пелена, не му даваа доволно млеко и ми се дереа како јас не сум била доволно упорна.. Вчера си заминавме од болница и дома морам да кажам психички многу сум подобра и бебето е многу по мирно. Најважно од се не е гладно, но јас се чувствувам лошо и пак ми се плаче. Вчера ми надојде млеко и не можев никако да му дадам да цица, не ја фаќаше градата и пак плачеше. Ставав топли облоги на градите, се обидував барем да се измолзам со пумпа, ама не бидна. За жал морав пак со адаптирано млеко. Денес решив да бидам упорна и пратив да ми купат силиконски брадавици и да го натерам некако и да го научам да цица. Не успевав.. Ја повикав стрина ми да ми помогне. Дојде и навистина успеав цели 10 минути бебето цицаше. Ми покажа како да го наместам во раце и како да му ја држам градата за да фати. Цицаше 10 минуи и потоа пак почна да плаче, пробувавме пак, ама сепак беше гладен и му направивме повторно адаптирано млеко. Јас се израдував и си реков ќе тераме упорно со цицање. Откако си замина стрина ми, се качи свекрвата горе. Сакав бебето да поспие малку за да биде гладен и да го натерам да цица. Таа го разбуди, сакала да го гушка, почна да му зборува и го изнервира и тој почна да си плаче. Упорно и велам дај ќе му дадам да цица, она му пика цуцла лажалка во уста. Тој уште толку почна да плаче. Виде дека сепак требс да му дадам да цица и почна да ми се меша, и велам да ме остави да си го наместам самата како што ми е згодно, она упорно го тегне за нозе, му ја турка главата накај градата, ми го крева повисоко.. Ужас. Ми пика перници од сите страни. Не ме остава сама да пробам. И пак морав да му дадам адаптирано млеко за да се смири и да заспие, а јас да се спасам од неа. Еве го сега спие, а јас плачам бидејќи не знам како да се чувствувам. Сакам да го дојам, сакам да се потрудам, но никако да бидам оставена на мир. Уште и ми раскажува дека не било страшно ништо, имало инекција некоја ќе ми ја ставеле и ќе ми секнело млекото. Таа не ги доела нејзините деца од иста причина и затоа не сум морала ниту јас да се мачам ниту него да го мачам и да го терам да цица. Не ми се плаче веќе тулу сакам да одам негде и да викам на цел глас.. Сега мм ќе си дојде од работа и ќе му кажам да ги избрка сите после. Синоќа до полноќ и свекрвата и јатрвата сите ни дремеа на глава не не оставија на само да му се израдуваме и да си видиме како ќе правиме. Вечер ќе мора да ги избркаме некако и јас да се потрудам со силиконските брадавици да го натерам да цица. Греота е да имам млеко а да му давам адаптирано. Се чувствувам ужасно.. Ужасно и потиснато..
Мислам дека треба малце да им покажеш заби на сите што ти ствараат тензија. Секој треба да си го знае местото, а во твојов случај ти треба да им го покажеш